Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Eвропскиот парламент на денешната пленарна седница во Стразбур го усвои Извештајот за напредокот на Македонија за 2025 година, со кој се оценува состојбата во повеќе области поврзани со евроинтегративниот процес на земјата. Резолуцијата беше поддржана од 411 европратеници, додека 120 гласаа против. Една од најдискутираните точки во пресрет на гласањето беше упатувањето на Вториот протокол кон Договорот за добрососедство меѓу Македонија и ...
Дебатата за рударството во Македонија мора да се врати во рамките на науката и стручните анализи, а не да се води исклучиво преку емоции и стравови, оценува секретарот на Здружението на металурзи на Македонија, Виктор Грозданов, во својата најнова колумна. Грозданов смета дека во јавноста недоволно се слуша гласот на стручната јавност и нагласува дека токму експертите од областа на геологијата, рударството и металургијата имаат најголема ...
Tanker Trackers објави дека извозот на сурова нафта од Иран е обновен по она што го опиша како двомесечна поморска блокада. – Податоците за следење на AIS и сателитските снимки покажаа најмалку два танкери VLCC на Националната иранска компанија за танкери – DIONA и HERO2 – како го напуштаат периметарот на блокадата, носејќи вкупно 3,8 милиони барели сурова нафта. Пратките наводно го означуваат првиот извоз на сурова нафта од Иран за два ...
Сенатот на САД по деветти пат последователно ја блокираше Резолуцијата предложена од демократите, со која се бара прекин на воените дејствија против Иран се додека не биде добиено соодветно одобрение од Конгресот. Сенатот со 48 гласа „за“ и 47 „против“ изгласа блокирање на Резолуцијата, која се повикува на Законот за воени овластувања. Според тој закон, Белата куќа има рок од 60 дена да побара одобрение од Конгресот за воени операции по ...
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека се спречени терористички напади во три руски региони и дека се уапсени три лица под сомнение за планирање терористички напади врз воен персонал, волонтерски организации и објекти за гориво, енергија и транспорт по наредба на украинските разузнавачки агенции. „Федералната служба за безбедност на Руската Федерација приведе тројца соучесници на украинските специјални служби во Република ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европските лидери и американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на Г7 постигнале заеднички став за продолжување на политиката кон војната во Украина, со оценка дека Москва мора да биде изложена на поголем притисок за да биде принудена да преговара. Мерц, по разговорите меѓу лидерите на најразвиените западни земји во Франција, изјави дека се охрабрени од пораките што ги пренесе Трамп за ...
Последната американска лиценца што дозволуваше одредени трансакции поврзани со снабдувањето со руска нафта истече денес, со што се стави крај на привременото ослободување воведено за стабилизирање на глобалниот енергетски пазар, пренесува РИА Новости. Лиценцата беше важечка до полноќ по локално време и дозволуваше операции потребни за транспорт, продажба и истовар на руска нафта и нафтени деривати натоварени на бродови од 17 април оваа ...
Цените на нафтата на светските пазари паднаа за повеќе од пет проценти, односно под 80 долари за барел. Ова дојде по сигналите дека САД и Иран би можеле да постигнат договор оваа недела што ќе им овозможи на танкерите да поминат низ Ормутскиот теснец и да го обноват извозот на енергија од регионот на Персискиот Залив, објави „Трејдинг економикс“. Меѓународната референтна нафта од типот „Брент“ се тргуваше по околу 78,5 долари за барел, ...
Доколку САД ги прекршат условите од Меморандумот за разбирање, одговорот на Иран ќе биде катастрофален, предупреди денес Ебрахим Азизи, шеф на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент. – Отпорот на Иран ја принуди Америка да направи стратешки пресврт. САД седнаа на преговарачка маса под ирански услови, објави Азизи на социјалните медиуми. Таа рече дека сега е време Вашингтон да ја докаже својата ...
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ.Д. Венс, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ужива високо ниво на поддршка меѓу руските граѓани, наведувајќи независни проценки за неговата популарност, што е потврдено со ова. Венс ја даде оваа изјава во својата нова книга „Причеста: Наоѓање на патот назад кон верата“, во која, меѓу другото, се дискутира за руската политика, односите меѓу Вашингтон и Москва и начинот на кој ...
Можеби не би било толку лошо ако Украина се приклучи на Европската Унија. Така едноставно Унијата ќе се распаднала, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. – Од перспектива на внатрешните проблеми на ЕУ, можеби не би било толку лошо ако Украина стане членка. Тие едноставно би се распаднале, рече Лавров на заедничката прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан. Ако сакаат да заборават на ...
Приредувачите ја поздравуваат одлуката да се одржи јавна расправа за Предлог-законот за игрите на среќа, којшто се заканува да ја урне регулираната индустрија и да ја внесе во црните текови. Предлог-законот за игрите на среќа сериозно се заканува да загрози 80 проценти од легалниот пазар на оваа индустрија и да предизвика загуби во државниот буџет кои би надминале една милијарда евра! Негативните ефекти за државата во случај на усвојување на ...
Она што го води денес СДСМ, партијата што го донесе преспанскиот договор, на отворена сцена испраќа пораки полни со конструкции и лаги, но факт е и не смееме да заборавиме дека тогашните евробирократи ни ветуваа дека ќе имаме големи придобивки од потпишувањето на тој договор – бесплатно и поквалитетно здравство, образование, повеќе за младите, веднаш ќе влеземе во НАТО, веднаш ќе ги почнеме и ќе ги завршиме преговорите, но ништо од тоа не се ...
Во село Зелениково e пронајден починат Ц.К., на возраст од 72 години од Зелениково, кој бил прегазен од неговиот мотокултиватор. Ова било пријавено во полициската станица во Драчево, соопштија од Министерството за внатрешни работи. – Според пријавеното, тој излегол утрото да работи на нива со мотокултиваторот, а откако не се вратил до 13 часот, неговиот брат отишол на нивата и го пронашол под мотокултиваторот – појаснија од МВР. Лекар од ...
Пријава за починато лице на место викано „Пољана“ во кривопаланечкото село Огут од јавната здравствена установа во Крива Паланка била евидентирана вчера во 13 часот во полиција. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека по преземени мерки било констатирано дека се работи за С.Ј., 52-годишник од Крива Паланка, вработен во „ЕВН“, кој почина додека извршуваше работни задачи. – Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, ...
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во петок и сабота треба да се одржат средбите со коалициските партнери од ВРЕДИ и ЗНАМ на кои ќе се разговара за најавената владина реконструкција. Како што изјави денеска Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, соработката на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ продолжува како досега. – Во петок и сабота се закажани средбите со коалициските партнери од ВРЕДИ и ЗНАМ. Инаку, сега не сме пред избори, сега сме во ...
Крајот на учебната година донесе поинаков, возбудлив и едукативен ден за децата поддржани од СОС Детско село. Во рамките на долгогодишното стратешко партнерство, финансиското друштво Flex Credit организираше специјален едукативен час на отворено во Зоолошката градина во Скопје. Училницата под отворено небо беше поставена токму до новата, неодамна изградена куќичка за желки – проект кој Flex Credit самостојно го финансираше и изгради за ...
Основниот кривичен суд Скопје му одреди мерка притвор во траење од осум дена на 44-годишен жител на Скопје, осомничен дека подметна пожар на две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија. Мерката е определена по предлог на надлежен јавен обвинител, кој против осомничениот води истрага за кривичното дело „предизвикување општа опасност“. Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случи завчера на ...
Царински службеници запленија златен накит вреден 1,1 милиони денари на граничниот премин „Богородица“. Двајца косовски државјани се обиделе да го криумчарат. Златниот накит – четири златни ланчиња со вкупна тежина од 190,6 грама, осомничените го купиле во Турција, а потоа, со намера да го криумчарат, го ставиле на себе и го прикриле со облеката, соопштија денеска од Царинската управа. Како што информираа оттаму, случајот бил предаден на ...
Постои еден момент што му е добро познат на секој студент. Седнуваш да учиш, ги отвораш книгите, скриптите или лаптопот и си велиш: „Денес нема станување од столче додека не ги завршам овие три поглавја.“ Поминале точно 27 минути… и криза. Гладен си. Класична дилема: да продолжиш со учење или да го отвориш фрижидерот во кој, нормално, нема ништо за јадење. Ако излезеш по храна, планот за учење пропаѓа. Ако останеш гладен, фокусот исчезнува. ...
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара во текот на денешниот ден да биде закажана јавната расправа за Предлог-законот за игри на среќа која, според нив, не се одржува поради СДСМ. – Повторно СДСМ против СДСМ и нивното бегање од соочување со вистината. Иако бараа јавна расправа за Законот за приредување на игри на среќа, сега сакаат да ја обструираат, не закажувајќи ја јавната расправа. На нивно барање, поддржавме јавна расправа на која ...
Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа прогласи нова вонредна состојба во десет провинции и три општини поради сериозно влошување на безбедносната состојба, а на армијата и полицијата им се дадени пошироки овластувања за борба против организираниот криминал. Со Уредбата 423, која Нобоа ја потпиша во вторник, се воведува вонредна состојба поради „сериозни внатрешни немири“ за период од 60 дена, со можност за продолжување за дополнителни 30 ...
Македонија се соочува со зголемен ризик од суша поради што се потребни повеќе финансиски средства за реализација за мерки за адаптација, оценуваат од Центарот за климатски промени по повод Светскиот ден за борба против опустинувањето и сушата. Оттаму посочуваат дека земјите од Медитеранот, вклучително и Македонија, се сè повеќе изложени на подолги сушни периоди, намалени врнежи и континуиран пораст на температурите. – Овие промени директно ...
Вистина е дека денес најтешко живеат граѓаните на кои државата треба да им биде најголема поддршка. Социјално-ранливите граѓани, самохраните родители, лицата со инвалидетет и со ретки болести, работникот со најниска минимална плата – тие ја водат сами битка за достоинствен живот. Битката за своите деца, за покрив над глава, за сметки, за градинка, за училиште -за гола егзистенција. Вистина е дека самохраните родители се сами во борбата за ...
Binance повторно ја потврдува својата посветеност кон европските корисници и намерата да продолжи да работи во целосна согласност со важечките прописи низ целиот континент, при што ја нагласува важноста од правична, предвидлива и усогласена регулаторна рамка за индустријата на дигитални средства. Во официјална изјава, регионалниот директор за Централна и Источна Европа (CEE), Kyrylo Khomiakov, потврдува дека компанијата активно работи на ...
Последниот ревизорски извештај за работењето на центрите за социјална работа покажа дека најранливите категории граѓани се жртви на нефункционалноста и некоордираноста на институциите, велат од Левица. – Наместо институциите да им бидат сервис на граѓаните, тие ги претвараат граѓаните во курири што трчаат од институција до институција за да си ги остварат своите законски права. Таков е примерот со родителите на деца со попреченост, каде ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја поздрави расправата во Европскиот парламент по Извештајот за Македонија, оценувајќи дека пораките упатени од европратениците претставуваат силна потврда за европската перспектива на државата и дополнителен поттик за продолжување на реформскиот процес. Во рамки на дебатата, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, испрати охрабрувачки ...
Македонија седум квартали по ред бележи економски раст над 3 проценти, политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. – Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на финансиска стабилност нови инвестиции и одржлив економски раст. Македонија седум квартали по ред бележи економски раст над 3 проценти, што претставува јасна потврда дека државата се движи во правилна насока. Овие резултати се ...
Рамковниот договор меѓу САД и Иран предвидува создавање приватен фонд од 300 милијарди долари за поттикнување инвестиции во Иран, при што повеќе од половина од таа сума веќе е издвоена. Фондот е дизајниран да им обезбеди на двете страни економска моќ за да постигнат конечен договор за завршување на војната, додека Вашингтон и Техеран се подготвуваат да го потпишат во петок, изјави изворот. Иако претходно беше објавено дека постои фонд, ...
Сите знаат зошто ЗНАМ влезе во тендер-коалицијата со организирана криминална група ВМРО. Тоа го знаат и граѓаните. Заради лични и бизнис интереси. Максим Димитриевски прво ја предаде сопствената партија, а потоа и своите гласачи, велат од СДСМ. – Откако партијата почна да се распаѓа, еден по еден почнаа да ја напуштаат и пратеници и советници. Остана само Максо да го „одработи“ авансот што го доби од Мицкоски. ЗНАМ не е политичка партија. ...