Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Минималните трошоци на четиричлено семејство во јуни се намалени за 88 денари во однос на мај, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија кој ја изработува синдикалната минимална кошница. Според податоците на ССМ, вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни изнесува 68.654 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати 84.024 денари. За храна биле потребни 25.120 денари, а за режиски трошоци 6.379 денари. Околу 100 евра или поточно ...
Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 11.31 часот, во на грчкиот остров Крит. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати на географска ширина 34,6605 и географска должина 24,3179. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 26 километри под површината на ...
Десет лица се повредени во сообраќајната несреќа меѓу комбе и камион што синоќа се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Од Клиничката болница во Штип изјавија дека осум од повредените се задржани на Одделот за хирургија, а две лица се пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Дел од повредените се со полесни, а дел со потешки повреди. Од Противпожарната бригада во Свети Николе информираат дека пожарникари ...
Додека граѓаните се соочуваат со економски колапс, поскапувања, зголемување на сиромаштијата, организираната криминална група ВМРО и ЗНАМ продолжуваат со театарска претстава наречена „реконструкција на Владата“. Денеска е закажана нова средба, меѓу ВМРО и ЗНАМ – непостоечко здружение, сателит на Мицкоски кое се распаѓа, и кои за себе велат дека нивните кадри „одлично работат“. Во исто време, Мицкоски на роденденската прослава на својата ...
Филипче со месеци испраќа сигнали и пораки во јавноста дека е подготвен на нова национална отстапка, што е уште една потврда дека СДС и Филипче, би направилe се за да дојде на власт. Филипче размислува исто како Заев, да потпише се што ќе му биде ставено на маса. Токму тие бланко-листови што ги потпишуваа додека беа на власт ја доведоа Македонија во позицијата во која се наоѓа денес. За Филипче не постои ниту една црвена линија, ниту за ...
Предлог-законот за судска служба на Министерството за правда, наместо да претставува реформски чекор напред, е опасен обид за враќање на судството две децении наназад и за дополнително зајакнување на влијанието на извршната власт врз судската власт, велат од Левица. – Токму затоа Левица поднесе 50 амандмани, изработени врз основа на предлозите и забелешките на синдикатите и претставниците на судските службеници, кои предупредуваат дека ...
На граничните премини “Богородица” и ”Дојран” има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува ...
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека изјавата на Вишото јавно обвинителство во Белград во врска со случајот „звучен топ“ целосно разоткри монструозен и прецизно осмислен план за предизвикување масовна паника, улични судири и граѓанска војна во Србија преку измислени лаги за наводна употреба на „звучен топ“. „Соопштението на Вишото јавно обвинителство во Белград го разоткри до срж монструозниот план на оние кои ...
Представници на Соединетите Американски Држави и Иран повторно седнуваат на преговарачка маса во Швајцарија, во обид да ги конкретизираат чекорите за спроведување на неодамна постигнатиот рамковен мировен договор. Според информациите што ги објави „Аксиос“, американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи се упатиле кон Швајцарија, каде што треба да продолжат разговорите за стабилизација на ...
Неколку лица се сериозно повредени во пад на балон на топол воздух во јужна Невада, соопштија денес локалните власти. Според Федералната администрација за воздухопловство на САД, на балонот на топол воздух имало десет лица кога „силно слетал“ во Пархрамп, јужна Невада, објави ABC. Канцеларијата на шерифот на округот Нај соопшти дека еден патник претрпел сериозна повреда на главата, неколку патници претрпеле изгореници од втор или трет ...
Голем пожар што избувна денес во просториите на туристички комплекс со четири ѕвездички лоциран во градот Бахахиба, на југоисточниот брег на Доминиканската Република, зафати голем број бунгалови и предизвика евакуација на стотици гости и вработени. Според прелиминарните извештаи и слики што кружат на социјалните мрежи, пожарот започнал во внатрешноста на зградата, од која повеќето имале сламени покриви, и брзо се проширил поради природата на ...
Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи за во текот на денов. Се очекува минимална температура во интервал од 8 до 18, а максимална од 30 до 35 Целзиусови степени. Според синоптичарите, во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти ...
Финскиот премиер Петери Орпо зазеде повнимателен став во Брисел од неговиот латвиски колега Андрис Кулбергс во дебатата за намерата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, да го обнови каналот за комуникација со Москва. Во разговор со новинарите, Орпо одби да се придружи на критиките кон Кошта, со што ефикасно се спротивстави на проценката на Кулбергс дека дипломатскиот дијалог со Русија е залуден во овој момент. „Ги разбирам ...
Институтот за јавно здравје попладнево соопшти дека во земјава е регистриран прв случај на Зика вирусна инфекција во земјава. Ризикот за населението во моментов се оценува како низок -На ден 17.06.2026 година, од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ доби информација за конфирматорен позитивен наод на зика вирусна инфекција – соопшти Институтот за јавно здравје. Како што ...
Кривичниот суд попладнево по сослушување на осомничените за проневера во Фудбалската Федерација на Македонија одлучи на три лица да им определи мерка притвор од 30 дена, а на пет лица им е определен куќен притвор. Во 30-дневен притвор одат поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски и уште две лица со иницијали О.М. и Ѓ.Ч. Куќен притвор им е определен на Н.Л., И.П., И.Ш.,С.Т. и К.А, а мерки на претпазливост на Т.П., Ј.Д., Д.Ј. и Е.Н. Од ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека забрзаното членство на Украина во Европската Унија би било неправедно кон земјите од Западен Балкан, кои со години се во пристапниот процес. Тој пред почетокот на состанокот на Европски совет во Брисел нагласи дека проширувањето треба да се заснова на резултати и исполнети критериуми, а не на политички одлуки. Според Маѓар, не треба да се забрзува пристапувањето на одделни кандидати на сметка на ...
Дирекцијата за култура и уметност на Скопје го претставува дигиталното издание на каталогот на фестивалот „Скопско лето 2026“. Каталогот и визуелниот идентитет на „Скопско лето 2026“ се изработени од графичкиот дизајнер Климент Коробар, чиј креативен пристап го обликува овогодишниот визуелен изглед на фестивалот. Овогодишното 47. издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се отвори со изложба „75 години Државен архив на Република Северна ...
Генералниот секретар на Европската организација за закони на игри на среќа (EOGL), Зоран Пухач, на денешната јавна расправа пред собраниската Комисија за финансирање и буџет упати сериозни критики и предупредувања за катастрофалните последици од Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри. Пухач, присуствуваше на јавната расправа на законот на покана на АСОМ. Тој пред пратениците детално ја елаборираше погубната математика на ...
На последната седница на советот на општина #Струга, градоначалникот Ќира скандалозно изјави дека нема механизам да ги отстрани лицата кои со години незаконски стопанисуваат со плажи со истечени концесии, иаки се работи за сериозен криминал со кој е оштетен буџетот на општината, реагираат од Левица. Кога концесиите се истечени, а одредени правни или физички лица и понатаму го користат крајбрежјето за вршење дејност и остварување профит, ...
Откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека италијанската премиерка Џорџија Мелони го молела да се фотографираат заедно, одговор дојде од Рим. Мелони изјави дека е целосно зачудена од изјавите на американскиот претседател. „Изјавите на Доналд Трамп се целосно измислени. Искрено сум зачудена, не знам зошто претседателот на САД се однесува вака кон своите сојузници“, изјави таа. Таа истакна дека не е прв пат Трамп да се однесува ...
Јавното обвинителство бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени вчера во рамките на истражната постапка против 18 физички и осум правни лица за проневера на над 180 милиони денари во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Сите 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кои вчера се уапсени, се веќе изведени пред судија на претходна постапка пред Основниот кривичен суд во Скопје, каде што ...
Почитувани присутни, Имавме прилика преку медиумите и изјавите на владините претставници да добиеме информација дека Предлог законот за заштита од пушење пред да пристигне во Македонското Собрание претходно поминал серија консултации на извршната власт со еснафските здруженија и претставниците од тутунската индустрија. Целиот овој консултативен процес бил наменет за да се постигне компромис и да се намали потенцијалот на економски и ...
Иранската пејачка Парасту Ахмади и осум членови на продукцискиот тим, вклучувајќи музичари, наводно се осудени на 74 камшикувања поради настап на концерт што бил емитуван во живо на YouTube канал во 2024 година, пишува Гардијан. Според судските документи, кривичниот суд во покраината Ком ги осудил уметниците на камшикување, двегодишна забрана за напуштање на земјата и двегодишна забрана за уметнички активности, по обвиненијата што ...
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 19 јуни 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 115,75 евра/mwh, додека на MEMO цената е 86,70 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 50,74 евра за мегават час, а на MEMO 13,70 евра. Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува ...
Дозволете од името на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа АПИС да ја поздравам оваа јавна расправа за Предлог закон за игри на среќа и забавни игри, заведен под архивски број на Владата 57-4436/5, a доставен до законодавниот дом на 14.05.2026 година. За жал претходно, во процесот на подготвување на текстот, немавме можност да дадеме свој придонес за креирање регулатива за игри на среќа, која од една страна ќе даде одговори на ...
„Братот на обезбедувањето на премиерот Мицковски се најде на платниот списокот на Државна лотарија за донации и спонзорства и тоа, ни помалку ни повеќе, туку со 24.000 евра народни пари? Имено, Здружението „Визуел Продакшн“, чиј застапник е Лазар Гогов, брат на Вељо Гогов – обезбедување на премиерот Христијан Мицковски инкасирале над 1.5 милиони денари (околу 24.000 евра) државни пари како донации од Лотарија на Македонија“ соопштија денеска ...
Јавното обвинителство информира дека е известено за смртта на поранешниот генерален инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување, Љупчо Грнчиштанов, кој беше опфатен со обвинението за трагедијата во Кочани. Како што соопштија од Обвинителството, лицето починало откако му се слошило во домашни услови, а Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција со цел утврдување на причините за смртта. Грнчиштанов во периодот од ...
МВР информира дека синоќа во 22:25 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ – Охрид е пријавено дека И.М.(31) од Струга, при риболов со харпун во водите на Охридското Езеро во близина на автокамп на охридското крајбрежје, сам се повредил. По преземени мерки, полициските службеници го пронашле повредениот, по што со возило на Итна медицинска помош е пренесен и задржан во Општата болница во Струга. По наредба на јавен ...
Само неколку часа пред да излезе на теренот со мароканската репрезентација во натпревар на Светското првенство против Шкотска, првата ѕвезда на тимот и дефанзивец на Пари Сен Жермен – Ашраф Хакими, ја потресе светската јавност со отворена и остра порака во врска со обвинувањата за силување со кои се соочува. Хакими, кој го водеше Мароко до реми од 1-1 против Бразил во нивниот прв натпревар на Светското првенство во неделата, поднесе жалба на ...
„Христијан Мицкоски им порача на граѓаните да се „подготвуваат за маратон“. Со други зборови, јасно им кажа дека треба да се подготват долго време да живеат сиромашни. Оваа порака доаѓа во момент кога економската реалност е многу потешка од политичкиот маркетинг на Владата. До јуни е потрошен скоро целиот планиран буџетски дефицит за целата 2026 година. Од 670 милиони евра предвиден дефицит. Ребалансот е неизбежен и ќе биде многу тежок“ ...