Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во светот, настапува за Ал Наср од Саудиска Арабија. Сепак, договорот со овој клуб содржи клаузула што му дозволува да го напушти клубот во јуни 2026 година, објавува португалскиот весник „Рекорд“, чиј сопственик е самиот Роналдо, што дополнително потврдува дека разделбата со тимот ќе се случи. Сомнежот е дополнително поткрепен со веста дека Португалецот го бојкотираше последниот натпревар на ...
Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес предупреди дека формирањето на европска армија би било „екстремно опасно“ бидејќи, меѓу другото, би довело до конфузија во командната структура, а во исто време ги отфрли обвинувањата за поделби меѓу Унијата и НАТО. Зборувајќи на безбедносна конференција во Норвешка, таа предупреди дека формирањето на посебна европска армија покрај силите на НАТО ...
Поранешната претседателка на Косово, Атифете Јахјага, категорично ги отфрли извештаите што го поврзуваат нејзиното име со досието на американскиот бизнисмен и сексуален престапник Џефри Епштајн, оценувајќи ги како целосно неосновани и невистинити. Во соопштение објавено на Фејсбук, Јахјага нагласи дека за време на нејзиниот мандат како претседателка на Косово, никогаш немала никакво познанство, средба или каков било контакт со Епштајн. ...
Хрватските ракометари – бронзените од вчера завршеното Европско првенство беа пречекани со огромен аплауз, навивање и пеење на плоштадот во Загреб, а беа запалени и факели. Кога пристигнаа на плоштадот, се пееше песната Далмација. Кога излегоа од автобусот, се пушти Моја домовина. Додека се приближуваа кон сцената, ја отпеаја „Kiss the Earth“. Прво на сцената излегоа физиотерапевти и лекари, потоа менаџерот, фитнес тренерот и техничкиот ...
Уставниот експерт Сања Бариќ зборуваше за спорот околу организацијата на приемот на хрватските ракометари во Загреб, велејќи дека целата ситуација може и треба да се реши исклучиво преку правни средства. Таа верува дека покренување на постапка за проценка на законитоста и уставноста на одлуката на Градското собрание на Град Загреб би било единственото значајно решение. „Дали сакате конечно да заврши ова, веројатно еднаш засекогаш? Еве еден ...
„Како што знаете Буџетот не ни е во најдобра состојба, меѓутоа ќе видиме“. Со оваа изјава Министерката за енергетика на Мицкоски, Сања Божиновска призна дека во буџетот нема пари. Владата на Мицкоски го потврди она што СДСМ и претседателот Филипче постојано го говорат, соопштија попладнево од опозициската партија. Од СДСМ велат „Оваа изјава на Божиновска е уште еден доказ, фалат 2 милијарди евра. Владата вели нема пари за ништо освен за ...
Полицијата во Краљево уапси 44-годишник од Македонија, под сомнение дека ограби пет обложувалници и пошта, соопшти денеска локалната полициска управа, пренесуваат српските медиуми. Во соопштението се наведува дека В.Г. е осомничен дека на територијата на Краљево влегувал во објекти на обложувалници и пошти со фантомка на главата и, со закана со пиштол, украде повеќе од 700.000 динари. Во станот на осомничениот, полицијата пронајде дел од ...
Промената во светот бара промена во образованието, гледање на реалноста низ очите на новите генерации, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Светскиот самит на лауреати, што денеска се одржува во Дубаи, во пресрет на Светскиот самит на владите. На еминентниот собир, на кој учествуваат околу 150 врвни научници, вклучувајќи нобеловци и лидери на истражувачки институции од целиот свет, Сиљановска-Давкова посочи ...
Премиерот на Гренланд, Јенс Фредерик-Нилсен, предупреди дека ставот на САД за Гренланд не се промени и дека САД сè уште имаат намера да ја анектираат и администрираат територијата. Во писмена изјава, објавена на веб-страницата на Парламентот на Гренланд и објавена во локалниот печат, тој изјави дека таков став предизвикал голема несигурност кај населението. „Ова, не е изненадувачки, создаде голема несигурност кај сите нас“, напиша ...
Во пресрет на приемот на хрватските ракометари и одлуката на хрватската Влада Марко Перковиќ Томпсон да пее на плоштадот во Загреб, се огласи на Фејсбук и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ. Владата денеска усвои Заклучок за преземање на организацијата на приемот за ракометарите кои освоија бронзен медал, во соработка со Хрватскиот ракометен сојуз. Приемот започнува во 18:00 часот на плоштадот Бан Јосип Јелачиќ во Загреб. ...
Полицијата во Осло го приведе Мариус Борг Хејби, син на крунската принцеза Мета Марит и посинок на норвешкиот крунски принц Хакон, под обвинение за напад врз жена, закана со нож и кршење на забрана за приближување само два дена пред да се појави на суд по повеќекратни обвиненија за силување. Мариус(29), кој беше посвоен од принцезата Мете Марит пред нејзиниот брак со принцот Хакон, ќе се појави во Окружниот суд во Осло во вторник, каде што ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова имаа средба со Македонците што живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати. – Македонците во дијаспората претставуваат важен мост меѓу матичната држава и земјите во кои живеат и работат, особено во економската и трговската сфера. Заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Дубаи остваривме ...
Поранешниот кинески министер за правда Танг Јижонг осуден е на доживотен затвор поради корупција, јави Кинеската централна телевизија. Судот во Сјамен, во југоисточната провинција Фуџијан, го прогласи Танг за виновен за нелегално стекнување средства во вредност од повеќе од 137 милиони јуани (19,71 милиони долари) во периодот од 2006 до 2022 година и тргување со влијание. Целиот имот на Танг е конфискуван. Истрагата против него почна во ...
Градот Загреб одговори на најавата на Владата дека ќе организира прием за ракометарите во 18 часот на плоштадот „Бан Јосип Јелачиќ“, наведувајќи дека за секое окупирање на јавен простор е потребна согласност од Градот Загреб и дека тие не ја побарале од Владата. Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, даде изјава за медиумите на оваа тема во Градската администрација. Во меѓувреме, полицијата дојде во просториите на партијата „Можемe“ ...
Во наредните еден-два месеца ќе се знае како ќе се реализира проектот за „Чебрен“ и „Галиште“ – дали ќе биде целосно државна инвестиција или ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство. Министерката за енергетика Сања Божиновска се согласува со тоа дека најдобро е да биде домашна инвестиција, но вели се работи за голема инвестиција и треба реално да се видат финансиските можности во буџетот. – Се согласувам дека најдобро е проектот да ...
Владата денеска преку соопштение реагира на денешните јавни настапи и изјави на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, оценувајќи ги како обид за создавање лажна слика за социјалниот дијалог. – Во врска со денешните јавни настапи и изјави на Трендафилов, како Влада најостро реагираме на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог. Не знаеме кого Трендафилов чекал, сместувајќи се во празна сала, но едно е кристално јасно, ...
Министерството за здравство денеска ги објави имињата на експертите од странската комисија за истражување кардиолошки и кардиохируршки операции. – Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, меѓу кои д-р Уголино Ливи, кардиохирург од Италија, со искуство како редовен професор од областа кардиохирургија на Универзитетот во Удине, а бил ангажиран како ...
Еден маж е убиен, а друг е ранет во пукотница во Јужен Лос Анџелес. Пукањето се случи околу 20.15 часот по локално време, соопшти полицијата во Лос Анџелес. Полицијата соопшти дека двете жртви, на возраст од 19 и 25 години, стоеле пред куќа кога двајца осомничени застанаa, излегoa од автомобил и отвориja оган. Еден од мажите е застрелан во глава и почина на местото на настанот, соопшти полицијата. Другата жртва е однесена во болница во ...
Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека Москва нема интерес да разгори глобален конфликт, исто како што нема интерес да започне специјална воена операција во Украина. „Секако, ние не сме заинтересирани за глобален конфликт. Не сме луди. Ова е кажано сто пати. Кому му е потребен глобален конфликт?“, рече Медведев потсетувајќи дека руското раководство постојано ги предупредувало Западот и земјите од ...
Богатството на руските милијардери расте за повеќе од 19 милијарди долари. Вкупното богатство на најбогатите руски бизнисмени се зголеми за 19,39 милијарди долари од почетокот на годината, а Владимир Потанин, еден од главните сопственици на Норилск Никел, забележа најголем раст, задржувајќи ја својата водечка позиција: неговото богатство се зголеми за 3,46 милијарди долари на 29,9 милијарди долари, ссе вели во пресметките на РИА Новости врз ...
Заменик-министерот за внатрешни работи на Полска, Виеслав Шчепански, во понеделник изјави дека најмалку 38 лица починаа од хипотермија во земјата оваа зима, што е двојно повеќе од истиот период минатата година. Шчепански додаде дека се очекуваат обдукции на уште две тела и дека бројот на смртни случаи од хипотермија може да се зголеми на 40, објави новинската агенција ПАП. Тој исто така рече дека 54 лица починале од труење со јаглерод ...
Според материјалите објавени од Министерството за правда на САД, американскиот бизнисмен Џефри Епстајн заговараше државен удар во Украина во писмо испратено до Аријана де Ротшилд. За време на преписката, Ротшилд му предложи на Епстајн да разговараат за Украина, на што тој директно посочи на потенцијалната корист од политичките настани во таа земја. „Ударот во Украина ќе понуди многу можности, многу многу“, напиша Епстајн. Во своите писма, ...
Амар Мециновиќ, пратеникот од Левица, на прес конференција најави дека пратеничката група на Левица ќе поднесе два закони во Собранието со цел да се стави крај на неправдите во јавното здравство и на системската дискриминација на бремените работнички. – Првиот закон, се однесува на процесот на вработување во јавното здравство, кој, како што рече Мециновиќ, и покрај формалните законски одредби за транспарентност, во пракса е партизиран. ...
Намалени приходи во буџетот и сериозен удар врз трговијата – вакви последици очекуваат познавачите ако се усвои Законот за заштита од пушењето. Како ќе се одрази овој закон врз државната каса и дали може да предизвика нови давачки за граѓаните со цел да се пополни дупка предизвикана од ненаплатени приходи од акцизи? Овие прогнози за загуби на стабилни, сигурни и редовни приходи доаѓаат во услови кога буџетскиот дефицит е проектиран на 39,2 ...
За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата, Мицкоски прво мора да се уапси самиот себе и своите најблиски. Мицкоски ги стави во свои канџи речиси сите институции, судството, обвинителството, и не само што му се под контрола туку им дели и задачи од собраниската говорница, велат од СДСМ. – За да ја докаже својата „желба“ за борба против криминалот и корупцијата, самиот нека се упаси! Нема борба против криминалот и корупцијата ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека контактот меѓу претседателот Володимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин е можен само во Москва, објави руската новинска агенција Интерфакс. На прес-конференција, Песков беше прашан дали Кремљ размислува за организирање средба меѓу Зеленски и Путин „на неутрална територија“. „Зеленски предлага контакт, Путин рече дека е можен во Москва. Оваа позиција останува наша“. Песков ја ...
Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој наводно беше осуден на смрт за учество во антивладини протести, е ослободен со кауција, објавија иранските медиуми. Адвокатот на Солтани, Амир Мусакани, изјави дека неговиот клиент бил ослободен со кауција во саботата и дека ги имал сите негови работи, вклучувајќи го и мобилниот телефон, објави Би-Би-Си. Адвокатот рече дека кауцијата е околу 12.600 долари. Солтани беше уапсен на 8 јануари во градот ...
Денес градското Собрание во Загреб беше евакуирано откако беше пријавена закана за бомба. Полицијата е на местото на настанот. Портпаролката на градот Загреб, Динка Живаљ, за Хина изјави дека полицијата околу 11.40 часот ги информирала дека добиле дојава дека во градското Собрание на Загреб е поставена експлозивна направа. „Градоначалникот останува во Градското собрание. Службениците и вработените се евакуирани, а градоначалникот е ...
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, обвини дека Владата ја избегна средбата за потпишување на спогодба за зголемување на минималната плата, иако, како што рече, синдикатите во 9 часот биле подготвени да го финализираат договорот. Според Трендафилов, предложената спогодба предвидувала зголемување на минималната плата на 600 евра нето, почнувајќи од исплатата за февруари 2026 година, како и раст ...
Заменик-началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили за координација, Хабиболах Сајари, денес изјави дека „непријателот“, кој ја изгубил својата доминација и нелегитимни интереси и претрпел тежок пораз, се стреми да ги врати и редефинира своите нелегитимни интереси во регионот. Сајари рече дека победата на Исламската револуција во Иран пред 47 години довела до промена на „глобалната равенка“ бидејќи ги уништила „хегемонијата и ...