Три лица загинаа, а уште 13 се повредени, меѓу кои и деца, откако остатоци од дрон паднале во туристичкото место Архипо-Осиповка на руското црноморско крајбрежје, соопштија руските власти. Населеното место административно му припаѓа на Геленџик, популарно летувалиште во Краснодарскиот крај. Регионалниот гувернер Венијамин Кондратјев изјави дека украински дронови нападнале цивилна инфраструктура и дека итните служби интервенираат на локациите ...

Епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, соопшти денеска Министерството за здравство. Според податоците, вчера биле регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во однос на претходниот ден, кога биле евидентирани 57 прегледи. Од Министерството посочуваат дека, и покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во споредба со 18 ...

Министерството за здравство информира дека нема нови случаи на западнонилска треска и дека последните суспектни случаи се негативни. – Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови лабораториски потврдени случаи. Последните примероци од суспектните случаи се негативни на PCR-тестирањето. Исто така, на Клиниката за инфективни болести нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска, ...

Рускиот независен медиум Mediazona и рускиот сервис на BBC досега ги потврдиле идентитетите на 236.066 руски војници загинати во војната во Украина. Од средината на јули на списокот се додадени уште 2.867 имиња, но новинарите предупредуваат дека реалниот број на загинати е значително поголем. Истражувањето се темели исклучиво на јавно достапни извори, како што се посмртници, објави на семејства на социјалните мрежи, извештаи на регионални ...

По налог на министерот за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонреден инспекциски надзор во Општата болница Струмица, Клиничката болница Штип и Универзитетската клиника за неврологија во Скопје, каде што била лекувана пациентката чиј случај деновиве предизвика голем јавен интерес. Од Министерството за здравство информираат дека во наредните денови ќе биде прибрана целокупната медицинска документација од ...

Европските реки, кои претставуваат клучни транспортни коридори за тешката индустрија, пресушуваат поради серијата топлотни бранови што го зафатија континентот. Водостојот на Рајна и Дунав се приближува до рекордно ниски нивоа, што го отежнува превозот на хемикалии, нафтени деривати и друга стока, а истовремено ги зголемува транспортните трошоци. Високите температури воедно го ограничуваат производството на електрична енергија во нуклеарните ...

Видеото на Дуа Липа како во 4:30 часот наутро јаде плескавица во Приштина стана вистински хит на социјалните мрежи. По ноќното излегување, светски познатата пејачка решила да се почести со еден од омилените балкански специјалитети, а друштво ѝ правела нејзината сестра Рина. Додека ужива во плескавицата, Дуа низ смеа изјави: „Кој го шиша тостот со авокадо.“ Во еден момент Рина ѝ зема залак, по што двете го покажуваат екранот од телефонот на ...

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 30 пожари на отворен простор. Во моментот нема активни пожари, информира Центарот за управување со кризи. Според нивните информации, 29 пожари се изгаснати, а само еден е под контрола. Станува збор за пожарот меѓу селата Слатина и Грешница во општина Македонски Брод каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 30 пожари на ...

СДСМ обвини дека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски води „тајни разговори за иднината на Македонија“, оценувајќи дека јавноста има право да знае за што се разговара кога, како што велат од партијата, станува збор за прашања од државен интерес. „Не постои земја во светот во која министер за надворешни работи јавно кажува дека води разговори за судбината на државата, а притоа тие да бидат тајна. Како може иднината на Македонија да ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека денеска попладне ќе започнат нови преговори меѓу САД и Иран, откако, како што тврди, го откажал планираниот голем воен напад врз земјата за да им даде шанса на дипломатските напори. Говорејќи пред новинарите во претседателскиот авион, Трамп изјави дека Иран бил свесен за обемот на подготвуваната воена операција. „Знаеја колкав ќе биде нападот затоа што видоа дека се подготвува. Разговараме ...

Во напад со украински дрон врз игралиште во руската погранична Белгородска област синоќа загина едно дете, а две други се повредени, соопшти вршителот на должноста гувернер на регионот. Украинската страна засега не се огласи за овие тврдења. Во текот на ноќта украински дронови навистина ја нападнаа Белгородската област, при што беше погоден и руски технолошки институт кој се занимава со развој на беспилотни летала и воена технологија. ...

Во експлозијата што во саботата одекна во московскиот ресторан „Балзи Роси“ загинаа три лица, а повеќе од 20 се повредени. Според рускиот Национален антитерористички комитет, експлозивната направа ја внела доставувачка, која исто така загинала, како и обезбедувачот што се обидел да ја запре. Во моментот на експлозијата во ресторанот се одржувала прослава по повод 55. роденден на генерал-полковникот Александар Чајко, командант на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за МИА вели дека се работи на трајно и одржливо решение што ќе го одблокира нашиот европски пат, потврдувајќи дека се водат разговори „под радарот“, но не откривајќи повеќе детали. -Разликата помеѓу оваа Влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура и затоа јас и ги, ние често ...

СДСМ преку соопштение реагира на говорот на премиерот Христијан Мицкоски по повод Илинден, обвинувајќи го дека и на најголемиот државен празник продолжил со реторика што ги дели граѓаните. Од партијата посочуваат дека во својот говор Мицкоски повикал на борба против „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“, оценувајќи дека под поимот „талог“ ги сместува сите што не се согласуваат со неговите политики. „Сите што не мислат како ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде топло и ветровито. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Топлиот бран од југ ќе продолжи до ...

Дејвид Бекам, сопственикот на Интер Мајами, сака да ги обедини Лионел Меси и Кевин де Брујне. Како што пренесува шпанскиот „Мундо Депортиво“, поранешниот англиски фудбалер повторно го насочил вниманието кон белгискиот ветеран, кој сега е многу позаинтересиран за преселба во Соединетите Американски Држави отколку претходно. 🚨 𝗠𝗔𝗝𝗢𝗥 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Inter Miami have renewed their interest in Kevin De Bruyne and the Belgian midfielder ...

Најмалку 13 Палестинци загинаа денес во израелски воздушни напади врз Појасот Газа, кои се извршени втор ден по ред, соопштија палестинските здравствени власти. Официјални лица изјавија дека од утрината, израелски воени авиони целеле кон градот Газа, Деир ал-Балах во централниот дел на Појасот Газа и областа Кан Јунис на југ, каде што предизвикале најголем број жртви во еден ден во последните недели, пренесува Ројтерс. Во нападите во Деир ...

Двајца загинати и двајца спасени е билансот од несреќата со двата хеликоптера што се судрија во Грција за време на операција за гаснење на големиот шумски пожар во близина на Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а станува збор за изнајмени хеликоптери од типот „Бел“, како што соопштија од противпожарната служба на Грција. Веднаш по сударот биле мобилизирани спасувачки екипи, а со операцијата на терен раководел ...

Француската фудбалска федерација објави дека билетите за првиот домашен натпревар на националниот тим под водство на новиот селектор Зинедин Зидан се целосно распродадени. Во вторникот, легендарниот поранешен тренер на Реал Мадрид и официјално го наследи Дидие Дешамп на клупата на „триколорите“, со кои потпиша четиригодишен договор. Иако Зидан ќе дебитира како селектор на 25 септември на гостувањето против Турција во Измир, најголем интерес ...

Истражувањата покажаа дека возилата трошат повеќе гориво кога клима-уредот работи со полн капацитет, а најдобриот сооднос меѓу удобноста и потрошувачката се постигнува кога температурата во возилото е меѓу 22 и 24 степени. Климатизацијата е речиси неопходна во автомобилот за време на летните месеци, но нејзината употреба ја зголемува потрошувачката на гориво. Колку ќе се зголеми таа, зависи од надворешната температура, големината на ...

Меѓународниот аеродром во Истанбул постави европски рекорд по бројот на патници во еден ден, изјави турскиот министер за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу. – Аеродромот во Истанбул постави европски рекорд. На 1 август, аеродромот опслужи 289.260 патници, поставувајќи нов рекорд како за овој аеродром, така и за европските аеродроми – објави Уралоглу на платформата X. Во текот на 2025 година, низ овој аеродром поминале 84,4 ...

Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци, загинаа денес во напад на бомбаш-самоубиец врз учесници на собир против милитантите во северозападен Пакистан, а повеќе од 20 лица се повредени, соопшти полицијата. سوات میں لوگ امن کیلئے اختجاج کر رہے تھے پھرامن مارچ میں ہی دھماکہ ہوگیا pic.twitter.com/O0sAxyxTv8 — Naya Pakistan (@Naya__Pakistan_) August 2, 2026 Началникот на окружната полиција, Омар Кан, изјави дека нападот се случи во Кабал, град ...

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Србија, Управата за криминалистичка полиција, Одделот за меѓународна оперативна полициска соработка (Интерпол), во соработка со полициски службеници од Управата за гранична полиција, го уапсија З.В. (1969), државјанин на Република Македонија, по кого е распишана меѓународна потерница на барање на Грција за издржување затворска казна од 16 години за кривично дело основање криминална ...

Милан Гуровиќ, еден од поранешните српски кошаркари спаси живот откако изгасна пожар во автомобил што се запали среде улица. Вистинската животна драма се одвиваше во близина на голем супермаркет на улицата „Војвоѓанска“ во Нов Белград, кога еден автомобил ненадејно сврте пред возилото во кое се наоѓаше Милан Гуровиќ. Автомобилот потоа се запали, но возачот не излезе, остана внатре, не можејќи да избега поради паниката. Гуровиќ излезе од ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека земјата ја очекуваат пет од најкритичните денови, бидејќи рекордната суша ја принуди Будимпешта да ја прекине работата на нуклеарната електрана, која произведува 40 отсто од електричната енергија. Во видео-обраќање, тој наведе дека енергетскиот систем на Унгарија е изложен на огромно оптоварување, пренесува бриселскиот портал „Политико“. Премиерот претходно најави дека последните активни реакторски ...

Безживотното тело на еден маж денес е пронајдено во реката Сава, кај местото Лијеви Дубровчак во близина на Иваниќ-Град, еден ден откако било пријавено неговото исчезнување. Исчезнувањето синоќа го пријавил 34-годишен маж, кој на полицијата ѝ кажал дека последен пат го видел својот пријател вчера попладне, кога тој отишол да плива во Сава, кај Лијево Дубровчак. По пријавата, полицијата веднаш започнала интензивна потрага по реката Сава и во ...

Најдобриот фудбалер од Светското првенство, Шпанецот Родриго Ернандез, им се придружи на бројните ѕвезди од светот на спортот и шоу-бизнисот кои ја избраа Црна Гора за место за свој одмор. Брилијантниот играч од средниот ред, попознат по прекарот Родри, пред неколку дена пристигна во Порто Монтенегро и ги разгледува најголемите атракции во Црна Гора. Вчера се возеше со жичницата од Ѓеновиќи до Ловќен и уживаше во спектакуларниот поглед на ...

За време на операција за гаснење шумски пожар во областа Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во воздух се судрија два хеликоптера кои учествуваа во гаснењето на пожарот, а во тек е акција за спасување на членовите на екипажот. Συγκλονιστικό βίντεο ντοκουμέντο: Η στιγμή της σύγκρουσης των 2 ελικοπτέρων. Φωτιά στα Μέγαρα: Σύγκρουση και πτώση δύο ελικοπτέρων στην Ψάθα pic.twitter.com/J0LEwbKQaN — MEGA News ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека српскиот народ на Косово и Метохија е изложен на „страшен терор“ и дека Приштина „секој ден смислува нешто против нив“, додека, како што нагласи, светот молчи за страдањето на православните христијани бидејќи тие самите си го предизвикале тоа. Тој рече дека на Србите не може да им се припишуваат географски одредници со цел дополнително да се делат, бидејќи „не постојат босански ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека руската армија во текот на изминатата недела нападна 16 украински региони со околу 1.900 дронови, речиси 1.600 авионски бомби и 144 ракети од различен тип, вклучително и балистички ракети. „Денеска беа фрлени бомби врз Суми. Во Бровари, едно лице загина, а шестмина беа повредени во напад со дрон. Изразувам сочувство до семејствата на жртвите. Харков и Харковската област сè уште ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.87
19%
1011
weather icon

Белград

37ᴼ / 37ᴼ
0.89
34%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
0.5
23%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.43
26%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.18
25%
1012
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 36ᴼ
1.79
26%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
4.47
36%
1010
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.44
23%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
6.32
30%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 34ᴼ
4.47
33%
1013
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
1.79
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 30ᴼ
5.56
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.25

Платина

56135.20

Бакар

13.51

Рутениум

53852.50

Сребро

1994.05

Родиум

274085.11

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Калај

56.46

Паладиум

43499.96

Злато

136962.18