Aмериканските мултинационални корпорации за финансиски услуги „Visa“ и „Mastercard“ објавија дека донеле одлука за престанок на работењето со Русија поради инвазијата на оваа земја врз Украина. Според соопштението, компанијата „Mastercard“ одлучила да ги прекине услугите на својата мрежа во Русија приклучувајќи се на актуелните санкции против Русија. „Со оваа акција, картичките издадени од руските ...

УНИБанка ги известува своите клиенти дека во насока на подобрување на корисничкото искуство при користење на банкарските производи и услуги, експозитура Тетово е преселена на нова локација која се наоѓа на ул. Борис Кидрич бр. 1, влез 1, кат ПР, број 6, Тетово, во центарот на градот, на кружниот тек спроти Плоштадот-Комплекс Банки. Работното време на експозитурата е од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот. За сите останати прашања ...

Комерцијална банка, како банка со врвна корпоративна култура и одговорно деловно работење, е првата компанија во земјава која своето корпоративно управување го усогласи со најновиот Кодекс за корпоративно управување на котираните акционерски друштва на Македонската берза. Прашалниците за усогласеност со Кодексот се објавени на веб-страната на Банката. Новите трендови во финансискиот свет наметнуваат иновации во понудата и интеракцијата со ...

Рејтинг агенцијата „Fitch” објави дека го намалила рејтингот на 31 руска банка на издавачи на долгорочни хартии од вредност во странска валута на „Ц“ од „Б“ и дека ги отстранила од следење на изгледот на неисполнување на долговите, т.н. листа на „следење на негативниот рејтинг“ (Rating Watch Negative – RWN). „Fitch” го намали и краткорочниот рејтинг на руските банки на ...

Музејот на Народната банка на Република Северна Македонија повторно е отворен за посетители од понеделник до петок, помеѓу 9 и 15 часот, а влезот е слободен. Во интервју за независната платформа Умно.мк, раководителката на Музејот, Катерина Христовска вели дека и покрај ограничувањата и протоколите воведени поради коронавирусот, посетителите успеваат да одвојат време и да го посетат Музејот. „Во оваа, јубилејна дваесетта година од ...

Како верен поддржувач на културните дејци и вредности во државава, Комерцијална банка овозможи по 23-ти пат да се избере „Роман на годината“. За 2021 година оваа престижна награда ѝ беше врачена на Симона Јованоска за нејзиното дело „Денот на црвот“ во издание на „Или – или“. Традиционално, оваа значајна награда за домашното културно творештво ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на ...

Народната банка веќе има засилена контрола врз работењето на менувачниците со цел, како што велат, да се спречи шпекулативно однесување на одредени менувачници. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во изјава за МИА, посочува дека во тек се засилени инспекциски контроли од страна на Народната банка по менувачниците, како и дека согласно регулативата, тие не смеат да ги чуваат девизите и да не вршат менувачко работење. Ваквото однесување ...

Според податоците на Народната банка за банкарскиот сектор во земјата за 2021 година, Стопанска банка АД – Скопје е банката која најмногу ги кредитира граѓаните, односно домаќинствата. Така, од вкупните кредити на Банката, 51,6 милијарди денари се кредити одобрени на домаќинствата, а 28,2 милијарди денари се кредити одобрени на нефинансискиот сектор односно приватните компании. НЛБ Банка АД Скопје е втората банка по одобрени кредити на ...

Кога се мисли на инвестирање, најчесто станува збор за акции, недвижен имот, или пак странски валути. Сите овие инвестиции нудат одреден долгорочен поврат на средствата, но и одреден степен на ризик, утврдени минимални износи како почетна инвестиција и одредена расположливост на вложените средства. Па, зошто тогаш не размислите да ги инвестирате во производ што има минимален ризик, безбеден е и преку него имате брз и лесен пристап до вашите ...

УНИБанка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. „Со решениe бр.15-1165/4 од 9ти март 2022 година, Гувернерката на НБРСМ издаде претходна согласност за именување на г-дин Николај Сергеевич Драгомирецки за независен член на Надзорниот одбор на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје. Согласноста е издадена за период од 4 (четири) ...

Највисоката пензија во земјава изнесува 725 евра, најниската 186 евра. Зголемување за 1.000 денари како “ад-хок” решение ќе добијат сите пензионери за период од три месеци. Дополнително се промени и моделот за пресметка на зголемувањето – во однос на два параметри, трошоци на живот и раст на просечна плата. Во меѓувреме, во земјава соодност на вработен-пензионер е подобрен, но и натаму “ранлив” од аспект на ...

Aмериканскаат инвестициска групација „Goldman Sachs” најави целосен прекин на работењето во Русија. Тоа е прва голема банка од Волстрит која најави ваков потег откако Русија започна инвазија на Украина. Како и други банки од Волстрит, „Goldman Sachs” води мало инвестициско банкарство и наведе дека има околу 588 милиони во руски долг. Банкарството е најновата индустрија која поради војната е под притисок да ги прекине ...

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) им препорача на сите осигурителни компании да се воздржат од исплата на дивиденда за успешното работење во 2021 година, одлучи Советот на експерти (раководен орган) на АСО на последната седница одржана на 10ти март. АСО препорачува на сите осигурителни друштва кои минатата година ја завршиле со добивка тие средства да ги искористат за реинвестирање во дејноста осигурување или за зголемување на ...

На Волстрит синоќа цените на акциите паднаа бидејќи инфлацијата во САД достигна нови највисоки нивоа во изминатите 40 години, па инвеститорите стравуваат дека американската централна банка ќе мора да ја заостри монетарната политика поагресивно од очекуваното. „Dow Jones” падна за 112 поени, или 0,34%, на 33.174 поени, додека „S&P 500″ се лизна за 0,43% на 4.259 поени, а индексот „Nasdaq” падна за ...

Комерцијална банка и Европската банка за обнова и развој ќе ги поддржат еколошките инвестиции на граѓаните во Северна Македонија со нови еден милион евра, кредит обезбеден преку Програмата на ЕБОР за финансирање зелена економија – GEFF. Средствата ќе бидат достапни за физички лица за инвестиции во домот со цел заштеда на енергија, како што се изолација, прозорци, топлотни пумпи, соларни панели и други решенија. По успешна реализација ...

Следниот приказ ја одразува медиумската присутност на 10-те Акционерски Друштва кои се дел од МБИ10 индексот на Македонската Берза. Мониторингот на ПИКАСА АНАЛИТИКС презентира резултати од 400 мониторирани дигитални медиуми, кои вкупно во текот на Февруари објавиле над 300.000 вести (политика, економија, спорт, култура, технологија, хроника итн). Еден дел од тие вести се однесуваат на активностите на најголемите и најуспешните акционерски ...

Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми проценките за инфлација во еврозоната, најавувајќи дека може да ги прекине монетарните стимулации во третиот квартал, и покрај проценките дека руско-украинскиот конфликт негативно ќе влијае на економијата. ЕЦБ сега проценува дека инфлацијата ќе биде повеќе од двојно повеќе од овогодишната цел од два отсто и би требало да остане над тоа ниво следната година, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин ...

Народната банка води приспособлива монетарната политика во изминатиот период, заради ублажување на ефектите од здравствената криза врз економијата. Во последниот период сите се соочуваме со нови макроекономски услови коишто се карактеризираат со значително зголемено ниво на цените на енергентите и прехранбените продукти, што се нагласува дополнително со тековната безбедносна криза. Во такви околности, Народната банка внимателно ги следи ...

Министерството за финансии има успешна соработка со Европската инвестициска банка која е подготовена да ја продолжи поддршката на Република Северна Македонија во финансирањето на клучните проекти за развојот на државата во областа на енергетиката, инфраструктурното поврзување, зелената транзиција, како и зголемување на конкуреноста на домашните компании. Како што соопшти Министерството за финансии, ова беше констатирано на денешната средба ...

Светската банка одобри околу 720 милиони долари заеми и помош за поддршка на украинската Влада во исполнување на основните потреби на нејзините граѓани погодени од војна. Извршниот одбор на Светска банка одобри дополнителен пакет за поддршка кој вклучува дополнителен заем од 350 милиони американски долари и гаранции од 139 милиони долари. Банката, исто така, започна мобилизација на грант од 134 милиони американски долари и паралелно ...

Од 01.03.2022 сите клиенти кои ќе аплицираат за една од наведените кредитни картички на Халкбанк за физички лица: Visa Gold; Visa Classic и Visa Credit PayWave имаат можност да добијат 1000 бонус поени на самата картичка. Бонус поени ќе добијат првите 500 клиенти кои ќе ја активираат картичката со направена минимум 1 трансакција на ПОС/АТМ. Бонус поените можат да се искористат при идни плаќања на ПОС терминалите на Халкбанк. 1 Бонус Поен = 1 ...

Вооружени лица денеска на пладне извршија обид за кражба во УНИБанка во близина на трговскиот центар Беверли Хилс во скопската населба Капиштец, пренесува „Нова ТВ“. Од Министерството за внатрешни работи велат дека на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. „На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје ...

Стопанска банка а.д. Битола на уникатен начин го одбележува и честита 8ми Март, Денот на жената. Со колаж од фотографии од жените вработени во банката, објавен на официјалниот Фејсбук и Инстраграм профил на СТББТ ја испраќа пораката за храброста, значењето и важноста на жената во денешниот свет. Покрај ова, Стопанска банка а.д. Битола единствено во месецот на жената нуди и посебна промоција наменета само за жени. Почнувајќи од 01.03.2022 ...

Корпоративниот свет е силно посветен на мисијата за поголема инклузивност на жените во менаџерските структури и во вкупното работење со цел обезбедување полова рамноправност, финансиска независност на женската популација, почитување на женските права и препознавање на знаењето и способноста на жените да придонесат за подобар и попросперитетен свет. Зародишот и суштината на глобалното одбележување на 8ми Март како Меѓународен ден на жената од ...

„Војната во Украина ги затекна инвеститорите на меѓународните берзи, а психолошката корелација се преслика и на нашата берза”, порача денеска Иван Штериев, извршниот директор на Македонска берза АД Скопје. „Историски гледано инвеститорите во минатото многу ретко предвидувале дека ќе дојде до некакви воени конфликти. Веројатно причина за тоа е што инвеститорите генерално се рационални луѓе кои се ориентирани во економската ...

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на две лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје. Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време. Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот Неделно работно време: понеделник – петок Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и ...

Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата: Кредитен референт во Скопје Одговорности и задачи: Потребни квалификации: Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk. Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. ...

Банкарскиот сектор кај нас, според последните расположливи податоци, има капацитет за справување со евентуални шокови, а истовремено за обезбедување солидна кредитна поддршка за закрепнувањето на економијата. Адекватноста на капиталот забележува една од највисоките стапки што сме ги имале последните десетина година, банките се ликвидни, а нефункционалните кредити на ниско ниво. Директната изложеност на банките кон руската и украинската ...

Според сознанија на порталот Банкарство.мк, деновиве во менувачниците и банките има зголемена побарувачка за странски валути, пред се за долари и британски фунти, а тоа може да се забележи и од зголемувањето на официјалниот среден курс на овие валути. Од Народната банка со денови уверуваат дека стабилноста на денарот не е, ниту пак ќе биде доведена во прашање, уверувајќи дека НБРСМ располага со широк инструментариум за одбрана на стабилноста ...

Деновиве во менувачниците ширум Србија има зголемена побарувачка на евра, при што продажниот и куповниот курс на еврото е до три динари повисок од официјалниот среден курс. Од Народната банка на Србија (НБС) порачаа дека стабилноста на девизниот курс не била и нема да биде доведена во прашање, како и дека е зголемено снабдувањето на банките со странска готовина за да можат менувачниците брзо и ефикасно да одговорат на зголемената побарувачка ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
4.63
66%
996
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
81%
996
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
998
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.23
98%
999
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
92%
995
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
6.26
73%
1001
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
72%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
100%
997
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
90%
999
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
3.6
92%
996
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
72%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Паладиум

53434.54

Злато

157055.75

Цинк

3.33

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07

Сребро

2457.28

Калај

48.47

Бакар

11.66

Алуминиум

3.07

Платина

83354.78