Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Пратениците на српското Собрание – Шаип Камбери, Ахмедин Шкријељ и Минела Календер поднесоа кривична пријава против претседателката на собранието Ана Брнабиќ за „поттикнување национална, верска и расна омраза“, јавија белградските медиуми, објави Бујановачке.рс, пренесува Данас.рс. Пријавата следува по нејзината изјава во која, зборувајќи за протестите во Нови Пазар, таа, меѓу другото, рече: „Го слушнавме извикот „Алаху Акбар“ и други ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на Фејсбук објави видео на кое се гледа лица кои дивеат со автомобил по скопските булевари, со порака дека нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи. – Овој случај нека биде потсетник дека секое непромислено однесување ќе биде санкционирано, порача Тошковски. По видео записот што беше споделен на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни ...
Украински беспилотни летала ја таргетираа железничката станица Тацинскаја во руската Ростовска област ноќеска на 6 август, погодувајќи го центарот втора ноќ по ред, објави рускиот независен медиум Астра. Според Кијив Индипендент, станицата, која се наоѓа на околу 100 километри од границата со Украина, служи како логистички центар за руските воени операции. Се користи за транспорт на производи од нафтена база и товарење жито од блискиот лифт. ...
Судот во Молдавија ја осуди лидерката на молдавскиот автономен регион Гагаузија, Евгенија Гутул, обвинета за корупција и вмешаност во финансирање на проруски изборен блок, на седум години затвор за насочување пари од Русија за финансирање на политичка партија за која Молдавија вели дека е параван за руско мешање. Молдавија, која ќе одржи парламентарни избори на 28 септември, редовно ја обвинува Москва за мешање во домашната политика со ...
Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК БиХ) на денешната 39-та седница донесе одлука за одземање на мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, откако беше потврдена конечната пресуда на Судот на Босна и Херцеговина. Одлуката беше едногласно усвоена. На седницата, членот на ЦИК, Суад Арнаутовиќ, изјави дека станува збор за декларативна одлука бидејќи ќе стане конечна дури откако ќе истече рокот за жалба, ...
ЛОРИК ИДРИЗИ Во пресрет на локалните избори, веќе две децении, покрај вообичаените битки меѓу политичките партии и политичките поларизирачки наративи, е засенет сонот за големи трансформации. Иако во многу рурални општини сè уште се спомнуваат егзистенцијални прашања како канализацијата и водата за пиење, во урбаните општини се случи релативизирање на концептот на развој, кој се претвори во менталитет и кај самите граѓани, често сведено на ...
Започна дводневната обука на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција на пожари. Како што информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов веќе во текот на наредната недела дел од нив ќе бидат вклучени во гаснењето на пожарите со помал ризик ширум земјава. Ангелов соопшти дека обуката ја започнале вкупно 364 кандидати во 13 градови во државата, со што се очекува пополнување на места во 28 ...
Литванија го повикува НАТО да помогне во зајакнувањето на нејзината воздушна одбрана откако беспилотно летало со 2 килограми експлозив влезе во земјата од Белорусија и се урна во воена зона за обука. Министерката за одбрана Довиле Шакалиене и министерот за надворешни работи Кестутис Будрис испратија писмо до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, барајќи распоредување дополнителни, „дури и експериментални“ капацитети на нејзина територија ...
Новоизбраниот десничарски претседател на Полска, Карол Навроцки, ќе ја преземе функцијата денеска, со што ќе започне период на можна конфронтација со проевропската влада, објави ДПА. 42-годишниот независен историчар, кој беше поддржан од опозициската партија Право и правда (ПиС), прогласи победа во вториот круг на почетокот на јуни. Тој го победи либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Тржасковски – голем пораз за владата на премиерот ...
„Македонците во Куманово беа испровоцирани од албанскиот етнички шовинизам! Од изјавите на Ахмети со потценување и навредувачки тон кон светиот празник Илинден! Тие не се насилници, ниту мразачи!“, пишува на својот Фејсбук профил лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, коалицискиот партнер на премиерот Христијан Мицкоски, во однос на националистичките скандирања на кошаркарскиот натпревар меѓу Северна Македонија и Романија на 2 август ...
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, останува на чело на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), беше објавено по седницата на претседателството на партијата одржана на 4 август во Бања Лука, пишуваат српски медиуми. На таа седница, конечната пресуда на Судот на Босна и Херцеговина беше целосно отфрлена, со која Додик беше осуден на една година затвор и му беше забрането да врши политички функции во следните шест години, ...
ФАТМИР БИТИЌИ Џорџ Орвел уште во 1945 година забележа дека во време на националистички занес, спортот лесно може да стане „војна без пукање“. Не затоа што спортот по својата природа е агресивен, туку затоа што страста, ослободена од инклузивни општествени вредносни референци, лесно се претвора во орудие за понижување, исклучување и симболична елиминација на „другиот“, на различниот. Она што го видовме на Денот на Републиката не беше спорт, ...
Министерството за здравство и човечки услуги на САД (HHS) планира да откаже 500 милиони долари за финансирање на вакцини против мРНК што се развиваат за борба против вируси како грип и Ковид-19. Како што пренесува Би-би-си, овој потег ќе влијае на 22 проекти што ги водат големите фармацевтски компании, вклучувајќи ги Фајзер и Модерна, за вакцини против птичји грип и други вируси, соопшти HHS. Министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди ...
Агенцијата за цивилна одбрана на Газа во средата соопшти дека 20 лица загинале кога камион со помош се превртел во близина на бегалскиот камп Нусеират во централниот дел на Појасот Газа. „Дваесет лица загинаа, а десетици беа повредени околу полноќ синоќа во камион што превезувал помош… додека стотици цивили чекале помош“, изјави портпаролот на агенцијата, Махмуд Басал, за агенцијата Франс-прес (АФП), пренесе Гардијан. Хамас го обвини Израел ...
Во среда наутро во Јапонија се одржа тивка молитва по повод 80-годишнината од фрлањето на атомската бомба врз градот Хирошима од страна на САД. Како што пренесува Би-би-си, на церемонијата присуствуваше јапонскиот премиер Шигеру Ишиба заедно со официјални лица од целиот свет. „Јапонија е единствената нација што претрпела атомско бомбардирање во војна“, рече градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи, во Меморијалниот парк за мир во градот. ...
Висок претставник на ОН предупредува на „катастрофални последици“ ако Израел ги прошири своите воени операции во Газа, пренесува Би-би-си. Ова следи по извештаите во израелските медиуми дека премиерот Бенјамин Нетанјаху се залага за целосна реокупација на Појасот Многу од сојузниците на Израел би биле против таков потег додека се залагаат за крај на војната, но, кога беше прашан, американскиот претседател Доналд Трамп им рече на новинарите ...
Авионот што го користи Виткоф слета на московскиот аеродром Внуково, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, откако Кремљ побара средба со него во последен обид да ги избегне новите казнени санкции што Трамп се закани дека ќе ги воведе оваа недела. Според Кијив Индипендент, се очекува Виткоф да се сретне со руски претставници – потенцијално вклучувајќи го и претседателот Владимир Путин – додека војната на Русија во Украина ...
Хрватска денес ја слави 30-годишнината од воено-полициската операција „Бура“, а централната манифестација годинава се одржува во Книн, во присуство на државниот врв и со целодневна програма, пишуваат регионалните медиуми. Хрватска ја одбележува годишнината од операцијата „Бура“ како Ден на победата и татковинската благодарност и Ден на хрватските ветерани, во спомен на 5 август 1995 година, кога хрватските сили влегоа во речиси празниот Книн ...
Министерството за внатрешни работи информираше дека ноќеска по тепачка меѓу две лица во Психијатриската болница Бардовци, едно од нив починало во болница, по повреди здобиени од убоди од стаклено шише. „На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од ...
Ова прашање што го постави ЦИВИЛ на својата Фејсбук страница предизвика бура од реакции, гнев и разочараност кај граѓаните – без разлика на нивната етничка припадност или политичка определба. „Кога скандираат ‘Чиста, чиста Македонија’ мислев дека се еколошки друштва. Тие да ти биле ВМРОвци!“, вели еден граѓанин, иронично коментирајќи за скандирањата што се слушнаа на натпреварот меѓу Македонија и Романија, при што се пееја антиалбански и ...
Кошаркарските репрезентации на Северна Македонија и Романија играа во Куманово на 2 август, во втората рунда на европските претквалификации за Светското првенство во кошарка 2027 година. За време на натпреварот се пееше: „Нека разберат клетите Шиптари, македонско име нема да загине“ и се извикуваа паролите „Гасни комори за Шиптари“, „Добар Шиптар, мртов Шиптар“, „Чиста, чиста Македонија“ и други. ЦИВИЛ – Центар за слобода, како граѓанска ...
Неспортски е да се злоупотребува спортскиот терен за „вежбање“ говор на омраза, навредување и сатанизација со отровни убиствени зборови – проектили. Ова е дел од реакцијата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на навредливите скандирања на натпреварот Македонија-Романија одржан во саботата во Куманово. „По толку изгубени човечки битки на спортските терени, мора да кажаме јасно и гласно – никогаш повеќе, каде и да сме, со кого и да се ...
Неколку стотици цивили и студенти се собраа во Нови Сад вчера за да ја одбележат 30-годишнината од операцијата „Олуја “ ( Бура), и да им оддадат почит на жртвите од таа хрватска воено-полициска акција, пишува РСЕ на српски јазик. Студентите што ги блокираа факултетите во тој град повикаа на прошетка и собирање на една од најпрометните раскрсници во градот, а беа поддржани од граѓани собрани на неформални собири. „Не ги забораваме ...
ДРАГАН МИШЕВ По два дена молк, без реакција на скандалозното националистичко скандирање и говор на омраза на дел од навивачите на кошаркарскиот натпревар во Куманово, на кој и тој самиот беше присутен, премиерот Мицкоски „ја искористи приликата“ по новинарско прашање да се приклучи кон осудата на скандирањето и ксенофобичните испади на, според него, неколкумина во кумановската сала. Искрен да бидам додека бев таму, воопшто и не го забележав ...
Украински беспилотни летала ја нападнаа железничката станица Тацинскаја во руската Ростовска област во текот на ноќта на 5 август, објавија локалните медиуми, пренесува Кијив Индипендент. Железничката станица служи како логистички центар за блиската нафтена инфраструктура и се користи за транспорт на жито. Цените на рускиот бензин достигнаа рекордно високо ниво, а цената на бензинот Аи-95 достигна рекордно ниво на Меѓународната берза за стоки ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека денеска почна обуката на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари. По тој повод денеска во 14:00 часот во салата за седници на општина Кисела Вода прес-конференција ќе одржи директорот на ДЗС и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов. Ангелов ќе информира за почетокот на обуката и за следните чекори со кандидатите, како и за ...
Договорот за враќање на мигранти меѓу Велика Британија и Франција, кој беше потпишан за време на државната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Велика Британија минатиот месец, стапи на сила денеска. Според договорот, мигрантите кои го преминуваат Ламанш ќе бидат вратени во Франција, додека барателите на азил со врски со Велика Британија, т.е. оние со семејни, работни или други врски со земјата, ќе бидат прифатени во Велика ...
Холандија вчера изјави дека ќе стане првата земја-членка на НАТО што ќе купи системи за воздушна одбрана од Соединетите Американски Држави за да ги испорача на Украина. -На Украина сега ѝ се потребни повеќе воздушна одбрана и муниција, изјави холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс во објава на „X“. „Како прв сојузник на НАТО, Холандија ќе испорача пакет американски системи за оружје во вредност од 500 милиони евра (578 милиони ...
Украински беспилотни летала успешно погодија складиште за гориво на аеродромот во рускиот туристички град Сочи на 3 август, соопшти Генералштабот на Украина, пренесува Кијив Индипендент. „Силен пожар избувна на територијата на објектот. Познато е дека воената авијација на руските окупатори била стационирана и на аеродромот“, се вели во соопштението на 4 август. Извештаите за нападот првпат се појавија во раните утрински часови на 3 август, а ...
ТЕМА НА ДЕНОТ „Гасни комори“ и смрт за Албанците – повици на етничка омраза и национализам на спортски натревар, надлежните со задоцнета реакција Кумановската полиција презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот во врска со кошаркарскиот натпревар кој се одржа на 2 август во спортската сала. Од полицијата информираат дека се повикани лица со кои бил извршен службен разговор, а во координација со обвинителството ќе бидат ...