Во Владата денеска се потпишани договорите со општините кои аплицираа и беа избрани на вториот повик за финансирање на инфраструктурни проекти. Потпишани се договори во вредност од околу 14 милијарди денари кои со средствата од првиот повик изнесуваат вкупно околу 20 милијарди денари со кои се финансираат вкупно 1.200 проекти. За премиерот Христијан Мицкоски е значајно тоа што аплицирале сите општини без разлика на политичката припадност на ...

Проширувањето на ЕУ е повеќе од само проширување на границите, туку тоа е и проширување на перспективите и заедничките судбини на граѓаните, па затоа земјава останува непоколеблива во негувањето на социјалниот дијалог, јакнењето на граѓанското општество и инвестирањето во младите, изјави денеска во Брисел министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Во обраќањето на Форумот за проширувањето на ЕУ насловен „Градење инклузивна иднина во ...

Рано утрово полицијата спровела контрола во угостителски објекти во Тетово, приведен е газдата и пет странски работнички. -На 17.07.2025 во 03.50 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.М.(44) од Тетово. При акциска контрола во периодот од 01.00 до 04.00 часот во неговиот угостителски објект на улица „Браќа Миладинови”, покрај автопатот Гостивар- Тетово, полициските службеници од СВР ...

Веднаш треба да се пристапи кон поништување на одвратниот Преспански договор. Од него сè почна, и кај него сè треба да заврши. Треба да се запре и секој договор со Бугарија што задира во нашето уставно уредување, во нашата култура и идентитет. Името ‘Македонија’ не е само име на држава – тоа е идентитет на народот кој живее во неа“, пишува митрополитот повардарски Агатангел во својата колумна за „Нова Македонија“. Според него, Европа одамна ги ...

Повеќе инвеститори поднесуваат колективна тужба против директорот на компанијата „Мета“, во чија сопственост е Фејсбук, Марк Закерберг, во износ од осум милијарди долари. Тие се сомневаат дека социјалната мрежа во 2018 година им дозволувала на трети лица, вклучувајќи ја и фирмата Кембриџ Аналитика, да пристапуваат до личните податоци на корисниците. Во тужбата, инвеститорите тврдат дека „Мета“ не ги открила целосно ризиците од злоупотреба на ...

Израел во среда изврши серија силни напади врз сирискиот главен град Дамаск, ескалирајќи ја кампањата за која вели дека е во поддршка на друзското население во земјата – арапска малцинска група вклучена во смртоносни судири со сириските владини сили, објави Си-Ен-Ен. Нападите, за кои Сирија соопшти дека загинале најмалку три лица во нејзиниот главен град, ги натераа американските претставници да се обидат да спречат поголем судир меѓу соседните ...

Проширувањето е клучен приоритет на ЕУ и тоа не е само политичка цел, туку и стратешка инвестиција во стабилноста и просперитетот на Европа, па затоа Унијата ќе им овозможи на земјите кандидати за членство пристап до целиот сет алатки на инструментот „Глобална Европа“, најави попладнево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. – Тие средства не се само за техничка помош, туку и за поддршка на реформите и за инвестиции, ...

Во Брисел се одржа состанок на кој присуствувале Државниот секретар на Министерството за транспорт на Македонија, Стефан Волкановски, директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, заменик-министерот за транспорт и врски на Бугарија, Љубен Нанов, а во организација на Валентина Суперти, директор за Западен Балкан во Директоратот за проширување и Источно соседство (ДГ ЕНЕСТ). На состанокот, како што соопшти Министерството за ...

Како што наведува ова собрание во соопштението, одлуката е донесена врз основа на Уставот на Република Србија, законот за локална самоуправа, статутот на градот Нови Сад и правото на граѓаните да се собираат и да ги изразуваат своите политички ставови, пишуваат српски медиуми. „Оваа одлука е донесена како директна реакција на постапките на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, кој ги злоупотреби своите уставни овластувања да ...

Најмалку две лица се убиени, а уште 27 се повредени по рускиот воздушен напад врз трговски центар и пазар во градот Добропилиа во источниот украински регион Донецк, соопштија официјални лица, пренесе Би-Би-Си. Повеќе од 50 продавници, 300 станови и осум автомобили беа оштетени во нападот во среда вечерта, изјави регионалниот гувернер Вадим Филашкин на Телеграм. Во своето вечерно обраќање, претседателот Володимир Зеленски го опиша нападот како ...

Европската комисија планира да издвои 100 милијарди евра за Украина во рамките на својата нова буџетска рамка за 2028-2034 година преку Програмата за Украина. Ова го објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прес-конференција по состанокот на Колегиумот на ЕК. -Издвојуваме 100 милијарди евра за Украина за да ја надополниме Програмата за Украина за поддршка на нејзиното закрепнување, отпорност и пат кон членство во ...

Израелската армија соопшти дека денеска извршила напад врз комплексот на Министерството за одбрана на Сирија во главниот град Дамаск, како дел од засилените воени активности со цел заштита на друското малцинство од нападите на сириските владини сили. BREAKING: 🇮🇱🇸🇾 Israel strikes Syrian Defence headquarters in Damascus pic.twitter.com/BGmF2fcKYX — Megatron (@Megatron_ron) July 16, 2025 Израелските напади врз сириска територија траат трет ...

ОЛИВЕР АНДОНОВ Хармоникашот Јове – квази професор – на свои скоро 70 години и „обемен“ научен опус во областа на политиката, одбраната или безбедноста, допрва го открил поимот политички геноцид. Во „неговата“ божем автохтона дефиниција, набројувајќи елементи кои го прават таквиот геноцид, а притоа изгледа дека е несвесен за своето незнаење, па истото го покажува на јавна сцена. О, жална Македонијо. Тој не чул за термините од пред повеќе од 70 ...

Предлог законот за игри на среќа е многу значаен чекор во „борбата против мафијата на коцкањето“, истакна денеска на прес-конференција првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити. Со новото законско решение, што беше усвоено на вчерашната владина седница, тој нагласи дека на почеток ќе се намали присуството на, како што рече, оваа колективна катастрофа, за најмалку 70 отсто. – Ова е само почеток. Од над ...

Социоекономската реалност на македонските граѓани сè повеќе се одразува и врз едноставните човечки потреби – како што е летниот одмор. На прашањето на денот поставено на нашата Фејсбук-страница: „Каков летен одмор можете да си дозволите?“, најчестиот одговор беше краток и болен – „никаков“. Борба за преживување наместо одмор „Никаков. Цела зима се боревме со енергетска скапотија, високи цени исто така и на прехрамбрените продукти – и каков одмор ...

Правиме гигантски чекори во економијата. Во мај бележиме историски раст на индустриското поризводство од 9,4 проценти, имаме поголем извоз на земјоделски производи за 57 отсто во првите пет месеци од годинава во однос на истиот период лани и 22 отсто повеќе туристи во првиот квартал споредено со првиот квартал лани. Кога кажавме дека БДП на реална основа во првиот квартал пораснал за 3,2 отсто споредено со истиот период минатата година и дека ...

Европските пратеници во вторник изјавија дека се загрижени дека Словачка се заканува да стане новото enfant terrible на ЕУ, пишува Политико. „Дали Словачка е на пат да стане следната Унгарија? Да бидам искрена, тоа останува да се види, но некои модели се впечатливо слични“, рече Софи Вилмес, потпретседателката на Европскиот парламент со либералната група Renew Europe, за време на презентацијата на конечниот извештај од комитетот за граѓански ...

Украинскиот пратеник Олександр Мережко ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ѝ обезбеди масивна воена поддршка на Украина, нарекувајќи го потегот „добивка за сите страни“. „Тоа е ситуација од која сите добиваат – и САД и нашите европски партнери кои ќе ни ја обезбедат неопходната воена помош,“ изјави Мережко за Times Radio. „Во замена, тие ќе добијат понова американска воена опрема. Тоа ни дава надеж – ова е огромен ...

ВРЕДИ за уште еден мандат ќе го кандидира актуелниот градоначалник Биљал Касами за Општина Тетово на локалните избори кои треба да се одржуваат во октомври, соопшти на денешната прес-конференција Зеќирија Ибрахими, претседател на Алтернатива. -ВЛЕН досега има објавено кандидатури за градоначалници со кои ќе учествува на локалните избори. Ние го поддржуваме независниот кандидат за Струга, Менди Ќира. Додека, веќе е јасно дека ВЛЕН во Тетово ќе ...

„На само две и пол недели од одењето на пратениците на колективен одмор и три недели до распишување на изборите, имаме правна несигурност и доведување во прашање на уставно загарантираните права на илјадници граѓани и преседан во историјата на државта, со недефинирање на учеството на независните кандидати на претстојните избори“, велат независните кандидати. Независните кандидати од повеќе општини во земјата сметаат дека е повредено уставно ...

Најмалку 21 Палестинец кои чекаа да добијат помош беа убиени во близина на американски дистрибутивен пункт во јужна Газа во среда, вклучувајќи многумина кои се задушија од солзавец испукан од израелските сили, соопшти Министерството за здравство, јавува Anadolu Agency. Во соопштението на министерството се вели дека меѓу жртвите има 15 лица кои се задушија од солзавец испукан од израелската армија во градот Кан Јунис. „За прв пат се регистрирани ...

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција од 500 милони денари на површина од 326 хектари ќе изгради 55 ветерници кои ќе произведуваат струја за 100 илјади домаќинства. Новиот ветерен парк најавен како најголем во Западен Балкан, е значаен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност и целите за обновлива енергија на земјата. Коосновачот и ...

Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години, за тоа говорат бројките, граѓаните и фактите, а опозицијата нормално е дека ќе си дава изјави такви какви што си дава и нормално дека ќе обвинува, затоа што тоа и е работа, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во однос на обвинувањата од опозицијата дека е нарушена безбедноста, Тошковски порача дека добро би било кога обвинува опозицијата да прави компарација со ...

Европската опсерваторија за дигитални медиуми (ЕДМО) формира нов регионален центар, чија задача ќе биде да ги поддржи Украина и Молдавија во борбата против дезинформациите. Центарот, наречен ФАКТ, ќе ги открива и анализира манипулативните и дезинформациски кампањи, особено по потекло од Русија, а во тие рамки ќе ги следи и состојбите во Молдавија во пресрет на есенските парламентарни избори, со цел да придонесе за обезбедување на интегритетот на ...

ДИЈАНА ТАХИРИ Во контекст на „големи странски инвестиции“, градење автопати со децении – а плаќање и плаќање патарини, мислиш возиме по некоја ѕвездена патека, политичка и секаква моќ а нула одговорност, со еден збор арамилак, ќе споделам нешто од моето детство, верувам слично на многу мои врсници. Не дека нема за што друго да се пишува или дискутира, како што е здравството, инфраструктурата (градска), јавен превоз, (не)чисти улици, блокирање ...

Навременото и соодветно менување на Изборниот закон ќе придонесе за организирање на подобри избори, смета амбасадорката на Швајцарија во земјава Вероник Хулман, која се надева дека при измените на Изборниот законик ќе бидат земени предвид препораките од Венецијанската комисија и заклучоците од Државниот завод за ревизија. – Швајцарија долги години го поддржува доброто владеење во Северна Македонија. Тоа е многу важно бидејќи организрањето на ...

Министерството за внатрешни работи распиша конкурс за прием на 150 униформирани полициски службеници. Полицијата ги повикува сите млади непартиски членови под 25 години мажи и жени со висина од минимум 170 и 160 сантиметри, со завршено средно образование и не им е изречена правосилна казна, да се пријават на огласот за кое работно место ќе претходи едногодишен интензивен процес на образование, тренинг и обука. -Да се биде полицаец е повик а не ...

Кога Трамп се согласи да продава софистицирано американско оружје на Европа за да може да се испорача во Украина, европските лидери забележаа важна промена. Сепак, овие лидери се претпазливи, дури и ако Трамп одеднаш остро го критикува претседателот Владимир Путин, пишува Њујорк Тајмс. Европејците се смеат низ стиснати заби, разбеснети од заканата на Трамп да ги зголеми царините на 30 проценти за сите стоки што пристигнуваат во САД од ЕУ. Новиот ...

Околу еден час по полноќ, интервентна полициска единица во опрема за разбивање на демонстрациите ги потисна демонстрантите во Нови Сад кои протестираа откако судот официјално ја прекина постапката против четворица активисти на владејачката Српска напредна партија (СНС) обвинети за тепање студенти во тој град, објави РСЕ на српски јазик. Кордонот ги потисна демонстрантите и ги раздели двете групи, оние што протестираа и членовите на СНС, објави ...

Обвинителството на Босна и Херцеговина отвори случај поврзан со руските кампови за граѓани на Молдавија, беше потврдено за Детектор, но не понуди повеќе детали за досегашните резултати, објави Данас. Оваа информација ја откри Детектор за време на заедничко истражување со молдавскиот CU SENS, кое наскоро ќе биде објавено со претходно непознати детали, заедно со откривање на идентитетот на учесниците. Обвинителството на Босна и Херцеговина потврди ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
81%
1031
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
80%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.0
86%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
81%
1032
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.04
78%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.69
93%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
0.0
80%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
62%
1029
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1029
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
82%
1027
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
97%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
93%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.57975

Цинк

3.03

Паладиум

52470.02

Сребро

2128.87

Иридиум

145787.60

Калај

42.35

Алуминиум

2.90

Родиум

258009.74

Платина

61733.50

Злато

139470.53

Бакар

10.93

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42