Врховниот суд на Бразил нареди поранешниот десничарски претседател Жаир Болсонаро да биде ставен во куќен притвор. Тој е на судење поради обвинувања дека планирал државен удар, што тој ги негира, пренесува Би-би-си. Судијата задолжен за истрагата против Болсонаро, Александар де Мораес, рече дека одлуката е донесена затоа што Болсонаро не ги почитувал наредбите за забрана на движење издадени минатиот месец. Како одговор на наредбата, правниот ...

Во пресрет на локалните избори, а со оглед на состојбата во која се наоѓа ДКСК со претседателка која даде оставка, под обвинение за одавање службена тајна, Антикорупциска се соочува со избор на нов претседател, чиј оглас ќе биде објавен утре и ќе трае 10 дена. Локалните избори ќе се распишат по изборот на претседател на ДКСК и на јавен обвинител. Краен рок за расшишување на изборите е во првата половина на август, а како можен датум беше ...

По објавувањето на нацрт законот за Кривичниот законик во Албанија, за кој реагираа правни експерти, со своја реакција излезе и мисијата на ОБСЕ во земјата, укажувајќи дека од нив не било побарана експертиза, но дека се спремни да понудат препораки, пишуваат албанските медиуми. По вчерашните скандалозни антиалбански скандирања на навивачите на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија и Романија во Куманово, претседателката на албанското ...

Во земјава нема активни пожари на отворен простор. Сите, вкупно 11 што биле регистрирани во текот на ноќта, се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). До 07:00 часот билансот на изгаснати пожари е: Општина Долнени – с. Стровија, зад местото викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума), Општина Липково – с. Слупчане (ниска вегетација), Општина Чашка – с. Богомила (мешана шума), Општина Македонски Брод – с. Грешница ...

Преговорите за договор за заложници и прекин на огнот во Газа се чини дека се во ќорсокак, при што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наклонува кон проширување на воените операции, а Хамас бара да се реши хуманитарната ситуација пред да се врати на разговорите. Како што пренесува Си-ен-ен, Нетанјаху ќе побара состанок на безбедносниот кабинет во вторник за да се поддржи целосното „освојување на Појасот“, според извештаите во ...

Пожарот што синожа избувна во фабриката за прехранбени производи „Мирана“ во Велес, е изгаснат, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите добиени од СВР Велес и ТППЕ Велес, пожарот во фабриката за прехранбени производи ДПТУ „Мирана“ ДООЕЛ во Велес, кој бил пријавен во ТППЕ Велес во 22:00 часот, а во СВР Велес во 22:20 часот на 04.08.2025 година, е локализиран во 04:00 часот на 05.08.2025 година. ЦУК информира ...

Најмалку 68 мигранти загинаа откако брод со околу 157 лица потона покрај брегот на Јемен поради лошит временски услови. Бродот се преврте кај јужната јеменска покраина Абјан во неделата, изјави за Би-Би-Си шефот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) за Јемен. Тој рече дека 12 лица се спасени, но десетици се водат како исчезнати. Се верува дека повеќето од жртвите се етиопски државјани, соопшти ИОМ. Јемен е главна рута за мигрантите ...

Кумановската полиција презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот во врска со кошаркарскиот натпревар кој се одржа на 2 август во спортската сала, соопшти денеска СВР Куманово. Од полицијата информираат дека се повикани лица со кои бил извршен службен разговор, а во координација со обвинителството ќе бидат преземани конкретни чекори. – СВР Куманово ја информира јавноста во врска со кошаркарскиот натпревар што се одржа на 2 ...

Кошаркарските репрезентации на Северна Македонија и Романија играа во Куманово на 2 август, во втората рунда на европските претквалификации за Светското првенство во кошарка 2027 година. За време на натпреварот се пееше: „Нека разберат клетите Шиптари, македонско име нема да загине“ и се извикуваа паролите „Гасни комори за Шиптари“, „Добар Шиптар, мртов Шиптар“, „Чиста, чиста Македонија“ и други. На натпреварот беа присутни и посведочија на ...

ДИЈАНА ТАХИРИ Вчерашниот кошаркарски натпревар во Куманово повторно ја оголи грдата страна на македонското општество – нетрпеливоста и омразата кон Албанците. Група навивачи извикуваа „Гасна комора за Шиптари“, „Смрт за Шиптари“ и други заканувачки и расистички слогани. Иако ваквите сцени не се новост, институциите уште еднаш задоцнија со реакција, а премиерот се огласи со декларативна осуда дури откако виде дека снимките се шират по ...

Националниот совет за електронски масовни медиуми на Латвија (NEPLP) блокираше десет веб-страници што се користат за ширење руска пропаганда, објави латвискиот јавен радиодифузен сервис LSM на 4 август, пренесува Кијив Индипендент. Латвија блокира веб-страници со руска пропагандна содржина од почетокот на целосната инвазија на Русија во 2022 година. Во моментов се отстранети 414 веб-страници. NEPLP ги следи таквите ресурси преку поплаки од ...

Основното јавно обвинителство Струга донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривични дела – обид за убиство и за насилство, а вториот осомничен му помогнал да го изврши обидот за убиство. Државното Јавно обвинителство информира дека на 2 август, поради претходно нарушени меѓусебни односи, првиот осомничен се обидел да лиши од живот едно лице. Вториот осомничен најпрво со својот ...

Руските сили намерно ги таргетираат цивилите, како и спасувачите и медицинските лица кои реагираат на напади, користејќи беспилотни летала со FPV, објави претседателот Володимир Зеленски на социјалните мрежи, споделувајќи видео снимки од градовите на фронтот, пренесува Укринформ. „Сметаме на силни одлуки од Соединетите Американски Држави, Европа и светот во врска со секундарните санкции врз руската трговија со енергија и банкарскиот сектор ...

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, преку Фејсбук објава реагира на антиалбанските скандирања и говорот на омраза што се случија на 2 август на кошаркарски натпревар во Куманово. Таравари ги осуди навредите упатени кон Албанците во присуство на високи државни личности, апелира на смиреност, но подвлекува дека молчењето кон говорот на омраза не е решение и дека институциите мора решително да реагираат за да се зачува ...

При крајот на август ќе биде комплетиран списокот со кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници и ќе бидат познати и имињата за општините за кои се уште не е соопштено. По кандидатурите на Изет Меџити и Фатмир Лимани за градоначалници, Владата нема да назначува нови министри затоа што тие не дале оставки и ги извршуваат своите обврски во ресорите, а имаат и свои заменици. Ова го кажа премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на ...

Премиерот Христијан Мицкоски најавува мерки поврзани со училишната кошничка, а вели дека се разгледуваат и неколку концепти за цените во маркетите, како и законските можности да се санкционираат оние субјекти кои во изминатиот период драстично ги зголемиме цените. Во изјава за медиумите дадена денеска по почетокот на изградба на спортска сала во Воената академија во Скопје, Мицкоски рече дека се прави анализа за да се види за колку е ...

Кошаркарскиот натпревар помеѓу македонската и романската репрезентација кој се одигра вчера во салата во Киманово стана уште еден во низата на натпревари преплавени од националистички скандирања и говор на омраза. Уште по скандалозно е што овој пат, антиалбанските скандирања се случуваа во присуство на владина делегација, меѓу кои беа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, ...

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД денеска соопшти дека го почнува процесот на собирање 1.000 потписи за основање партија. – Роковите се кратки, а принудени сме да формираме партија и да собереме потписи според строги законски правила за да имаме право да се кандидираме на избори и да продолжиме да се бориме. За воздух, за зеленило, за јавен интерес. За Скопје, какво што заслужуваме, посочуваат од Зелен хуман град. Според нив, sсе формира првата партија во ...

Западните лидери ги осудија видеата од ослабените израелски заложници снимени од нивните киднапери во Газа, а Црвениот крст повика на пристап до сите што останаа во заробеништво, пренесува Би-би-си. Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Лами, изјави дека „сликите од парадирање на заложници за пропаганда се одвратни“ и дека тие мора да бидат ослободени „безусловно“. Германскиот канцелар Фридрих Мерц рече дека е „згрозен“ ...

И минатиот петок, на граѓанскиот форум на ЦИВИЛ, граѓаните изразија незадоволства од политиките и делата на актуeлната власт. Главните пораки до властите се идентични за секој петочен форум – ДА СИ ЗАМИНАТ. Целта на петочниот Граѓански форум на ЦИВИЛ е да им се обезбеди на граѓанките и граѓаните безбеден и слободен простор ( каков што впрочем со години е ЦИВИЛ) во кој тие ги изразуваат своите грижи, споделуваат искуства и им порачуваат на ...

„Масивен“ украински напад со беспилотни летала ја таргетираше железничката станица Арчеда во градот Фролово во руската Волгоградска област во текот на ноќта на 4 август, предизвикувајќи прекини во железничкиот сообраќај и привремено затворање на регионален аеродром, тврди локален функционер, пренесува Кијив Индипендент. Волгоградската област се наоѓа на околу 900 километри југоисточно од Москва и речиси 120 километри источно од границата со ...

Крајнодесничарскиот израелски министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир предизвика бес во неделата откако предводеше група верници во молитва на најчувствителното свето место во Ерусалим, и покрај деценискиот договор што им забранува на Евреите да се молат таму, пренесува Си-ен-ен. Бен Гвир, кој претходно беше осуден за поддршка на тероризам и поттикнување антиарапски расизам во Израел, го одбележа Тиша Беав, еврејски ден на жалост, ...

Одбивањето на Србија да ја признае пресудата на Судот на Босна и Херцеговина против Милорад Додик поради непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит треба да се гледа и во контекст на политичката криза во која се наоѓа режимот на Александар Вучиќ, според нашите соговорници кои не се согласуваат кога станува збор за исправноста на овој заклучок на Советот за национална безбедност, пишува Данас. Претседателот на Србија, ...

Судот за воени злосторства на Обединетите нации го отфрли барањето на Ратко Младиќ, озлогласен воен водач на босанските Срби за време на југословенските војни од 1992 до 1995 година, кој го надгледуваше геноцидот во Сребреница, да биде предвремено ослободен во Србија од здравствени причини. Судијката Грасиела Гати Сантана во Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали, судот задолжен за водење на преостанатите случаи од ...

ЏАБИР ДЕРАЛА Кошаркарските репрезентации на Северна Македонија и Романија играа во Куманово, во втората рунда на европските претквалификации за Светското првенство во кошарка 2027. Македонската репрезентацијата во првото полувреме водеше со предност од еден бод, но го изгуби мечот со 80:72. Според ФИБА, натпреварот го следеле 5.000 посетители. Но резултатот на семафорот не беше најголемиот пораз за земјата таа вечер, на 2 август. Најголемиот ...

Најмалку 27 лица беа убиени од израелските сили додека се обидуваа да добијат храна, а шест други починаа од глад или неухранетост во Газа во неделата, соопштија палестински претставници, среде регионалниото негодување поради посетата на израелски министер на најчувствителното свето место во Ерусалим, пренесе Гардијан. Сведоци рекоа дека израелските сили пукале врз гладни толпи кои се обидувале да добијат помош за храна од дистрибутивната ...

Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата има активни четири пожари и тоа во општините Чашка, Липково, Студеничани и Македонски Брод. Во општина Чашка, над Богомила гори мешана шума, во општина Липково помеѓу селата Ваксинце и Слупчане е опожарена нискостеблеста шума, во општина Студеничани, поточно кај селото Дречавица има шумски пожар во планина, а во општина Македонски Брод кај село Грешница гори ...

Благодарност до градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев,и неговиот креативен тим за организацијата на одморот во „Михајлово“ за украинските деца од Никополскиот реон,погоден од напади рф. 2 недели мир, радост и откривање на македонската култура. Ви благодариме за грижата и пријателството, напиша амбаадорката на Украина во земјава Лариса Дир на својот налог на Х. Благодарност до градоначалникот на Општина Кавадарци,Митко Јанчев,и ...

Националното биро за борба против корупцијата (NABU) на Украина и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (SAPO) открија шема за поткуп во која се вклучени член на парламентот, сегашни и поранешни регионални функционери и Националната гарда, објавија агенциите на 2 август, пренесува Кијив Индипендент. Функционерите вклучени во заговорот наводно присвоиле средства наменети за набавка на дронови и опрема за електронско ...

Палестинската Црвена полумесечина (PRCS) ги обвини израелските сили за напад врз нејзиното седиште во Газа, при што загина еден работник, а тројца други беа повредени, пренесува Би-би-си. Хуманитарната организација соопшти дека нападот „предизвикал пожар во зградата“ во раните утрински часови во недела. Опишувајќи го ноќниот напад врз објектот во јужниот град Кан Јунис како „намерен“, Црвената полумесечина изјави дека локацијата на нејзиното ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
75%
997
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
98%
1000
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
95%
998
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
81%
1002
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
997
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

546.56

Платина

67162.91

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.03

Цинк

3.25

Калај

46.91

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Сребро

2460.50

Бакар

11.69

Иридиум

221848.72

Злато

159231.39