Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја назначи Јулија Свириденко за нова премиерка на Украина, додека долгогодишниот актуелен министер Денис Шмихал го премести на функцијата министер за одбрана. Тоа ја зголемува веројатноста Рустем Умеров – сегашниот министер за одбрана – да стане украински амбасадор во Вашингтон, пишува Гардијан. Зеленски рече дека сака Свириденко (39), економист, да ја води владата и „значително да ја обнови нејзината ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник ѝ се закани на Русија со високи тарифи и најави обновен канал за американско оружје што ќе стигне до Украина, заострувајќи го својот став кон Москва по месеци фрустрација поради неуспешните преговори за завршување на војната, пишува Асошиетед прес. Најновите чекори одразуваат еволутивен пристап од републиканскиот претседател, кој вети брзо решавање на војната што ја започна рускиот претседател ...
ВЕСТ НА ДЕНОТ Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит префрлени кај бизнисот, во четврток состанок со општините за договорите од вториот повик Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит преку комерцијалните банки се префрлени кај бизнисот, а за локалните самоуправи годинава се предвидени околу 200 милиони евра. Со вториот повик за општините и потпишувањето на договорите ќе се заокружи вкупната сума средства земени од унгарскиот кредит – за ...
Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија Одлуката на Европскиот суд за човекови права од 9 јули 2025 година во предметот „Украина и Холандија против Русија (за Источна Украина)“ уште еднаш го стави во фокус вниманието врз злосторствата на руската армија против Украинците. Воени напади, убиства, тортура, вонсудски егзекуции на цивили и војници, киднапирање деца, присилно раселување ...
Универзитетите се лесна цел за десничарските популисти. Анкетите покажуваат дека многу Американци ги сметаат за премногу либерални, премногу скапи и премногу елитистички, и тоа не е сосема без причина. Но, борбата меѓу администрацијата на Трамп и Харвард е нешто повеќе: таа стана тест за способноста на претседателот да ја наметне својата политичка агенда на сите 2.600 универзитети во САД. Студентите, професорите и научниците го чувствуваат ...
Изградбата на автопатот Кичево-Охрид била во застој, а во текот на изминатите осум месеци со работа во три смени работите се откочиле и се движат со засилено темпо, вели премиерот Мицкоски, кој очекува тој целосно да биде завршен кон крајот на 2026 или првиот квартал на 2027 година. Дотогаш, нагласува, треба да се решат и проблематичните точки, косини и свлечишта. -Што се однесува до динамиката на изградба на автопатот, што е дел од Коридорот 8, ...
Предлог-измените на Законот за возила со кои се очекува да се олесни процесот на регистрирање на возилата денеска го поминаа собранискиот филтер во матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. Претседателот на Комисијата, кој воедно е и еден од предлагачите, Бојан Стојановски образложи дека измените се направени со цел да се поедностави процесот на регистрирање на возила. Со измените им се дава можност на станиците за ...
Пратеничката група на СДСМ и коалцијата поднесе комисиски амандман за ребалансот на Буџетот, со кој се предлага обезбедување на средства во висина од една милијарда и дваесет милиони денари за финансиска поддршка на повредените и семејствата на починатите лица во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“, во Кочани, како и за реновирање и набавка на неопходна медицинска опрема за Општата болница во Кочани. „Во март се случи најголемата ...
Србија повторно не ги почитува рестриктивните мерки на Европската Унија против Русија поради војната во Украина, објави канцеларијата на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на 14 јули, пишува РСЕ на српски јазик. Станува збор за одлуката на ЕУ да ги продолжи санкциите против Русија до 31 јануари 2026 година, пренесува Бета. Сите други земји од Западен Балкан, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Украина, ја почитуваа ...
Претседавачот со Националниот совет за евроинтеграции Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираа приоритетите на данското претседателство со ЕУ, ги поздрави приоритетите на Данска во однос на проширувањето, коишто, посочи, се многу важни за денешниот геополитички контекст. На седницата, Филипче побара од амбасадорката на Данска во земјава, Перниле Деилер Кардел, сериозно да се земе предвид делот од Извештајот на Европскиот ...
Во Косово се продлабочува политичката криза со конституирањето на собранието, кое не успеа ниту денеска, по 45-ти пат. Граѓанското општество повторно протестира пред собранието, со барања што побргу да се реши кризата, пишуваат косовските медиуми. Во Албанија, откако парламентот одобри национална стратегија за борба против странското мешање и дезинформациите, опозицијата тврди дека таа би можела да се користи против домашните медиуми кои ги ...
Албанскиот премиер Еди Рама најави дека се работи на нов систем на снабдување со нафта, што ќе донесе контрола врз цената и целиот систем на циркулацијата на нафтата, пишуваат албанските медиуми. Во Косово продолжува политичката криза поради неконституирањето на собранието, а експертите посочуваат дека поради тоа, 882 милиони евра блокирани, пишуваат косовските медиуми. АЛБАНИЈА Факсвеб: Рама најавува нов систем за снабдување со нафта: Ќе донесе ...
обраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја заврши расправата по амандманите за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година и го проследи на натамошна постапка во Собранието. Во текот на денешната расправа се одлучуваше по комисиските амандмани, при што беше прифатен еден, за дополнителни средства за Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип. На предлог на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски мнозинството прифати да ...
Секој петок, во утринските часови граѓанките и граѓаните го препознаваат слободниот простор на ЦивилМедиа, и без задршки имаат можност преку коментари да испратат пораки, искуства но и критики до властите, институциите, политичарите, а според досегашните одговори, тие тоа го прават на јасно артикулиран начин, со директни пораки и сугестии. Целта на петочниот Граѓански форум на ЦИВИЛ е да им се обезбеди на граѓанките и граѓаните безбеден и ...
Во периодот од вчера до утрово до 7 часот на отворен простот се активни пет пожари, а 19 се изгаснати. Од активните пожари еден е во општина Дојран во село Николич каде гори нискостеблеста шума, друг во општина Чучер Сандево, каде во село Горњани гори исто така нискостеблеста шума. Активен пожар има и во општина Велес кај село Џидимирци и Крушје, каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина ...
Утрово во Кијив пристигна претставникот на Трамп за Украина, Кит Келог, на разговори за безбедноста и санкциите против Русија, пренесе Гардијан. Шефот на украинската претседателска администрација, Андриј Јермак, веќе сигнализираше дека нешто се случува во текот на викендот, објавувајќи во неделата емоџи слика со странично око што сугерира дека доаѓа објава. Откако Трамп ги потврди своите намери да испрати повеќе ракети „Патриот“ во Украина, ...
Министрите на ЕУ се состануваат утрово на итни разговори откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 30% на блокот – и покрај она што тие го сметаа за ветувачки разговори со американската администрација за тоа како да се избегнат, јавува Гардијан. Но, во писмото објавено за време на викендот, Трамп изјави: „Имавме години да разговараме за нашите трговски односи со Европската Унија и заклучивме дека мора да се ...
Јорданска хуманитарна организација утрово испрати 50 камиони со хуманитарна помош во Појасот Газа, јави официјалната јорданска новинска агенција Петра. Според агенцијата, камионите превезуваат прехранбени производи, главно брашно. На снимките споделени на социјалните мрежи се гледа колона камиони кои се движат по копнен пат од Јордан, преку територијата на Израел, кон Газа, појаснува израелскиот весник. Сепак, се додава дека засега не е ...
Во ирскиот град Тјум, во округот Голуеј, денеска започна ископувањето на масовна, необележана гробница за која се верува дека содржи останки од околу 800 бебиња. Гробницата датира од периодот меѓу 1925 и 1961 година, кога католичките калуѓерки од редот „Бон Секур“ ги закопувале починатите новороденчиња од институцијата за мајки и деца „Света Марија“. Според британскиот весник „Гардијан“, гробницата зафаќа површина од околу 5.000 квадратни метри, ...
ОЛИВЕР АНДОНОВ За заштитата и спасувањето Заштитата и спасувањето претставува потсистем на системот за безбедност и одбрана. Иако е потсистем, тој е исклучително значаен бидејќи функционира и во војна и во мир, затоа што ризиците и заканите од несреќи и катастрофи не се поврзани исклучиво со воени загрозувања и истите може да бидат предизвикани од природни несреќи и техничко-технолошки акциденти. Тоа значи дека Дирекцијата за Заштита и Спасување ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ѝ понудил на Москва „безусловна поддршка“ во војната во Украина, според извештаите на државните медиуми. Во разговорите со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Северна Кореја, Ким рекол дека Пјонгјанг стои зад „сите мерки преземени од руското раководство“ за справување со „коренот на украинската криза“, пишува Би-би-си. Западните претставници веруваат дека Пјонгјанг испратил околу 11.000 ...
До 7 часот утринава, евидентирани биле вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои два сѐ уште се активни, четири се ставени под контрола, а дури 22 се целосно изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во село Николиќ во општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума, како и во Чучер Сандево, во пределот меѓу селата Горњани и Блаце, каде има шумски пожар. Под контрола се четири пожарите и тоа во ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид на лице место во куќа во центарот на Прилеп каде биле пронајдени безживотните тела на 11-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години. -Според првичните сознанија, 63-годишникот најпрво го лишил од живот својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања. По извршување на делото, мотивите за стореното ги објавил и ...
„Го цениме учеството на Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на Дубровник Форум и за поддршката на суверинитетот и територијалниот интегритет на Украина“, напиша на Платформа Х украинаската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир. Го цениме учеството на Министерот @MFA_MKD @TimcoMucunski на @DubrovnikForum Благодариме за поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. 🇺🇦🤝🇲🇰#StandWithUkraine ...
Во годината кога се одбележува 40-годишнината од создавањето на Шенген зоната, повеќе европски земји, меѓу кои и оние кои некогаш беа движечката сила на заложбите за укинување на внатрешните граници во ЕУ, како Германија, денес воспоставуваат контроли на сите гранични премини и ги враќаат барателите на азил, правдајќи го ваквиот потег со зголемени безбедносни ризици и значителен прилив на илегални мигранти. Од воведувањето на Шенген зоната во ...
На 12 јули, украинските одбранбени сили учествуваа во 200 борбени судири со руски трупи по должината на фронтовските линии. На фронтот Покровск, украинските бранители успешно одбија 61 непријателски напад и офанзивни акции, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук, објавувајќи го оперативното ажурирање од 8:00 часот во недела, 13 јули, пренесува Укринформ. Руските сили лансирале еден масовен ракетен и воздушен напад, ...
Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка изготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), донесена е одлука за определување 24-часовни мерки за обезбедување на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. – Градоначалничката во текот на денешниот ден ќе биде контактирана од надлежните служби со цел да се координираат нејзините ...
Царина од 30 проценти на извозот од ЕУ би им наштетила на бизнисите, потрошувачите и пациентите од двете страни на Атлантикот, напиша на Х претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен. „Ќе продолжиме да работиме кон постигнување договор до 1 август. Истовремено, подготвени сме да ги заштитиме интересите на ЕУ врз основа на пропорционални противмерки“ додаде таа. Американскиот претседател Доналд Трамп денеска воведе царини од 30 ...
Цивилната одбрана во Појасот Газа соопшти дека најмалку 27 Палестинци, меѓу кои и деца, загинале денеска во израелски напади низ територијата. Според портпаролот на организацијата, која обезбедува прва помош, во нападите извршени во текот на ноќта и рано утрово биле погодени куќи и кампови за раселени лица. Израелската војска засега не ги коментираше овие информации. Во градот Газа загинале осум Палестинци, во бегалскиот камп Нусеират во ...
Eвропската унија и Мексико изразија длабоко разочарување поради заканата од претседателот на САД, Доналд Трамп, дека од 1 август ќе воведе 30 отсто царини на нивниот извоз во САД. Двете страни најавија дека се подготвени да одговорат со пропорционални контрамерки, но воедно порачаа дека се подготвени да продолжат со преговорите со Вашингтон, пишува Би-Би-Си. Мексико ја смета најавата за „нефер договор“, а претседателката Клаудија Шеинбаум ...