Пет новинари на Ал Џезира, вклучувајќи го и истакнатиот новинар Анас ал-Шариф, се убиени во израелски напад во близина на болницата Ал-Шифа во градот Газа, соопшти телевизијата, пренесува Би-би-си. Ал-Шариф и друг дописник, Мохамед Крејкех, заедно со снимателите Ибрахим Захер, Мохамед Нуфал и Моамен Алива, биле во шатор за новинари пред главната порта на болницата кога таа била нападната, објави Ал Џезира. „Целното убиство“ во неделата беше ...

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ плус највисоката дипломатка на блокот Каја Калас и највисокиот дипломат на Украина Андриј Шибига денеска ќе имаат средба преку видеоконференција за да разговараат за развојот на ситуацијата околу Украина пред самитот во Алјаска меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп. ЕУ ги зголеми своите контакти неодамна во контекст на најавената средба на Трамп со Путин, на ...

Народната банка предлага граѓаните да добијат право на четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, во износ до 2.000 денари по трансакција. Според гувернерот Трајко Славески, целта е да се обезбеди достапност до готовина за сите граѓани, без разлика на тоа во која банка имаат сметка. Мерката би требало да стапи во сила на почетокот на 2026 година. -Готовината и понатаму ќе ја користи мнозинството граѓани, иако во помал ...

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Ако некогаш американските институции и фондации поддржуваа опстанок а некаде и основање на медиуми, како дел од транзицијата од т.н. едноумие кон плурално општество, процес незамислив без слободата на „седмата сила“ кај нас ова жешко лето работите се променија од корен! Наеднаш добивме оценка од преку Атлантикот во стилот „што беше – беше, снаоѓајте се како знаете и умеете“. Новата политика на претседателот Трамп која се ...

Едно лице загина во Турција откако земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди северозападната покраина Баликешир во неделата вечерта, пренесува Би-би-си. 81-годишна жена почина кратко откако беше извлечена од урнатините во градот Синдирги, кој беше епицентарот на земјотресот, изјави турскиот министер за внатрешни работи. Шеснаесет згради се урнаа како резултат на потресите, а 29 лица се повредени, додаде Али Јерликаја. Турската агенција за ...

Австралија ќе признае палестинска држава на Генералното собрание на ОН во септември, по слични потези од Велика Британија, Франција и Канада, изјави премиерот Ентони Албанезе, пренесува Би-би-си. Албанезе рече дека Австралија добила ветување од Палестинската самоуправа (ПА), вклучително и демилитаризација, одржување општи избори и продолжување на признавањето на правото на постоење на Израел. „Решението со две држави е најдобрата надеж на ...

Во контекст на сознанијата на Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани, (ЦХТМ) кој бележи зголемено присуство на содржини со руски пропагандни наративи во пресрет на локалните избори, го издвојуваме порталот А1он кој се труди да стане поголем „спутник“ од оригиналниот истоимен руски медиум (инаку забранет за пренесување во ЕУ и кај нас), во земјава, но и во регионов. Во конкретниот случај, ЦХТМ анализира објава на А1он со наслов ...

Одделот за внатрешна контрола при МВР констатира непрофесионално однесување во случајот со Демир Хисар, началник ќе биде разрешен. Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар. За лицето е покрената дисциплинска постапка. ...

Со значително помало присуство на родители на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ од 16 март, и нивни поддржувачи вечерва во Кочани помина 17. Марш за ангелите. Вообичаено, свирежи и извици на револт имаше најмногу пред кафулето „Класик“ во Трговски, пред зградата на Општината, УЈП, полицијата и пред Судот. Овој пат, родителите налепија транспаренти со свои пораки на општинската, полициската и на зградата на Основниот суд во Кочани, ...

Во контекст на засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори, нотирано од тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани, се придодава и пустата желба на Москва и нејзините сателити за заминување на украинскиот претседател Володимир Зеленски од функцијата, нешто што и самиот Путин го има побарано неколку пати. Овој пат, А1он во текстот Медиуми: Зеленски се подготвува да си замине од ...

Скандалот со непостоење на било каков доказ за тоа како се потрошени 120 милиони денари при организацијата на самитот на ОБСЕ е уште еден јасен доказ за нечесноста и незаконитото работење на Министерството за надворешни работи под водство на Бујар Османи, наведува партијата Вреди (ВЛЕН). „Наместо транспарентност и отчет, единствената „победа“ за Османи беше да го прими рускиот министер Сергеј Лавров во Скопје, потег кој предизвика негативни ...

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна седница во врска со планот на Израел за заземање и трајно окупирање на градот Газа, соопштено е од седиштето на ОН во Њујорк. Седницата, чие одржување го побараа пет земји – Данска, Франција, Грција, Велика Британија и Словенија, ќе почне во 10 часот наутро по локално време, односно во 15 часот по централноевропско време. Според извори од Советот за безбедност, сите ...

ЏАБИР ДЕРАЛА Светот нема луксуз да ги затвори очите пред темнината што ја опкружила човечноста. Некои работи мора да се кажат – и да се запишат во светската меморија – без оглед на тоа колку умови ќе бидат вознемирени, а колку носители на одлуки ќе бидат алармирани. Путин купува време – со крв. Повторно. А претседателот на САД, Трамп, му го овозможува тоа лично – овој пат со средба во Алјаска. Да се запамети: оваа средба со воениот злосторник ...

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на 128 седница ги усвои роковите за сите дејствија за одржување на Локалните избори 2025, откако претходно денеска нив ги распиша претседателот на Собранието, Африм Гаши. Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини и на градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг од изборите за градоначалници треба да се одржи на 2 ноември, во единиците на локалната ...

Државната изборна комисија (ДИК) го утврди упатството за начинот и постапката на утврдување на просечно постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали кои не учествувале на последните пет изборни циклуси. Радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали се должни во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да ...

Илјадници луѓе синоќа излегоа на улиците на градот Тел Авив и повикаа да се стави крај на војната во Газа, два дена по одлуката на израелската влада да го заземе градот Газа на таа територија. Демонстрантите носеа транспаренти и слики од заложници кои сè уште се држат на палестинската територија, повикувајќи ја владата да обезбеди нивно ослободување. Tonight in Tel Aviv: tens of thousands demand an end to the war, the occupation, and a ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека ја номинирал портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус за заменик-претставник на САД во Обединетите нации. „Со задоволство објавувам дека ја номинирам Тами Брус, голема патриотка, телевизиска личност и авторка на бестселери, за наш нов заменик-претставник на Соединетите Американски Држави во Обединетите нации, со ранг на амбасадор“, напиша Трамп на својата мрежа Трут Соушл. Тој ...

Речиси две години по почетокот на војната во Газа, израелскиот кабинет за безбедност гласаше за уште едно воено проширување: предложеното преземање на градот Газа. Планот, кој го иницираше и го промовираше самиот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху, веројатно открива повеќе за неговото внатрешно политичко маневрирање отколку докази за каква било добро осмислена воена стратегија. Планот беше усвоен и покрај жестокото противење на израелското ...

Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон синоќа ветија дека ќе работат на наоѓање „праведен и траен мир“ во Украина, додека американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува за разговори со рускиот лидер Владимир Путин за прекин на војната. „Двајцата лидери разговараа за најновите случувања во Украина. Тие ја повторија својата непоколеблива поддршка за претседателот Зеленски и за наоѓање праведен и траен мир ...

Од своето долгогодишно искуство во набљудување на изборни процеси, ЦИВИЛ континуирано укажува на опасностите од дезинформации и координирани политички наративи кои имаат цел да ја изместат вистинската слика за изборниот процес. Во своите извештаи, ЦИВИЛ честопати нотира случаи на говор на омраза, манипулација со јавноста преку лажни вести, злоупотреба на јавни ресурси и притисоци врз гласачи – појави кои директно влијаат на интегритетот на ...

Министерството за здравство од денеска ги презема надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора, соопшти министерот за здравство Азир Алиу. Тој на денешната прес-конференција информираше дека одземањето на надлежностите, односно на јавното овластување на Стоматолошката комора се се додека не се воспостави систем преку кој Комората ќе работи законито, транспарентно и професионални. -Овој чекор не е казна. Ова е почеток на реформата, ...

„Упад на полицијата во домот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, Маја Лозановска, е уште една потврда дека режимот се врати, објавуваат од СДСМ. Оттаму велат дека „ова е сликата на секој режим, полиција ставена во функција на политички притисок и незаконско разрешување на директорка во средно училиште, со единствена цел пред избори да постават партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ“. Во партиското соопштение се истакнува дека ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се обрати по повод најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за средба на 15 август со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска. Како што најави Трамп, во разговорите ќе бидат вклучена и територијална поделба на Украина. Во продолжени одговрот на Зеленски, обраќајќи се првенствено до Украиниците: Претседателот Трамп објави за подготовка на својата средба со Путин на Алјаска. Многу ...

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Одземање или уништување службен печат или спис“ врз основа на наредба од Основен суд Битола вчера извршиле претрес во домот на М.Л. (57) од Демир Хисар, како и во службените простории во средно училиште кои ги користел, информираат од МВР. Во однос на реакциите на јавноста поврзани со ...

На територијата на државата денеска до 12:30 часот имало вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се изгаснати, а три се водат како сè уште активни, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите кај село Братиндол, во Општина Битола, каде гори гори сува трева во нива, пожарот во Општина Прилеп каде гори сува трева над касарната во Прилеп и во Општина Валандово каде гори сува трева покрај патот Валандово–Дојран. ...

Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова и Директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, денеска положија венец со свежо цвеќе на спомен – обележјето на македонските бранителите кои своите животи ги загубија кај месноста Карпалак во 2001 година. -Десетмината прилепски бранители, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска (9 август 2025 година) ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври . Претседателот Гаши го потпиша Решението за распишување на осмите локални согласно член 12 став 4 од Изборниот законик, почитувајќи го рокот од 70 до 90 дена од распишување до одржување на изборите. Со распишувањето на изборите, почнуваат да течат роковите за спроведување на ...

Во Херсон, бројот на повредени лица во нападот со руски дрон врз автобус изнесува 16, а двајца се во тешка состојба. Окружното обвинителство во Херсон забележа дека до 10:20 часот, двајца од 16-те повредени цивили се во тешка состојба. Како што објави Укринформ, утрото на 9 август, руските војници нападнаа минибус во предградието на Херсон со дрон. Претходно, имаше информации за двајца мртви и 10 повредени како резултат на непријателскиот ...

Министерството за надворешни работи на Иран го поддржа мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан, постигнат со посредство на САД, со кој двете земји ставаат крај на повеќе од 30-годишниот конфликт. Техеран, како што е наведено во соопштението на министерството, „го поздрави финализирањето на текстот на мировниот договор меѓу двете земји“ во Вашингтон, а потоа изрази загриженост за негативните последици од можна странска интервенција во ...

Администрацијата на Трамп бара спогодба од 1 милијарда долари од Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес, изјави во петокот функционер на Белата куќа. Администрацијата на Трамп суспендираше 584 милиони долари федерално финансирање за истражување од Националната научна фондација, Националните институти за здравство, Министерството за енергетика и други агенции, изјави ректорот на универзитетот, Хулио Френк, во порака до персоналот и ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1016
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
3.13
62%
1016
weather icon

Загреб

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
56%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
49%
1015
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.32
57%
1015
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
68%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
57%
1019
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
45%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
42%
1014
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
50%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
52%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0527

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Рутениум

51376.89

Платина

66101.93

Алуминиум

3.50

Иридиум

253540.09

Злато

151875.00

Калај

54.78

Кобалт

45.39

Бакар

12.64

Цинк

0.00

Родиум

319899.93

Сребро

2583.47

Паладиум

48065.37