Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Постојат многу убедливи причини да се заменат фосилните горива со чисти, обновливи извори на енергија. Главна меѓу нив е решавањето на кризата со климатските промени, а таа е итна. Друга е да се елиминира токсичното загадување на воздухот што предизвикува огромен број човечки смртни случаи годишно низ целиот свет. Секако, тоа би било исклучително корисно и за спречување на катастрофални излевања на нафта, пишува CleanTechnica. Постои уште една ...
Оваа година, Дубровничкиот форум се одржува под мотото „Канализирање на промената“ (Challenging the Change), 11 и 12 јули. Овој значаен меѓународен форум на кој учествуваат бројни високи претставници од голем број држави во Европа и светот, претставува платформа на која се дискутираат најголемите геополитички прашања и системски предизвици што го обликуваат нашиот свет. На Дубровничкиот форум се обрати и министерот за надворешни работи Андриј ...
Срамно и за жалење е начинот на кој ДУИ, во отсуство на аргументи, се обидува да ја измами јавноста со клевети и невистини. Јавноста заслужува факти, а не лаги за политички цели. За 20 години на власт, ДУИ ја претвори дискриминацијата во институционален стандард. Еве само еден пример: Филхармонија, Вработени: 115 Македонци (96%) и 5 Албанци (4%), велат од ВЛЕН. Ова се официјални и проверливи податоци, реален одраз на негрижата и намерниот ...
Рускиот претседател Владимир Путин си играше со американскиот претседател, Доналд Трамп, „како со виолина“ во врска со плановите за Украина, но сега „се преигра“, смета поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер. Јангер, кој ја водеше британската тајна разузнавачка служба од 2014 до 2020 година, верува дека обидите на Путин да го измами американскиот претседател и да го натера да мисли дека се пријатели му се удриле од главата. Тој предупреди дека ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку видео објава на социјалните мрежи изнесе тешки обвинувања за постапувањето на полициските службеници по инцидентот во кој, според неа, била физички и вербално нападната од страна на непознато лице. Арсовска вели дека заедно со советничката Ирена Витина, поминале два часа во полициската станица во Кисела Вода, каде наместо поддршка, добиле третман што таа го оцени како обид за прикривање ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид ќе биде домаќинка на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај кој ќе престојува во работна посета на земјава. Албанскиот претседател ќе биде пречекан во вила „Билјана“ во Охрид, каде е предвидена средба и работен ручек со претседателката Сиљановска-Давкова. Во попладневните часови тие ќе посетат културно-историски знаменитости, а вечерта ќе присуствуваат на отворањето на ...
Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука донесе в.д. градоначалникот, Венко Крстевски, откако родителите на загинатите во трагедијата од 16 март годинава се собраа пред сцената во Паркот на Револуција, каде требаше да запчне концерт со настап на повеќе бендови. Тие поставија фотографии на своите деца и запалија свеќи. -Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката ...
Убиен е Агим Мухареми, припадник на АРМ, во скопско Батинци додека користел слободен ден. „Денеска (11.07.2025) околу 10:15 часот во СВР Скопје, М.Е. пријавил дека на влезот на с.Батинци, скопско, М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило „Киа“ кое било во движење. А.М.(50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ„Св Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде во 11.00 часот од страна на доктор ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека во нападот при увид на дивоградба во скопската општина Чаир врз градоналаничката на Град Скопје Данела Арсовска имало физички контакт, но, дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тврдењето оти тоа се случувало пред припадници на полицијата. Тој во интевју за Телма вели дека Министерството за внатрешни работи постапило во два случаи и дека се отворени дисциплински постапки ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска тврди дека денеска при увид и инспекциска контрола на дивоградба во Општината Чаир, таа и екипата која била со неа, биле нападнати прво вербално, потоа физички, со клоци и тоа пред припадници на МВР. Лицето кое, како што вели, најверојатно е сопственик на дивоградбата и се заканувало нејзе и на нејзиното семејство. По нападот, таа се обратила во Ургентниот центар „8-ми Септември“, каде и била ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска е физички нападната при извршување на работни задачи во Чаир. Кон неа биле упатени и вербални закани од повеќе лица. Информацијата ја потврдија од Министерството за внатрешни работи од каде соопштија дека инцидентот се случил на улицата „Кумбара“, а случајот бил пријавен во СВR Скопје во 12:15 часот. – На 11.07.2025 во 12:15 чaсот од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при ...
Стејт департментот денеска отпушта повеќе од 1.300 луѓе според драстичен план за реорганизација на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Министерството денеска испраќа известувања за отпуштање на 1.107 „обични“ државни службеници и 246 од службата за надворешни работи на работни места во САД, изјави висок функционер на Стејт департментот под услов да остане анонимен, пренесе Бета. Службениците за надворешни работи на кои се однесува ...
Проф. д-р ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ Јас, Јове Кекеновски, од денес во мојот вокабулар го воведувам во употреба терминот „политички геноцид“ како нов концепт за опишување на системската, институционална и политичка агресија врз идентитетот на еден народ. Се надевам и сигурен сум дека овој нов термин во најскоро време ќе го најде своето место и во меѓународното право. Дефиниција: Политички геноцид претставува систематска злоупотреба на политичка моќ, ...
Најмалку 798 лица се убиени додека се обидувале да добијат помош во храна во Газа од крајот на мај, соопшти во петок Канцеларијата на ОН за човекови права, објави Гардијан. Од вкупниот број на луѓе убиени додека примале помош во храна од 27 мај, 615 биле во близина на локациите на Хуманитарната фондација во Газа, изјави портпарол на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права (OHCHR) за новинарите. Додадено е дека 183 од вкупниот број ...
ЛАРИСА ДИР, Амасадорка на Украина во Северна Македонија На 9 јули 2025 година, Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), еден од главните органи создадени во рамките на Советот на Европа за заштита на човековите права и слободи во европскиот регион, донесе одлука по суштината на предметот „Украина и Холандија против Русија“, во која призна бројни прекршувања на Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, во врска со ...
Во Бундестагот се одржа дебата по повод Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Но, тоа сеќавање беше засенето од инсистирањето на AfD на тврдењето дека „примерот на Босна и Херцеговина покажува дека коегзистенцијата е невозможна“, пишува Дојче Веле на српски јазик. Претседателката на Бундестагот, Јулија Клекнер, на почетокот на едночасовната дебата истакна дека станува збор за невообичаена постапка. „Општата дебата за буџетот ...
Борците на Курдска работничка партија (ПКК) денеска церемонијално почнаа да го предаваат оружјето во северниот ирачки град Сулејманија. Неколку часа пред почетокот на церемонијата, локалните власти соопштија дека собориле два дрона во близина на позициите на ПКК. #Süleymaniye Tiyatrosu: 📌 Bese Hozat’ın da aralarında olduğu 30 #PKK‘lı silah bırakmış ! ABD nin son 10 yılda verdiği 300 tır silahı nereye sakladınız? El bombaları, mühimmatlar?! ...
Некои историски настани фрлаат сенка што се пренесува со генерации – геноцидот во Сребреница е еден од нив, кој е меѓу најмрачните поглавја во колективната меморија на Европа, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по повод 30-годишнината од масакрот во Сребреница. – Поминаа 30 години од овие злосторства. Денеска, сакам да им оддадам почит на повеќето од 8.300 бошњачки момчиња и мажи кои беа убиени и на оние кои се ...
На 5 јули, руските сили лансираа две хиперсонични ракети Kh-47M2 Kinzhal врз воздухопловната база Старокостјантинов во Украина, честа цел поради нејзината стратешка важност. Ракетите беа испалени од авиони МиГ-31К и предизвикаа национални предупредувања за воздушен напад – но не предизвикаа штета или жртви, според локалните власти. Митот за „незапирливиот“ Kinzhal Русија долго време ја промовираше ракетата Kinzhal како „незапирливо“ хиперсонично ...
Комесарката за проширување на Европска Унија, Марта Кос денеска преку видео-порака објавена на Икс им одаде почит на жртвите на геноцидот во Сребреница, истакнувајќи оти тоа е „длабока рана во европската историја“ и оти „мора да кажеме не на омразата и величањето на воените злосторници“. – Денеска сум во Сребреница за да им оддадам почит на жртвите од геноцидот извршен во оваа област пред 30 години, наведе Кос. Таа посочи дека 8.372 Бошњаци биле ...
Русија активно учествува во задушувањето на студентските и граѓанските протести во Србија, исто како што интервенираше безброј пати за да ја зачува власта во Белград, објави денеска полската приватна телевизија Полсат. -Обидите на српската полиција насилно да ги разбие протестите резултираа со нивно прелевање од Белград во 30 други градови. Протестите беа поврзани само со внатрешната ситуација во земјата сè додека Русија неочекувано не ...
Франческа Албанезе, специјалната известувачка на ОН за Западниот Брег и Газа, одговори на веста дека администрацијата на Трамп ќе ја санкционира со објава на X во која вели дека „моќните ги казнуваат оние што зборуваат во име на немоќните, тоа не е знак на сила, туку на вина“, пренесе Гардијан. Во среда, како дел од напорите да ги казни критичарите на 21-месечната војна на Израел во Газа, Стејт департментот ја санкционираше Албанезе, независна ...
Европската комисија се подготвува да ги засили механизмите за условување на исплатите од буџетот на ЕУ со почитувањето на владеењето на правото, што најмногу ќе ги погоди државите како Унгарија, кои се обвинети за нарушување на демократските стандарди. Според нацрт-документ до кој дојде „Политико“, во новиот седумгодишен буџет на ЕУ за периодот 2028–2034 година, кој треба да биде објавен в среда, ќе биде вграден „хармонизиран систем на ...
Денес одбележуваме 30 години од геноцидот во Сребреница во јули 1995 година, кога повеќе од 8.000 мажи и момчиња од босанските муслимани беа брутално убиени и закопани во масовни гробници. Изразуваме почит кон споменот на жртвите и им изразуваме искрено сочувство на нивните семејства. Продолжуваме да бидеме солидарни со преживеаните, се вели во заедничкото соопштение на Претседавачот на ОБСЕ и генералниот секретар на ОБСЕ. „И покрај изминатите ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на Република Северна Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на гостувањето во утринската програма на телевизијата БТВ. Како што соопшти МНРиНТ, во врска со ова, Министерството денеска го повика ...
ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ / Фронтлајн Не знам за вас, ама јас олку национал-идентитетски горд не сум се чувствувал никогаш. Еве, не знам што да правам со гордосва од радости. Ми иди да ја пратам гордосва да ги изгаси сите пожари, да ги зголеми платите, да ги намали цените, да го воскресне здравството и образованието… Ама пак, од друга страна, не ќе си ја мачам гордоста со простосмртни работи. Премиерот Мицкоски ни кажа, цитирам: – „Ќе остане запишано и за ...
Во израелски напад загинаа 15 лица, вклучувајќи жени и деца, собрани пред здравствен центар во централниот град Деир Ал Балах во Газа во четврток, според медицинскиот персонал и службениците во енклавата, јави Си-Ен-Ен. Болницата „Мачениците Акса“ во Газа соопшти дека осум од убиените во нападот биле деца, најмладиот има две години, а најстариот 14 години. Исто така, се наведува дека се убиени три жени и четири мажи. На снимките добиени од ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Како што информира ЈО, осомничениот 42-годишен битолчанец вчера во „Новиот пазар“ во Битола, се обидел да лиши од живот едно лице. Му пришол од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата и го нападнал со кујнски нож, при што му задал два ...
Според Обединетите нации, повеќе од половина милион Авганистанци се протерани од Иран во 16-те дена откако заврши конфликтот со Израел, во она што може да биде едно од најголемите присилни преселби на населението оваа деценија, пренесе Си-Ен-Ен. Со месеци, Техеран ја објавува својата намера да ги отстрани милионите недокументирани Авганистанци кои работат пониско платена работна сила низ Иран, честопати во тешки услови. Меѓународната ...
Конференцијата за обнова на Украина е годишен меѓународен настан посветен на приоритетите за обнова и реконструкција на Украина. Овогодинешната конференција се одржува во Рим, а „New Europeans People’s Forum“ им се придружи на стотици гости на настанот во резиденцијата на британскиот амбасадор во пресрет на конференцијата за да ја изрази својата поддршка. Успеавме да продолжиме да ја градиме меѓународната мрежа за поддршка на нашата иницијатива ...