Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Европската комисија планира да издвои 100 милијарди евра за Украина во рамките на својата нова буџетска рамка за 2028-2034 година преку Програмата за Украина. Ова го објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прес-конференција по состанокот на Колегиумот на ЕК. -Издвојуваме 100 милијарди евра за Украина за да ја надополниме Програмата за Украина за поддршка на нејзиното закрепнување, отпорност и пат кон членство ...
Израелската армија соопшти дека денеска извршила напад врз комплексот на Министерството за одбрана на Сирија во главниот град Дамаск, како дел од засилените воени активности со цел заштита на друското малцинство од нападите на сириските владини сили. BREAKING: 🇮🇱🇸🇾 Israel strikes Syrian Defence headquarters in Damascus pic.twitter.com/BGmF2fcKYX — Megatron (@Megatron_ron) July 16, 2025 Израелските напади врз сириска територија траат трет ...
ОЛИВЕР АНДОНОВ Хармоникашот Јове – квази професор – на свои скоро 70 години и „обемен“ научен опус во областа на политиката, одбраната или безбедноста, допрва го открил поимот политички геноцид. Во „неговата“ божем автохтона дефиниција, набројувајќи елементи кои го прават таквиот геноцид, а притоа изгледа дека е несвесен за своето незнаење, па истото го покажува на јавна сцена. О, жална Македонијо. Тој не чул за термините од пред повеќе од 70 ...
Предлог законот за игри на среќа е многу значаен чекор во „борбата против мафијата на коцкањето“, истакна денеска на прес-конференција првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити. Со новото законско решение, што беше усвоено на вчерашната владина седница, тој нагласи дека на почеток ќе се намали присуството на, како што рече, оваа колективна катастрофа, за најмалку 70 отсто. – Ова е само почеток. Од над ...
Социоекономската реалност на македонските граѓани сè повеќе се одразува и врз едноставните човечки потреби – како што е летниот одмор. На прашањето на денот поставено на нашата Фејсбук-страница: „Каков летен одмор можете да си дозволите?“, најчестиот одговор беше краток и болен – „никаков“. Борба за преживување наместо одмор „Никаков. Цела зима се боревме со енергетска скапотија, високи цени исто така и на прехрамбрените продукти – и каков ...
Правиме гигантски чекори во економијата. Во мај бележиме историски раст на индустриското поризводство од 9,4 проценти, имаме поголем извоз на земјоделски производи за 57 отсто во првите пет месеци од годинава во однос на истиот период лани и 22 отсто повеќе туристи во првиот квартал споредено со првиот квартал лани. Кога кажавме дека БДП на реална основа во првиот квартал пораснал за 3,2 отсто споредено со истиот период минатата година и дека ...
Европските пратеници во вторник изјавија дека се загрижени дека Словачка се заканува да стане новото enfant terrible на ЕУ, пишува Политико. „Дали Словачка е на пат да стане следната Унгарија? Да бидам искрена, тоа останува да се види, но некои модели се впечатливо слични“, рече Софи Вилмес, потпретседателката на Европскиот парламент со либералната група Renew Europe, за време на презентацијата на конечниот извештај од комитетот за граѓански ...
Украинскиот пратеник Олександр Мережко ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ѝ обезбеди масивна воена поддршка на Украина, нарекувајќи го потегот „добивка за сите страни“. „Тоа е ситуација од која сите добиваат – и САД и нашите европски партнери кои ќе ни ја обезбедат неопходната воена помош,“ изјави Мережко за Times Radio. „Во замена, тие ќе добијат понова американска воена опрема. Тоа ни дава надеж – ова е ...
ВРЕДИ за уште еден мандат ќе го кандидира актуелниот градоначалник Биљал Касами за Општина Тетово на локалните избори кои треба да се одржуваат во октомври, соопшти на денешната прес-конференција Зеќирија Ибрахими, претседател на Алтернатива. -ВЛЕН досега има објавено кандидатури за градоначалници со кои ќе учествува на локалните избори. Ние го поддржуваме независниот кандидат за Струга, Менди Ќира. Додека, веќе е јасно дека ВЛЕН во Тетово ќе ...
„На само две и пол недели од одењето на пратениците на колективен одмор и три недели до распишување на изборите, имаме правна несигурност и доведување во прашање на уставно загарантираните права на илјадници граѓани и преседан во историјата на државта, со недефинирање на учеството на независните кандидати на претстојните избори“, велат независните кандидати. Независните кандидати од повеќе општини во земјата сметаат дека е повредено уставно ...
Најмалку 21 Палестинец кои чекаа да добијат помош беа убиени во близина на американски дистрибутивен пункт во јужна Газа во среда, вклучувајќи многумина кои се задушија од солзавец испукан од израелските сили, соопшти Министерството за здравство, јавува Anadolu Agency. Во соопштението на министерството се вели дека меѓу жртвите има 15 лица кои се задушија од солзавец испукан од израелската армија во градот Кан Јунис. „За прв пат се ...
Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција од 500 милони денари на површина од 326 хектари ќе изгради 55 ветерници кои ќе произведуваат струја за 100 илјади домаќинства. Новиот ветерен парк најавен како најголем во Западен Балкан, е значаен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност и целите за обновлива енергија на земјата. Коосновачот ...
Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години, за тоа говорат бројките, граѓаните и фактите, а опозицијата нормално е дека ќе си дава изјави такви какви што си дава и нормално дека ќе обвинува, затоа што тоа и е работа, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во однос на обвинувањата од опозицијата дека е нарушена безбедноста, Тошковски порача дека добро би било кога обвинува опозицијата да прави компарација со ...
Европската опсерваторија за дигитални медиуми (ЕДМО) формира нов регионален центар, чија задача ќе биде да ги поддржи Украина и Молдавија во борбата против дезинформациите. Центарот, наречен ФАКТ, ќе ги открива и анализира манипулативните и дезинформациски кампањи, особено по потекло од Русија, а во тие рамки ќе ги следи и состојбите во Молдавија во пресрет на есенските парламентарни избори, со цел да придонесе за обезбедување на интегритетот ...
ДИЈАНА ТАХИРИ Во контекст на „големи странски инвестиции“, градење автопати со децении – а плаќање и плаќање патарини, мислиш возиме по некоја ѕвездена патека, политичка и секаква моќ а нула одговорност, со еден збор арамилак, ќе споделам нешто од моето детство, верувам слично на многу мои врсници. Не дека нема за што друго да се пишува или дискутира, како што е здравството, инфраструктурата (градска), јавен превоз, (не)чисти улици, блокирање ...
Навременото и соодветно менување на Изборниот закон ќе придонесе за организирање на подобри избори, смета амбасадорката на Швајцарија во земјава Вероник Хулман, која се надева дека при измените на Изборниот законик ќе бидат земени предвид препораките од Венецијанската комисија и заклучоците од Државниот завод за ревизија. – Швајцарија долги години го поддржува доброто владеење во Северна Македонија. Тоа е многу важно бидејќи организрањето на ...
Министерството за внатрешни работи распиша конкурс за прием на 150 униформирани полициски службеници. Полицијата ги повикува сите млади непартиски членови под 25 години мажи и жени со висина од минимум 170 и 160 сантиметри, со завршено средно образование и не им е изречена правосилна казна, да се пријават на огласот за кое работно место ќе претходи едногодишен интензивен процес на образование, тренинг и обука. -Да се биде полицаец е повик а ...
Кога Трамп се согласи да продава софистицирано американско оружје на Европа за да може да се испорача во Украина, европските лидери забележаа важна промена. Сепак, овие лидери се претпазливи, дури и ако Трамп одеднаш остро го критикува претседателот Владимир Путин, пишува Њујорк Тајмс. Европејците се смеат низ стиснати заби, разбеснети од заканата на Трамп да ги зголеми царините на 30 проценти за сите стоки што пристигнуваат во САД од ЕУ. ...
Околу еден час по полноќ, интервентна полициска единица во опрема за разбивање на демонстрациите ги потисна демонстрантите во Нови Сад кои протестираа откако судот официјално ја прекина постапката против четворица активисти на владејачката Српска напредна партија (СНС) обвинети за тепање студенти во тој град, објави РСЕ на српски јазик. Кордонот ги потисна демонстрантите и ги раздели двете групи, оние што протестираа и членовите на СНС, ...
Обвинителството на Босна и Херцеговина отвори случај поврзан со руските кампови за граѓани на Молдавија, беше потврдено за Детектор, но не понуди повеќе детали за досегашните резултати, објави Данас. Оваа информација ја откри Детектор за време на заедничко истражување со молдавскиот CU SENS, кое наскоро ќе биде објавено со претходно непознати детали, заедно со откривање на идентитетот на учесниците. Обвинителството на Босна и Херцеговина ...
До 08:00 часот утрово во земјава се евидентирани 21 пожар, од кои активни се два, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци во Општина Велес каде што годи мешана шума, како и во Општина Македонски Брод помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина каде што огнот зафатил деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација. Под контрола е ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче уште еднаш упати апел за лидерска средба на која, како што рече, би се детерминирале црвените линии и би се постигнал натпартиски консензус за клучните државни прашања. Филипче во „Само интервју“ на Канал 5, оцени дека пораз на Владата е тоа што во Европскиот парламент беше изгласан Извештајот за напредокот на Македонија без македонски јазик и идентитет. -Натпартиски консензус е единствено можно решение за ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо ја фрли ракавицата во вторник кога отворено побара законско ослободување за продолжување на купувањето руски гас до 2034 година во замена за укинување на ветото за новиот пакет санкции на Европската унија против Русија, што блокот со нетрпение го одобрува за да ги затегне завртките на Кремљ, објави Еуроњуз. Барањето „земи или остави“ покренува сериозни прашања за тоа дали политичкиот ќорсокак може да се прекине ...
Доналд Трамп ја исклучи можноста за испраќање ракети со долг дострел во Украина, откако извештаите сугерираа дека размислува да му даде на Кијив оружје што може да погоди дури до Москва, објави Телеграф. На прашањето во вторникот дали САД ќе испорачаат муниција за длабок удар во Украина, г-дин Трамп рече: „Не, ние не сакаме да го сториме тоа“. Тој продолжи велејќи дека Украина не треба да го нападне рускиот главен град, додавајќи: „Јас не сум ...
Иран заплени странски танкер во Оманскиот Залив за шверц на два милиони литри гориво, соопштија судските власти во иранската покраина Хормозган, цитирани од британските медиуми. „За време на континуираниот процес на следење и контрола на сомнителни движења за шверц на гориво во Оманскиот Залив, службениците прегледаа странски танкер поради недостаток на соодветни документи за неговиот товар и го запленија под обвинение за транспорт на два ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Го читам текстот на колегата Дехран Муратов, насловен „Изградбата на автопатот Кичево-Охрид со лажица, кампањата на Мицкоски со багер“. Одличен, како и секогаш, Дехран прецизно ја слика гротеската на македонската политика и евтиниот политички пропаганден театар на власта за делницата од автопатот со должина од неполни 20 километри. Во текстот, нашиот новинар ја отсликува македонската политичка реалност и преку турканицата околу ...
Стапките на неухранетост кај децата во Појасот Газа се дуплираа откако Израел остро го ограничи влезот на храна во март, соопштија ОН, објави Асошиетед прес. Според здравствените службеници, во нови израелски напади загинаа повеќе од 90 Палестинци, вклучувајќи десетици жени и деца. Гладот се зголемува кај повеќе од 2 милиони Палестинци во Газа откако Израел го прекрши прекинот на огнот во март за да ја продолжи војната и забрани влегување на ...
На фронтовската линија вчера во Украина, 15 јули, имаше 171 борбен судир меѓу украинските одбранбени сили и руските окупатори. Според Укринформ, ова го објави Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук во врска со ситуацијата од 8:00 часот наутро во среда, 16 јули. Вчера, Русите започнаа два ракетни напади и 54 воздушни напади врз позициите на украинските единици и населените места, користејќи две ракети и исфрлајќи 86 наведувани ...
Амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина од почетокот на руска воена агресија, на Платформата Х 1238 ден од руската војна во Украина го посвети на Денот на Украинската државност. Ден 1238. Денес заедно со украинската заедница го одбележавме Денот на Украинската Државност, оддавајќи почит на повеќе од илјадагодишната историја на украинската државност. Украина се ...
Иницијативата SupportKocani успешно ја реализираше донацијата наменета за повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во Кабаре клуб „Пулс“ во Кочани со Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје. Донацијата е формализирана со потпишување на договор за донација, а вклучува 100 комплети T-LAB PRP KIT, 10 комплети EXOMINE SMART KIT, 4 пакувања аминокиселини и 4 пакувања протеини. Вкупната ...