Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Сè почесто низ македонските фирми се слуша истата реченица: „Останавме половина од тимот, а работа – повеќе од кога било“. На хартија, тоа изгледа како зголемена продуктивност, но во пракса – тоа е замор, пад на мотивацијата и чувство дека трудот не се вреднува. „Не може да зборуваме за продуктивност ако човекот доаѓа на работа со страв дека нема да стигне да заврши сè. Тоа е експлоатација, а не ефикасност“, велат експертите. Според нив, ...
Министерството за трговија на Соединетите Американски Држави објави дека воведува повисоки царини за челик и алуминиум за повеќе од 400 производи, вклучувајќи ветерни турбини, домашни апарати, тешка машинерија, железнички вагони, мотоцикли, морски мотори, мебел и стотици други производи. На списокот на „деривати“ на производи од челик и алуминиум се додадени 407 категории, при што ќе се пресметува царинска давачка од 50 проценти за содржината ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера разговараше телефонски со унгарскиот премиер Виктор Орбан, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери. Главна тема на разговорот беше блокадата на Орбан на преговорите за пристапување на Украина со Европската Унија, според извори запознаени со ситуацијата, објави Блумберг. Повикот на Трамп до Орбан следеше по состанокот во Белата куќа, каде што тој разговараше со ...
Во животот на секој вработен доаѓа миг кога прашањето се наметнува само од себе: „Дали е време да си одам?“ Тоа ретко е едноставна одлука. Работното место често е повеќе од плата – таму се ткаат пријателства, создава чувство на сигурност, па и личен идентитет. Но, постојат ситуации кога останувањето чини многу повеќе отколку заминувањето. Сигнали што не смеат да се игнорираат Првиот аларм е хроничната незадоволност. Ако секој ден одиш на ...
Акциите на „Carlsberg“ паднаа откако компанијата објави пад на обемот и предупреди дека потрошувачите продолжуваат да ги ограничуваат своите трошоци, објави „Bloomberg“. Вкупниот органски обем на данската пиварница за првата половина од годината падна за 1,7%, што е малку полошо од очекувањата на аналитичарите. Компанијата предупреди дека не се очекува побарувачката да се подобри до крајот на годината. Сепак, органскиот оперативен профит се ...
Срцевите заболувања и ракот остануваат двете водечки причини за смрт во светот, а кардиологот со повеќе од 30 години искуство, д-р Еван С. Левин, предупредува дека многу од главните причини се околу нас. Во неодамнешно видео, тој издвои неколку „токсични убијци“ – од нездрави навики и исхрана до фактори на кои честопати дури и не обрнуваме внимание, а сите тие значително го зголемуваат ризикот од овие сериозни состојби. Еве ги работите за кои ...
Во февруари, Apple го претстави iPhone 16e како наследник на целата SE линија. Бидејќи го носи истиот број во името како и главните премиум модели, можеби очекувавте дека и e-серијата ќе добива годишни изданија. Врз основа на неодамнешните гласини, токму тоа ќе се случи – iPhone 17e се очекува на пролет следната година. Денес, главните спецификации на овој уред, најевтиниот модел на Apple (овогодинешниот модел чини околу 450 долари), беа ...
На 20 август завршува уште едно блескаво издание на „Охридско Лето“ – фестивал кој веќе 65 години ја збогатува македонската културна сцена и го претвора Охрид во вистинска престолнина на уметноста. И оваа година, Виталиа беше дел од оваа исклучителна приказна, како верен партнер и поддржувач на нашето културно наследство. Фестивалот започна со впечатливото отворање „Трансформација на сетилата“ во изведба на Македонската филхармонија, а ќе ...
Агенцијата S&P го потврди рејтингот на Соединетите Американски Држави на ниво „AA+“ и процени дека приходите од царините воведени од претседателот Доналд Трамп ќе помогнат да се неутрализира фискалниот притисок по усвојувањето на новиот пакет даночни олеснувања и зголемена потрошувачка. Во соопштението, S&P нагласи дека американската економија останува силна и диверзифицирана, со институционални предности, ефикасен систем на „контроли ...
Дојче Телеком е посветен на обезбедување дополнителна вредност во секојдневниот живот на луѓето, со тоа што нуди многу повеќе од комуникациски услуги за корисниците. Во партнерство со Wolt, компанија којашто е позната по својата платформа за локална трговија, Телеком на своите корисници им носи уште повеќе поволности и предности. Македонски Телеком им се приклучува на останатите оператори на Дојче Телеком во Европа и преку партнерството со ...
„Antigravity“ произлезе од инкубаторот на познатиот производител на камери „Insta360“, а под својот нов бренд, сега го претстави својот прв производ – „Antigravity A1“. Тоа е првиот дрон во светот кој доаѓа со вграден систем за снимање сферични видеа во 8K резолуција. Овој иновативен уред комбинира „импресивно“ искуство со летање, многу едноставни контроли и, според производителот, неограничени креативни можности за видеографи. Интуитивна ...
Одливот на капитал од Кина достигна рекордни нивоа во јули, поттикнат од зголемените купувања на средства од Хонг Конг од страна на инвеститорите од континенталниот дел по новите мерки за либерализација на пазарот, објавува „Bloomberg“. Според податоците од Државната администрација за девизи, локалните банки префрлиле 58,3 милијарди долари (речиси 50 милијарди евра) во странство минатиот месец во име на нивните клиенти кои инвестираат во ...
Со стапувањето на сила на сеопфатните тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои ги подигнаа просечните тарифи на земјата на највисоко ниво од Втората светска војна, лесно е да се помисли дека глобализацијата се врати во обратна насока, воведувајќи нова ера на протекционизам, фрагментација и преместување. Дел од песимизмот може да биде преувеличен, пишува Крис Брајант за „Bloomberg“. Иако Соединетите Американски Држави беа главен архитект на ...
Дали е поисплатливо да се купи стан во зграда или да се инвестира во куќа со двор? Прашање кое на прва звучи практично, но зад себе крие десетици слоеви – од комунални трошоци, преку вредност на имотот на долг рок, па сè до психолошкиот комфор. Цената на квадратот не е единствениот фактор Во централните делови на Скопје квадратот во станбена зграда одамна ја надмина сумата од 1.600–1.800 евра. Куќа со двор на периферија може да се најде и за ...
Качувањето по скали е една од најлесните, а во исто време и најмоќните форми на физичка активност. Освен што помага во намалување на телесната тежина, оваа навика ги зајакнува мускулите, ја подобрува кондицијата, го зајакнува срцето, го продолжува животот и го намалува стресот. Го согорува вишокот маснотии Качувањето по скали ги активира мускулите на нозете, колковите и стомакот. Во просек, 30 минути искачување може да согори и до 500 ...
„BMW“ го означува крајот на производството на тековната „Series 8“ на посебен начин – со лансирање на ограничено издание на „M850i Edition M Heritage“, инспирирано од оригиналната генерација „E31“ од 90-тите. Баварскиот производител ќе произведе само 500 примероци, а главната атракција се автентичните ретро бои што беа понудени на моделите од 1990 до 1999 година. Купувачите можат да изберат од следниве нијанси: Светло црвена, Маврициус сина, ...
На 19 август започна Back to School кампањата на Нептун, која ќе трае до 31 август 2025 година. Потрошувачите имаат на располагање голем асортиман на производи – лаптопи, персонални компјутери, таблети, смартфони, слушалки, паметни часовници и аксесоари, достапни со специјални услови на купување до 48 рати без камата. Покрај стандардната понуда, достапна е и Back to School – Онлајн понуда, која вклучува бесплатна достава за нарачки над 3.000 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретнаа во Белата куќа во понеделник, демонстрирајќи значително поинакво однесување од нивната несреќна средба во Овалната соба во февруари. Трамп го поздрави Зеленски пред Западното крило и се ракуваше со него, додека одобрувачки климаше за неговата „надградена облека“ (овој пат носеше јакна, наместо вообичаениот црн воен џемпер), објавува Дејли меил. ...
Аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов во последната колумна „Закони да, еко лажговци не!“ оценува дека на Македонија и се потребни два засебни закона за рударство и геологија, бидејќи, како што додава, само со соодветна регулација и строг надзор, рударството може повторно да стане столб на македонската економија, да создава развојни можности и да помогне во спречување на „белата чума“ и иселувањето. -Ако го видите посебно предлог ...
Сè повеќе семејства во Македонија остануваат со празни тегли за зимница и со празни чинии. Зеленчукот, кој до вчера беше основа на секојдневната трпеза, денес за многумина е недостижен луксуз. Податоците се сурови: за една година цените на зеленчукот скокнале за драстични 63,3 проценти, овошјето за 33,2, а вкупниот раст на растителното земјоделско производство изнесува 39,9 проценти. И додека добиточната храна бележи релативно умерен пораст ...
Што смее, а што не е дозволено откако ќе бидат распишани изборите, во случајов локалните избори. Оваа дилема секогаш е актуелна кога сме пред изборен процес, а добар дел и од оние кои ги знаат правилата ги прекршуват. За регулирање на овој процес се е прецизно дефинирано во Изборниот законик, а редовно и Државната комисија за спречивање на корупцијата излегува со јасни препораки. Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори ...
Замрзнувањето на храната често предизвикува сомнежи, бидејќи многумина веруваат дека овошјето и зеленчукот ги губат своите хранливи материи. Всушност, правилното складирање овозможува да се зачуваат сите важни хранливи материи. Замрзнувањето денес повеќе не е прашање на личен избор, туку станува секојдневна неопходност во забрзаниот животен стил. Во време кога не одиме редовно во продавница, добар замрзнувач ни овозможува секогаш да имаме ...
„Постои оптимизам, верувам дека заедно ќе постигнеме договор што ќе одврати каква било идна агресија врз Украина“, рече американскиот претседател. Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, кој се сретна со својот украински колега Володимир Зеленски во Вашингтон, рече дека денот на преговорите во Белата куќа досега бил „многу успешен“, нагласувајќи дека има простор за постигнување договор меѓу САД, Украина и Русија. Тој ...
Европски парламент: Во 2023 година, имало повеќе од 36,2 милиони пријави за сомнителна сексуална злоупотреба на деца преку интернет. Бројот на пријави поврзани со злоупотреба на деца се зголемил за повеќе од 300 проценти помеѓу 2021 и 2023 година. Со почетокот на данското претседателство со Советот на Европа, обновена е дискусијата за воведување закон за надзор на комуникациски апликации како што се WhatsApp или Signal, Telegram, Instagram, ...
Се враќаат. Некои по дваесет години печалба, други по неколку сезона на работа во Германија, Италија или Америка. Македонци кои решија да го напуштат комотниот живот во туѓина и да се вратат на својата земја – со надеж, со страв, и со куп прашања во глава: „Добро ли направивме?“ Зошто се враќаат? Причините се различни. Дел велат дека странството ги изморило – добри пари, но студени лица, без пријатели, без топлина. „Таму не е живот, таму е ...
Охрид и годинава врие од туристи. Улиците се преполни, чаршијата е жива, кафулињата полни со млади лица… Но, зад оваа слика се крие една друга реалност: градот добива бројки, но не и сериозен профит. Причината? Туристите што доминираат во последниве недели се главно средношколци од Македонија и странци со ограничен буџет. „Гледаш море од луѓе низ чаршијата, ама џабе е ако касата не ѕвони“, вели сопственик на мал ресторан во стариот дел од ...
Заборавете ја медитеранската диета – од студените земји на снегот и лососот доаѓа нов начин на исхрана кој покажува извонредни резултати за здравјето на срцето. Сè повеќе истражувања потврдуваат дека нордиската диета помага во намалување на обемот на половината, регулирање на холестеролот и контрола на крвниот притисок. Експертите веруваат дека оваа посебна диета може да биде пресвртница во борбата против кардиоваскуларните заболувања, кои се ...
На традиционалниот настан „Monterey Car Week“, „Lexus“ го претстави својот спортски концепт. Ова е најава за модел што многумина веќе го нарекуваат „LFR“, а надворешниот дизајн изгледа како мешавина од легендарниот „LFA“ и елегантниот „LC500“. „Lexus“ сè уште не објави технички детали, ниту фотографии од ентериерот, но се очекува наскоро да излезат повеќе информации. Она што е познато: автомобилот има V8 со два турбополначи, моторот е ...
Групацијата „Klarna“ мораше да издвои повеќе средства за потенцијално проблематични кредити во вториот квартал, што изврши притисок врз резултатите пред очекуваното јавно деби, објави „Bloomberg“. Компанијата соопшти дека резервациите се зголемиле за 64% на 174 милиони долари во кварталот што заврши во јуни. Во исто време, кредитните загуби во текот на периодот останаа ниски, сочинувајќи помалку од 1% од бруто обемот на стока. Иако ...
Новиот имот на Бред Пит вклучува шест спални соби, осум бањи и раскошни додатоци како кино, спа центар, студио за снимање итн. Луксузната вила лежи на имот од три хектари и се наоѓа во Холивудските ридови. Дејв Кунинг, коосновач и гитарист на групата „The Killers“, ја продаде својата вила во Лос Анџелес на добитникот на Оскар и продуцент Бред Пит за 12 милиони долари. Луксузната вила се наоѓа во Холивудските ридови, а продажбата првпат ја ...