Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Вчера (05.09.2025) околу 14:00 часот во ОВР Валандово, било пријавено дека на регионалниот пат од с.Јосифово кон с. Пирава, кај место викано „Железен мост“, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт“ со приколка, со валандовски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(75) од с.Пирава, валандовско и мотоцикл „сузуки“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од С.К.(34) од с.Јосифово, валандовско. Како што се наведува ...
Тешки телесни повреди здобил 21-годишниот К.С. од с.Оризари, кочанско, откако вчера попладне управувајќи мотоцикл „хонда“ удрил во паркирано патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на О.Г.(55) од Кочани. Несреќата се случила на ул. „Роза Петрова“ во Кочани, а мотоциклистот бил пренесен и констатиран со тешки повреди во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. На местото на настанот бил извршен увид од увидна ...
Вчера во 16:49 часот на магистралениот пат Куманово–Крива Паланка се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Нисан“ со скопски регистарски ознаки и товарно моторно возило, кое го напуштило местото на несреќата, соопшти СВР Куманово. Возачот на „Нисан“, Л.С. (57) од Скопје, се здобил со телесни повреди и бил пренесен на соодветна здравствена установа. Полицијата презема итни мерки за пронаоѓање на возачот на товарното ...
Доцна синоќа повторно тлото повторно се тресеше силно во Авганистан само неколку дена откако катастрофален земјотрес го погоди источниот дел од таа држава. Според Американскиот геолошки центар, земјотресот бил со интензитет од 5,2 степени и се случил во источната покраина Кунар на длабочина од 10 километри. Потресот бил почувствувано и во Кабул, но засега нема извештаи за жртви или штети. Источниот дел на Авганистан во изминатите денови ...
Земјотрес стресе делови од Македонија – еве каде е епицентарот Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 02 часот и 13 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална ...
Септември ќе биде особено значаен за 3 хороскопски знаци. Тие ќе го почувствуваат товарот на минатите предизвици како полека се топи, а пред нив ќе се отворат нови можности и благослови што ги чекале долго време. Нивната добра карма сега се остварува. Септември носи силна астролошка енергија. На почетокот на месецот, затемнувањето на Месечината во Риби ги затвора старите кругови, носи исцелување и го враќа она што е направено од срце. ...
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 26 до 36 степени Целзиусови. Во Скопје, претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 35 степени. Утре времето ќе биде ...
Вечерва во Нови Сад полицијата со силна интервенција влезе во студентскиот кампус и насилно ги растера демонстрантите на протестот „Србијо, дали се слушаме?“ Со солзавец, пендреци и со оклопни возила биле нападнати и студенти и граѓани, а дел од нив биле извадени од кампусот, јавуваат српските медиуми. Според извештаи во живо, специјалните единици на полицијата упаднале во кампусот и почнале да ги потиснуваат собраните граѓани и студенти. ...
Трагичната вест ја објави Карате федерацијата на Македонија. Со длабока жалост ве известуваме дека почина др Перо Костанчев. Карате федерацијата на Македонија изгуби признат спортски доктор, голем љубител и поддржувач на карате спортот, поранешен член и претседател на Лекарската комисија на КФМ. Др Перо Костанчев ќе остане запаметен како искрен вљубеник во карате спортот и како човек кој со својата посветеност остави траен белег. Искрено ...
Градоначалникот на Берово известува дека голем пожар изби во беровскиот регион. „АПЕЛ до граѓаните да се вклучат во гаснењето на пожарот, кој избувна на месноста Гарваново андак. Според информациите од ТППЕ Берово, кои во цел состав се на терен, заедно со ШС Малешево од Берово и Пехчево, пожарот брзо се шири накај Градишчето и Трсавица. Доколку во најскоро време не се стави под контрола, може да биде фатално, поради густата брица која ја ...
Тие ќе бидат исклучително успешни и среќни – се предвидува дека ќе стекнат значително материјално богатство, ќе имаат просперитетен професионален живот и ќе доживеат многу радосни моменти во љубовта. Ќе имаат можност да го остварат својот најважен сон. БИК Биковите ги очекува навистина посебен период во животот. Учењето и самонадградувањето ќе ви помогнат да постигнете одлични резултати. Работите ќе одат одлично на работното место – постои ...
Д.А. (19) од Сајани во близина на Кикинда е осомничен дека имал сексуален однос со девојче (13) во Кикинда во текот на јули, по што таа забременила. Д.А. бил испрашуван на 2 септември и му бил одреден притвор од 48 часа. „Осомничениот бил испрашуван во Јавното обвинителство во Зрењанин пред законскиот рок. Наредбата за спроведување истрага го товари осомничениот дека имал сексуален однос со 13-годишно дете во Кикинда во текот на јули 2025 ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело други полови дејствија врз девојче родено во 2020 година, дело казниво според член 188 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот 24-годишник, во неговиот дом во Волково, неколку пати извршил полови дејствија кои што не се состојат во вагинална, анална или орална пенетрација, врз оштетеното дете ...
На 66 годишна возраст, рано утринава, во својот дом во Велес почина д-р Љубинка Стефкова Камчева, објави порталот Дума.мк Како дипломиран лекар од Општа медицина Стефкова Камчева својата професионална кариера ја започна во амбулантата на поранешниот Медицински центар на Титов Велес во село Извор. Потоа таа беше дел од лекарскиот тим на Итна медицинска помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес се до своето пензионирање. Нејзините колеги како и ...
Познатиот музичар и еден од основачите на легендарната група „Седморицата млади“, Љубиша Љуба Милиќ, починa на 86-годишна возраст, соопшти неговото семејство. Роден на 4 август 1939 година во Крагуевац, Милиќ го завршил средното образование таму, а во 1958 година се преселил во Белград. Таму ги започнал студиите по англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет. Уште како млад, започнал да го изучува тромбоново, а во Белград две години ...
Скопје – Вчеравечер околу 21:55 часот, на улицата „100“ во Ново Село се случи сериозна сообраќајна несреќа што остави две млади лица со тешки повреди. Според полицијата, патничко возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот А.М., се судри со мопед на кој се наоѓале 26-годишниот В.Ш. и неговата сопатничка И.В. (27) од село Волково. Двете повредени лица беа пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 Септември 2025 ...
За само час и половина, Србија беше погодена од 3 земјотреси, од кои најсилниот беше 4,4 степени според Рихтеровата скала. Денес, во 14:43 часот, земјотрес со магнитуда од 4,2 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во областа Голија, околу 20 километри источно од Сјеница. Според прелиминарните податоци, теоретскиот интензитет на епицентарот беше проценет на шестиот степен според Меркалиевата скала. Околу дваесет минути подоцна, ...
Земјотрес со јачина од 4,3 степени по Рихтер денеска попладне ја погоди Србија. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот е регистриран во 14:43 часот по локално време. Епицентарот се наоѓал на длабочина од 6 километри. Земјотресот бил на околу 64 километри јужно од Чачак, град со над 117 илјади жители, и 14 километри северозападно од Соколовица, населено место со околу 1.000 жители. Засега нема информации за жртви ...
Македонската царина при претрес на возилото го фатила екс генералниот секретар на Владата на Заев, Драги Рашкоски со кеш пари, 20.000 евра на јужната граница за кои немал покритие ниту биле пријавени, објави Лидер.мк Тој овие пари сакал да ги пренесе на грчка страна. Во моментот е задржан на границата Богородица, а вишокот на сумата е конфискуван. Инаку во прв степен, поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и уште ...
Денес се одбележуваат 16 години од кобната случка на Охридското Езеро, кога при потонувањето на пловилото „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од блиската Бугарија. Трагичниот настан се случи на 5 септември 2009 година, во 10 часот и 30 минути. Бродот „Илинден“, кој транспортираше 57 патници од Охрид кон Свети Наум, како резултат на техничка неисправност, преоптовареност и страв, се преврте и потона на околу 250 метри одалеченост од ...
Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар – село Градец, во с.Добридол, гостиварско, патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(30) од село Врапчиште, гостиварско, удрило во пешакот З.Ш.(65) од с.Добридол. По несреќата, пешакот З.Ш. бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде што починал, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, а по член ...
Земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтер денес го погоди југоисточен Авганистан, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти GFZ. Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер вчера го погоди југоисточен Авганистан, по серијата земјотреси што ја погодија централноазиската земја претходно оваа недела, при што загинаа повеќе од 2.200 луѓе, а повеќе од 3.600 беа повредени ...
Во тешка сообраќајна несреќа која се случи на 3 септември 2025 година, 76-годишен возач од Битола, управувајќи со патничко возило „опел корса“, се судри со товарно возило „ман“. Инцидентот се случи околу 14:30 часот на експресниот пат Прилеп–Градско, во близина на надвозникот за село Сирково. Според информациите од полицијата, возачот на „опел корса“, идентификуван како В.С. од Битола, претрпел тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен во ...
Тешка несреќа, девојче со тешки повреди итно пренесено во болница Вчера околу 14:00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на бул. „Февруарски Поход“ во Скопје, товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(53) од Скопје удрило во 18-годишната И.И. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.И., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР ...
Времето утре ќе ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени. Следува период на претежно стабилно време. До ...
Авганистан повторно беше погоден од земјотрес, овојпат со јачина од 6,2 степени, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ) Земјотресот бил регистриран на длабочина од 10 километри. Овој потрес следува по серија земјотреси од почетокот на неделава на истокот на земјата, во кои животот го загубија повеќе од 2.200 лица, а над 3.600 беа повредени. Многу села беа целосно уништени, а десетици илјади жители останаа без свој дом. ...
Две лица од Берово се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Берово–Струмица, кај местото викано „Цикарски колиби“. Според информациите од МВР, несреќата се случила на 3 септември 2025 година, околу 19:50 часот, кога патничко возило „сузуки“ со беровски регистарски таблички, управувано од И.Ц. (74) од Берово, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, како и неговата ...
Џорџо Армани, модниот дизајнер кој засекогаш го промени начинот на кој светот ја гледа елеганцијата, почина на 91-годишна возраст. Групацијата „Армани“ ја потврди веста за неговата смрт. Армани починал мирно, опкружен со своето најблиско семејство. До последниот момент остана активен во работата, посветен на брендот што го изгради и кој веќе пет децении го дефинира духот на современата италијанска мода. Неговата кариера почна скромно – како ...
Младо момче пронајдено мртво – телото предадено на обдукција Кавадарчанец синоќа бил пронајден починат во викендичка, телото е дадено на обдукција, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Во 22:45 часот во ОВР – Кавадарци, И.Д., 42-годишен кавадарчанец, пријавил дека во неговата викендица на Тиквешко Езеро во Кавадарци го пронашол починат неговиот пријател С.С., на 46-годишна возраст, појаснија од СВР – Велес. Лекар од ...