Новинарите кои денеска ќе присуствуваат на годишната прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин ќе бидат испрскани со сребрени честички на влезот за дезинфекција. – Подготвувајќи се за конференцијата за новинари нашите експерти посебно внимание посветија на санитарните барања, наведе портпаролката на одделението за претседателски имот Елена Крилова. Путин денеска ќе ја одржи традиционалната годишна прес-конференција. Поради ...

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, најави можно укинување на евтината дневна тарифа на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Бислимовски во емисијата „Студио 10“ рече дека повеќе не постојат „пиковите“ од 14 до 16 часот. – Ги правиме последните анализи, ќе направиме се да ја спасиме дневната евтина тарифа, рече Бислимовски песимистично. Тој најави и дека же ...

Во Израел е регистриран првиот смртен случај од инфекција со новиот вид на коронавирусот, омикрон. Според Медицинскиот центар „Сорока“ во Бершева на југот на земјата, починал 75- годишен маж кој боледувал од други болести и примил само две дози од вакцината. Најмалку 341 лице се заразени со сојот омикрон во Израел досега, соопшти вчера Министерството за здравство. Ова е сè уште само мал дел од илјадниците моментални случаи на ...

Претседателот на државата денеска ќе го има третото годишно обраќање во Собранието, кое традиционално се случува пред Нова година. Обраќањето пред пратениците е закажано за 12 часот. Се очекува шефот на државата да зборува за актуелните случувања и за очекувањата наредната година. Обраќањето е во период кога се очекува формирање нова Влада. Актуелната на чело со премиерот Зоран Заев се очекува од денеска да биде во оставка. По оставката на Заев, ...

Само 10 дена не делат од одлуката за новата цена на струјата која ќе важи по Нова Година. Според надлежните првични информации која понуда и под кои услови ќе се прифати, а која не, би имале до крајот на оваа или пак почетокот на наредната недела. Претходно претседателот Марко Бислимовски најави дека Електродистрибуција бара 100% зголемување на струјата поради високите берзански цени, 60% бара МЕПСО, а барање доставиле и ЕВН Хоум но без да ...

Донесов одлука да не учествувам во новата Владата со новиот мандатар, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска во изјава за медиумите при посетата на Факултетот за земјоделски науки и храна. -Во изминатите пет години заедно со мојот тим навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата ...

Голем број европски земји ги заоструваат мерките поради доаѓањето на новиот вид коронавирус, кој ќе стане доминантен веќе во 2022 година. Ситуацијата стана загрижувачка откако новиот сој првпат беше регистриран пред неколку недели во неколку африкански земји. Би-би-си јавува дека француските власти најавиле дека ќе го намалат периодот помеѓу примањето на втората и третата доза од вакцината на четири месеци. Во последните три дена Велика ...

Трет пат по ред, вчеравечер се одржа „U&Z Influencer Awards”, избор за инфлуенсери на годината во организација на „Колор медиа плус”. Концептот годинава беше поделен во два сегменти, од кои едниот се однесуваше на избор на оние што сакаат да го зацврстат своето влијание на социјалните мрежи, да го зголемат бројот на следбеници, а вториот беше предвиден за инфлуенсерите што веќе се етаблирани на социјалните мрежи. ...

Министерот за правда Бојан Маричиќ му предложи на претседателот Стево Пендаровски да бидат помилувани шестте месеци од преостанатото време во затвор на Сеад Кочан, осуден за кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик“. Во документот до кој дојде телевизија Алсат се наведува дека се бара делумно помилување. „Да биде делумно ослободен од натамошно издржување затворска казна, односно шест месеци. „Затворската ...

Најчести симптоми на новата варијанта на коронавирус, омикрон, се течење на носот, главоболка, кивање, замор и болка во грлото, тврдат британски научници и предупредуваат дека луѓето треба да обрнат повеќе внимание на овие симптоми за да не се припишуваат само на настинка туку и на можна зараза со омикрон сојот. Научниците посочуваат дека симптомите на омикрон се многу поблиску до оние на настинка од претходните варијанти на коронавирус и ...

Африм Гаши да биде идниот мандатар на новата Влада, предложи денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Мицкоски предложи Африм Гаши наместо Димитар Ковачевски да биде новиот мандатар на Владата. Вели тоа е одговор на барањето на ДУИ за Албанец премиер и доказ дека неговата партија нема етнички комплекси и дека се води само според компетенциите. „Бидејќи Пендаровски бара 61 потпис, да застанеме со 61 потпис зад името на Африм Гаши ...

Од 2007 година, емисиите на Цементарница УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите. Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите. Цементарница УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 ...

На денешното рочиште за случајот “Плацевите на Водно”, сведочеа двајца сведоци на Обвинителството, кои посочија дека биле донатори во минатото за партијата ВМРО-ДПМНЕ. Едниот од нив е Драги Огњановски, кој истакна дека во 2006 година, донирал пари за ВМРО-ДПМНЕ. -Пред изборите, донирав 300.000 денари. Тогаш ми се јави Коце Трајановски, бидејќи сме градежна фирма, работиме и за општини и за приватни лица. Општината ми должеше пари, па ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на брифинг со новинарите информираше дека имала закани од луѓе, поради како што вели, за да не ги открие постапките за незаконското работење на нејзините претходници. -Добивам закани од луѓе за да не објавувам, за да им бидат простени злоупотребите. Ако почнам да пријавувам закани ќе треба по цел ден да бидам во полиција. Сепак, јас овде нема да застанам, ниту да потклекнам, вели Арсовска. Во ...

Над дваесетина луѓе загинале кога пожар зафатил медицинска клиника во јапонскиот град Осака. На 27 лица им бил дијагностициран „срцев удар и респираторен застој“. Овој термин често се користи во Јапонија пред официјално да се потврдат смртните случаи. Полицијата истражува дали пожарот бил подметнат, јавуваат јапонските медиуми, наведувајќи дека ден постар маж наводно донел кеса од која истекла запалива течност и се запалила. Се ...

Четири деца загинаа, а уште неколку ученици се тешко повредени при пад од височина од 10 метри, откако силните ветрови кренале во воздух гумен замок за скокање во основно училиште во Тасманија, соопшти австралиската полиција. Службите за итни случаи, вклучително и неколку хеликоптери, брзо пристигнале на местото на несреќата во основното училиште Хилкрест во градот Девонпорт, трето по големина населено место на островот, објави ...

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -8 степени, во Маврово и во Крушево се измерени -5, во Берово и Крива Паланка -4, во Штип, Дебар, Виница и Претор -3, во Охрид, Тетово и Струмица -2, а во Битола и Прилеп -1. Еден степен над нулата е во Скопје и Куманово, два во Демир Капија, а максимални три степени се регистрирани во Дојран и Гевгелија. На Попова Шапка има и најмногу снег 55 сантиметри, во Маврово снежната покривка е 36, а во Крушево 16 ...

Откриено е дека варијантата омикрон ковид се размножува околу 70 пати побрзо од оригиналната и Делта верзијата на коронавирусот во примероци од ткиво земени од бронхиите, душникот до белите дробови, во лабораториски експерименти кои би можеле да помогнат да се објасни неговиот брз пренос, објави Гардијан. Студијата, направена од тим од Универзитетот во Хонг Конг, исто така покажа дека новата варијанта расте 10 пати побавно во ткивото на белите ...

Истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија во која загинаа 45 лица е при крај. Се очекуваат само резултатите од вештачењата – судско-медицинска, техничка и пожарно-техничка. Тие би можело да бидат готови пред Божиќ, (з.а. на 25 декември), изјави денеска за БНТ шефот на бугарската Националната истражна служба Борислав Сарафов. Според Сарафов, податоците во моментот покажуваат дека брзината на автобусот ...

Магазинот „Тајм“ го прогласи производителот на електрични автомобили „Тесла“ и извршниот директор на „Спејс Икс“, Илон Маск за „Личност на годината“ за 2021 година, јавува Anadolu Agency (AA). „Ова е човек кој сака да ја спаси нашата планета и да создаде нова за нас да ја населиме“, напиша во понеделникот магазинот. Тој беше опишан како „генијалец и визионер“. ...

Британскиот премиер Борис Џонсон во неделата вечер ѝ се обрати на јавноста со претходно снимена изјава по воведувањето на вонредна состојба во земјата поради омикрон варијантата на вирусот. „Никој не треба да се сомнева во тоа дека ни пристигнува силен бран на омикрон. Се плашам дека сега е јасно дека две дози вакцина едноставно не се доволни за нивото на заштита што ни е потребна на сите“, рече Џонсон. „Веднаш примите бустер ...

Поради два паднати големи далновода во планинските и тешко пристапни предели, четвртина Македонија остана без струја. Нема струја од Кичево па до Охрид. Според првичните информации што ги добивме од директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, проблемот е голем. Двата далновода паднале од многу снег кој интензивно врне на планините. Ангелов кажа дека подоцна ќе има повеќе информации за ситуацијата. Вели дека во моментов ...

Една од предводниците на протестите против ковид мерките кои се одржаа минатото лето, Гордана Гоџо, сними вербален конфликт пред влезот на основно училиште каде вработените не и дозволуваат на нејзината ќерка да влезе без заштитна маска. Вработените на училиштето инсистираат на почитување на ковид протоколите, кои налагаат секое од децата да носи заштитна маска и да му биде измерена температура при влез во училиштето, додека Гоџо инсистира ...

Најмалку 53 мигранти загинаа од повеќе се повредени во сообраќајна несреќа со два камиони во државата Чајапас во јужниот дел на Мексико. Несреќата се случила кога приколката од едниот од двата камиони кои учествуваа во несреќата се извртела на опасна кривина надвор од градот Тукстла Гутиерез, соопшти шефот на агенцијата за цивилна заштита во Чиапас, Луис Мануел Гарсија. Гарсија, рече дека, според очевидци, камионот возел пребрзо во острата ...

АД ЕСМ попладнево соопшти дека не доставиле понуда до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум затоа што одлуката од Владата во однос на препорачаната цена и количините на струја била за шест месеци, а тендерот на ЕВН Хоум е за 12-месечен период. – Одлуката од Владата на Република Северна Македонија во однос на препорачаната цена и количини на електрична енергија со кои АД ЕСМ треба да се јави на тендерот на ЕВН Хоум за 2022г. се однесуваат на ...

Мартин Протуѓер, еден од најблиските соработници на поранешниот премиер Никола Груевски, денеска сведочеше на рочиштето за “Плацевите на Водно”. Тој појасни дека од 2005 година почнал да работи во ВМРО-ДПМНЕ, најпрвин како шеф на кабинетот на претседателот, а од 2008 до 2011 година бил именуван за генерален секретар на партијата. Протуѓер истакна дека иако со функцијата генерален секретар ја добил и обврската околу финансирањето на ...

Државната изборна комисија повеќе од една недела не одговара на прашањата дали и на кој начин е законски регулирано поставувањето на рекламни мегаборди на Јавни претпријатија за платено политичко рекламирање, нешто што не е пропишано во Изборниот законик. Но, и воопшто, дали овие локации претходно се пријавени да бидат дел од ждрепката на ДИК, во случај кога веќе го нудат просторот за рекламирање за време на кампања. Ваков тип на рекламирање ...

За еден месец би требало да се избере новиот шеф на скопското обвинителство, откако пред половина година, обвинителот Сашо Рајчев се повлече од позицијата и беше избран за виш обвинител. Претседателот на Советот на јавните обвинители Антонио Јолевски за „Фокус“ вели дека изборот се пролонгираше поради изборите, но сега останува да состанат членовите на Советот и да гласаат. Во трката се тројца обвинители и тоа Гаврил Бубевски, кој ...

Соборената лидерка на Мјанмар, Аунг Сун Су Кји, е осудена на четири години затвор во првата од серија пресуди со кои би можела да остане зад решетки до крајот на животот. Таа е прогласена за виновна за поттикнување немири и за прекршување на правилата за заштита од ковид-19 според законот за природни катастрофи. Добитничката на Нобелова награда за мир се соочува со вкупно 11 обвиненија, што таа ги негира. Су Кји се наоѓа во домашен притвор од ...

По одлуката на Алтернатива да се вклучи во парламентарното мнозинство, веќе, иако неофицијално, е договорено оваа партија да го предводи Министерството за здравство, а најверојатно министерската позиција од Венко Филипче ќе припадне на стоматологот Беким Сали, кој беше кандидат на Алтернатива за градоначалник на Чаир. Фактор од свои сигурни извори дознава дека за заменик-министер за здравство е предложен актуелниот директор на Здравствен ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1023
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1023
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
78%
1023
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
71%
1024
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
0.45
72%
1022
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.45
84%
1024
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
0.89
76%
1021
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1023
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1023
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
87%
1022
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
71%
1022
Currency

61.5417

Currency

52.9349

Currency

70.4249

Currency

35.1475

Currency

38.1696

Currency

65.6794

Currency

7.48627

Currency

0.68452

Currency

0.33755

Currency

0.52402

Currency

1.24143

Currency

0.58871

Злато

135307.19

Калај

40.61

Алуминиум

2.89

Иридиум

145787.60

Цинк

3.26

Платина

54545.58

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Паладиум

47808.16

Бакар

10.74

Родиум

256402.20

Никел

472696.35