Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 5.446 тестови, а регистриран е 1.861 нов случај на ковид-19: Скопје – 908, Битола – 115, Кавадарци – 100, Куманово – 88, Тетово – 75, Прилеп – 69, Велес – 54, Струмица – 50, Гостивар – 45, Охрид – 41, Штип – 37, Гевгелија – 34, Неготино – 32, ...

Доцна синоќа починал Реџаил Ќерими кој беше осуден на доживотна затворска казна за случајот со нападот на полициските „Алфи“ кај ПМФ. Од МВР потврдуваат дека кај нив е пријавена смрт на затвореник од КПУ „Идризово“, Ќ.Р. (52) од Куманово. Ќерими починал како последица на мозочен удар. Бил пронајден без свест во затворската бања, а починал при транспортот во болница. Одбраната на лицата кои добија казна доживотен затвор со ...

Ќе те убиеме многу брзо ако не ги ослободиш новинарите од телевизија „Алфа“, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ. Вакви закани преку препорачана пратка вчера добил републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески. Пратката, како што соопштуваат од обвинителството, била пратена од Пошта Битола на 17 јануари, а двете писма што му стигнале се напишани на македонски и на англиски јазик. -Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет ...

Се очекува да поскапат цигарите на домашниот пазар, најверојатно уште од почетокот на следниот месец. Според неофицијалните информации од тутунската индустрија, цената на цигарите за една кутија ќе порасне околу 10 денари. Растот на цената на цигарите се должи на неколку фактори, објаснуваат од тутунската индустрија. Голем притисок за раст на цената на цигарите врши енормното зголемување на цената на природниот гас, струјата и другите енергенси ...

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека е можно да се воведат санкции лично за рускиот претседател Владимир Путин, доколку Русија ја нападне Украина. На новинарско прашање дали е можно такво нешто во случај на руски напад врз Украина, Бајден одговори потврдно. Американскиот претседател рече дека во блиска иднина би можел да префрли дел од 8.500 американски војници кои се ставени на подготвеност, но вети дека американските војници ...

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека доколку ескалира конфликтот меѓу Украина и Русија, ќе ги повлече сите припадници на хрватската армија. Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за време на неговата посета на фабриката „Краш“ во Загреб, го прашаа: „Каква ќе биде улогата на Хрватска ако избие војна меѓу Украина и Русија“. „Нема вистински виновник во оваа ситуација, но многу е јасно кој ќе биде оштетен. ...

Компаниите Фајзер и Бионтек објавија дека започнале клиничко тестирање на нова верзија на нивната вакцина, специјално направена за омикрон варијантата на коронавирусот. Производителите на вакцини против коронавирус работат на верзии на нивните вакцини кои би биле поефикасни против омикрон, во случај глобалните здравствени власти да одлучат дека е потребна промена. Луѓето кои биле вакцинирани имаат веројатност да бидат заразени со омикрон, но сѐ ...

Компаниите Фајзер и Бионтек објавија дека започнале клиничко тестирање на нова верзија на нивната вакцина, специјално направена за омикрон варијантата на коронавирусот. Производителите на вакцини против коронавирус работат на верзии на нивните вакцини кои би биле поефикасни против омикрон, во случај глобалните здравствени власти да одлучат дека е потребна промена. Луѓето кои биле вакцинирани имаат веројатност да бидат заразени со омикрон, но сѐ ...

Возачот на автобусот на „Беса транс“ е виновен за несреќата на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 лица, објави Борислав Сарафов, заменик на бугарскиот главен обвинител на Бугарија, како финален заклучок од истрагата што се водеше во Бугарија. Причина за несреќата е губење на контрола на возачот врз автобусот. И високата, да речам несоодветна, брзина која, сепак, не била над дозволената, изјави Сарафов, пренесува ...

Денеска почина Александар Џамбазов. Веста ја објави неговиот син Игор Џамбазов. Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој…напиша Игор. Александар Џамбазов роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен ...

Денеска требаше да започне судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, во време на СДСМ, Драги Рашковски. Предметот е во Апелација на одлучување по жалба поради што процесот се одлага. На него му се суди за злоупотреби при набавка на софтвер и за перење пари. Во случајот се обвинети уште шест лица. Рашковски беше генерален секретар во Владата на Зоран Заев од јуни 2017 до ноември 2020, а потоа до април 2021 извршуваше друга ...

Главниот координативен кризен штаб на синоќешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена, ја достави до Владата и за неа треба да биде дискутирано на следната владина седница, информира владината прес-служба. На седницата на ГККШ, министерот за здравство Беким Сали ја презентирал актуелната состојба со пандемијата предизвикана од КОВИД-19. ...

Не бев позитивен за време на посетата во Охрид, ниту имав симптоми, реагира генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, откако ВМРО-ДПМНE го обвини дека ширел ковид-зараза во Охрид на Водици. -За време на посетата во Охрид, не бев позитивен и немав никакви симптоми – вели Зечевиќ за Фокус, додавајќи дека дури после посетата на Охрид се тестирал, а резултатот на тестот бил позитивен. Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека тој официјално е ...

Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски попладнево ќе бидат официјално пречекани од бугарскиот премиер Кирил Петков на плоштадот „Св. Александар Невски“. Двајцата премиери ќе положат венци пред Споменикот на непознатиот војник Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, не е дел од владината делегација која денеска замина за Софија каде утре ќе се одржи заедничка седница на двете влади. Тој остана во ...

Миле Јанакиески, обвинет во случајот „Топлик“, денеска на суд беше спроведен со полициска придружба откако тоа на претходното рочиште го побара судијата Осман Шабани. Изминатите рочишта за случајот „Топлик“ беа одложени бидејќи обвинетиот Јанакиески го скршил коленото. Во предметот, кој се однесува на продажбата на државно градежно земјиште во Сопиште за изградба на населбата Сончев Град, Јанакиески тврди дека работел ...

Мексиканската новинарка Лурд Малдонадо е убиена во северниот пограничен град Тихуана, соопштија властите, што е второ убиство на медиумски работник во оваа област во последните седум дена. Малдонадо имала повеќедецениско искуство и била убиена во нејзиниот автомобил во предградието на Санта Фе, соопшти државното Обвинителство. Убиството се случи помалку од седум дена откако почина фотографот Маргарито Мартинез, кој беше застрелан во главата пред ...

Во Апелациониот суд денеска се одржува јавна седница по поднесената жалба на пресудата за актерката Силвија Стојановска со која таа е осудена на три ипол години затвор поради кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, односно учество во шверц на 700 килограми кокаин од Јужна Америка во Шпанија. Одбраната бара Апелациониот суд да ја укине првостепената пресуда и предметот да го врати на повторно судење или ...

САД синоќа соопштија дека наредиле да се вратат дома членовите на семејствата на вработените во Амбасадата во Украина, повикувајќи ги сите американски граѓани да размислат за заминување поради заканата од руска воена акција. Американскиот Стејт департмент соопшти дека одобрил „доброволното заминување на американските државни службеници и наредил заминување на членовите на нивните семејства од Амбасадата во Киев поради континуираната закана ...

Омикрон го означи почетокот на новата фаза во пандемијата на Ковид-19, а можеби и нејзиниот крај во Европа, изјави шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО) Ханс Клуге. – Може да се заклучи дека регионот се приближува кон своевидна последна фаза на пандемијата“, изјави вчера Клуге за АФП, додавајќи дека до март 60 отсто од Европејците би можеле да бидат заразени со омикрон. Кога сегашниот бран на ...

По четири часа, локализиран е пожарот што попладнево избувна во старата административна зграда на поранешната фабрика за леб „Жито Битола“. Сепак, пожарникарите наизменично ќе дежураат ноќва, додека целосно не се изгасне огнот. Во гасење на пожарот кој беше пријавен попладнево во 17.20 часот, учествуваа 27 пожарникари со 9 возила. Повредени нема, но причинета е голема материјална штета. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ...

Нашата позната пејачка Кристина Арнаудова, се обиде, налик на сличните проекти од соседството, за помош на семејства со ниски примања, кои не можат да си овозможат пристоен дом. Нејзиниот проект добро стартуваше, но за жал ќе запре, а Кристина денес објасни зошто: „Драги пријатели ова ќе биде малку подолго…, Драги гледачи, поддржувачи на Проект Куќа и концептот хуманоста да ја ставиме на медиум и да ја направиме популарна, ви ...

Едно лице го загуби животот, а две се повредени во пожар што денеска избувна во болница во центарот на Будимпешта, соопштија локалните власти. Според портпаролката на унгарската полиција, Анџелика Молнар, пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот во болницата и додаде дека засега не е позната причината за пожарот. Портпаролот на итната служба Мате Кисди изјави дека пожарот избувнал на приземјето, а потоа се проширил во соседната соба. ...

Турски суд вчера и одреди притвор на познатата новинарка Седеф Кабас, додека го чека судењето за обвиненијата за навреда на турскиот претседател Ердоган и со тоа го прекршила законот според кој досега се гонети десетици илјади луѓе, јави турската Си-Ен-Ен. Полицијата ја привела Кабас два часа по полноќ и прво ја одвела во главната полициска станица во Истанбул, а потоа ја префрлила во градската судница, каде судот нареди нејзино официјално ...

Хари Нушев е момчето донор на органите кои денес спасија неколку човечки животи. Во текот вчерашниот ден неговото храбро семејството донесе одлука да ги донира органите од својот близок кај кој беше потврдена мозочна cмрт, информираа денес од Министерство за здравство. Прилеп денеска се прости од Хари Нушев момчето кое е донop на органите. Ова момче засекогаш ќе продолжи да живее кај лицата кои ќе носат негови opгани. Oва ја враќа вербата во ...

Поради влошување на состојбата со епидемијата КОВИД 19 во Република Косово, нивните власти вчера донесоа нова одлука, која итно уште од денес стапи на сила, а со која се засилува режимот за влез на државјаните на Република Северна Македонија. Со новата одлука, за влез во Република Косово потребно е да се приложи потврда за примена трета доза вакцина против Ковид 19, или потврда за две дози на вакцина заедно со негативен ПЦР тест не постар од 48 ...

Доцна во ноќта се изврши експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега од пацинет, кај кого беше констатирана мозочна смрт. На еден млад човек му е даден нов живот, кој доби ново срце, додека кај двајца пациенти на дијализа веќе се трансплантираат бубрезите. -Уште едно храбро семејството вчера одлучи да ги донира органите од својот близок кај кој беше потврдена мозочна смрт, соопштија од ...

Аки Рахимовски, долгогодишниот пејач на „Парни ваљак“, почина денеска на 66 години, објави групата на својата страница на Фејсбук. „На Рахимовски утрово му се слоши, по што почина во болницата во Ново Место“, изјави неговиот менаџер Дамир Осредечки. Рахимовски е роден во Ниш во 1955 година, но пораснал во Скопје, каде што неговото семејство се преселило кога бил мал. Тука почнал да го стекнува своето музичко образование, ...

Судот доцна синоќа му одреди 30-дневен притвор на 22-годишниот Јордан Ѓ. кој со автомобил „цитроен Ц4“ ја усмрти 24-годишната радовишанка Викторија Николова, а удри и во нејзиното момче. Тој со полициска придружба и лисици на рацете беше спроведен во затворот „Скопје“ во Шутка. Неговиот адвокат Јанковиќ во изјава за „Maкфакс“ најави жалба на одлуката и тврди дека Јордан не може да го повтори делото доколку му ...

Радоје Звицер според информации на Европол, потврдени од МВР на Србија потврдија дека е откриен заговор за атентат врз претседателот на Србија Вучиќ, вели ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО ДПМНЕ во рамките на обелоденувањето на аферата “мафија” пред помалку од една година откри дека на списокот мафијаши и криминалци кому Спасовски им издал легален македонски пасош но под друго име е токму атентаторот на Вучиќ Радоје Звицер. Поминува една ...

Mодуларните болници за пациенти болни од ковид-19 почнаа принудно да се отвораат во некои градови поради порастот на бројот на хоспитализации, ни потврдија директори на неколку здравствени установи низ земјава. Локалното ширење на омикрон варијантата на коронавирусот го зголеми притисокот и врз инфективните одделенија поради зголемениот број прегледи на граѓани што имаат симптоми на оваа болест. Како резултат на напливот на новозаразени во ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1023
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1023
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
78%
1023
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
71%
1024
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
0.45
72%
1022
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.45
84%
1024
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
0.89
76%
1021
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1023
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1023
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
87%
1022
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
71%
1022
Currency

61.5417

Currency

52.9349

Currency

70.4249

Currency

35.1475

Currency

38.1696

Currency

65.6794

Currency

7.48627

Currency

0.68452

Currency

0.33755

Currency

0.52402

Currency

1.24143

Currency

0.58871

Калај

40.61

Никел

472696.35

Платина

54545.58

Паладиум

47808.16

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Цинк

3.26

Злато

135307.19

Сребро

1947.42

Бакар

10.74

Алуминиум

2.89

Кобалт

58.42