Полициски службеници на ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.Џ.(26) од Штип, вчера на пладне, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од две години и девет месеци. Осудениот штипјанец со затворска казна бил казнет за сторени кривични дела од областа на имотни деликти. -Р.Џ. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за ...

Нова работна недела и нови шест афоризми на велешкиот афористичар Коки. Прочитајте ги, насмевката е загарантирана. -Се стекнува впечаток дека денес, кај нас, кандидатите за народни избраници живеаат „кучешки“ живот: постојано некој, на некого…лае. -На народот му е добро се дотогаш, додека не сфати колку му е лошо. -Им верувавме на нашите економски експерти и на длабочината на нивните економски визии: затоа и потонавме во сиромаштија. ...

Вкупно 61 дете, на возраст од две до пет години, се опфатени во дефектолошките третмани на велешката детска градинка „Димче Мирчев“. Тоа се деца чии постапки и однесување укажуваат на можност за развој на аутизам. Од вкупниот број кај 13, според проценката на специјалните едукатири и рехабилитатори, има елементи на аутизам додека две имаат поставена дијагноза. Искуството за оваа состојба на децата го сподели Весна Стојанова ,една од вкупно ...

Со скршеница на рачен зглоб се здобила малолетничка од село Горно Оризари, вчера, на 2 април, при сообраќајна незгода во селото. Како што соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес, во 16:00 часот било пријавено дека на крстосница од улица „Партизанска“ со улица „Сараевска“ во село Горно Оризари се случила сообраќајна незгода помеѓу велосипед управуван од малолетничка од селото и патничко возило „шкода“ управувано од четириесет и осум ...

Министерството за образование, единствено по етничка основа и без никаква реална потреба и спротивно на анализите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес за реалните потреби и доставениот Предлог план за упис на ученици во прва година во учебната 2024/25 година, предлага укинување на една паралелка на наставен македонски јазик со што директно го ускратува правото на учениците деветтоодделенци за образование на македонски јазик. Предлогот доаѓа ...

Сектор за внатрешни работи Велес преку дневниот билтен известува за две кражби во продажни објекти и еден физички напад на маж кој потоа бил ограбен. Првата пријава во полициска станица Велес била вчера, во 12:20 часот, дека две малолетнички одземале повеќе предмети од продажен објект во Велес. Портпаролката Биљана Ѓаковска од СВР Велес додава дека одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот а по документирање на настанот ќе ...

Шумскиот пожар, што го имаше зафатено подрачјето помеѓу селата Барово и Бесвица во Општина Демир Капија и село Вешје во општина Неготино е локализиран, информира Центар за управување со кризи. Во пожарот гореше нискостеблеста деградирана шума и дел од борова шума. На терен се се уште осум пожарникари со три возила од Територијална противпожарна единица Неготино и четворица вработени од JП ,,Национални шуми”, Подружница Демир Капија. Огнот во ...

Секоја вечер спасот од летните горештини пензионери што живеат во центарот на Велес го бараат покрај фонтаната на плоштад „С`рмаале“. Дел од нив се и Стојан Бајрактаров, Јордан Ацков и Јован Ѓорѓиев. Тие под крошните на сто летните јавори и покрај водата во фонтаната меѓусебно се дружат и разговараат. Седумдесет и четири годишниот Бајрактаров и седум години помладиот Ѓоргиев живеат сами, откако нивните сопруги починаа. Ацков живее со ...

Министерството за образование и наука денеска го објави повикот за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари и повикот за финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање за академската 2023/24 година. Двата јавни повика се дел од пакетот антикризни мерки т.е. врз основа на Законот за финансиска поддршка на социјално ...

Во врска со вчерашната сообраќајна несреќа во Италија, Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим доби информации дека по соодветна лекарска помош за добиените лесни повреди во болница во градот Сан Бенедето дел Тронто 11 патници, државјани на Северна Македонија во текот на вчерашниот ден беа пуштени дома во добра здравствена состојба. Како што соопшти МНР, 12-от патник, наш државјанин се наоѓа во болница во Анкона, каде што ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува агресивниот однос и вербалните закани кон новинарката Елизабета Дамјановска и нејзиниот колега снимател од ТВ 24, кој се случил за време на вчерашниот партиски митинг на ВМРО ДПМНЕ пред владата од страна на непознато лице. Бараме од политичката партија ВМРО ДПМНЕ како и до останатите учесници во изборната кампања, да го осудат нападот кон колегите од ТВ 24 и вакви инциденти да не се ...

Велешанецот Д-р Александар Колев кој беше дел од медицинскиот тим кој ја направи првата трансплатанција на срце во земјава, во понеделник, на 8 април, ќе одржи отворена дискусија по повод 7 април, Светскиот ден на здравјето. Оваа дебата е организирана од страна на Младински Центар Велес во соработка со Europe House Veles, а целта на настанот е да се отворат теми важни за значењето на здравјето. На дискусијата учество може да земат сите ...

Афористичарот Атанас Крлевски за читателите на Дума.мк испрати нови 15 издумани крлевизми за времето и низ смеа вели: „Ако имате време читајте Издумани Крлевизми, ако немате не сте во право зашто една народна вели: „За сѐ има време!“. Во продолжение новите Крлевизми, уживајте: -За да одам во чекор со времето, треба да го почекам! -Времето тече и во бара! -Времето е пари! Ех, кога би можеле да го орочиме… -Какво време дојде – метеоролозите да ...

Министерство за внатрешни работи информира дека утре, сабота, граѓаните кои наполниле 18 години а немаат ниту еден личен документ, поточно лична карта или пасош ќе можат да се фотографираат без закажан термин, поточно од 8 до 15 часот во сите пунктови низ земјава. -Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат ...

„Кога доаѓаат родителите во нашата служба за вакцинирање, измислуваат бројни причини со кои бараат одложување на примањето на вакцината кај децата. Најчесто тоа е болест. Но, не е можно нивните деца да се болни со години. Дел од нив се поискрени, па во разговор откриваме како тие читале на интернет за некакви последици по здравјето на сопственото дете од вакцинирање како што се, наводно, неможноста децата да проодат или аутизам, велат ...

Македонската полиција преку формирање на централен и штабови во секторите за внатрешни работи се подготвува да обезбеди фер, слободни и демократски претседателски и парламентарни избори 2024, соопшти денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев по остварената средба со колегите во СВР Велес. Овие штабови прибираат потребни информации а од денеска е започната и официјалната кампања како за претседателските така ...

Четириесет и две годишниот Н.Е од село Орланци, општина Арачиново бил приведен од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци. Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека кавадарчанецот се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на ОВР Кавадарци. – Н.Е. е задржан во полициска станица и во службен разговор тој признал шест кривични дела „тешка кражба“, кои ги извршил во ...

Четириесет и осум годишниот велешанец Х.Б кој бил баран од Казнно – поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес поради бегство, вчера, во 21:30 часот од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес бил лишен од слобода. Како што соопшти портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, околу 19:30 часот од установата било пријавено дека велешанецот не се вратил назад по што биле преземени мерки и по два ...

Две полни години одлично функционираат малите групни домови во Велес и Башино Село и скоро исто толку години во Општина Градско. Нивните корисниците се во добра општа состојба и во самата услуга има вклучено 20 вработени лица од кои еден координатор социјален работник, еден физиотерапевт, едно административно лице и останатите се негувателки кои се распоредени во четирите групни мали домови во двете општини и 24 часа ги задоволуваат ...

Мерење на крвен притисок и шеќер во крвта, денеска, беа бесплатно организирани во просториите на Здружение на пензионери во Велес од страна на велешки Црвен крст. На бесплатните прегледи за лица од трето доба се појавиле околу 40 возрасни граѓани, пензионери, коишто по добиените резултати добиле и совет од лекарот за понатамошно одржување на сопственото здравје. За време на прегледите во самата акција биле вклучени тројца волонтери од од ...

Во Полициска станица Велес за не полни 24 часа биле пријавени три каснувања од бездомни кучиња на различни локации во градот. Првата пријава вчера, на 2 април, ја поднел седумдесет и едно годишниот Д.И кој во полициска станица објаснил дека на улица „Благој Ѓорев“ бил каснат од бездомно куче. Вториот случај бил пријавен ноќеска, 55 минути по полноќ, на 3 април, од страна на дваесет и пет годишниот Г.С од Чашка дека на истата улица, во близина ...

По повод одбележувањето на 2 април, Меѓународниот ден на лицата со аутизам, вечерва, Спомен костурницата во Велес ќе светне во сина боја којашто е заштите знак на аутизмот. Покрај тоа, ќе биде прикажана и проекција на анимации со презентација на супер хероите представени во знакот на аутизмот во Јуроп хаус и ќе бидат видливи за сите минувачи од градот. Велешани осветлувањето на Спомен констурницата како и проекцијата на анимации во Јуроп хаус ...

Министерстовото за образование и наука во петокот на 29 март, годинава, го објави конкурсот за зпаишување на ученици во јавните средни училишта во учебната 2024/2025 година. Според овој конкурс во четирите средни училишта во Велес можност да се запишат во прва година ќе имаат вкупно 768 деветтоделенци. За гимназиско образование предвидени се 204 слободни места во 6 паралелки за коишто деветтооделенците треба да имаат минимум 60 поени. Од нив ...

Претставата „Убавицата и ѕверот“ работена по мотивите на истоимената француска бајка премиерно ќе биде одиграна пред кавадаречката публика од страна на театарот при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во четврток на 11 април во 19:00 часот. Претставата е во режија и адаптација на Микица Илова а во неа играат Теона Јорданова, Александар Стојков, Александар Малинков, Диме Коцевски, Диме Боцев, Видан Станоев, Саше Орешков, Ристе Стојанов, Ивана ...

Денот на децата во Јапонија, кој секоја година се прославува на 5-ти мај, е причина што годинава Амбасадата на Јапонија отвори конкурс за цртање и сликање за сите деца до 12 годишна возраст кои уживаат да творат. Овој натпревар ги поттикнува децата да творат за пријателството помеѓу Македонија и Јапонија, поточно за важноста на „кизуна“ што значи силна и длабока врска со своите „томодачи“ пријатели. -Сите кои уживаат да творат во техниките ...

Преку драматизација и со убави зборови од писатели и професори, денеска, во медијатеката на градската библиотека „Гоце Делчев“, на светскиот ден на детската литература беше промовирана книгата „Детски мечти“ на велешанката Лили Арсова. Оваа книга во која има седум приказни кои на различен начин го објаснуваат значењето на другарувањето и љубовта ја доби и наградата „Пелистерски ракувања“ на Дата –Песнопој Битола . Промоторот Васил Тоциновски ...

Полициски службеници на ОВР Неготино, вчера доцна попладне, го лишиле од слобода С.П.(36) од Демир Капија, постапувајќи по претходна пријава од М.Ј.(42), вработена во казино во Демир Капија. Според пријавата на вработената во казиното С.П и се заканил и фрлал предмети од инвентарот во казиното. Приведениот бил задржан во полициска станица. Полицијата известила Јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена ...

Полициски службеници на ОВР Неготино, вчера доцна попладне, го лишиле од слобода С.П.(36) од Демир Капија, постапувајќи по претходна пријава од М.Ј.(42), вработена во казино во Демир Капија. Според пријавата на вработената во казиното С.П и се заканил и фрлал предмети од инвентарот во казиното. Приведениот бил задржан во полициска станица. Полицијата известила Јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена ...

Ликовната изложба “Уметноста – мост на поврзување на народите“, на која преку ликовни дела ќе биде претставена уметноста на триесетина ликовни уметници од Република Турција ќе биде отворена во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци утре,вторни, 2 април, со почеток во 19 часот. Авторите ќе бидат гости на Кавадарци. Тие ќе имаат можност за непосредно запознавање со љубителите на ликовната уметност во Кавадарци. ...

Велешанецот Атанас Крлевски понеделнички со нова фотографија. Овој пат, неговиот фокус било гранче со цветови од јапонската цреша во паркот пред Гимназија „Кочо Рацин“ во Велес. -Јапонските цреши со својата убавина го привлекуваат вниманието на Велешани кога мимуваат покрај Гимназијата. Јас велам јапонските цреши се РАЈ за очите, додава Крлевски за својата фотографија. Дума.мк ги поканува граѓаните од Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1006
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
85%
1007
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
0.0
83%
1007
weather icon

Софија

7ᴼ / 4ᴼ
3.09
86%
1007
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.14
93%
1006
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
95%
1007
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
2.24
70%
1007
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1008
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1008
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
85%
1006
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
86%
1005
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
80%
1007
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Иридиум

215504.98

Паладиум

54077.56

Рутениум

45750.51

Бакар

11.83

Цинк

3.29

Калај

46.06

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.07

Сребро

2497.79

Злато

159436.20

Платина

67484.42