Изградба на нов како целосно решение за 52 години стариот и не безбеден за сообраќај мост кај Башино Село цели седум години бил актуелна тема и за него се воделе разговори помеѓу локалната власт во Велес и централната власт во државата. И покрај разговорите за овој многу значаен сообраќаен објект за град Велес сеуште нема проектна документација, рече градоначалникот Марко Колев на последната прес конференција додека одговараше на новинарски ...

Обвинителството презема истражни дејствија на прибавување и анализа на докази за првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, кој вчера беше екстрадиран од Турција. Како што соопштија од ОЈО Скопје, за петмината други осомничени во оваа постапка, истрагата е во завршна фаза. -За петмина осомничени, од кои тројца соизвршители во тешките кривични дела – две грабнувања и две убиства на свиреп начин, ...

Сите невработени млади лица до 29 години со завршено средно образование и евидентирани во Центар за вработување Велес кои немаат работко искуство можат да аплицираат на активната мерка за практиканство. Оваа мерка обезбедува во период од три месеци стекнување на практични работни знаења и вештини кај работодавачите со цел извршување на потребните работни задачи на одредени работни места. Од Агенција за вработување напоменуваат дека секој ...

Народниот музеј од Велес ги поканува сите љубители на уметноста на изложба „Калиопи Австрија и Северна Македонија“ – жените во општеството, културата и науките којашто ја организира во соработка со Австриската амбасада во Ликовен салон Велес. -Оваа изложба ги истражува животните приказни на аристократи, уметници, салонски жени, научници, активисти за женски права, политичари, актерки, музичари, лекари и сценски режисери во хронолошка форма. ...

Во дворот на велешката Гимназија „Кочо Рацин“ деветтооделенците кои од септември го продолжуваат своето образование во средните училишта преку стенд ап комедија и музика, детално се запознаа со предметите кои се изучуваат во гимназијата. Според директорот Иле Попов, овој отворен ден е поразличен од сите други кои се организирале изминатите години со цел да се привлече поголемо внимание на деветтооделенците и преку забавен карактер да ги ...

Матурантите од средното струшно училипте „Киро Спанџов Брко“ од Кавадарци, вчера, беа дел од едукативно превентивна работилница за безбедни матурски прослави. Од Министерство за внатрешни работи велат дека на работилницата полициските службеници ги запознаме матурантите со одговорностите и мерките, како и последиците од непочитувањето на законските правила и прописи. -Посебно внимание беше посветено на консумирањето алкохол и управувањето со ...

На раскопаните тротоари во центарот на градот дополнително деновиве се поставени метални конструкции. За поставeните металните шипки се извадени бехатон плочки а самите места, наместо да се вратат во првобитна состојба, замачкани се со цемент што дополнително го нагрдува просторот. Граѓани биле сведоци на начинот на ископување на дупките во кои се поставени металните држачи и сведочат дека се случувале и во текот на денот кога по тротоарите ...

Македонците минатата година со своите платежни картички во странство потрошиле 573,4 милиони евра од кои 34 отсто или 195,6 милиони евра потрошиле онлајн, купувајќи производи и услуги посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. Ова го покажуваат податоците од Народната банка што ги анализираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ). Во однос на 2022 година Македонците за купување производи ...

Повеќе од 500 учениците од основните улишита во Велес, Градско, Чашка и Лозово, денеска, го посетија велешкото државно училиште „Коле Неделковски“ и се запознаа со образовните профили кои од септември може да ги изберат за нивна водилка во идната професија. Отворениот ден во училиштето се одржува по кабинети каде учениците преку презентации и практични примери им ја доловуваа суштината на образовниот профил на идните средношколци. ...

Првиот научно фантастичен роман „Поларис – последниот град“ на Снежана Каначки од соседна Србија го доживеа македонскиот превод. Авторката романот го објавува во 2018 година во издание на српската издавачка куќа „Нова поетика“ и две години подоцна е преведен на словенечки јазик од словенечкиот издавачка куќа „Про Анди“. На македонски јазик романот е во печат, на печатница „Ива“ откако го преведе, уреди и лекторираше Љубомир Михајловски и ...

„Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во своите јавни настапи има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи и согласно европските вредности и начела,“ информира денеска Кабинетот на претседателката. Претседателката Сиљановска Давкова, како што се наведува во соопштението, ќе се придржува до официјалната примена ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која горивата од полноќ поевтинуваат. Согласно одлуката за 1,5 денари поевтинуваат бензините, додека за половина денар се намалува цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на ...

По подолго време, на денешната прес конфереција којашто се одржа во неговиот кабинет, градоначалникот Марко Колев посочи повеќе капитални проекти со коишто ќе се подобри основната инфраструктура во градот. Според него, повеќе од 80% од улиците во градот ќе бидат реконстуирани по завршување на градежните активности. Изградба на кејот на река Вардар до Стар мост, изградба на голем број патни правци во градот, нови детски игралишта, ...

Кирил Гајдов е првиот функционер на ОО на СДСМ Велес кој даде оставка. Тој повеќе нема да биде член на Советот на Општина Велес. Неговата оставка е неотповиклива и како што рече во разговорот за Дума.мк е предизвикана од поразот на Претседателски и Парламентарни избори 2024 година. Гајдов очекува неговиот пример да го следат неговите сопартијци од локално до државно ниво со што, како што рече, ќе се овозможи комплетно реформирање на партијата ...

Викендов во спортската сала на „Блаже Конески“ се одржа Меѓународен одбојкарски турнир“. Два дена екипите составени од пионерки и кадетки од Македонија, Србија и Грција се натпреваруваа за прво, второ и трето место. На првиот турнир одржан во саботата, првото место го освои О.К „Панда“ од Врање, Република Србија. Второто место, сребрените медали и пехар го освоија домаќинките, поточно велешанките од „Виола Волеј“, додека третото место Г.С ...

Седум нови афоризми од велешкиот афористичар Коки за читателите на Дума.мк. Започнете ја работната недела со насмевка. Уживајте: -Кога мажот ќе „прогледа“ на слепата љубов и е дојден крајот. -Политичарите кои предизборно си ги сменија страните, сега ќе ги заземат ветените функционерски места и …туѓите ставови. -И за докажувањето на невиноста потребно е одредено искуство. -Некои нутриционисти вложуваат голем труд и напор кога се обидуваат да ...

Оџакот на старата „Маслодајна“ била мета за нова фотографија на велешанецот Атанас Крлевски. Тој фотографијата за категоријата „Граѓански фото објектив“ ја испрати на маилот на порталот [email protected] и додаде: -На фотографијата е оџакот на старата „Маслодајна“ кој е стар стотина години и е атракција сам по себе. Но, е и мета на фотографските објективи кои ги привлекува со својата фотогеничност, додаде Крлевски. Сите заинтересирани граѓани ...

Екипата на ГС„Лариса“ од соседна Грција прва стигна на Меѓународниот одбојкарски турнир што утре,сабота и задутре, недела ќе се одржува во спортската сала на ООУ„Блаже Конески“. Како одбојкарките гостинки така и домаќинките на ОК „Виола Волеј“ од Велес доцна попладнево ги одржаа тренинзите. Дума.мк разговараше со Георгиос Ставролакис, тренер на Г.С „Лариса“ кој ги соопшти своите први впечатоци од Велес, од Македонија и очекувањата од првиот ...

Дваесет и пет песни поделени во три циклуси насловени „Во потрага по спокојот“, „Во потрага по себе“, „Песни вон циклусите“ и една воведна песна содржи првенчето „Меѓу копнежот и сонот“ на велешанката Соња Карбева. Промоторката Десанка Николова пред присутните љубители на пишаниот збор собрани во Ликовниот салон, објасни дека стихозбирката на професорката по македонски јазик Соња Карбева и покрај тоа што е дебитантски ракопис носи поетска ...

Ученици и волонтери на Црвен Крст цртаа графити на една локација во Свети Николе. Така се вклучија во одбележувањето на меѓународниот ден на добри дела. Денот на добри дела е меѓународен ден на волонтерска и хуманитарна работа што започнал да се прославува од 2007 година, како иницијатива на непрофитна организација и има за цел да ги обедини луѓето од целиот свет да прават добри дела за другите жители на планетата. Во 2024 година во оваа ...

Библиотекарско катче е веќе дел од подрачното училиште на основното „Страшо Пинџур“ во село Возарци, близу Тиквешкото езеро. Учениците организираа повеќе активности како „Еко квиз“, донации во книги од сите училишта и од некои приватни компании, детски забавни игри во Градски парк, ликовен и литературен конкурс во училиштето итн. Учениците од паричните донации купија 600 нови наслови и со донираните книги го збогатија библиотечниот фонд со ...

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 12:10 часот во Градски парк во Велес го лишеле од слобода осумнаесет годишниот Ф.Ц и уште еден малолетник. Како што соопштуваат од Министерство за внатрешни работи кај двајцата велешани била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против ...

Волонтерите на велешки Црвен крст во Велес поставија „хуманитарно катче“ во коешто граѓаните може да оставаат или пак да земаат храна доколку им е потребно. Како што велат од Црвен крст оваа иницијатива е наменета за да го засили чувството на еднаквост и да се помогне на оние граѓани на коишто им е најпотребно. -Во рамките на програмата ЦКА – ПХВ, Црвен крст во акција промоција на хумани вредности, младинците поставија хуманитарно катче во ...

Со презентација и интересен квиз средношколците денеска во Јуроп хаус Велес го одбележаа 9-ти мај, Денот на Европа. Околу 15 средношколци поделени во две групи се едуцираа а потоа и преку игра го тестираа своето знаење за значајностите на Европската Унија. -Младински центар Велес оваа година одлучи да го одбележи Денот на Европа и со една кратка дискусија. Најинтересен дел беше квизот кога средношколците на еден начин се натпреваруваа ...

Одбојкарскиот клуб „Виола Волеј“ организатор е и домаќин на Меѓународен турнир којшто во претстојниот викенд ќе се организира во сала на ООУ „Блаже Конески“ во Велес. На турнирот освен домаќините ќе учествуваат гости од Грција, Г.С „Олимпија“ од градот Лариса и ОК „Панда“ од Врање, од Србија како и шампионот на Македонија, екипата на „Јанта Волеј“. Меѓународниот турнир во одбојка ќе се одржи во салата на ООУ„Блаже Конески“ во Велес. Иако ...

Делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев заедно со советници, институции и политички партии положија свежо цвеќе пред спомен бистата на паднатите борци за слоба во Спомен Костурницата и им оддадоа почит на жртвите на фашизмот чии мошти почиваат токму во неа. На одбележувањето 79 годишнината од победата над фашизмот градоначалникот Марко Колев во кратка изјава потенцираше дека не постои поубаво чувство за еден ...

Тешко повреден е Л.Ц.(64) од село Извор, општина Чашка, кој бил на запрежното возило. Во сообраќајката учествувало и патничко возило „цитроен саксо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.М.(44) од Велес . Повредениот маж се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Велес. Несреќата се случила вчера вечер, околу 20:10 часот на регионалниот пат Велес–село Извор. Тогаш била пријавена во СВР Велес. На местото на ...

Несреќата се случила додека Т.К (62) од Неготино, извршувал земјоделски активности на нива во месноста викана „Црно поле“. Тој го управувал тракторот, изгубил контрола и се превртел. Шеесет и две годишниот неготинец бил пренесен во Итна медицинска помош, каде што лекар констатирал смрт. Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Неготино. Несреќата се случила вчера, околу 13:00 часот. Стефани Манева ...

Во организација на Лајонс клуб „Тиквеш“ од Кавадарци од четврток до сабота ќе биде организирана хуманитарно донаторска театарска недела во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“. Во четврток на 9 мај, во 20:00 часот ќе биде одиграна претставата „Вечера за глупаци“ на велешкиот театар „Џинот“ додека во петок од истиот театар во исто време ќе биде одиграна и претставата „Синиот портокал“. Во сабота, на 11 мај, со почеток во 20:00 часот домаќините, ...

Четири најдобри екипи од лигата за кошаркари до 12 години ќе земат учество на FINAL 4 завршниот турнир во кошарка кој викендов за прв пат ќе се одржи во Велес во спортската сала „Гемиџии“. Од кошаркарскиот клуб Борец Баскет со голема радост ги покануваат сите љубители и поддржувачи на кошарката и спортот да го проследат турнирот. -Ве каниме ЗАЕДНО да дадеме поддршка и да ја наполниме во што поголем број салата Гемиџии со што ќе покажеме дека ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1005
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
79%
1006
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
79%
1006
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
86%
1006
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.39
93%
1006
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
95%
1006
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
3.09
68%
1006
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
63%
1008
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
93%
1008
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
88%
1004
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
81%
1005
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

67162.91

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07

Иридиум

221848.72

Злато

159231.39

Бакар

11.69

Рутениум

45750.51

Калај

46.91

Сребро

2460.50

Паладиум

546.56

Алуминиум

3.03

Цинк

3.25