Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Анамариа Цинеге Панзова е литературен преведувач на унгарски и македонски јазик е добитничка на годинешното „Почестено Рациново признание“. Во 2002 година дипломирала на факултетот „Елте“ во Будимпешта со што се здобила со звање професор по унгарски јазик, а во 2003 година на истиот факултет се стекнала со звање филолог по полски јазик. Цинеге Панзова има работно искуство како лектор по унгарски јазик на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ...
Велешанецот Атанас Крлевски испрати три нови фотографии за категоријата граѓански фото објектив. Овој понеделник тој се одлучил да го фотографира велешкото езеро Младост и вели: -Горештините започнаа, па за следачите на Дума едно виртуелно изладување, низ смеа додава Крлевски. Сите заинтересирани граѓани доколку имаат фотографија којашто сакаат да биде објавена може да ја испратат на истиот маил [email protected] или на нашата фејсбук ...
Афористичарот Никола Бошков Коки овој понеделник со седум нови афоризми. Прочитајте ги, насмевката е загарантирана. Уживајте: -Земјата во која сите се прават луди, наликува на еден голем санаториум. -Така е тоа во политиката кај нас: едни арамии заминуваат од власта, други доаѓаат да ги наследат и…се така, постојано во круг. -Атмосферата во некои бракови може да се спореди со онаа на месечината: не постојат услови за живот. -Оваа учебна ...
Вокалниот интерпретатор Мики Секуловски кој што во изминатите 10 месеци со извонредни изведби ги бранеше боите на родниот Велес и на Македонија во регионалниот музички натпревар „Звезде Гранда“ освои 102.103 гласови, во синоќешното финале на натпреварот за 2024 година. Секуловски, вчера вечер, со освоени гласови на гледачите на финалето, влезе во сите три круга на гласање одлично интерпретирајќи ги песните „Македонија“ , дел од преработката ...
Книгата „Песнопојност“ е збирка песни на група автори од конкурсот на литературното друштво „ Браќа Миладиновци“ од Торонто, во Канада, што ја издаде Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ Велес. Рецензент и промотор на стихозбирката е проф. д-р Виолета Ачкоска. -Уредник на книгата и домаќин на настанот, вчера во Велес, беше Вера Благојевиќ која се погрижи се да помине во прекрасна атмосфера со посебните гости Жифко Поповски Цветин и нашата ...
На последната трка од Државниот шампионат во Мотокрос, вчера, во Битола на патеката „Смолево“, Драган Ванов ја потврди лидерската позиција во класата MX2 до 250 кубика и ја освои шампионската титула. Овој македонски моторциклист, велешанец, истовремено е на лидерската позиција и во Enduro шампионатот во класата E1 до 250 кубика како прв македонски моторциклист коишто освојува шампионски титули во два различни спорта „Мотокрос“ и „Enduro“. Тоа ...
11.08.2020 Полициски службеници од Свети Николе во моментов постапуваат по телефонската дојава од 56-годишната Атиџе Муратова која реагирала дека соседот ја вознемирува и се заканува. Станува збор за познатата жителка на село Бекирлија, во Општина Лозово, која ја одигра главната улога во документарниот филм „Медена земја“. Oд СВР-Штип соопштија дека откако полициските службеници ќе ја утврдат фактичката состојба меѓу 56-годишната Атиџе ...
Ансамбл „Керамичар“ денеска гостува на 28-от Детски фолклорен фестивал ,,Од цвет на цвет,, во Скопје чии што организатор е КУД „Цветан Димов“. На фестивалот настапија детските фолклорни групи на Ансамбл „Керамичар“ коишто се претставија со „Бувчанско оро“, „Сред село“ и „Прилепски игри“. Пред публиката на фолклорниот фестивал „Бувчанско оро“ го играа играорките Лана Андовска, Зорица Андовска, Ева Миновска, Дона Мешкова, Христина Јованова, ...
Сообраќајката се случила, вчера, околу 15:00 часот на крстосница од улиците „Пионерска“ и „22-ри Декември“ во Кавадарци кога моторцикл марка „априлиа“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Кавадарци излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот. Повредите на малолетникот констатирани се во Општа болница Кавадарци. На местото на незгодата извршен бил увид од увидна екипа на ...
Младите велешани можат да се приклучат на платформата „Зелени можности“ кадешто ќе можат да пренесуваат свои идеи и да ги искажат проблемите со коишто се соочуваат во денешно време, но и да предложат и активност на којашто заеднички ќе работат. Со регистрација на платформата исто така, младите ќе можат да ги читаат и сите новости што се однесуваат на нив, да следат конкурси за Еразмус+ програмата и во реално време да се допишуваат со ...
Од ноќеска на полноќ за два денари ќе поевтини ЕУРОСУПЕР БС-95. Цените на останатите нафтени деривати остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 80 денари за литар, додека литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 и натаму ќе се продава по 82 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) по 73 денари, Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 72, а ...
За крај на работната седмица, 10 нови издумани Крлевизми од афористичарот Атанас Крлевски кој Ви предлага да читате Издумани Крлевизми, да се смеете и размислувате, бидејќи тоа му годи и на умот и на духот. -Останав принц и откако ми го украдоа белиот коњ. -Лекарот ми препорача повеќе течности. Сега покрај ракија пијам и пиво. -Паднав на ниски гранки. Конечно сум свој на своето. -Умната глава и ѕид турка! -Паметен меѓу будали? Изгубен случај! ...
Топлиот бран кој ќе започне да добива на интензитет и тоа уште од утре и за време на викендот додека во текот на следната седмица ќе стане дури и екстремно топол, објави метео прогнозерот Славчо Поповски на Метео Аларм. „Тоа значи дека очекуваме екстремно високи температури на воздухот кој насекаде низ Македонија ќе надминуваат 30 степени. На повеќе места температурите ќе се искачуваат до околу 35 степени, додека во централните и во ...
Евидентираните невработени лица како активни баралите на работа во Центар за вработување Велес, кои имаат желба да започнат сопствен бизнис, до 21 јуни, годинава, можат да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање. -Невработеното лице може да добие кредит од најмалку 5.000 евра до најмногу 10.000 евра, по негов избор како кредитобарател, а за секое новоотворено работно место дополнително по 5.000 евра, при што ќе се ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 % во однос на одлуката од 3.6.2024 година. Од ноќеска на полноќ за два денари поевтинува Еуросупер-95, односно еден литар од ова гориво наместо како досега 82, ќе се продава за 80 денари. Малопродажната цена на ...
Полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 23:45 часот го лишеле од слобода четириесет и две годишниот А.Д од село Сојаклари, велешко. – При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека ги одзел од фирма во Велес во која бил вработен. Одземеното било вратено на сопственикот, а А.Н. бил задржан во ...
Над еден килограм златен накит во вредност од 4 милиони денари е запленет од страна на царинските службеници при влез на граничен премин Богородица, со што воедно е спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки во висина од еден милион денари. Златото е откриено при личен претрес на еден патник кој се обидел накитот да го скрие во внатрешниот дел на панталоните и долната облека коишто ги носел на себе. Истото било спакувано во четири ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат загриженост за говорот на омраза кон новинарите, особено новинарките, на социјалните мрежи во земјава. Овој вознемирувачки тренд претставува сериозна закана за слободата на медиумите и ги поткопува демократските вредности и принципи што ги поддржуваат Македонија и нејзините меѓународни партнери. Дополнително ваквите ...
Риболовец, вчера вечер, околу 21:30 часот пријавил на 112 дека забележал безживотно човечко тело пред влив на реката Тополка во Вардар, во близина на последните куќи на јужниот излез од градот. Центарот за управување со кризи ги известил МВР, ДЗС, ТППЕ Велес, Општина Велес како и Доброволното друштво „Македонски спасител“ од Велес по што следела операција за безбедно извлекување на човечкото тело. Тоа е извлечено денеска, претпладне, околу ...
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – мај година, во однос на истиот период лани, се зголемени за 5.9 %, а во однос на декември 2023 година, се повисоки за 1.8 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во мај годинава, пак, во споредба со април, угостителските услуги поскапеле за 0.3 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите: Храна за 0.4 %, Алкохолни пијалаци за 0.5 % и Безалкохолни пијалаци за 0.6 ...
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2024 година. Корисниците на парични права што поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5 јуни 2024 година. Со цел да се избегне ...
Премиерата на документарниот филм „Се извинувам, Кежаровски тука живее“ од авторот Миле Бошњаковски, ќе се одржи на 25 јуни, вторник, во 19 часот, во киното „Фросина“ – Младински културен центар . Документарецот „Се извинувам, Кежаровски тука живее“ содржи директно сведоштво на Кежаровски за настаните поврзани со неговото брутално приведување, судскиот процес и затворска казна кои во видео записот се поместени во два дела, во вкупно ...
Со долги аплаузи од страна на присутната публика беа поздравувани учениците од општинското основно музичко училиште „Стефан гајдов“ кои вчеравечер на големата сцена во велешкиот театар одржаа завршен концерт и го одбележаа патрониот празник на училиштето. Тие музицираа на инструментите коишто ги изучувале во текот на изминатата година и приредија вистинско уживање за сите присутни. Во текот на претходната година, музичкото училиште ...
Царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферите на еден патник од Турција открија дури 22 часовници од брендот „Ника“ во вкупна вредност од 272 илјади денари кои патникот не ги пријавил при влез во државата. Патникот кој пристигнал со лет од Истанбул, саатчија по професија, на прашање на царинските службеници дали има нешто за пријавување одговорил дека нема ништо по што бил упатен на контрола со скенер. ...
Педесет годишниот Е.А од село Бистрица, вчера, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од полициска канцеларија Демир Капија. Тој агресивно се однесувал и физички ја нападнал својата невенчана сопруга, 35 годишната С.Т којашто живеела во истото село. Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека за настанот е известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на ...
Во Велес, попладнево измерени 31,4 целзиусови степени. Попладнево е многу топло низ Македонија, токму поради влијанието на топлиот бран кој продира од јужните географски широчини, односно од Африка кон нашата држава. Најтопло во 14 часот беше во Кавадарци, Струмица и во Гевгелија каде се измерени 33 степени, најниска температура од градовите е измерена вообичаено во Крушево и тоа 22 степени, соопшти Метеоаларм. Во продолжение на табелата ...
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2024 година е 1.2%. Во првото тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите: -Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од ...
Континуираниот развој на македонската стрип сцена доведува и до интензивирање на меѓународна стрип соработка и застапеност на разни конкурси и фестивали. Врз основа на воспоставена комуникација и објавен јавен конкурс на СУПЕРТОН –Фестивал на стрип и анимација во Шибеник- Хрватска, Македонскиот стрип центар Велес учествуваше со свои изданија . Во голема конкуренција изданието СТРИП АЛМАНАХ 2024 влезе во најтесен круг на избрани стрип ...
Во Драмски театар Пловдив, вчера, започнаа пробите за претставата „Без крв“ на истоимениот роман на Алесандро Барико. Како што информираат од театарот текстот на претставата е на Александар Секулов, додека сценската адаптација и режија на Дијана Добрева. Претставата е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ на велешкиот театар „Ј.Х.К – Џинот“ заедно со драмскиот театар Пловдив. -Проектот се спроведува со поддршка на министерствата ...
Од наплата на патарина во првите пет месеци од годинава се собрани 1.454.587.856 денари (23.651.835 евра) што во однос на истиот период за 2023 година претставува зголемување или повеќе остварен приход за 132.635.906 денари (2.156.681 евро). -Тенденцијата за зголемен остварен приход во 2024 година е константна, со пораст од 10,2 проценти за периодот јануари-мај годинава, информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). ...