Од наплата на патарина во првите пет месеци од годинава се собрани 1.454.587.856 денари (23.651.835 евра) што во однос на истиот период за 2023 година претставува зголемување или повеќе остварен приход за 132.635.906 денари (2.156.681 евро). -Тенденцијата за зголемен остварен приход во 2024 година е константна, со пораст од 10,2 проценти за периодот јануари-мај годинава, информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). ...

Државниот испитен центар за првпат формира 10 комисии по еден за секој предмет од матурата, кои ќе утврдуваат евентуални неправилности и препишувачи. Ова следува откако во сабота беше откриена Вибер-група во која беше споделен тестот по мајчин јазик и литература, односно поради прекршување на правилата и користење мобилен телефон за време на испитот. Ова го изјави Билјана Михајловска, директорката на Државниот испитен центар, во врска со ...

Во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес евидентирани се случаи во Велес Градско, Кавадарци и Неготино. Случајот во Велес бил пријавен во 03:40 дека во казино во градот неколку лица го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка и употребен бил спреј – солзавец. Претходно, 15 минути по полноќ полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишеле од слобода триесет и седум годишниот М.К кој ...

Велосипедот не е само забава туку и потреба. Засега Велес не се наоѓа на листата на градови во кои велосипедот е замена за автомобилот. Сепак се зголемува бројот на велешани кои купуваат велосипеди но сепак нив не ги користат секојдневно за доаѓање на и за заминување од работното место, за пазарење и за други секојдневни потреби, констатира Зоран Јаневски претседател на ЗГ „Велес бајкинг“ на светскиот ден на велосипедот. Повеќе од три децении ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 % во однос на одлуката од 27.5.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,467%, кај дизелот за ...

Велешкиот Црвен Крст, вчера, ја организираше Втората крводарителска акција во чест на Кочо Рацин, која што беше иницирана и поддржана од локалниот огранок на партијата „Левица“. Во акцијата што започна во 8:30 часот и траеше седум ипол часови собрани се 63 крвни единици. – Крводарителската акција е во чест на Коста Солев Рацин. Годинава во месец јуни се навршуваат 81 година од неговото загинување. Велес е градот на Рацин, така што ние како ...

Целосно е распродаден првиот самостоен концерт на велешанецот Благој Ламњов којшто вечерва со почеток во 20:00 часот ќе се одржи во велешкиот театар „ЈХК-Џинот“. На овој концерт неговите сограѓани ќе имаат можност во живо да ги слушнат песните од албумот „Nostalgic Love“ како и звуците од кларинетот на Ламњон кој на сцената вечерва ќе биде придружуван од шведскиот гитарист Петер Тегнер со кој заеднички ќе приредат вистинско уживање за ...

Велешанецот Мики Секуловски кој во изминатите девет месеци целосно се вложуваше за настапите во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, оваа сабота, на 8ми јули, ќе настапува под реден број 1 на финалната вечер. Општина Велес објави дека велешани ќе можат заеднички да ја поддржуваат нашата музичка ѕвезда Мики во Амфитеатарот на Младински парк и заеднички да ја гледаат финалната вечер со почеток во 21:00 часот. Градоначалникот на Општина Велес, Марко ...

Фокусот на новата фотографија за категоријата граѓански фото објектив од велешанецот Атанас Крлевски бил насочен кон скулптурата насловена како „Блажена“ и поставена во центарот на градот пред поранешната Стоковна куќа. – Автор на скулптурата е велешкиот скулптор Илко Стојановски. Изработена е на првата меѓународна скулпторска колонија во Велес, 2019 година. Многу е интересна затоа и одлучив овој понеделник баш таа да биде дел од оваа ...

Не заминаа работниците, учениците и студентите од велешката Железничка станица утрово со патничкиот воз за Скопје којшто според возен ред поаѓа во 6:27 часот. Локомотивата што го влече патничкиот воз се расипала вчера попладне откако тргнала од скопската железничка станица во 16:55 часот. Патниците со месечни билети утрово се снаоѓале со друг превоз за да стигнат навреме на работните места, училишта и факултети. Тие не ќе можат ни да се ...

Граѓаните кои уживаа на езеро Младост, Бабуна како и во населба Отовица, вчера, беа посетени од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес кои спроведуваа превентивно едукативни активности во рамки на кањата под мотото „Лето без пожари“. -Основна цел на кампањата е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, ...

Како дел од традиционалниот стрип салон на меѓународно ниво, стрип центарот на Македонија – Велес, од месец февруари го објави интернационалниот стрип конкурс „Велес 2024 Златен стрип“. Како што известува програмскиот координатор , Томе Трајков се повеќе се развива комуникацијата со основните и средни училишта од сите општини од државата, како и приватните училишта и студија. -Интересот е голем и потврдува дека учениците се свртуваат кон ...

Понеделник и нови седум афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков Коки. Драги читатели прочитајте ги афоризмите и започнете го денот со насмевка. Имајте убава работна седмица! -Денес многуте луѓе започнаа да се занимаваат со колекционерство: собираат НАЧИНИ…како да преживеат. -Наместо да не опкружуваат зелени површини, паркови и хортикултурни уредувања, насекаде околу нас, секојдневно никнува само плевел и трње, човечко трње. -Првата ...

Со гордост ви претставуваме уште еден новитет од Компанијата, едно освежително проширување на Фамилијата Кожувчанка! Сега, природната газирана вода Кожувчанка богата со минерали има и додаток на витамини, со освежителни вкусови за едно поинакво, неодоливо искуство! Ви ги претставуваме Кожувчанка Wellness и Кожувчанка Active: -Кожувчанка Wellness е збогатена со природна арома на портокал и природен екстракт од ѓумбир кој има смирувачки ефект, ...

Општина Велес, утре, 1 јуни, сабота, во раните утрински часови, поточно од 05:00 до 08:00 часот ќе го изврши првото авионско третирање против комарци со кое ќе биде офатено целото градско и приградско подрачке како и целото течение на река Вардар на овој потег. -Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно ...

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица. Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски се во обвинителниот акт како осомничени за сторени кривични дела убиство, помагање во извршување и помагање во грабнување додека пак таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски ќе одговара за помагање во грабнувањето. Кешишов, Манев и Видески на 22 ноември, лани ...

Учениците од ООУ „Васил Главинов“ од Велес, вчера, беа дел од едукативна работилница од областа на сообраќајот спроведена од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при истиот сектор. -На децата им беше презентирана улогата на полицискиот службеник, опремата за работа, како и основните сообраќајни правила и прописи. Исто така, во Кавадарци, во соработка со ...

Речиси 15 илјади ученици што завршуваат средно образование, оваа сабота ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Новина во оваа учебна година е тоа што наместо во училници, тестовите ќе се полагаат во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање. Според податоците на Државниот испитен центар ...

Македонскиот актер и режисер Младен Крстевски престижната награда „Маестро на актерската сцена” ја доби на Меѓународен Театарски Фестивал „Руска класика” за исклучителна и бравурозна актерска изведба. На театарскиот фестивал што од 21 до 29 мај 2024 година се одржа во градот Лобња, кај Москва, настапи Младинско детскиот театар„ Крин“ со претставата “Добрите – зли, Злите – добри” од Даниел Крстески, Андреј Недевски и Младен Крстевски. ...

Во домот на книгата, градската библиотека „Гоце Делечев“ денеска пред велешката публика беа промовирани трите деца на кавадарчанецот Ѓирѓи Мешков. Овие три книги коишто се напишани по вистинити случувања на писателот кај секој читател ќе предизвикаат измешани емоции. Првата книга „Отуѓување“, потоа „Беше еднаш во Ваташа“ како и „Два аманета“ се насловите на книгите во кои Мешков одлучил да говори отворено за секојдневни проблеми, денови ...

На поставени штандови се делеа промотивни материјали за сите образовни профили додека во кабинети и училници се презентираа видео материјали, промотивен спот и веб страницата на СОУ„Јовче Тесличков“. Презентациите ги водеа ученици од училиштето додека професорите ги прифаќаа и распоредуваа денешните гости како од велешките основни училишта така и од училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка. Во дворот на економското училиште беа поставени паноа за ...

Велешки Црвен крст одржа редовна крводарителска акција во Општина Чашка на којашто 19 жители ја покажале својата хуманост и радувале крв. Двајца од дарителите за прв пат ја подале својата рака да даруваат од скапоцената црвена течност и станале дел од најхуманото семејство во државата. Како што објаснуваат од Црвен крст – Општинска организација Велес, акцијата заеднички ја реализирале со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, ...

Во тек е испораката на сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024/25 година. Процесот ќе биде заокружен на почетокот на јуни, така што учениците ќе ги имаат потребните учебници навремено, пред стартот на новата учебна година, информира Министерството за образование и наука (МОН). Постапката за печатење на новите учебници, ...

Општините имаат потреба од развивање на концептот „Општини посветени на децата“ како и прецизирање на точни потреби и идентификувани проблеми на децата во локалната заедница. Тоа што е особено значајно е посветеноста на локалнтите заедници за решавање на проблемите и справување со предизвиците во соработка со надлежните институции. На локалната конференција „Моето место на растење“ што денеска се одржа во Јуроп хаус во Велес Драги Змијанац, ...

Четириесет и едногодишна жена од неготинско село, вчера вечер, во ОВР Неготино пријавила дека на почетокот на месец мај, во Неготино, двајца малолетници од неготинско извршиле обљуба врз нејзината малолетна внука. Чинот на обљубата го снимал трет малолетник од Неготино, К.П.(19) од неготинско и почнал да ја уценува малолетничката со снимениот видео материјал. Уценувачот К.П вчера вечер, во 23:30 часот, бил лишен од слобода и од него бил ...

Фондот за здравствено осигурување, изминатиот викенд, со пораки во мејл ги опоменал матичните лекари во Македонија дека ги прекорачиле дозволените суми на финансиски средства за препишувањата на хронична терапија,за антибиотици и за анксиолитици. Новонастанатата состојба е резултат на тоа што од месец септември, минатата година, наместо пациентите да одат кај специјалист за препишување на хроничната терапија тоа го прават матичните лекари. Но ...

Проектот „Центар за социјална инклузија – Заедно“, во изминатите 12 месеци, им овозможи на лица со попреченост да се дружат со пензионери од велешкото здружение и потоа со ученици од основно и средно образование. Исто така во реализацијата на проектот беа изведени вкупно 60 работилници. Лицата со попреченост и старите лица во Велес имаат потреба да другаруваат, рече на денешното затворање на проектот Далиборка Златева претседателка на ...

Денеска бил почувствуван земјотрес на територијата на Македонија. Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција, земјотресот бил со јачина од 2,4 степени според Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил на 21 километар северозападно од Скопје и 16 километри југоисточно од косовскиот град Витина. Потресот се случил на длабочина од 8 километри. Нема информации за причинета материјална штета. Сподели: ...

Велешки Црвен крст ги поканува сите заинтересирани граѓани да земат учество на крводарителската акција којашто ја организираат во чест на Коста Солев Рацин во склоп на 61-то издание на Рацинови Средби. Акцијата ќе биде одржана во недела, на 2 јуни, во Ликовен салон. -Со дарувањето да дадеме наш придонес за јавното здравје. Како што Рацин стана бесмртен со своејата поезија, така и ние да спасиме што повеќе животи. Крводарителството е врвен чин ...

Најдобрите дека од наградниот стрип конкурс ќе бидат изложени на првата стрип изложба во Куманово којашто е дел од грантот „ДА И ДАДЕМЕ ШАНСА НА ИНКЛУЗИЈАТА!“. Стрип центарот на Македонија од Велес ќе организира пет изложби како дел од грантот а во Куманово ќе ја отвори на 28 мај, денеска, со почеток во 14:00 часот во Занатскиот дом. -Да потсетиме дека на конкурсот се јавија 263 млади автори од различни етнички и географски средини .Воедно, ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1005
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
79%
1006
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
79%
1006
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
86%
1006
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.39
93%
1006
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
95%
1006
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
3.09
68%
1006
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
63%
1008
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
93%
1008
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
88%
1004
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
81%
1005
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

546.56

Сребро

2460.50

Бакар

11.69

Платина

67162.91

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Калај

46.91

Алуминиум

3.03

Злато

159231.39

Родиум

336779.07

Цинк

3.25

Кобалт

64.04