Владината екскурзија во Јапонија покажа дека кога ќе се изгуби чувството за мерка, станува тенка линијата меѓу спектакл и дебакл. Патувањето на одбрани владини претставници во земјата на изгрејсонцето во јавноста е сфатено како бесчувствителност и немање осет за водење политика во сиромашна земја. Владата треба да објасни каква била целта на оваа политичка екскурзија и која е користа за државата. Особено треба да објасни каква била потребата ...

Фридрих Мерц е нов германски канцелар. Бундестагот во вториот обид во вторникот му даде мнозинска поддршка на конзервативниот политичар, откако утрово Мерц доживеа неочекуван дебакл во парламентот. Иако новата германска владина коалиција, составена од конзервативните ЦДУ/ЦСУ и социјалдемократите, имаше мнозинство со 328 од вкупно 630 пратеници во Бундестагот, за новиот канцелар гласаа само 310 пратеници, со што не беше обезбедно потребното ...

На 69-годишна возраст, Фридрих Мерц стана најстариот германски канцеларпри стапување на функцијата по Конрад Аденауер, кој во 1949 година ја презеде оваа улога на 73-годишна возраст. Неговиот пат пат до врвот на германската политика не беше едноставен, како што не беше ни неговиот избор на функцијата. Тој е првиот канцелар во историјата на земјата кој е избран во втор обид, иако претходно постоеше коалициски договор меѓу неговата ЦДУ и ...

Историскиот ден во Бундестагот – за првпат кандидат за канцелар на Германија не беше избран во првиот круг од гласањето – наиде на брзи реакции во германскиот печат. Фридрих Мерц, лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), доби само 310 гласови (од 630), иако неговата ЦДУ заедно со сестринската партија, Христијанско-социјална унија (ЦСУ) и идниот коалициски партнер социјалдемократите (СПД) имаат 328 места. Не е познато кој се ...

Веста дека на српскиот претседател Александар Вучиќ му се слошило за време на престојот во САД и дека итно ја прекинал посетата предизвика мал политички земјотрес во Белград. Официјалната верзија е: Вучиќ почувствувал силна болка во градите проследена со висок крвен притисок, поради што посетата ненадејно завршила. Се вратил во Белград, каде бил примен на Воено-медицинската академија. Неговата состојба е стабилна, но му било препорачано да ...

Мануел Делиа помина дванаесет години работејќи на овој исход, но не можеше да верува во пресудата на Судот на правдата на Европската Унија од 29 април. „Малку вреснав“, изјави тој за ДВ. „Очекував лоши вести.“ Делиа, блогер против корупцијата и извршен директор на малтешката граѓанска организација Република, долго време води кампања против програмата на малтешката влада со која се нуди државјанство на странски инвеститори. Малта беше ...

Треба да го почитуваме начелото на поделба на власта и партиите треба да се држат настрана. Ова беше дел од одговорот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова на новинарско прашање, за изјавата на лидерот на ДУИ, дека ако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши биде обвинет за трагедијата во Кочани, тие ќе излезат на протести што може да заврши само со предвремени парламентарни избори. Таа рече дека за разлика од Ахмети ќе ги ...

Во својот проштален говор, канцеларот во заминување Олаф Шолц рече дека претстојната промена на власта во земјата е „израз на демократска нормалност“. „Во една демократија, функциите секогаш се доделуваат само на ограничено време. Ова нè разликува од автократиите ширум светот“, нагласи Шолц на Големото повечерје со кое Бундесверот му изрази почест во пресрет на планираното предавање на функцијата на неговиот наследник Фридрих Мерц (ЦДУ). ...

Иако се сметаше за сигурен, првиот обид за избор на Фридрих Мерц за нов канцелар на СР Германија во Бундестагот пропадна. Новата владина коалиција не успеа да го обезбеди потребното мнозинство од 316 гласови. Во првиот круг гласање за избор на канцелар во германскиот парламент, Фрдидрих Мерц доби 310 гласа во 630-члениот Бундестаг, шест помалку од потребното апсолутно мнозинство. Шокантниот резултат е голем неуспех за Мерц, чија идна ...

„Подготвени сме да се зафатиме со работа и да составиме влада во Германија која ќе биде една од најсилните потпори за Европската Унија што некогаш дошла од нашата земја“, рече Фридрих Мерц на неодамна одржаниот конгрес на Европската народна партија во Валенсија. Тука, пред своите колеги од конзервативните партии на ЕУ, претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и од вторник најверојатно нов германски канцелар, ја претстави ...

Неизвесно е дали премиерот Христијан Мицкоски ќе добие јасен одговор од неговиот колициски партнер Арбен Таравари - дали тој има договор за изборни планови со ДУИ, или неговиот соговорник ќе купува време и ќе го каже она што и досега го изјавуваше - дека нема таков договор. „На таа средба јасно сакам да слушнам став којшто и медиумите ќе го слушнат - дали е точно дека има договор меѓу партијата на господинот Арбен Таравари и Демократската ...

Израел во понеделникот одобри планови за преземање на целиот Појас Газа и останување на палестинската територија во неопределен временски период, соопштија двајца израелски официјални претставници. Овој потег, доколку биде спроведен, би значел значително проширување на израелските операции во Газа и веројатно би предизвикал жестоко меѓународно противење. Израелските владини министри го одобрија планот на гласање рано наутро, само неколку часа ...

Во пресрет на попладневната средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на дел од Алијанса за Албанците, министерот за здравство Арбен Таравари се заострува реториката меѓу двете страни. Таравари по судирот со Коалицијата „Вреди“ порача дека тие „не се ниту такси што го користат за превоз, а потоа им ги одземаат клучевите, ниту чамец за спасување на имиња и презимиња“. Премиерот, пак, од Штип порача дека никого нема да моли. ...

Кога Фридрих Мерц ја започна својата изборна кампања во јануари, првото место што го посети беше Рендорф, каде што порано живееше Конрад Аденауер. Тој беше првиот повоен германски канцелар, легенда на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и политичар кој со почит го нарекуваа „Старецот“. Мерц ја обиколи меморијалната област и одржа долг говор. На сите присутни им беше јасно дека сака да повлече историска паралела. Кога Фридрих Мерц ќе биде ...

Македонија одбележува 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик.„Како македонски мисионери имаме семакедонска, национална и човечка должност да го чуваме, негуваме, сакаме, развиваме, проучуваме, промовираме и обновуваме македонскиот јазик, оти без нас не ќе живее, ниту ние ќе бидеме Македонци без него“, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод Денот на македонскиот стандарден јазик и 80 години од кодификацијата на ...

Во разговорот со еден млад Германец, студент на факултетот за индустриски дизајн, кој престојуваше еден семестар во Токио, патемно му кажав дека урбанистичкиот мастер-план за обновата на Скопје по земјотресот 1963 беше на јапонскиот архитект Кензо Танге. Тој се восхити и ме праша дали знам дека тој во Јапонија е вистинска легенда и дали скопјани се горди што нивниот град го планирал светски познат архитект. Не знаев што да му одговорам. Уште ...

Во Германија, највисоките државни функционери, како и генералите на Бундесверот, традиционално се испраќаат од должноста на церемонија позната како Голема квечерина (Großer Zapfenstreich). Церемонијата, чии корени датираат од 16 век, вклучува оркестарска музика, факели, национална химна и говори за збогување. Посебно внимание секогаш привлекуваат три музички нумери избрани од самиот официјален претставник. Овој понеделник, германската армија ...

Идниот министер за внатрешни работи, Александар Добринт, најави дека, веднаш по стапувањето на функција на новата влада во Германија, ќе го заостри курсот во борбата против нерегуларната миграција. „Најавивме: ни требаат повеќе гранични контроли и повеќе враќања од границите - бројките се сè уште превисоки. Затоа ќе издадам соодветно упатство во среда (7 мај, 2025)“, изјави политичарот од ЦСУ во емисијата Извештај од Берлин на германскиот ...

Една од работите што сигурно ќе остане подолго време во јавноста како политичко наследство на Христијан Мицкоски е неговото објаснување како тој и претставниците на македонската влада влегле во најблискиот периметар на американскиот претседател Доналд Трамп, како се наредиле први во редот, а другите зад нив цупкаат нестрпливо од нога на нога. Не треба да ѝ се забележува многу на оваа желба на Мицкоски да биде што е можно поблиску до ...

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитри Медведев, упати остра закана до Украина во случај на напад врз Москва за време на прославата на победата во Втората светска војна на 9 мај. Во таков случај никој не може да гарантира дека украинскиот главен град Киев ќе го види 10 мај, напиша денеска (3.05) поранешниот руски претседател и поранешен премиер на платформата Телеграм. Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот ...

Во романската јавност моментално како да не постои чувство оти се работи за судбоносни денови за земјата. Расположението е повеќе мешавина од заситеност и исцрпеност. Земјата, пак, се наоѓа на крстопат. Во недела (4 мај 2025 година) ќе се одржат едни од најважните избори во посткомунистичката романска историја – оние претседателски избори коишто мора да се повторат откако беа поништени на крајот од минатата година. Претседателот во Романија ...

„Медицинските центри повеќе не смеат да прават планирани царски резови“. Ова се наведува во прописот објавен во Службен весник на Турција на 19 април. Одлуката на Министерството за здравство е јасна: царските резови во иднина се забранети, освен ако не се медицински неопходни. И на установите во Турција кои немаат свои операциони сали им е забрането да отвораат акушерски одделенија. Дополнително, новата регулатива пропишува дигитална ...

Во експлозија на бомба во Солун, Грција, изутринава (3.05) загина 38-годишна жена. Таа била пренесена во болница со тешки повреди, каде била констатирана смрт, објави весникот „Катимерини“. Според грчките власти, брзо е отфрлена можноста за терористичка позадина на експлозијата, во која се уништени и повеќе излози на околни продавници и возила. Жената ѝ била позната на полицијата по разни грабежи и веќе била во затвор, пренесе „Катимерини“. ...

Некои љубови одат само до одредени граници. А љубовната врска на Германија кон готовината би можела да биде ставена на тест со монетите на еврото од еден и два центи. Идејата за укинување на овие монети постои веќе долго време и станува сè попопуларна. Неодамна, исто така, пронајде и застапници на високо ниво во групата поврзана со Бундесбанката, централната банка на Германија. Ова се случува непосредно откако американскиот претседател Доналд ...

Во Австралија денеска (3.05) се избира нов парламент. Во изборната кампања доминираа високите трошоци за живот, како цените на јајцата, кириите и бензинот. Но, зад овие внатрешни прашања се крие и едно надворешнополитичко: како Австралија треба да ги обликува своите односи со Кина и Соединетите Американски Држави? За австралиските граѓани, ова е прашање на зачувување на работни места и на национална безбедност. „Комплексен однос“ со Кина Кина ...

На претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му се слошило во текот на посетата на САД, по што побарал лекарска помош. По прегледите и лекарските консултации, Вучиќ донесол одлука да се врати во Србија. Во текот на наредните денови кабинетот на претседателот би требало да ја информира јавноста за што точно се работи. Танјуг денеска (3.05) јави дека Вучиќ е веќе на пат за Белград. Вучиќ во САД требаше да има средби со луѓе од врвот на ...

Високи функционери во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваа германската разузнавачка служба БфВ поради означувањето на партијата Алтернатива за Германија (АфД) во целина како „десноекстремна“. Службата за заштита на Уставот (БфВ) оцени дека позициите на партијата за етничката припадност се некомпатибилни со демократијата, истакнувајќи дека АфД „има за цел да исклучи одредени групи на население од рамноправно ...

Партијата Алтернатива за Германија (АфД) од страна на Сојузната служба за заштита на Уставот е класифицирана во целина како десноекстремна. Службата за заштита на Уставот (БфВ) денеска во Келн (2.05) соопшти дека оценката е донесена поради „екстремистичкиот карактер на целата партија кој не го почитува човечкото достоинство“. Преовладувачкото сфаќање на луѓето во партијата, како што се вели, се конкретизира во севкупниот антимигрантски и ...

Различните информации коишто доѓаат од Скопје и од Софија ја наметнуваат дилемата кој ја кочи изградбата на пругата од Коридорот 8. Откако македонскиот министер за транспорт, Александар Николоски го впери прстот кон Софија, бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт Гроздан Караџов вели дека не е точно оти Бугарија не презема ништо за железничкото поврзување меѓу двете држави на Коридорот 8. „Каде е Николовски да го потпише договорот?“ ...

Најновиот извештај на Репортери без граници (РСФ), според кој Северна Македонија бележи пад од шест позиции на Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 година и се рангира на 42 место, е јасен сигнал до институциите дека се неопходни итни и координирани реформи за зајакнување на медиумскиот сектор и подобрување на положбата на новинарите. Ова е оценката на Здружението на новинари на Македонија, коешто смета дека извештајот е реален и ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
4.12
74%
997
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
998
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
100%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
98%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
94%
998
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
0.45
82%
1002
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
92%
1000
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
94%
998
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

67162.91

Алуминиум

3.03

Паладиум

546.56

Сребро

2460.50

Кобалт

64.04

Калај

46.91

Злато

159231.39

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Бакар

11.69

Цинк

3.25

Родиум

336779.07