Од сон до реалност, за вечност! Под овој слоган, со свечена акедемија и обраќање на премиерот Христијан Мицкоски се одбележува 8-ми септември - Денот на независноста на Македонија. На свечената акдемија утрово и претходеше положување цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, на поранешниот претседател Борис Трајковски и на првиот премир Никола Кљусев. Празникот се дочекува во атмосфера на нарушена ...

Вчерашното прво септемвриско неделно попладне беше пријатно сончево, како што порано беа германските лета. Синото небо наликуваше на тоа на Југот, што, за миг, заборавив дека морето е далеку.Секако, поради глобалното загревање денес и германските лета се топли како јужните. Топлиот ветер, одвреме-навреме, кусо забучуваше во густото зеленило, како да сакаше шеговито да ги повлече за коси расцутени високи грмушки. Ветер благ, а толку полн со ...

Политичката сцена во Република Српска (РС) влегува во турбулентна фаза. Радован Вишковиќ веќе не е премиер на ентитетот, а Синиша Каран е тргнат од функцијата министер за внатрешни работи во процесот на формирање „неуставна“ влада. Двајцата до неодамна беа меѓу најблиските соработници на Милорад Додик. Ни самиот Додик веќе не е претседател на РС, откако Централната изборна комисија му го одзеде мандатот по судска пресуда. Според босански ...

Најважната безбедносна гаранција е масовното вооружување на земјата. Украина мора да се трансформира во „челично бодликаво прасе“ кое „идни освојувачи како Русија не би можеле да го сварат“, со месеци порачува претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. И на самитот на „Коалицијата на волјата“ минатата недела во Париз, група од околу 30 земји предводени од Франција и Велика Британија кои се согласија за план за поддршка на Украина и ...

Укинувањето на државни празници е „во мода". Францускиот премиер Франсоа Бајру во јули предложи Велигденскиот понеделник и Денот на победата над фашизмот (8 мај) да бидат избришани од списокот на неработни денови во Франција, кои вкупно се 11 во годината. Предлогот наиде на жестоки критики од речиси целата политичка сцена. Бајру тврдеше дека ваквиот потег ќе помогне во ублажување на буџетскиот притисок, а тој не е единствениот што размислува ...

Високите тонови околу оперативните мерки на кои бил подложен сегашниот премиер Христијан Мицкоски додека бил водач на опозицијата и неколку други истакнати личности, не престануваат. Воведот во политичката разрешница треба да почне во среда на 10 септември кога ќе се состане парламентарната Комисија за надзор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), а истиот ден Комисијата ќе отиде и во посета на АНБ. ...

Десетици илјади поддржувачи на поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, се собраа низ целата земја во неделата. Масовните собири се одржаа само неколку дена пред пресудата на Врховниот суд во судењето на Болсонаро за основано сомнение за обид за државен удар. Барања за амнестија На митингот на Авенија Паулиста во Сао Паоло, за време на прославата на Денот на независноста на Бразил, демонстрантите побараа амнестија за оние кои беа ...

Речиси никој не се сомнева дека премиерот Франсоа Бајру ќе загуби на гласањето за доверба во францускиот парламент во понеделник (8 септември). Тоа е затоа што му недостасува мнозинство за неговите планови да го стави националниот долг на Франција под контрола со намалување на буџетот. Што ќе се случи потоа, никој не знае. Дали ќе има нови избори, како што бара десничарската партија Национален собир, или претседателот Емануел Макрон ќе може ...

Албанскиот премиер Еди Рама, по добивањето на четвртиот мандат на изборите во мај, вети дека Албанија ќе стане членка на Европската Унија до 2030 година. Но, на средба со стартапи и ИТ-секторот во јули, тој најави уште една амбициозна цел: комплетна дигитализација на економијата. „Имаме амбиција до крајот на деценијата Албанија да стане безготовинско општество, каде сите финансиски трансакции ќе бидат дигитални“, изјави Рама на настанот ...

Пред очекуваната големаофанзиваврзградот Газа,израелската армија го прогласи крајбрежното подрачје во јужниот дел на Појасот Газа за таканаречена хуманитарна зона. Областа Ал-Маваси, во близина на Кан Јунис, има основна хуманитарна инфраструктура, како што се теренски болници, водоводни цевки и постројки за десалинизација, изјави портпаролот на армијата на арапски јазик на платформата X. Таму се доставува и хуманитарна помош. Портпаролот ги ...

Пред очекуваната голема офанзива врз градот Газа, израелската армија го прогласи крајбрежното подрачје во јужниот дел на Појасот Газа за таканаречена хуманитарна зона. Областа Ал-Маваси, во близина на Кан Јунис, има основна хуманитарна инфраструктура, како што се теренски болници, водоводни цевки и постројки за десалинизација, изјави портпаролот на армијата на арапски јазик на платформата X. Таму се доставува и хуманитарна помош. Портпаролот ...

Штефан Х. имал проблеми со срцето и сакал термин кај кардиолог. Но, кога побарал преглед кај специјалистот, срцето речиси престанало да му бие. „Термин имаа дури за четири месеци“, вели 67-годишникот. Но, неговото срце не издржало ни четири месеци. Прво завршил со брза помош, а потоа и на маса за операции. Ваквите приказни, но од перспектива на медицинска сестра, ѝ се познати и на Хајке Хартунг-Штајн. Таа 12 години има работено кај различни ...

Некогаш некои очигледни знаци во политиката изгледаат како вистински докази, но друг пат тие знаци може да изгледаат како збунувачка сложувалка. Два настани оваа недела одржани во регионот и во значајна мерка за регионот (се разбира, и за Македонија) предизвикуваат повеќе прашања отколку одговори. А во исто време, како некои работи да ги вадат од сенките и ги поставуваат на сончевиот сноп. Ќе ви претставиме детали што беа јавни, па можеби и ...

Откако Европската комисија изрече антимонополска казна од 2,95 милијарди евра за компанијата-мајка на Гугл, Алфабет, за злоупотреба на доминантната пазарна позиција и поткопување на конкуренцијата, не му требаше долго на американскиот претседател Доналд Трамп да реагира: тој индиректно се закани со казнени царини против Европската Унија. Таа мерка е „многу неправедна“ и ги загрозува американските инвестиции и работни места, напиша Трамп на ...

Жандармеријата и полициските единици насилно ги растераа илјадниците граѓани кои мирно протестираа пред Универзитетот во Нови Сад, јавува најголемата германска новинска агенција дпа, повикувајќи се на извештаите на Н1. „Според медиумските извештаи, полициската акција започнала откако непознати лица ги гаѓале полицајците кои биле стационирани пред зградата на Филозофскиот факултет“, пишува агенцијата. Се појаснува дека тој факултет е жариште ...

За време на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Европската унија во Копенхаген за време на викендот, една од темите што повторно се дискутираше беше дали и како да се санкционира Израел за неговите постапки во тековниот конфликт во Газа. Иако степенот на криминално однесување на Израел сè уште се дебатира, мнозинството набљудувачи веќе не го оспоруваат фактот дека израелската воена кампања во Газа, започната ...

Со оглед на тоа колку силно Москва се спротивставува на каков било предлог за членство на Украина во НАТО, беше изненадување кога рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата земја нема да се спротивстави доколку Украина се приклучи на ЕУ. „Што се однесува до членството на Украина во ЕУ, ние никогаш не сме се спротивставиле на ова“, рече Путин за време на посетата на Кина. „Што се однесува до НАТО, тоа е друго прашање.“ Сепак, ...

Пред неколку дена шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев, а вчера и бугарскиот премиер Росен Желјазков, ја коментираше иницијативата пред македонскиот Уставен суд за оценка на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија. „Неоправдано и излишно е обжалувањето во Уставниот суд на РСМ, на потпишаниот протокол кон договорот за добрососедство, кој предвидуваше секоја година да ...

По наводното намерно нарушување на сателитскиот навигациски систем ГПС, во Русија се крена бран потсмев и исмејување на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Политичарката отпатува за Бугарија на 31 август. Прекинот на ГПС-от на авионот резултирал со непланирано слетување во градот Пловдив. Бугарските власти се сомневаат дека Москва стои зад нападот и го поврзуваат со војната на Русија против Украина. Портпаролката на ...

Спор околу буџетот и несогласувања за финансирањето на социјалните бенефиции и климатските проекти - тоа доведе до колапс на сојузната влада на СПД, Зелените и Либералите во ноември 2024 година. Лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, тогашен предводник на опозицијата во германскиот Бундестаг, претходно не пропушташе можност да ја критикува коалицијата за нејзините расправии. Тој наведуваше дека има „владина криза“ што ја поткопува довербата на ...

Милица (името е сменето) е градежен инженер. Моментално е запишана на магистерски студии за професор по инженерство и компјутерски науки. Таа би сакала да добие постојано вработување како наставничка. Самохраната мајка на три деца во слободното време работи и како доставувачка за „Глово“. До неодамна таа предаваше во основното училиште „Стефан Немања“ во Ниш, како т.н. „ненаставен кадар“. Во Србија нема доволно наставници по инженерство, ...

Првиот закон што беше дискутиран и усвоен во грчкиот парламент по летната пауза се однесува на нелегалната имиграција. Конзервативната влада na премиерот Киријакос Мицотакис сака да воведе построги мерки за да се олесни враќањето на лицата кои немаат право на азил. Основната идеја зад законот на министерот за миграција Танос Плеврис е одвраќање: секој што нелегално ќе пристигне во Грција ќе заврши во затвор. А секој што живее нелегално во ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предизвика бура од реакции викендов со изјавата дека плановите за распоредување европски трупи во Украина како дел од безбедносни гаранции по конфликтот се „прилично прецизни.“ „Имаме јасен патоказ и постигнавме договор [во врска со американската поддршка] во Белата Куќа... и работата напредува многу добро,“ изјави Фон дер Лајен за „Фајненшл Тајмс“, во интервју објавено во неделата ...

Видео снимка направена од воздух прикажува глисер на отворено море. На него може да се видат неколку луѓе и пакети. Локацијата и времето на снимање се нејасни. По околу 30 секунди, се случува експлозија, по што снимањето завршува. Видеото го објави претседателот на Соединетите Американски Држави на неговата социјална платформа. Според Доналд Трамп, во американската воена операција се убиени единаесет лица. Претседателот на новинарите во ...

Се прашувам какви се линиите на нашата политика воопшто? Некако сме многу брзи во исцртувањето на тврди позиции за надвор, и монументално театрални околу позирањето врзано со нашиот „непокор“, ама никако да поставиме некаква стратегија за тоа што сакаме да видиме дома, кои реформи ни се приоритет, и кои области од нашиот општествен живот треба најбрзо да се поправат. Ја „откачивме“ ЕУ, и сега во еден здив чекаме ЕУ за возврат да не „откачи“ ...

Мерт Саим често е на аеродромите низ Северна Рајна-Вестфалија, особено во главниот град на покраината, Дизелдорф. Само од таму во 2024 година повеќе од 2.800 лица се депортирани по воздушен пат. Се работи за луѓе чии барања за азил се одбиени, или кои од други причини немалеперспектива да останат. Повеќе од 20 илјади лица се депортирани во 2024 Саим работи за црквата како референт за бегалци, миграција и интеграција. Неговата задача е да ги ...

Скандал од невидени размери. Така пред повеќе од две децении беше опишан случајот „Големото уво“ обелоденет од Бранко Црвенковски, претседател на тогаш опозицискиот СДСМ. За скандал од невидени размери во февруари 2015 година зборуваше и лидерот на тогаш опозицскиот СДСМ, Зоран Заев, кој под слоганот „Вистината за Македонија“, јавно презентираше аудио-снимки од масовно незаконско следење на разговори и порачуваше „ова зло никогаш да не се ...

Мотоцикл минува покрај зрели сончогледи и врти во поле, кревајќи многу прашина. На него седи Олексиј, офицер во баталјон на 14-та бригада на Националната гарда на Украина. Неговата единица се бори во близина на Покровск. Руската армија се обидува да го опколи градот, дневно се случуваат по десетици напади. Мотоциклот е од фронтот. Русите со него напредувале кон украинските позиции, но Олексиј и тројца негови другари го одбиле нападот и притоа ...

„Србија е општество разорено од национализам“, вели за ДВ белградскиот теолог и историчар Вукашин Миличевиќ. Тој е еден од многуте интелектуалци во Србија кои ги поддржуваат студентските протести. Стотици илјади луѓе повеќе од десет месеци излегуваат на улиците во речиси сите градови во Србија и бараат нови избори и сузбивање на широко распространетата корупција. Повод за протестите бешеуривањето на настрешница на штотуку реновираната ...

12 илјади војници кои маршираат во ист чекор, најмодерни системи за оружје погодни за користење ширум светот и пред сè - претседателот Ши Џинпинг како неоспорен моќник на балконот од портата Тjeнанмен над џиновскиот портрет на основачот на земјата, Мао Цетунг. Овие слики денеска (3.09) го обиколуваат светот. 26 шефови на држави или влади од Азија, Блискиот Исток, Африка и Латинска Америка се сведоци на ова шоу. Покрај рускиот претседател ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
58%
1008
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
3.13
52%
1007
weather icon

Загреб

12ᴼ / 8ᴼ
1.03
66%
1006
weather icon

Софија

11ᴼ / 8ᴼ
0.51
46%
1010
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
3.57
68%
1009
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
0.51
84%
1006
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
5.14
58%
1004
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
55%
1007
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
63%
1007
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
64%
1008
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
2.06
54%
1007
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
7.72
76%
1006
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Цинк

0.00

Родиум

320703.70

Платина

68063.13

Рутениум

51376.89

Бакар

13.33

Сребро

2786.34

Алуминиум

3.61

Калај

55.66

Кобалт

45.39

Злато

151086.58

Паладиум

47776.01

Иридиум

253540.09