Лидерот на СДСМ, Венко Филипче во четвртокот (25.09) ја презентираше Резолуцијатаза дефинирање на заедничките државни и национални позиции за продолжување на европскиот пат на Македонија. Станува збор за предлог-решение за коешто СДСМ бара да се постигне национален консензус со цел да се отстранат сите грижи, сомнежи и дилеми поврзани со заштитата на идентитетските обележја во текот на процесот на пристапување кон ЕУ. Кои се црвените линии? ...

Младите луѓе тешко се одвојуваат од скутот на своите родители. Податоците на Евростат, објавени на 23 септември покажуваат дека младите во Европа домот го напуштаат на просечна возраст од 26,2 години. За состојбите во Македонијане се достапни најнови податоци, но оние од минатата година посочуваат дека младите во земјата дури на 32,1 година се одлучуваат да го напуштат родителскиот дом. Ваква е состојбата во речиси сите балкански земји. ...

Кога во Бундестагот се дебатира буџетот на владата, вообичаено е да има општа дебата. Па така беше и во средата во Берлин. На агендата во Бундестагот е буџетот, а нацртот за 2026 година треба допрва да биде одобрен. Се разговара за генералната политика во Германија, за расположението во земјата, за грижите, стравовите и на луѓето и на што се надеваат тие. Ситуацијата не е добра - тоа се чувствува во сите говори во Бундестагот. Економијата ...

Дел од општините ќе останат со намален број советници, откако Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за ваквата владина одлука. „Неколку аспекти се битни за донесената одлука. Најнапред околу надлежноста на Владата, дали таа има надлежност да донесе ваква одлука. Апсолутно Владата е единствениот орган кој може да ја донесе оваа одлука, а надлежноста ја црпи од Уставот, член 91, алинеја 1, бидејќи таа е надлежна за извршување на законите. ...

Украина, според американскиот претседател Доналд Трамп, е способна да ја врати својата територија од рускиот агресор со помош на западните сојузници. Со време, трпение и финансиска поддршка, особено од НАТО, оригиналните граници од времето кога започна војната се опција, напиша американскиот претседател на својата платформа Truth Social. Ова претставува пресврт во ставовите на Трамп. Во последните недели, во разговорите за завршување на ...

Обединетите нации обединуваат 193 држави членки. Таа меѓународна организација ја сочинуваат претставници на владите од целиот свет. Основана е по Втората светска војна. Првата конференција е одржана во 1945 година, а првото Генерално собрание следната година во Лондон. Тоа значи дека ова годишното собрание, кое се одржува во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, се одржува по 80. пат. Целите на Обединетите нации се одржување на ...

Не, свечен говор по повод 80-годишнината од Обединетите Нации звучи поинаку. Но, тоа веројатно би било премногу здодевно за Доналд Трамп. И така, стана груба мешавина од предизборен говор и самопофалби, теории на заговор и жестоки навреди кон домаќинот. Накратко - типично за Трамп. Главната работа е што шефовите на држави или влади не слушаат никого толку внимателно како што го слушаат него. Малкумина се осмелија да вртат со главите. Каква ...

Од Градската депонија во Кочани, по неколкумесечно затишје, деновиве повторно се издигна висок облак и чад, алармирајќи дека огнот повторно го има зафатено жариштето коешто со години наназад ги труеше жителите на градот. Станува збор за депонија, којашто е лоцирана над селото Бели во правец на Пониква, а која што по серија протести во текот на минатата година беше покриена со земја, со цел да се спречи нејзино палење. Од кочанското комунално ...

„За ѓубрето во Скопје ќе има одговорност со име и презиме“, порача премиерот Христијан Мицкоски, по хаосот којшто му се случува на главниот град кој со денови е затрупан во отпад. Во пресрет на локалните избори во октомври, тој повторно се извини што го поддржал изборот на актуелната градоначалничка Данела Арсовска и порача дека „на 19 октомври Орце Ѓорѓиевски ќе биде избран за градоначалник на Град Скопје и првите 72 часа ќе има генералка од ...

Во првата емисија по запирањето на шоуто, американскиот водител Џими Кимел одржа пледоаје за слобода на изразување. Неговото шоу не е важно, рече Кимел: „Важно е што живееме во земја каде што е дозволено да се има емисија како оваа“. „Несоодветно или нејасно, или можеби и двете“ Со растреперен глас, тој рече дека никогаш не сакал да го тривијализира убиството на еден млад човек. Насилството никогаш не е решение, нагласи Кимел, осврнувајќи се ...

Драфт верзијата на Резолуцијата за црвените линии и преговори со ЕУ, која СДСМ ја најави на почетокот на септември, ќе биде објавена утре (25.9.). По критиките во јавноста дека до денес нема ништо од тој документ, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера соопшти дека предлогот е финализиран и објасни зошто не бил готов порано. „Многу внимателно пристапивме кон овој процес, имајќи предвид дека станува збор за една чувствителна тематика. Тоа ...

Македонската дипломатија останува воздржана во однос на прашањето за признавање на Палестина, коешто се актуелизираше на 80. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, каде во фокусот се најде конфликтот меѓу Израел и Газа. Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, вели дека Македонија при носење на одлуки во делот на надворешната политика мора секогаш да биде дисциплинирана и внимателна, а не импулсивна. „Што значи тоа? ...

Кога новата претседавачка на Генералното собрание на ОН, Аналена Бербок, сакаше да го повика американскиот претседател, таа се колебаше. На почетокот, не беше јасно зошто. Но, кога Доналд Трамп се качи на говорницата, тој ја разјасни ситуацијата - телепромптерот не функционираше. Кој и да е одговорен за тоа, е во голема неволја, се пошегува Трамп. Проблемот на Трамп со телепромптерот Проблемот со телепромптерот му одговараше одлично на Трамп, ...

На времето кога некому не му одело според планираното, тетките и бабите велеле дека тоа е затоа што е урочен. Тоа значело дека некој душман му фрлил магија, или го погледнал накриво затоа што му завидувал на успесите и сакал да почне да го бие малер. Денеска таквите верувања се искоренети, или барем сакаме да мислиме дека се искоренети. Но од време на време се појавуваат и во модерна верзија. Како на пример дека некој човек, жена, ...

Напуштање на просторија за „пауза за кафе“, комплицирани правни конструкции за користење на приходите од камати од замрзнатите руски средства и завршни изјави на шефовите на држави и влади без унгарскиот премиер Виктор Орбан - ваквите примери покажуваат како ЕУ мораше да донесе некои одлуки без Унгарија или да ја заобиколи Унгарија. Сепак, ова станува сè потешко во надворешната и безбедносната политика. Пакетите санкции против Русија, на ...

Изјавите на премиерот дека не е основано барањето на судиите и обвинителите за повисоки плати, кога имаат само два отсто доверба кај граѓаните, предизвика реакции кај правосудната фела. Според нив, судиите и обвинителите се преоптоварени со голем број предмети, а нивните плати се најниски, споредено со регионот. Новиот предлог-закон за јавното обвинителство во Македонија предвидува вкупниот буџет на институцијата да изнесува 0,5% од државниот ...

Во пресрет на зимата, Владата ја разгледува можноста за воведување на нови субвенции за поставување филтри на оџаците со цел да се спречи загадувањето. Првично се размислува дека со мерката би можеле да бидат опфатени пет до 10 илјади домаќинства, коишто користат фосилни горива или дрва за затоплување. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата на седница ќе ја разгледа ваквата можност за воведување нови субвенции. Тој посочи дека ...

Атентатот врз десничарскиот политички активист Чарли Кирк и натаму предизвикува бранувања во САД. Откако Кирк беше застрелан на кампусот на Универзитетот во Охајо, Доналд Трамп и неговите следбеници сè повеќе создаваат расположение против „радикалната левица“, за која веруваат дека е одговорна за неговата смрт. Американскиот претседател сега официјално го означи движењето Антифа како терористичка организација. Според Белата куќа, Трамп ...

Секој петти граѓанин во Македонија живее во сиромаштија. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), кој ги објави резултатите од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија. Според оваа анкета, 22.2 проценти од граѓаните во Македонија во 2023 година биле сиромашни. Најпогодени се семејствата со три и повеќе деца, но и самохраните родители. ...

Во пресрет на локалните избори во октомври, Државната изборна комисија информираше дека досега филтерот го поминале вкупно 303 кандидатски листи за градоначалници на општините и Градот Скопје, додека за членови на општинските совети и Советот на Град Скопје се потврдени 558 листи. Во општините Куманово, Аеродром, Карпош и за Град Скопје, продолжува проверката на листите поради отстранување на утврдени неправилности. Во тек е процес на ...

Како да се реагира на неодамнешните руски нарушувања на воздушниот простор над територијата на НАТО? Oдбранбената алијанса, како и Советот за безбедност на Обединетите Нации, свикаа посебни седници за ова прашање. Во своето инаугуративно обраќање пред Советот за безбедност во Њујорк, новиот амбасадор на САД во ОН, Мајкл Валц, ја нагласи обврската за пружање помош во НАТО - вклучително и на САД: „Сакам да ја искористам оваа прва можност да ...

Протестот како што во Франција често се случува, наликуваше на улична забава. Големи балони летаа од комбињата на синдикатите, музика трештеше од звучниците. Долж рутата за маршот низ источен Париз се продаваа колбаси и пијачки. Според властите, 55 илјади лица излегле на улиците во главниот град, а 500 илјади низ цела Франција. Синдикатите пак наведуваат дека имало околу еден милион демонстранти. Веселиот протест го отслика растечкиот гнев на ...

Обесхрабрени, неодлучни, многу претпазливи, фокусирани на безбедноста, со прилична доза страв од иднината – тоа е она што глобално се смета за „германски страв” (German Angst). Затоа и не изненадува што многу студии за стравот се прават исклучиво во Германија. Тоа важи и за студијата „Стравовите на Германците 2025“, на Информациониот центар на осигурителната компанија R+V, која по 34. пат ги прашува луѓето во Германија што најмногу ги ...

Чисто, урбано и модерно Скопје - ова е визијата која што ја нудат кандидатите за градоначалници за главниот град, којшто и изутрината се разбуди со контејнери преполни со отпад и ѓубре расфрлано на сите страни. Ваква глетка можеше да се забележи во повеќе скопски населби, за што граѓаните алармираа споделувајќи фотографии и видеа на социјалните мрежи. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочи дека Јавното претпријатие ...

Мнозинството земји во денешно време ја признаваат Палестина како држава. Но, и покрај децениските напори, целосниот суверенитет и членство во ОН остануваат недостижни за палестинската држава. На 9 септември Генералното собрание на ОН с о огромно мнозинство ја поддржа резолуцијата со која се дава поддршка за решение за две држави меѓу Израелците и Палестинците. 142 земји гласаа „за“, 10 против и 12 беа воздржани. Не беа поминале ни 24 часа ...

Прашањето за признавањето на Палестина повторно стана актуелно во пресрет на Генералната дебата при 80-то Генерално собрание на Обединетите нации. По најавите дека Франција, Обединетото Кралство, Канада, Австралија и Португалија ја признаваат Палестина како суверена држава, расте притисокот и во Македонија да се произнесе околу ова прашање. Во институциите засега владее молк во однос на ова прашање. Писмо до претседателката Иницијативата ...

Михаил Булгаков, Украинецот роден во Киев во 1891, се мерел со великаните. Затоа за мото на својот роман „Мајсторот и Маргарита” ја избрал легендарната реплика на Мефисто од Гетеовиот „Фауст”: „јас сум дел од таа сила, која секогаш сака лошо и секогаш прави добро.” Романот, пишуван во најстрашната ера на Сталиновата диктатура, во која секоја ноќ еден од некогашната руската предреволуционерна елита завршувал во Сибир, е протест против таа ...

Нема никаков безбедносен ризик со слетувањето и со полетувањето на авионите на скопскиот аеродром, тврди директорот на М-НАВ, Владимир Ристески, кој ја потврдил информацијата на порталот „СДК.мк“ дека се расипал единствениот исправен радар во Контролата на летање во Македонската навигација (М-НАВ) на Меѓународниот аеродром Скопје. Според директорот, работата ќе се одвива како и досега, но со побавно темпо и нема никаков безбедносен ризик со ...

Пред седницата на Генералното собрание на ОН, неколку западни земји објавија одлука за признавање на Палестина како држава. Целта е да се изврши притисок врз Израел за да стави крај на војната во Газа и да се поттикне нов мировен процес. Речиси 150 од 193-те членки на ОН веќе ја имаат признаено Палестина, но со Франција, Велика Британија и Канада, сега веќе и водечки сили од Г7, групата на седум најразвиени западни индустриски земји, би биле ...

„Убаво речено, но ќе видиме колку ќе биде сторено“ – вака ја коментира професорот Борче Давитковски изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за професионализацијата на администрацијата. Претседателот на Владата, најавувајќи дека сака да ја донесе Европа дома претходно рече: „Ние сме генерацијата што ја презема иницијативата и сака да ја донесе Европа дома – преку современ сектор. Мора да ја извлечеме државата од мракот на партизацијата и да ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1008
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
3.58
64%
1008
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1006
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
75%
1010
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
3.22
74%
1009
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
92%
1006
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
5.36
57%
1005
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
77%
1007
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
67%
1007
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
0.89
74%
1008
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 10ᴼ
1.34
62%
1007
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
7.72
55%
1006
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Паладиум

47776.01

Родиум

320703.70

Бакар

13.33

Алуминиум

3.61

Злато

151086.58

Калај

55.66

Рутениум

51376.89

Платина

68063.13

Сребро

2786.34

Иридиум

253540.09