Летовите на аеродромот во Минхен изутринава (4.10) повторно продолжија откако втор ден по ред стигнаа пријави за видени дронови. „Од 7 часот постепено ќе се почне со работа“, објави аеродромот на својата веб-страница. Сите полетувања и слетувања беа прекинати во текот на ноќта поради информации дека се видени два дрона. „Капацитетот сега постепено се зголемува повторно“, изјави портпарол на аеродромот. Сепак, патниците треба да очекуваат ...

Локалните избори кои се одржуваат на четири години, станаа список на желби затоа што многу ретко се остварува тоа што кандидатите го ветуваат. Така и главниот град Скопје, после толку избори и смена на градоначалници, наместо да се развива, ги живее своите најлоши денови. И на овие избори фаворитите ветуваат подобрување на градскиот превоз и чистота, намалување на загадувањето, но поради запуштениот изглед на градот ниту еден кандидат не се ...

Милитантната исламистичка палестинска организација Хамас вели дека прифаќа делови од мировниот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп. „Движењето ја објавува својата согласност за ослободување на сите заложници - живи и посмртни останки - според формулата за размена во предлогот на претседателот Трамп“, се вели во соопштението на терористичката организација. Сепак, во своето соопштение, Хамас не се осврнува на своето разоружување, ...

Елизабет Кајзер потекнува од Гера во германската сојузна покраина Тирингија. Актуелната ополномоштеничка за источните покраини е родена во 1987 година, кога Германија сè уште беше поделена. Две години подоцна, падна Берлинскиот ѕид, а на 3 октомври 1990 година, комунистичката ГДР конечно стана историја. „Не го доживеав свесно периодот на повторно обединување, но приказните што ми ги раскажуваа моите родители и бабите и дедовците ме ...

Велика Британија и Палестинците ги поврзува посебно минато, дури и пред Тони Блер. Во 1922 година, Лондон го доби мандатот од Лигата на народите да ја администрира Палестина. Уште претходно, со „Балфуровата декларација“ Британците ветија дека таму ќе воспостават „татковина“ за Евреите од целиот свет. Како резултат на тоа, се зголеми еврејската имиграција во Палестина - а со тоа и тензиите меѓу еврејското и арапското население. Кога Британците ...

Каи Вегнер (ЦДУ), градоначалник и премиер на градот-покраина Берлин, пред 35-годишнината од обединувањето на Германија објави каде поранешниот канцелар Хелмут Кол (ЦДУ) ќе биде овековечен во германската престолнина: во централно лоцираната Хофјегер Алеја. „Тоа е одлична улица за голем човек на кого многу му должиме“, рече Вегнер. Одлуката во Берлин да се именува улица по Кол беше донесена претходно. Докторот по историја Хелмут Кол (1930-2017) ...

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) на пленарната седница во Стразбур на први октомври, по 26 години одлучи да го затвори постмониторинг-дијалогот со Бугарија и да ги следи случувањата во земјата во рамките на своите периодични прегледи. Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, заслугите за таа одлука, исто како и за вклучувањето во Шенген и во Еврозоната - ги припиша на владејачкото мнозинство во земјата. „ПССЕ ...

Компании во банкрот, миграција во странство, големи дефицити во социјалното осигурување и незадоволно население: само 22 проценти од испитаниците во најновата септемвриска анкета Дојчлантренд на првата германска телевизија АРД се задоволни со работата на сојузната влада, составена од конзервативните ЦДУ и ЦСУ и Социјалдемократите. Канцеларот Фридрих Мерц од ЦДУ е под притисок да дејствува - и го свика својот кабинет на дводневен состанок во ...

Чешкиот претседател Петр Павел, поранешен началник на Генералштабот во земјата, е присебен колку што е и човек со силни нерви. Како командант на чехословачка единица на падобранци на ОН, тој во 1993 година, за време на босанската војна, спаси опкружени француски војници од речиси безнадежна ситуација. Но, иако речиси никогаш не покажува емоции на настапите во својство на шеф на државата, подолго време остава впечаток на длабока загриженост за ...

Израел пресретна неколку бродовишто ѝ припаѓаат на Глобалната флота Сумуд, најамбициозната и најголемата поморска мисија досега што се обиде да стигне до Газа. Флотата од речиси 50 брода со хуманитарна помош исплови од различни пристаништа кон крајот на август. Речиси илјада учесници, меѓу кои и шведската еколошка активистка Грета Тунберг, поранешната градоначалничка на Барселона, Ада Колау и ирскиот актер Лијам Канингем, се наоѓаа на ...

До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн. Секој граѓанин ќе има дигитален идентитет, пристап до сите институции преку мобилен телефон. Ќе создадеме генерации со дигитални вештини, ученици кои ќе бидат конкурентни со своите врсници во Европа - ова го вети премиерот Христијан Мицкоски на Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025, регионален настан кој се одржува во Скопје. Целта на Македонија, вели премиерот е, да ...

Политичарката од редовите на АфД, Беатрикс фон Шторх, во германската надворешна политика е прилично непознато име – дотолку поинтересен е фактот дека во септември 2025 година во главниот град на САД, Вашингтон, во објект во склоп на Белата куќа имаше средба со претставници на американската влада. Тоа го наведе самата Фон Шторх, а за тоа известуваа и германски медиуми. Меѓу соговорниците наводно биле членови на кабинетот на потпретседателот на ...

Македонија сè уште е на листата на земји со повисоки стапки на пушење во регионот. Анализите покажуваат алармантни податоци - 40 проценти од младите до 18 години пушат, а најфрапантно е што децата веќе на 13 годишна возраст посегнуваат по цигарите. „Превенцијата во рана возраст е клучна за одбегнување на злоупотребата на штетните материи како алкохол, цигари и дрога, а образованиот процес е најдобар начин за превенција и одбегнување на ...

Трет ден од почетокот на официјалната кампања, и повеќе од еден месец како партиите неформално ги започнаа средбите со граѓаните и теренските активности за локалните избори во Македонија во октомври, повеќе од извесно е дека лидерите на најголемите политички партии „го украдоа „шоуто“, па изборните ветувања на кандидатите за градоначалници место да се најдат во фокусот - паднаа во сенка. На сцената доминираат препукувањата меѓу премиерот и ...

Немаме ни суд, ни правда, кога ќе добиеме правда - ова се најчестите критики и прашања што ги поставуваат граѓаните незадоволни од одлуките на делителите на правдата. „Како може тепање и убиство да имаат иста казна - две години затвор?" - праша неодамна Ева Ристовска, сестра на Теодора, која беше усмртена од возач на пешачки премин во Тетово во 2022 година, а сторителот доби казна од две години затвор, исто колку што доби и лицето што ја ...

Американската политичка сцена повторно влезе во хаос. На 1 октомври 2025 година, на полноќ, САД формално ја „изгасија“ својата влада, или ја ставија на пауза, како милувате. Откако Конгресот не успеа да изгласа буџет ниту привремено финансирање за да се „закрпи“ дупката во финансиските текови, слично на повеќе претходни примери, ова беше неизбежно сценарио. Причината е позната, етаблирана, и веќе толку пати се појавува како лајт-мотив во ...

Почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), кој ќе биде целосно имплементиран до април 2026 година. Овој нов дигитален систем претставува една од најзначајните реформи во областа на граничното управување на ЕУ, заменувајќи го досегашното ставање печати во пасошите со електронска евиденција на биометриски податоци (фотографија и отпечатоци од прсти), како и точни ...

По преземањето на функцијата од Јенс Столтенберг, кој го водеше НАТО цели десет години, на 1 октомври 2024 година, поранешниот холандски премиер Марк Руте знаеше дека нема да има лесен почеток. Руте беше очигледен избор за позицијата, бидејќи европските сојузници веруваа дека доколку Доналд Трамп биде реизбран за претседател на САД само еден месец подоцна, тој е лидерот кој најдобро ќе се справи со потенцијално многу кревкиот однос меѓу НАТО ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, им се обрати на врвните генерали и адмирали во земјата на ретка средба во вторникот (30.09), барајќи сите врвни воени лица распоредени низ целиот свет лично да дојдат во Квантико, Вирџинија. Трамп изјави дека потпишал наредба за создавање воена единица за брз одговор на граѓански немири и нагласи дека војската ќе биде вклучена во неговата акција против неколку градови контролирани од Демократите. „Еден по ...

Суспензија на вработени во Управата за јавни приходи и нови истражни дејствија се најавуваат за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, откако во јавноста се појавија нови докази коишто фрлаат нова светлина на случувањата. „Со поднесувањето на обвинението за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, не завршија и истражните постапки за други инкриминирачки дејствија поврзани со други лица и институции“, вели државниот јавен обвинител Љупчо ...

Резолуцијата за дефинирање на црвените линии на патот кон ЕУ, којашто неодамна ја презентираше лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, предизвика различни реакции во јавноста. Шефот на државата, Гордана Сиљановска - Давкова вели дека не е за нови црвени линии - туку за договор дома. „Ако одиме надвор со консензус, тогаш ќе нѐ почитуваат“, порача претседателката во интервју за телевизија Сител. „Линиите се прегазени или избришани“ ...

Во центарот, во срцето на стариот град на Атина: нешто пред 21 часот е, а малиот ресторан на газдарицата Мариза Елеонора, „Илијада“, сè уште е преполн. Сепак, таа ќе го затвори ресторанот во следните неколку минути, иако навистина добро би ѝ дошле зголемените приходи. Но, нејзиниот вработен веќе си заминал дома. „Сега затвораме во 21:30 часот. Би сакала ресторанот да биде отворен до 23 часот, но не можам, бидејќи е премногу стресно за мене“, ...

Владејaчката ВМРО-ДПМНЕ од Скопје, а опозициската СДСМ од Крушево и Демир Хисар го започнаа изборниот караван со пораки дека овие локалните избори во октомври не се само обични избори, туку ќе бидат одлука за тоа „каква Македонија сакаме да имаме“. Додека премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува излезеност помеѓу 850 и 900 илјади граѓани и се надева дека ќе освојат над 400.000 гласови, со што би оствариле историски најдобар ...

Поранешниот претседател Милорад Додик во понеделникот се повлече од сите официјални функции во Република Српска, ентитетот со српско мнозинство што сочинува половина од Босна и Херцеговина, по речиси три децении на власт. Со тоа заврши повеќемесечниот судир со државното судство, со целосна капитулација на Додик. Сѐ започна во февруари, кога федералниот суд на Босна го осуди на една година затвор и му забрани политичко дејствување во период од ...

Си-Ен-Ен постојано прикажуваше одбројување до 1 октомври во 00:01 часот. Сега, САД се најдоа во „шатдаун" – прва буџетска блокада по шест години, која не изгледа дека ќе заврши брзо. Буџетската блокада значи дека федералната влада делумно престанува со работа бидејќи Конгресот не го усвои буџетот за новата фискална година. Претставниците имаа рок до полноќ да се договорат за привремен буџет. Но, дури и за тоа, Републиканците и Демократите се ...

Северна Македонија барем според едно нешто е рамо до рамо со развиените држави. Тоа е падот на наталитетот, или како што во последно време се нарекува - пад на фертилитетот. Овој феномен не ја одмина нашата мала земја од повеќе причини, но меѓу главните се лошата економска состојба и стеснетите семејни буџети кои го прават раѓањето деца луксуз. Од друга страна, и многу богати држави, иако на своите граѓани им пружаат секакви погодности за ...

Постепено повлекување на израелската армија од Појасот Газа, а за возврат, обезвластување на Хамас и ослободување на преостанатите израелски заложници се клучни точки од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток. Додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху условно го одобри планот од 20 точки во Вашингтон во понеделникот (30.09), Хамас изјави дека не го добил документот. Кога треба да замолчи оружјето? Штом ...

На почетокот на кампањата за локалните избори во октомври, владејачката ВМРО-ДПМНЕ излезе со тврдење дека се крчкаат две тајни коалиции - првата на Левица со ДУИ во Струга, а втората меѓу Венко Филипче и Стевчо Јакимовски, којшто се наоѓа на црната листа на САД. „Овие избори ги сојузија едни од најголемите манипуланти и штетници во Македонија против ВМРО-ДПМНЕ во две не толку видливи, но сепак проѕирни коалиции, коишто имаат за цел да ...

Поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, не беше изненаден кога во четвртокот официјално беше обвинет за давање лажни изјави и попречување на правдата. „Јас и моето семејство со години знаеме дека има цена кога се спротивставуваш на Доналд Трамп,“ рече Коми во видео објавено на Инстаграм веднаш по објавувањето на обвинението. „Но, не можевме да си замислиме да живееме поинаку.“ Наместо да се држи до претседателскиот обичај да се дистанцира од ...

Властите во Авганистан започнаа со исклучување на брзите интернет врски во некои провинции уште на почетокот на месецот, по наредба на таинствениот врховен лидер Хибатула Ахунџада, со цел да се спречи „неморал“. Во понеделник навечер, сигналот за мобилна телефонија и интернет постепено ослабна низ целата земја, сè додека поврзаноста не падна под еден процент од вообичаеното ниво, според интернет- организација Нетблокс. Ова е првпат од ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1007
weather icon

Белград

6ᴼ / 3ᴼ
3.13
86%
1007
weather icon

Загреб

7ᴼ / 1ᴼ
1.54
81%
1005
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
87%
1012
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.7
85%
1008
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1005
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.06
60%
1003
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1007
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
88%
1006
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
85%
1007
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
0.45
69%
1006
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
5.14
63%
1005
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Калај

55.66

Сребро

2786.34

Алуминиум

3.61

Родиум

320703.70

Кобалт

45.39

Злато

151086.58

Паладиум

47776.01

Иридиум

253540.09

Платина

68063.13

Цинк

0.00

Бакар

13.33

Рутениум

51376.89