Белград
8ᴼ /
7ᴼ
Обичните луѓе во Карачи, најголемиот пакистански град, реагираа со голема загриженост на веста за вооружени лица кои отвориле оган и убиле најмалку 26 туристи во Пахалгам, во индискиот дел на Кашмир. Исламистичките групи и претходно извршуваа напади во регионот, често предизвикувајќи тензии, па дури и вооружени судири меѓу армиите на Индија и Пакистан. Овојпат, Њу Делхи изгледа решен да реагира жестоко, обвинувајќи го Пакистан дека ги поддржува ...
Виетнамската војна е еден од најдолгите воени конфликти на 20. век. Војната се надоврза на војувањето против колонијалните сили на Франција и траеше од 1955 до 1975 година. Војната во која загинаа речиси четири милиони луѓе, заврши со пораз на режимот во Јужен Виетнам поддржан од САД и победа на комунистичките сили од Северен и Јужен Виетнам. За Виетнамската војна и нејзините последици има цели библиотеки книги. Но, едно тема често останува ...
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) на Денот на трудот - 1 Мај ќе протестира за зголемување на платите и работничките права. Протестот започнува во 11 часот од пред Работничкиот дом и ќе продолжи до Собранието и пред Владата. „ССМ на 1 Мај излегува на протест да демонстрира, да бара зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, да бара зголемување на сите останати плати за 100 евра, да бара почитување на колективните договори, ...
Без финансиска автономија, судството во Македонија не може да биде вистински независно. Сегашниот модел на реформирање е неефикасен, а суштински промени може да се постигнат само со нов пристап, промена на закони и кадровско зајакнување, смета претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски. Во изјава за медиуми по отворањето на конференцијата „Зајакнување на судската независност и одговорност преку поголема ефикасност на постапките“, ...
Јохан Вадефул (62) во пресрет на самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан во декември 2022 година изјави дека политиката кон Балканот не смее да остане на ниво на симболика. „Германската влада игра важна улога овде од едноставна причина што Германија исто така игра истакната улога за земјите во овој регион“, рече тогаш Вадефул. Тој демохристијанин, тогаш сè уште како претставник на опозицијата, го критикуваше канцеларот Олаф Шолц за ...
По бројните повици за оставка на првата антикопрупцинерка, Татјана Димитровска, којашто е осомничена во случајот „Адитив“, за што судот во Северна Македонија ѝ одреди мерки на претпазливост, таа преку соопштение се огласи во јавноста. Вели дека имала комуникација со семеен пријател, но дека содржината нема допирна точка со коруптивни дејства, ниту со случајот „Адитив“. „Мојата комуникација со семеен пријател, кој подоцна стана обвинет во ...
Четириесетина дена по трагедијата во Кочани, семејствата на загинатите со марш во Скопје побараа одговорност и одговори за текот на истрагата. „Маршот на ангелите“ започна пред Јавното обвинителство, продолжи пред парламентот, а заврши пред МВР, кадешто беа примени на разговори со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Неколку часа претходно тој се соочи со обвинувањата на опозициските партии во Собранието, коишто преку интерпелација ...
Во Македонија продолжува политиката на двојни стандарди, штитење на личниот и партискиот над државниот интерес, држењето за фотелјата по секоја цена. Овие премиси и натаму се ѕвезди водилки во функционирањето на општеството. Последниот случај со Антикорупциската комисија е уште еден пример за тоа. Претседателката Татјана Димитровска премина во илегала откако беше обелоденето дека оддавала службена тајна на лица осомничени за тежок финансиски ...
Иако официјално не е позната содржината на „мировниот план“ на американскиот претседател Доналд Трамп, според сето она што медиумите го открија досега, тоа е еднакво на предавање на Русија на најголемиот дел од територијата на Украина во која навлезе руската армија, вклучително и Крим. За возврат, Украина би добила само мал дел од областа во близина на Харков, слободен сообраќај на реката Дон, што практично претставува линија на фронтот и можна ...
Прекинот на електрична енергија во речиси цела Шпанија и Португалија, веројатно не е поради хакерска манипулација. Врз основа на досега спроведените анализи, „сајбер напад е исклучен“, изјави Едуардо Прието, директор за системски операции во шпанскиот мрежен оператор РЕЕ. Електричната мрежа повторно е стабилна и функционира нормално, изјави Прието. Како прва последица од инцидентот, приклучоците со француската електрична мрежа треба да бидат ...
„За време на Советскиот Сојуз, немавме право на глас и бевме зависни од тоталитарниот систем. Но, во демократска држава, сите граѓани мора да ја држат владата под контрола за да ја зачуваат својата слобода. Медиумите имаат посебна одговорност за да се обезбеди поделба на власта“, изјави Тамар Кинцурашвили (55) од Грузија, која работеше како новинар во таа земја за ДВ 20 години. Таа денес е директор на невладината организација „Фондација за ...
По саботниот марш во Кочани, семејствата на настраданите од пожарот во нелегалната кочанска дискотека „Пулс“ денеска (29.04) ќе организираат и „Марш за ангелите" во Скопје. Како што е најавено, маршот во 12 часот и 5 минути (симболика за задоцнета институционална реакција) ќе започне пред Обвинителството во Скопје, а ќе продолжи на градскиот плоштад во Скопје и потоа пред Собранието. Од протестите што се одржуваа секоја сабота во Кочани, ...
Околу 250.000 луѓе на плоштадот Свети Петар, како и шефови на држави и монарси од целиот свет, се простија во Рим од папата Франциско, кој почина на на велигденскиот понеделник, 21 април, 2025 година. Уште во раните утрински часови, луѓето се слеваа во Ватикан за да присуствуваат на збогувањето со папата. Присутна беше и политичката елита од повеќе од 150 земји, како и речиси сите кардинали и стотици бискупи, како и највисоки претставници на ...
Амнести Интернешнал (АИ) верува дека системот на универзални човекови права воспоставен во светот по Втората светска војна е во опасност: „Нови и темни сили спроведуваат хајка против идеалот за универзални човекови права“, пишува Агнес Каламард, генерален секретар на Амнести Интернешнал, во воведот на овогодинешниот извештај. Актуелниот годишен извештај на Амнести има 409 страници и зборува за состојбата на човековите права во повеќе од 150 ...
Опозицијата притиска, а власта во Северна Македонија тврди дека не е време за одржување на двојни избори наесен. Според потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, прашањето за предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори е затворено и во октомври граѓаните ќе гласаат само за општински советници и градоначалници, а во 2028 година ќе се одржат редовни парламентарни избори. „Граѓаните минатата година ...
Со инаугурацијата на 20 јануари 2025 година, Доналд Трамп стана претседател на Соединетите Американски Држави по вторпат. Оттогаш толку многу работи се променија во американската политика што 100 дена изгледаат како речиси неверојатно краток временски период за - целосен пресврт на земјата од 180 степени. Без разлика дали станува збор за промена на насоката во надворешната политика или воведување царини за производи од целиот свет - речиси и да ...
Христијанско-демократската унија (ЦДУ) ја започна неделата плодоносно кога станува збор за идната влада на Германија, која како канцелар треба да ја предводи нејзиниот претседател Фридрих Мерц. Поширокото раководство на партијата, во понеделникот (28.04), имено, даде зелено светло за коалицискиот договор со помалиот владин партнер Социјалдемократската партија (СПД) а претходно ги објави и имињата на идните министри од нејзините редови, но и од ...
Уставниот суд е заштитник на Уставот, на законитоста и на основните права и слободи на секој граѓанин. Неговиот авторитет, непристрасност и отпорност се исклучително важни за владеењето на правото во земјата и многу важен чекор за патот на државата кон членство во ЕУ. Ваква порака испратија амбасадорите во Скопје на тркалезната маса на којашто уставни судии, правни експерти и граѓански организации дебатираа на тема: „Дали ни е потребен Закон за ...
Рускиот претседател Владимир Путин еднострано прогласи прекин на огнот во војната во Украина за периодот од 8 до 10 мај. „Од полноќ помеѓу 7 и 8 мај до полноќ помеѓу 10 и 11 мај, руската страна прогласува прекин на огнот“, се вели во соопштението на Кремљ во Москва. Путин нареди целосен прекин на непријателствата од хуманитарни причини по повод Денот на победата - 9 мај, се додава во соопштението. На тој ден, Русија ја слави победата над ...
Кандидатите за највисоката функција во Канада сигурно замислувале поинаков последен ден пред изборите. Откако напаѓач во Ванкувер влета со својот џип во толпа на филипински уличен фестивал, шокот длабоко ја потресе земјата. Единаесет лица загинаа, а многумина сè уште се тешко повредени во болница. Премиерот Марк Карни им се обрати на погодените семејства. Тие моментално го живеат кошмарот на секое семејство, рече тој, дополнувајќи:. „Сакам да ...
2,7 илјади милијарди американски долари е новиот врв на глобалните воени издатоци достигнат минатата година. Тоа е зголемување од 9,4 проценти во споредба со 2023 година. Веќе десет години издатоците за воена намена растат на меѓународно ниво. Но, никогаш досега од крајот на Студената војна тие не скокнале толку многу во рок од само една година. Повеќе од 100 земји потрошиле повеќе за својата војска отколку во претходната година, покажува ...
Откако првата актикорупционерка, Татјана Димитровска минататата недела се најде на листата осомничени во случајот „Адитив“, за што обвинителството и изрече мерки на претпазливост, расте притисокот во јавноста за нејзина оставка од морални причини. Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција со одлука на судот остана без пасош, откако беше утврдено дека преку Вибер и Ватсап му оддавала службени тајни на обвинет во „Адитив“. ...
Иако времето во кое живеам во Германија е подолго од тоа што го поминав во Македонија, секое патување во Скопје ме возбудува. Враќањето дома секогаш го повикува сето изминато време. Затоа при секој престој во Скопје споредувам како беше порано и како е сега. Секогаш одново се прашувам, зошто во Македонија иднината не носи напредок, како што тоа е во други земји? Секоја година сознавам дека уште повеќе се распаднале структурите и системи кои го ...
Пред пoлните трибини на стадионот „Спартак“ вo Варна ѕвездената фудбалска селекција на Бугарија вчера (27.04) загуби со 2:3 од ѕвездениот тим на Македонија, во хуманитарниот мечза поддршка на настраданите од пожарот во нелегалната дискотека во Кочани. Пред почетокот на мечот со едноминутно молчење им беше оддадена почит на загинатите во трагедијата. Организатор на хуманитарниот натпревар беше бугарската фондација „Национали 94", основана лани, ...
Драмата во „Вреди“ не дојде одненадеж, како што можеби изгледаше пред четири-пет недели, туку таа тлееше подолго време внатре во коалицијата, но не беше јавно изнесена. Таа драма, или караница, министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, само јавно ја изнесе. И го навлече гневот на неговите тројца коалициски партнери. Дури многу добрите познавачи на состојбите во албанскиот политички блок меѓу ...
„Тоа е економија, глупчо“ - оваа фраза одигра клучна улога во кампањата за американските претседателски избори пред неколку децении. До денес го нема променето своето глобално значење. Кога економијата во една земја функционира, има работа и приходи, даноци се влеваат во државната каса, кои државата може да ги користи за финансирање на своите задачи. Економијата во Германија во последните три години не оди добро. Економски раст речиси и да нема. ...
Погребната церемонија за починатиот папа Франциско започна во саботата наутро на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Ковчегот на понтифот беше изнесен од базиликата Свети Петар на истоименоот плоштад, проследено со аплауз од насобраните верници. Покрај 224 кардинали и 750 бискупи, на погребната церемонија учествуваат и околу 50 шефови на држави и влади, како и 200.000 верници, сооопшти Ватикан. Деканот на Кардиналскиот колегиум, Џовани Батиста Ре, ...
Членовите на медицинската мисија од Германија веројатно му го спасија животот на Мухамед Канбату. Овој 55-годишен маж од сирискиот град Хама во април беше опериран на отворено срце. Ваквите процедури во Сирија ретко се спроведуваат бидејќи тамошниот здравствен систем за време на 14-годишната граѓанска војна беше уништен, а таквите операции се многу скапи. Но, неодамна сириски лекари кои дојдоа од Германија го ставија Канбату на листата на ...
Украинските власти со недели бараат начини да ја затворат големата дупка над оштетената единица 4 на деактивираната нуклеарна централа Чернобил, што беше предизвикано од рускиот напад. Ноќта на 14 февруари, руски дрон ја проби заштитната купола. Потоа избувна пожар кој предизвика значителна штета на кровната конструкција. Пожарот беше изгаснат дури на 7 март, три недели по ударот. „Примарна задача е да се затвори дупката со големина од околу 15 ...
Папата Франциско минатата година лично посака неговиот погреб да биде збогување од „пастир и ученик Христов“, а не од „моќен човек на овој свет“. А ова завештание сега може да се види и во текот на свечената церемонија во сабота, која инаку следи строг ритуал. Вечерта пред погребот, во базиликата Свети Петар свечено беше затворен дрвениот ковчег во кој Франциско беше положен во последните денови. Со придружни молитви, Папскиот церемонијален ...