Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Раскинување на 45 концесии во рударскиот сектор поради непочитување на законите или на еколошките мерки, како и иницијатива за заштита на македонскиот рубин, најави министерката за енергетика, Сања Божиновска. На брифинг со новинарите таа информираше дека 34 договори се раскинати еднострано, а за 11 се истечени договорите и не се продолжени. Ваквите мерки се преземени поради непочитување на законските одредби и на еколошки мерки, неплаќање ...
Странец кој подолго време живее во Германија и сака да добие германско државјанство, до јуни 2024 година мораше да биде прилично трпелив - најмалку осум години регулиран престој. Таквиот долг период на чекање значително го скрати тогашната влада на Социјалдемократите (СПД), Зелените и Либералите (ФДП). „Натурализација генерално треба да биде можна по пет години, а во случај на особени успеси во интеграцијата веќе и по три", стоеше во ...
Се надзира ли крај за евтините порачките од Тему и сличните кинески онлајн продавници во Македонија? Во Собранието на дневен ред за усвојување по локалните избори чека предлог-закон од Владата за измени на Законот за додадена вредност, со кој се планира да се укине ослободувањето од плаќање ДДВ за производите од странство во износ до 22 евра. Тоа ќе значи автоматско поскапување на сите нарачки за 18 проценти, колку што е стапката за ДДВ. ...
Изборната кампања влезе во втората половина, реториката станува пожестока, секоја секунда се користи за реакции и контреакции, а во нивна длабока сенка остануваат изборните програми за општините. Комуниколози постојано посочуваат дека „црна кампања на никого не му донела резултати“, но нивниот глас останува како ехо во пустина. На политичкиот терен тоа што за некого е ‘црна кампања’, за друг значи обврска ‘нештата да се кажат со вистинските ...
Дебатата беше жестока. Во понеделникот попладне (6.10), Европскиот Парламент се состана во Стразбур по вторпат по летната пауза. И директно се стигна до поентата. Францускиот шеф на десноесктремната група „Патриоти за Европа“, Жордан Бардела, ја обвини претседателката на Европската Комисија за недостиг на транспарентност, неуспех во миграциската политика и губење на конкурентноста поради нејзината климатска политика. Царинскиот договор со САД ...
Легендарниот пејач, изведувач на народна музика, Халид Бешлиќ, еден од великаните на регионалната музичка сцена, почина во вторникот (7 октомври) во Сараево, на 72-годишна возраст. Веста за заминувањето на уметникот, чиј глас повеќе од четири децении ги придружуваше многумина во моменти на радост и тага, го потресе целиот регион – од Босна и Херцеговина, преку Хрватска и Србија, па сè до дијаспората. Халид Бешлиќ е роден на 20 ноември 1953 ...
Вербалните препукнувања меѓу партиите во предизборниот период, кулминираа и со физички пресметки и инциденти коишто фрлија сенка на кампањата за локалните избориво Македонија. Партиите го осудија пукањето во Куманово, каде беше ранет кандидатот за советник на ДУИ во Липково, Зекрија Шаини и ги повикаа граѓаните на смиреност. ДУИ во знак на солидарност со нивниот повреден кандидат и носител на листата во Општина Липково, одлучи да ги прекине ...
Два старечки домови во Скопје се најдоа под лупа на институциите поради сомнежи за нехуман и суров третман на штитениците. По пријава на МВР, Обвинителството ќе истражува што се случувало во приватните домови за згрижување на стари лица во населбите Бутел и Центар, за каде се добиени сознанија дека семејствата плаќале многу, а нивните најмили не го добивале соодветниот третман. Напротив, според полициската пријава, им била делена расипана ...
Кога политичката пензионерка Ангела Меркел ќе се јави за збор, таа е внимателно слушана. Особено кога станува збор за позадината на рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година. Меркел, која беше германска канцеларка до декември 2021 година, значително ја обликуваше европската политика кон Русија. Во интервју за независниот унгарски портал „Партизан“, Меркел зборуваше за последните месеци пред војната. Зборуваше како коронавирусот го ...
Грубите зборови во јавната сфера обично се карактеристични за послабите и инфериорните кои не можат да излезат на крај со поспособните и посилните од нив. Но ова правило како да не важи за изборната кампања што се одвива овие денови. ВМРО-ДПМНЕ која има пратеничка бројка за суверено владеење, а наспроти себе конкурент кој сѐ уште се бори да излезе од кризата по поразот во 2024, со сета жестина се нафрли на кандидатите и партиите кои не се дел ...
Водителот на сатиричната информативна програма „Quotidien“ на француската телевизија во понеделникот вечерта (6.10) носеше црвен кловновски нос и држеше шарени жонглирачки топки. Во позадина свиреше циркуска музика, а на циркуски знак пишуваше „Франција“. Оваа симболика беше премногу очигледна, бидејќи француската политика се трансформираше во спектакл што е тешко да се разбере. А од тоа може да профитираат особено екстремистите. Денот ...
Минатата недела во Овалната соба се случи невообичаена сцена. Американскиот претседател Доналд Трамп беше исклучително зборлест и претеруваше додека го фалеше својот турски колега Реџеп Таип Ердоган пред новинарите: „Имаме добри односи. Тој работи многу добро во својата земја. Тој е многу почитуван човек. Сите го почитуваат. И јас го почитувам“. Но, меѓу пофалбите дојде барање што претставува голем економски и геополитички предизвик за ...
Последниве неколку недели беа успешни за оние што поседуваат злато и биткоин во своите трговски портфолија. Двете стоки достигнаа рекордни вредности додека инвеститорите продолжуваат да ги поддржуваат. Златото ја проби границата од 3.900 долари (3.334 евра) за тројска унца оваа недела- тројска унца е мерна единица за благородни метали и изнесува 31,1 грам. Во меѓувреме, во неделата (5 октомври), најстарата и најпозната криптовалута во светот, ...
Од идната година пријавувањето на новороденчињата во Македонија ќе се врши дигитално. Родителите во болница ќе го добијат првиот извод од матичната книга на родени, а најдоцна 48 часа по раѓањето на детето. Ова се дел од новините предвидени со проектот „е-бебе“, којшто треба да стартува наскоро. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, очекува дека од јануари следната година целосно ќе се автоматизира пријавувањето на ...
Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија и предвидува 3,1 отсто раст во 2025 година и по 3 проценти во 2026 и во 2027 година, со што земјата повеќе не е на дното на листата со најмал раст од земјите во регионот. Годинава се очекува најмал реален раст на БДП во БИХ од 2,6% и во Србија - 2,8%. Прогнози за повисок економски раст од Македонија во 2025 година има за Црна Гора - 3,3 проценти. Очекувањата за Албанија и Косово се 3,7 и 3,8 ...
Теоријата на заговор, според која уривањето на настрешницата во Нови Сад е резултат на саботажа со помош на странски сили, во текот на изминатата година беше присутна во режимските таблоиди, како и во изјавите на челниците од власта. Сепак, по бизарното појавување на ТВ Пинк во неделата, 5 октомври, српскиот претседател Александар Вучиќ понуди верзија на настаните која во некои поуредени политички системи би била етикетирана како неодговорна ...
Предизборните препирки меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и првиот човек на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче го вратија поранешниот премиер и лидер на социјалдемократите, Зоран Заев на политичката сцена во Македонија. Заев кој изминатиот период, по повлекувањето од лидерската позиција, речиси воопшто не учествуваше во јавниот живот во земјата. Но, откако премиерот Христијан Мицкоски го спомена во рамките на предизборниот караван ...
Две години откако Израел ја започна својата воена кампања против милитантната група Хамас со седиште во Газа, набљудувачите велат дека Хамас е ослабен, но не и уништен. Тоа, и покрај огромната надмоќ на израелската војска во огнена моќ и оружје, како и инсистирањето на израелските лидери на „целосна победа“. „Хамас претрпе многу воени порази, но сè уште има способност да се реорганизира и да ја задржи командата и контролата“, вели Марина ...
На крајот од ден полн со неочекувани пресврти, владее чувство на збунетост. Меѓу политичките актери, набљудувачите и самите граѓани. „Комплицирано е, целосно сме изгубени, ништо не се движи напред, секогаш е истата стара приказна, истите луѓе доаѓаат и си одат, сè е во неизвесност, сакаме нешто да се промени и да се врати стабилноста“, вели еден Французин. Но, земјата е далеку од тоа. Во понеделникот вечерта (6.10), твитови и итни вести се ...
Беше еден од најмрачните денови во историјата на Израел и ја погоди земјата сосем неспремна - на 7 октомври 2023 година бројни радикално исламистички борци од Хамас и други милитанти од Газа, ги совладаа силно обезбедуваните гранични премини, продреа длабоко во Израел, убија повеќе од 1.200 луѓе и одведоа околу 250 други како заложници во Појасот Газа. Траумата од такватаранливост до денес се чувствува во Израел. Тоа се и две од најмрачните ...
Дури и за Франција, оставката на новиот премиер Лекорну е шок – особено затоа што само претходниот ден го претстави својот нов кабинет. Околу четири недели по именувањето од претседателот Емануел Макрон, Лекорну се обиде да направи чекор кон политичка нормалност. Но тоа не се случи – наместо тоа, тој му поднесе оставка на Макрон, кој ја прифати. Зошто Лекорну поднесе оставка? Неуспехот на Лекорну е поврзан со составот на неговиот кабинет. ...
„Да се прочистува душата, додека не почне да пее“! Ова е една од мислите на најпознатиот естонски композитор на денешницата, Арво Перт (Arvo Pärt) која ме трогна кога ја прочитав, затоа што ми откри загадочни констелации кои ги познаваат само творците. Тој процес на прочистување на душата на композиторот, дури таа не почне да пее, всушност, е истиот низ кој понекогаш поминува тој што во целост се препушта на неговата музика. Таа ја прочистува ...
Руската флота во сенка е мрежа од главно постари танкери за нафта со прикриени сопственички структури. На тој начин Русија го заобиколува ограничувањето на цената на нафтата договорено во декември 2022 година од Г7 како реакција на руската инвазија врз Украина. Типични карактеристики на флотата се чести промени на знамињата и имињата, привремено исклучување на системот за идентификација (АИС) и одреден тип на осигурувања. Товарењето со нафта ...
Европската интеграција, Планот за раст на ЕУ, младинската политика и одливот на мозоци, како и регионалната соработка и безбедност ќе бидат теми на самитот на земјите учеснички во Процесот „Брдо-Бриони“ што се одржува денеска (6.10.) во албанскиот крајбрежен град Драч, на кој учествува и претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова. Процесот Брдо-Бриони во кој учествуваат лидерите на земјите од Западен Балкан и претставници на ЕУ ...
Европската интеграција, Планот за раст на ЕУ, младинската политика и одливот на мозоци, како и регионалната соработка и безбедност ќе бидат теми на самитот на земјите учеснички во Процесот „Брдо-Бриони“ што се одржува денеска (6.10.) во албанскиот крајбрежен град Драч, на кој учествува и претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова. Процесот Брдо-Бриони во кој учествуваат лидерите на земјите од Западен Балкан и претставници на ЕУ ...
Кога Андреј Бабиш се појави пред камерите во чешката престолнина Прага, во позадина се слуша неговата омилена песна, италијанскиот шлагер од 80-тите на минатиот век „Сара перке ти амо“. Конфети паѓаат од таванот. Бабиш еуфорично пее со озарен лик. Десно-популистичкиот политичар, поранешен премиер и милијардер до сега не е виден така опуштен како дете. 71-но годишникот се обрати со суперлативи. „Многу сум среќен што движењето АНО постигна ...
Мадагаскар: Протестно движење против претседателот За Херизо Андриаманантена, портпарол на групата Gen Z Madagascar, работите се јасни: „Имаме обврска да промениме сè. Сигурно е дека очекуваме импичмент и оставка (на претседателот). Особено оставката“, изјави тој за ДВ. Светскиот протестен бран на генерацијата „Z“ сега стигна и до Мадагаскар. „Да се промени сè" за демонстрантите значи крај на лошото управување и корупцијата – претседателот ...
Нападите со беспилотни летала врз Киев и појавата на рој беспилотни летала над територијата на Полска во септември 2025 година повторно ја истакнаа заканата што ја претставува брзиот напредок на автономните и беспилотните летала. Дроновите им даваат единствена предност на војските ширум светот. Тие можат да се произведуваат брзо и да летаат ниско за да се избегне откривање од радар. Од една страна, тие се евтини за производство, користени се ...
Германија може да изгледа релативно либерална во споредба со други земји. Сè уште е можно да се пуши во некои барови и да се сонча гол во јавни паркови, додека 16-годишници легално можат да пијат пиво или вино, додека во САД границата е 21 година. Но Германија истовремено е и строго регулирана, особено во неделите и за време на државни празници. Од забрани за танцување до правила за градење песочни замоци и спроведување тишина на празници, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговото семејство заработуваат милијарди од криптовалутни вложувања откако се вратија во Белата Куќа, искористувајќи го лабаво регулираниот пазар кој тој активно го обликува. Од мим-коини до стабилкоини, дигитални валути дизајнирани да имаат фиксна вредност, финансиската добивка се проценува на повеќе од 5 милијарди долари (4,25 милијарди евра) на хартија, предизвикувајќи обвиненија за невидена ...