Македонските граѓани по осми пат гласаат на локални избори во земјата. Во 7 часот изутрината вратите ги отворија 3.474 избирачки места, на кои до 19 часот имаат право да гласаат 1.832.415 граѓани во Македонија. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање на локалните избори генерално се одвива без проблеми. Но, гласањето на две избирачки места во Куманово и во Штип, ...

Северна Македонија е на прагот да се приклучи кон земјите кои и официјално ја воведуваат вештачката интелигенција (ВИ) во секојдневното функционирање. Веста ја донесе претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен најавувајќи фабрика за вештачка интелигенција во нашата земја, а ја потврди и македонската Влада означувајќи го почетокот на проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција. ДВ разговараше со д-р Анис ...

Огромен број луѓе излегоа на улиците во сите 50 американски сојузни држави на протестите „Без кралеви“ во саботата, изразувајќи гнев поради политиките на претседателот Доналд Трамп. Републиканците ги исмеваа и критикуваа митинзите нарекувајќи ги „Мрази ја Америка“. Организаторите изјавија дека седум милиони луѓе марширале на протести од Њујорк до Лос Анџелес, со демонстрации и во мали градови низ срцето на САД, па дури и во близина на домот ...

Германскиот канцелар мора внимателно да ги бира зборовите. Додека Фридрих Мерц како лидер на опозицијата беше познат по своите остри изјави, сега тој претежно е воздржан. Сепак, неделава канцеларот даде изјава која привлекува внимание бидејќи нејзиниот досег е поголем отколку што звучи на прв поглед. На настан во Бранденбург во вторникот (14 октомври, 2025), тој рече дека неговата влада постигнала многу во однос на миграцијата и го намалила ...

Додека германската влада подготвува нов закон за доброволна воена служба, бројот на луѓе кои прашуваат за правото на приговор на совеста се зголемува. Советодавните центри во Германија бележат зголемување на интересот, особено кога во медиумите сè повеќе се известува за воена служба и регрутација. „Добиваме сè повеќе и повеќе прашања, особено кога во јавноста се зборува за воената служба“, вели Михаел Шулце фон Гласер од Друштвото за мир - ...

Британскиот принц Ендру, кој е длабоко погоден од скандалот со сексуалниот престапник Џефри Епстин, се откажува од преостанатите кралски титули и должности. 65-годишникот го соопшти ова преку објава од кралската палата. Во разговорите со кралот Чарлс Трети и неговото семејство, тие заеднички заклучиле дека „тековните обвинувања против мене се одвлекување на вниманието од работата на Неговото Височество и кралското семејство“, соопшти Ендру, ...

Датумот на мировните разговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и шефот на Кремљ, Владимир Путин во унгарската престолнина сè уште не е одреден. Но, премиерот Виктор Орбан веќе го слави целиот настан во своите медиуми. Орбан е многу активен на платформата X, меѓу другите платформи. Таму, тој се претставува во својот личен профил како „борец за мир, сопруг, татко, дедо и премиер на Унгарија“. Притоа, „борец за мир“ стои на прво ...

Секое утро, камиони за отпад се движат низ албанската престолнина, Тирана, пред да се упатат кон депонијата Шара- растечка планина од отпад на периферијата на градот. Седум години откако владата вети изградба на современ погон за претворање отпад во енергија, проектот останува незавршен и под истрага за корупција. Тирана, дом на речиси еден милион луѓе, што претставува околу една третина од вкупното население на Албанија, генерира речиси ...

Американскиот претседател Доналд Трамп засега нема да ѝ испорача крстосувачки ракети „Томахавк“ на Украина: „Се надеваме дека Украина воопшто нема да има потреба од ова оружје", изјави Трамп во петокот за време на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа. „Се надеваме дека ќе можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за 'Томахавк'“, рече Трамп. Американскиот претседател повторно изрази увереност дека ...

Изгледа како апсолвирана вистина дека без новинарството, тој слободен глас што го чекааат граѓаните во кое било општество, нема вистинска слобода. Ако новинарството е слободно и без ограничувања. И кое речиси секаде го анализира и става под лупа практицирањето на власта на оние што раководат во одредена држава. Не треба да имате никаква дилема – новинарите и политичарите не се пријатели, тие може да имаат добри односи, па дури и да се блиски. ...

Учесниците во изборите ги испраќаат последните пораки, ветувања и повици до избирачите во кампањата која завршува вечерва на полноќ и на 18 -ти октомври почнува изборниот молк кој ќе трае до денот на гласањето на локалните избори, 19-ти октомври. Во партиските штабови се прават последните проекции - каде би можеле да го подобрат резултатот од претходните избори, каде би можело да има изненадувања во спротивна насока. Зад нив остана една ...

Ова е време на мешани емоции во Израел. Телата на 28 мртви заложници Хамас сè уште не ги врати. Во исто време, постои радост поради ослободувањето на преостанатите 20 преживеани заложници кои беа држени во заробеништво во Газа две години. Сепак, првите сведоштва за нивното време во заложништво се потресни. Откако стапи на сила прекинот на огнот и заложниците беа ослободени, телевизиските и радио станиците низ Израел континуирано емитуваат ...

Полицијата в недела со мобилни тимови и дронови ќе се грижи за безбедноста на избирачките места за време на локалните избори во Македонија. На 19 октомври, на денот на одржување на првиот круг од локалните избори, во близина на избирачките места и на клучните сообраќајни точки ќе има полициско присуство со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир. „Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со ...

Кога украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, фокусот треба да биде на можното одобрување на продажбата на крстосувачки ракети Томахавк со долг дострел. Украинската влада работи на тоа долго време. И Зеленски веројатно се надева на пробив. Бидејќи, тоновите од Белата куќа звучеа доста позитивно во последно време. Минатиот викенд, Трамп директно му се закани на ...

Канцеларот Фридрих Мерцминатиот понеделник отпатува во египетското одморалиште Шарм Ел Шеик на самит со повеќе од 20 шефови на држави и влади. Тој остана само неколку часа, за да биде присутен кога американскиот претседател Доналд Трампго потпишуваше договорот за можен мир во војната на Блискиот Исток со лидерите на Египет, Турција и Катар. И за една брза фотографија со американскиот претседател. Канцеларот даде кратка изјава за новинарите и ...

Русија ги нападна енергетските капацитети на Украина со стотици дронови и десетици ракети во најновото масовно бомбардирање на електричната мрежа на земјата, соопштија властите во четвртокот, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски се подготвува да побара од претседателот Доналд Трамп, на средба во Белата куќа, повеќе американски системи за противвоздушна одбрана и ракети со долг дострел. Русија речиси секојдневно ја напаѓа ...

Обвинителката Ленче Ристоска вели дека е мета на притисок и заплашување поради двете постапките коишто ги води, а со кои е засегната владејачката политичка партија ВМРО-ДПМНЕ. По одлуката „Белата палата“ и останатите 68 недвижности во сопственост на владејачката партија да останат замрзнати, ВМРО-ДПМНЕ на веб- страницата објавија соопштение со наслов: „Ристоска – тажен симбол за неправда со државни бонуси и службена картица во служба на Заев ...

Плодното земјиште, огромните обработливи површини и историјата на снабдување на империите и светските пазари, придонесоа за угледот на Украина како „житница на светот“. Со 41,3 милиони хектари обработливо земјиште, од кои две третини се покриени со црница, најплодната почва во светот, Украина остварува високи приноси со релативно мала потрошувачка на ѓубрива, наводнување, работна сила или голема механизација. Житото од Украина ги хранело ...

Во Брисел до сега се вртеа само клучни поими, а новата одбранбена стратегија е само во фрагменти позната. Подобра одбрана од беспилотни летала е еден клучен збор, побрзо производство на оружје друг и општо желбата за поголема соработка меѓу министерствата за одбрана во европските главни градови. Пред Урсула фон дер Лајен денес да го претстави патоказот за нови европски одбранбени проекти, на адреса на шефицата на Европската комисија веќе ...

Претседателката на Европската комисија, во рамките на нејзината куса посета на Македонија,во рамките на турнејата низ Западен Балкан, во Скопје беше пречекана со очекувања за „креативни предлози и решенија“ и „испорака од ЕУ“ со цел „зачувување на образот и достоинството на патот кон Унијата“. Таа пак, преку куса објава на мрежата Х ја префрли топката од европскиот терен во рацете на домашните играчи. „Вашиот следен и единствен чекор пред ...

Откако стапи во сила прекинот на огнот во војната меѓу Израел и Хамас, а американскиот претседател Доналд Трамп прогласи мир, Европа се најде маргинализирана. Иако клучните европски лидери присуствуваа на самитот во Шарм ел Шеик, Египет - каде што планот од 20 точки инициран од Трамп беше потпишан од претежно арапски и муслимански земји - тие одиграа минимална улога во преговорите. Експертите велат дека ЕУ сака да игра поголема улога во ...

Формула 1 стартува на улицата Страшо Пинџур на Тетово и продолжува со луда трка низ градот. Авион на „Влен“ полетува од „пистата“ на булеварот „Видео Смилевски Бато“ – еден од најголемите проекти во општината, на кој е во план да се градат четири кружни текови. Ваква е визијата на тетовскиот градоначалник и лидер на Беса, Билал Касами, кој е во трка за нов градоначалнички мандат како кандидат на „Вреди“ (Влен). Она што го сработил досега, но ...

Што понатаму со Хамас? Според планот на Доналд Трамп, милицијата во палестинскиот Појас Газа треба целосно да се разоружа. Но, тоа сè уште не се случи. Според извештаите на израелските медиуми, како што е весникот Џерусалим пост, милитантно-исламистичката организација води жестоки битки против сопернички групи. Најмалку 32 лица наводно биле убиени во тие борби. На социјалните мрежи кружат и видеа на кои наводно се гледа како Хамас егзекутира ...

Измена на Уставот со што би се ограничило правото на реизбор на јавниот обвинител и тој да се бира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието. Ова се препораките на Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото (ДГИ) на Советот на Европа по двата предлог законски текста на македонската Влада. Оценката е дека предложените закони за Јавното обвинителство и за Советот на јавни обвинители и ...

Историски момент за македонската дигитална иднина, капитален проект со историско и национално значење, нова страница во дигиталниот развој на Македонија... Сите овие епитети ги доби Националниот центар за вештачка интелигенција - „Везилка“, проект чиј носител е Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со институционална поддршка од Министерството за дигитална трансформација. Проектот „Везилка - национална фабрика ...

Министрите за одбрана на НАТО во среда (15.10) ќе расправаат како да ја зајакнат способноста на алијансата да се спротивстави на руските воздушни упади, додека растат стравувањата дека Москва го тестира Западот во сивата зона меѓу војна и мир. Фокусот ќе биде и на засилување на поддршката за Украина, додека американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет се приклучува на своите 31 колеги од НАТО, а неговиот шеф, претседателот Доналд Трамп, ...

Станува мачно да се гледа пизмата кон докторот од Неврологија. По објавената снимка на која наводно зема дрога, нема кој не се произнесе против него, нарекувајќи го со погрдни зборови. Јавната осуда која пристигна од сите страни полека премина во стигматизирање на докторот. Тој, се разбира не е невин, но неговото жртвување на олтарот на моралот почна да заличува на општа хистерија за прикривање на сите индивидуални и колективни слабости на ...

Кризата со гориво во Русија, предизвикана од украински напади со дронови, се заострува. Рафинерија по рафинерија се затвораат заради поправки, а обемот на производство значително опаѓа. Цените на горивото, како последица на тоа, достигнаа рекордно ниво на берзите, а и на бензинските пумпи постојано растат, но не толку драматично бидејќи владата вештачки ги одржува пониски. Но, како и во советско време, регулирањето на цените доведува до ...

Францускиот премиер Себастиен Лекорну во вторникот објави дека ќе го суспендира долго дискутираниот план за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, со цел да го спречи паѓањето на неговата кревка малцинска влада. По една недела политички превирања, новоименуваниот Лекорну рече пред Националното собрание дека законот, кој е главна иницијатива на претседателот Емануел Макрон, ќе биде ставен во мирување до следните ...

Володимир З. е во притвор во Варшава од крајот на септември 2025 година, чекајќи одлука за негова евентуална екстрадиција во Германија. 46-годишниот Украинец беше уапсен на 30 септември 2025 година врз основа на меѓународна потерница. Полска го уапси по барање на германското Сојузното јавно обвинителство во Карлсруе, кое го сомничи за учество во нападот врз гасоводот Северен тек 2 во септември 2022 година. Окружниот суд во Варшава го продолжи ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1007
weather icon

Белград

6ᴼ / 3ᴼ
3.13
86%
1007
weather icon

Загреб

7ᴼ / 1ᴼ
1.54
81%
1005
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
87%
1012
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.7
85%
1008
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1005
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.06
60%
1003
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1007
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
88%
1006
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
85%
1007
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
0.45
69%
1006
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
5.14
63%
1005
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Бакар

13.33

Родиум

320703.70

Алуминиум

3.61

Злато

151086.58

Паладиум

47776.01

Калај

55.66

Платина

68063.13

Цинк

0.00

Сребро

2786.34

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09