Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Ако има еден збор што ви паѓа на ум кога ќе чуете „државна посета“, тоа веројатно е „протокол“. Особено кога станува збор за Виндзорската куќа, чиј истоимен замок е местото каде што кралот Чарлс Трети ќе го угости американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговата втора државна посета на Обединетото Кралство. Поради реновирање, овојпат позлатените сали на Бакингемската палата се затворени. Вообичаено, на американските претседатели ...
На крајот преовлада воздржаност. Околу 60 шефови на држави и влади од арапските и исламските земји се собраа во понеделникот во Доха, главниот град на емиратот Катар, за да разговараат за можни реакции на израелскиот воздушен напад во Катар. Во завршната декларација, тие пред сè си упатија предупредување самите себеси – имено „да ги преземат сите можни правни и ефективни мерки за да го спречат Израел да продолжи со своите акции против ...
Двојно убиство и самоубиство во Велес ја зголеми бројката, на онака алармантните случаи на насилство врз жени во Македонија, коишто завршуваат со кобен епилог.Системските пропусти и институционалната негрижа повторно се посочуваат како главни виновници за смртта на 31-годишна велешанка и нејзиниот 68-годишен татко, коишто биле убиени среде бел ден. Од полицијата информираа дека, според првичните информации, убиствата ги сторил поранешниот ...
САД и Кина постигнаа рамковен договор за сопственост на ТикТок, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент во Мадрид, на прес-конференција по завршувањето на последната рунда трговски разговори меѓу двете најголеми економии во светот.Според него, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Ши Џинпинг во петок (19.09) ќе разговараат за евентуално финализирање на договорот. Тој рече дека целта е сопственоста на ...
Според полскиот премиер Доналд Туск, полската државна безбедност онеспособила дрон кој летал над владини згради во Варшава. Дронот прелетал и над замокот Белведере, седиштето на полскиот претседател, напиша Туск на платформата X. Двајца белоруски државјани се уапсени во врска со инцидентот. Полицијата ги истражува околностите за случајот. Сè уште не е познато за каков тип дрон станува збор и дали можел да се користи за воени цели. ...
Ова не може да заврши добро, вели Хези Нехама, додека на парче хартија ги црта контурите на Појасот Газа - со градот Газа на крајниот север. Никогаш порано, вели поранешниот бригаден командант, израелската армија не се борела во толку густо населена област како сега. „Многу е опасно. Хамас се крие меѓу населението. Не им дозволуваат да си одат и ги користат како човечки штитови“, вели Нехама. Би загинале цивили и многу војници. „Сето ова е ...
САД повторно нападнале брод за кој се претпоставува дека бил натоварен со дрога, при што загинале тројца луѓе од Венецуела, објави претседателот Доналд Трамп. Жртвите се „тројца машки терористи“ кои биле на пат кон САД, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл. Нападот се случил во меѓународни води. Нападот бил извршен утрото по негова наредба, напиша Трамп. Притоа нема повредени меѓу американските сили. „Ве ловиме“, им се закани ...
„Новата Германија“ е срам, фарса, вели Курт Каз. Во видео снимка јужноафриканско-германскиот блогер го претставува четвртот околу железничката станица во Франкфурт како новата германска нормалност. „Целосно во рацете на криминалот, нелегални мигранти и дрога“, вели тој. Зависници од дрога лежат на тротоари, осомничен дилер му се заканува, жена фрла по него со шише – повеќе од шест милиони прегледи на Јутуб проследени со ксенофобични коментари ...
Група граѓани и изутрината ја блокираа крстосницата кај мостот „Близнаци” во Скопје, како продолжение на протестите што се организираат секојдневно во изминатите недели со цел решавање на проблемот со дивата депонија Вардариште. Протестот се најавуваат и во наредните денови – секое утро од 7.30 до 8.30 и попладне во 18 часот. „Немаме политичка, партиска агенда. Сакаме да живееме во здрава средина”, порачаа учесниците на собирот. Граѓанскиот ...
По израелскиот напад врз претставници на Хамас во главниот град на Катар, Доха минатата недела, премиерот Бенјамин Нетанјаху најавува дека нема да застане во обидот да се ликвидираат членовите и раководството на терористичката организација. По средбата со американскиот државен секретар Марко Рубио во Ерусалим во понеделникот (15.09.2025), Нетанјаху се закани дека ќе продолжи со нападите врз лидерите на Хамас „каде и да се“. Со оглед на фактот ...
Народната банка донесе мерки за олеснување на кредитирањето при купување прв станво Македонија. Сите лица кои немаат стан на свое име можат да добијат станбен кредит со учество од 10 отсто од вкупната вредност на објектот. За останатите учеството се зголемува од 15 на 25 отсто. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески на прес-конференција информираше дека мерките ќе се применуваат од 1 декември 2025 година и насочени се пред се кон ...
Кој е Германец? Како се станува Германец? За тоа Германците дебатираат со векови. Уставот тоа прашањето го реши трезвено и лаконски: Германец е лице што поседува германски пасош. Државјанството не може да му се одземе. А, дискриминацијата на било кој државјанин врз основа на верата, потеклото или јазикот е спротивна на темелните вредности. Тоа е поуката што творците на германскиот Устав ја извлекоа од нацистичкиот терор меѓу 1933 и 1945 ...
Палачи на кабли, хибриден напад или институционална негрижа - кој е виновен запожарите и загадувањето на Скопје? По густиот чад од запалените депонии, кој со денови го загадува главниот град, во јавноста се наметнаа бројни дилеми и прашања кој е виновен за потенцијалната еколошка катастрофа, чиишто последици се далекусежни за здравјето на скопјани. Премиерот Христијан Мицкоски ја наметна дилемата дека пожарите што се случуваат во државата се ...
Мерна станица го мери квалитетот на воздухот на местото каде избувна пожар во скопско Трубарево, маските од периодот на пандемијата се вратија „во живот“, граѓани повикуваат на протести, премиерот посочува - вакви подметнувања и диверзии ќе има, затоа што има центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее. Трите големи пожари за неколку дена во две депонии и магацин за складирање и рециклирање електронски отпад, ...
На секој 1-ви септември во мене се буди чувството за скопскиот септември.Не само затоа што скопскиот септември го паметам како најблагиот месец, во кој горештините во Скопје се намалуваат, но не и сончевите денови и небеското синило. „Скопскиот септември” за мене е, пред се‘ шифра за писменоста и копнежот по наука, за школото и учењето, за цивилизацијата и култивираноста. Секој што уште го памети мирисот на пластелинот и мастилото, на ...
Минус за Социјалдемократите, шлаканица за Зелените. Пристоен резултат за конзервативната ЦДУ и пред сè голем пораст на во делови десно екстремната Алтернатива за Германија (АфД). Тоа е резултатот од локалните избори во Северна Рајна-Вестфалија. Во неделата околу 13,7 милиони луѓе во најгусто населената покраина во Германија излегоа на урните. На локалните избори се гласаше за околу 20 илјади мандати во парламентите на речиси 400 градови и ...
Чадот и маглата кои деновиве обвија делови од Скопје, предизвикаа силна вознемиреност кај населението. „Виновниците“ за овој случај, депониите Дрисла и Вардариште, веќе се под набљудување на полицијата и приватно обезбедување за да спречат евентуално намерно палење, но тоа не ги смири реакциите. Двете депонии, поради близината до главниот град, освен чад и магла емитуваат и остри мириси поради што граѓаните се загрижени дека може да им ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази критика кон израелскиот напад врз функционерите на Хамас во Катар. „Катар се покажа како многу добар сојузник. Израел и сите други, мораме да бидеме внимателни. Ако напаѓаме луѓе, мораме да бидеме внимателни“, рече Трамп. Богатиот емират Катар, лоциран на полуостров во Персискиот Залив, е важен сојузник на САД. Во земјата се наоѓа воената воздухопловна база Ал-Удаид, најголемата ...
Спасоје Вулевиќ е сменет на 5 септември од местото командант на Специјалната антитерористичка единица (САЈ) на МВР на Србија. Во изјава за агенцијата Бета тој на 7 септември објасни дека е направена нова систематизација на работните места во МВР и дека министерот Ивица Дачиќ и директорот на полицијата, Драган Василевиќ му соопштиле дека повеќе нема да ја води САЈ, бидејќи претседателот на Србија, Александар Вучиќ не сака да има вооружена ...
Иако ова се „само“ локални избори, тие се првите кои се одржуваат во Германија откако сојузната влада - составена од конзервативните партии на Унијата ЦДУ и ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија (СПД) - ја презеде функцијата во мај. „На некој начин, ова е лакмус тест за сојузната влада“, изјави за ДВ Оливер Лембке, политиколог на Универзитетот во Бохум. Изборите се значајни и затоа што Северна Рајна-Вестфалија, на западот од ...
Според истражувањата на Институтот за економија (IW), во Германија веќе недостасуваат над 530.000 квалификувани работници. Институтот прогнозира дека до 2030 година тој број може да порасне дури на пет милиони. И во градот Бохум, во Рурската област, уверени се дека е потребно да се привлечат работници и стручњаци од странство за да се запре демографски условеното иселување на работната сила. Пред две години градот, во соработка со Агенцијата ...
Политичката криза во Србија трае веќе единаесетти месец, а потрагата по решение сè почесто завршува во Европската унија, со очекувања фразите од Брисел за „следење на ситуацијата“ да се претворат во конкретни потези и притисок врз власта во Белград. Најгласните критики засега доаѓаат од Европскиот парламент. На пленарната седница во Стразбур во вторникот, на 9 септември, се одржа уште една дебата под наслов „Бран на насилство и континуирана ...
САД го суспендираа дијалогот за зајакнување на економските и дипломатските врски со Косово поради загриженост дека некои потези на преодната влада предизвикале „тензии и нестабилност“, соопшти вчера (12.09) Амбасадата на САД во Приштина. Амбасадата не прецизираше кои потези ја поттикнале одлуката, но Вашингтон претходно го обвини премиерот Албин Курти за влошување на тензиите во северно Косово, каде што има мнозинско српско население, и за ...
Два дена по фаталниот напад врз влијателниот десничарски активист Чарли Кирк, неговата вдовица, Ерика Кирк, за првпат проговори јавно. Обраќајќи му се на напаѓачот кој го застрела Кирк во средата (10.09) на кампусот на Универзитетот Јута Вали во Орем, Јута, таа рече: „Немате поим што штотуку започнавте во оваа земја“. Изјавата на Кирк беше емитувана на Јутјуб каналот на Turning Point USA, организацијата на нејзиниот сопруг, која е ...
Жолт багер со голема бучава ги урива последните остатоци од уште еден дотраен недвижен имот во населбата Бизмарк во Гелзенкирхен. Цел потег со седум куќи на една улица ќе биде срамнет со земја, а на нивно место треба да никнат нови куќи и детска градинка. Ако човек сака така да ја сфати, пораката гласи: „Конечно се зафативме со оваа работа и истовремено на Алтернатива за Германија ѝ ги земаме темите со кои се храни!“ Безвредните имоти и ...
Ова беше долго топло лето. Како онаа славна серија од 1960-те. Со главниот јунак Бен Квик. Топлото лето уште трае, иако се впуштаме во есента. Одморот заврши, нѐ чекаат изборите. Локални, но со национално значење. Додека медиумите (не граѓаните) секој ден се бомбардирани со по десетина соопштенија од двете главни партии (од кои половина не ги објавуваат) по петнаесет месеци би требало да размислиме како се работи во онаа зграда покрај Вардар, ...
Депонијата Дрисла и понатаму чади и го загадува воздухот во главниот град. Скопјани и изутрината се разбудија во град каде воздухот мириса на изгорена пластика и кој е во магла. Мерните станици во одредени делови на градот покажуваат голема концентрација на ПМ 2,5, но и на ПМ 10 честички. Па така, концентрација на ПМ 2,5 честички во Лисиче изутрината беше 7,9 пати поголема од годишната препорачана вредност на Светската здравствена ...
Власта и опозицијата ги „вкрстија копјата“ на собраниска седница за пратенички прашања околу случајот со прислушувањето, којшто во предизборието ја бранува јавноста во Македонија. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче го праша премиерот Христијан Мицкоски зошто не дозволува декласификација на материјалите од прислушувањето, за да се види дали имало злоупотреба на Агенцијата за национална безбедност и дали некој треба да одговара за тоа. „Премиере, ...
Како реакција на повредата на воздушниот простор од страна на голем број руски дронови, германската влада најави дека ќе ја прошири помошта во надзорот на воздушниот простор над Полска. „Покрај постоечките обврски во балтичките држави и Полска, германската влада ќе го прошири и продолжи надзорот на воздушниот простор над Полска“, изјави портпаролот на владата Штефан Корнелиус. Ангажманот првично требаше да трае до крајот на септември, а ...
Досега, реакцијата на Катар на израелскиот напад врз зграда во главниот град Доха во вторникот (9.09), во кој беа убиени пет пониски политички лидери на милитантната група Хамас и еден локален безбедносен службеник, беше ограничена на вербална осуда. Емирот на Катар, шеик Тамим бин Хамад Ал Тани, го осуди нападот и изјави дека неговата земја го смета Израел за „одговорен за последиците“. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека ...