Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг ќе отсуствува подолго време. За потсетување, холандскиот играч од средниот ред претрпе повреда на коленото за време на Светското првенство во 2026 година. Барселона објави дека на играчот му е дијагностициран скинат медијален колатерален лигамент на десното колено . Според „Ас“, закрепнувањето на играчот ќе трае 5-6 месеци, што значи дека тој нема да се врати на теренот до јануари 2027 ...
Прескап е Пеп Гвардиола за Италијанците, па веројатно ќе се свртат кон ново решение. Гвардиола бара годишна плата од 20 милиони евра, а Италија е подготвена да му даде 10. Одговорот ќе се чека до вторник, а во меѓувреме Италија преговара со неколку други имиња. Федерацијата призна дека е во преговори и со искусниот Карло Анчелоти, кој во моментов е селектор на Бразил. „Не можам да откријам што се случува. Едно од имињата е она за кое ...
Ал Хилал продолжува со големи планови во преодниот рок, а новата голема цел на саудискиот гигант е напаѓачот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле. Според информациите на новинарот Саша Таволиери, Ал Хилал веќе ги започнал првите разговори со претставниците на францускиот репрезентативец, кого го гледа како приоритетно засилување за продолжението на летниот преоден рок. По ангажирањето на Крисенсио Самервил од Вест Хем, клубот од Ријад сака ...
Англискиот репрезентативец, Елиот Андерсон (23), е нов член на Манчестер Сити, соопшти клубот од „Етихад“. Андерсон потпиша петгодишен договор со Сити, а Форест ќе добие дури 135 милиони евра, што претставува втора најголема отштета платена од некој клуб од Островот. Рекордот се уште го држи Ливерпул, кој минатото лето потроши околу 146 милиони евра за да го доведе шведскиот играч за врска Александар Исак од Њукасл. „Манчестер Сити е еден од ...
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ потпиша нов едногодишен договор со Милан, соопшти италијанскиот клуб. Модриќ ја продолжи соработката со Милан за уште една година, па така ќе остане член на клубот до следното лето. Еден од најдобрите играчи за врска на 21-от век пристигна во Милан минатото лето како слободен играч, по една цела ера помината во Реал Мадрид. Неговиот договор истече на крајот од минатата сезона, по што тој размислуваше дали сака ...
Судбината на Лука Модриќ се уште е една од главните теми во летниот преоден рок, речиси три недели по елиминацијата на Хрватска од Светското првенство. Поминаа 20 дена откако Хрватска загуби од Португалија во осминафиналето на Светското првенство, но 40-годишниот играч за врска се уште нема донесено одлука за продолжување на кариерата. Тој има три опции: да остане во Милан и да ја активира клаузулата за уште една сезона, да го промени клубот ...
Според британските медиуми, Челси стана главен кандидат за доведување на младиот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Керим Алајбеговиќ, од Бајер Леверкузен. Станува збор за 18-годишен офанзивен играч за врска, кој го привлече вниманието со своите добри настапи на Светското првенство. Интерес за Алајбеговиќ покажаа и Јувентус, Аталанта и Фиорентина, но Челси моментално е во најдобра позиција да постигне договор со Бајер Леверкузен. Според ...
Во Аргентина владее незадоволство по финалето на Светското првенство, во кое Шпанија победи со 1-0 по продолженијата, поради што беше покрената и петиција. Петицијата на платформата Change.org ја иницираше Аргентинката, Жизела Санчез, убедена дека одлуките на судијата значително влијаеле врз крајниот исход на натпреварот. За само неколку дена, иницијативата привлече големо внимание и собра повеќе од 67.000 потписи. Тие сметаат дека ...
Само неколку дена по рекордниот трансфер на Морган Роџерс во Челси за 117 милиони фунти, Астон Вила и лондонскиот клуб реализираа уште една голема зделка. Алехандро Гарначо попладнево и официјално стана нов фудбалер на Астон Вила. Тој пристигнува на позајмица од Челси, но договорот вклучува и задолжителна откупна клаузула. Вила ќе има обврска во целост да го откупи неговиот договор доколку се исполнат одредени услови во текот на сезоната. Со ...
Христос Цолис и официјално е ново засилување на Арсенал. Лондонскиот клуб објави дека грчкиот репрезентативец потпишал петгодишен договор. Станува збор за 24-годишен фудбалер кој игра на левото крило, а според медиумите, Клуб Бриж ќе добие 40 милиони евра како обештетување. Тој доаѓа на „Емирати“ како замена за Леандро Тросар, кој беше продаден на Бешикташ за 18 милиони евра. Минатата сезона, Цолис одигра 52 натпревари во сите натпреварувања, ...
Германскиот репрезентативец Карим Адејеми и официјално е нов фудбалер на Барселона. По четири успешни години во Борусија Дортмунд, брзоногиот офанзивец се сели на „Камп ноу“ како прва голема ѕвезда во летниот преоден рок. Управата на каталонскиот клуб подолго време го следеше неговиот развој и процени дека ова е вистинскиот момент за трансфер. Иако Адејеми летово остана без повик од Јулијан Нагелсман за настап на Светското првенство во ...
Норвешката фудбалска асоцијација ќе поднесе официјална жалба до Етичкиот комитет на ФИФА поради политичко влијание на американскиот претседател Доналд Трамп во случајот со напаѓачот на американската репрезентација, Фоларин Балогун. Претседателката на асоцијацијата, Лизе Клавенес, предупреди дека обидите за „туркање на целиот случај под тепих“ не се прифатливи и дека таков преседан може сериозно да го загрози фудбалот. Случајот привлече големо ...
Тетовска Шкендија денеска од 20:45 часот гостува на словенечкиот Браво во првиот натпревар од двомечот од 2. квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА. Позитивна е атмосферата во таборот на тетовци иако се свесни дека ги очекува сериозен предизвик против навистина квалитетен противник кој одлично ја почна сезоната во словенечкиот шампионат. Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Артим Положани, дели дека тетовските „црвено-црни“ се ...
КК Работнички преку официјално соопштение информира дека е извршена промена во раководните структури на клубот, а за нов извршен директор е именуван Бранко Радевски. Радевски на водечката функција во клубот доаѓа на местото на Горан Веселиновски кој ја извршуваше изминативе три години. Тој е истакнат домашен спортски работник кој повеќе од 20 години е во спортот, во минатото како директор во фудбалските клубови на Вардар и Работнички, а ...
Светот на фудбалот до крајност вознемирен по информаците дека на брутален начин е погубен фудбалски новинар кој „можеби бил жив запален“. Изгорените останки на Луиџи „Лука“ Еспозито, добро познат спортски новинар од регионот Салерно во Италија, беа пронајдени по пожар на оддалечено поле Луиџи „Лука“ Еспозито беше пријавен за исчезнат во саботата навечер откако не одговорил на повиците од пријателите. Детективите сега веруваат дека нападот се ...
Комплетирајќи го ростерот за новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига, КК Кожув денеска официјално го промовираше својето најново засилување – Дамјан Крстевски! Македонскиот бек-шутер, висок 193 см, зад себе има богато прволигашко искуство, настапувајќи за Работнички, Вардар, ТФТ и Пелистер, а сега се сели во Гевгелија. „Со својата борбеност, квалитет, сигурен шут и победнички менталитет, Дамјан ќе претставува големо засилување за ...
Ѕвездата на Сантош, Нејмар, не брза да се врати во својот клуб по настапот на СП 2026. Синоќа Сантош го победи Универзидад Централ од Венецуела со 4-1 во Копа Судамерикана, без првата ѕвезда на тимот, кој, поради одморот по Светското првенство, сè уште не е влезен во посакуванот ритам. Но, Нејмар секако си најде забава за време на паузата од фудбалот. Слободното време го искористи за да го посети турнирот во покер од прва категорија во ...
Македонскиот репрезентативец, Милан Ристовски својата кариера ја продолжува во тимот на Бајангкара од Индонезија. Ристовски денеска и официјално промовиран во дресот на својот нов клуб, првпат во својата кариера реализирајќи трансфер во овој дел од Азија. Во Азија се сели од чешки Бохемианс каде настапуваше изминатава сезона, а претходно во кариерата беше дел и од Работнички на домашната фудбалска сцена, како и хрватска Ријека, словачки Нитро ...
Пеп Гвардиола е се поблиску до одлуката да ја отфрли понудата да ја преземе италијанската репрезентација, пишува „Газета дело Спорт“. Поранешниот тренер на Барселона, Баерн и Манчестер Сити беше прв избор на Италија, но преговорите се попречени од неговата желба за одмор и големата разлика меѓу понудената и побараната плата. Паоло Малдини, новиот технички директор на Италијанската фудбалска асоцијација, и неговиот советник Леонардо отпатуваа ...
Не така одамна Рафаел Леао важеше за еден од најпосакуваните фудбалери на пазарот, играч проценет на 100 милиони евра од својот клуб Милан. „Росонерите“ одбиваа по 80 милиони без размислување, од Барселона и од Премиер-лигата, а од сегашен аспект сигурно и жалат за таквиот став. Леао има сериозен пад во формата во последните две години, а на почетокот од летово најави дека е подготвен да си замине од „Сан Сиро“ во потрага по нов предизвик во ...
Реал Мадрид ја претстави и втората комбинација на дресови за сезоната 2026/27, па така „кралскиот клуб“ дел од своите гостински натпревари ќе ги игра во опрема со зелена боја. „Ова е темно зелена опрема со бели детали на дресот, враќање на комбинација на бои што беа користени во минатото. Дресот не е со обичен дизајн, туку на него се вметнати и суптилни детали… Се надеваме дека овој дрес ќе ни донесе големи успеси, веќе може да го најдете на ...
Астон Вила го продаде Морган Роџерс во Челси за рекордни 117 милиони фунти (рекорд за англиски фудбалер во Премиер-лигата), по што двата клуба повторно седнаа на преговарачка маса и договорија уште еден трансфер. Алехандро Гарначо ќе биде наследникот на Роџерс во Вила откако двата клуба ги договорија сите детали за Аргентинецот кариерата да ја продолжи во тимот предводен од Унаи Емери. Гарначо минатото лето дојде во Челси од Манчестер ...
Барселона стигна до титулата во Примера дивизион минатата сезона, но Ханси Флик останува да жали за елиминацијата од Лигата на Шампионите. Германскиот стратег има и виновник за тој неуспех – холандскиот ас Френки де Јонг кого тренерот на Барселона веќе го има „прешкртано“ за наредната сезона. До конфликт дојде пред почетокто на реваншот со Атлетико Мадрид, откако лекарскиот тим на Барса даде зелено светло Де Јонг да се врати во стартниот тим, ...
Шкендија ќе биде значително засилена за вечерашниот натпревар од квалификациите за Конференциската лига против словенечки Браво, откако тетовци добија зелено светло за настап на двете најнови засилувања. Напаѓачот Марко Ѓорѓиевски и дефанзивецот Јован Манев потпишаа за тетовските црвено-црни во текот на минатата седмица, а управата на клубот успеа да ги регистрира навреме за тие да можат да бидат во комбинација за денешниот меч воЉубљана. ...
Матиц Сухолежник е ракометарот избран од Кире Лазаров и од раководството на Алкалоид како идеално засилување за поранешниот освојувач на Купот на Македонија. Искусниот словенечки ракометар доаѓа како екстра-засилување за одбраната, каде се очекува да биде столб на дефанзивата на сино-белите од Автокоманда. „Впечатоците за Алкалоид се добри, ми се допаѓа и клубот и Скопје како град. Пред нас е многу работа, да бидеме спремни на почетокот на ...
Рига излезе како победник од гостувањето против Вардар на синоќешното гостување во Скопје, летонски фудбалери се покажаа како провокатори за време на натпреварот, но никој не очекуваше тие да се однесуваат хулигански во соблекувалната по големиот триумф. Летонците рано утрово се вратија дома, а зад себе ја оставија соблекувалната со скршен инвентар во неа… ФК Вардар утрово објави фотографии од скршени кревети за масажа, „црвено-црните“ ...
Феран Торес ги живее најубавите моменти во животот откако го постигна победничкиот гол за Шпанија во мундијалското финале, но одличниот напаѓач размислува и за сериозна одлука поврзана со натамошната кариера, по најновата рунда неуспешни преговори со Барселона. Феран има уште една година од договорот со каталонскиот гигант, Деко и Лапорта му тврделе дека сериозно сметаат на него и сакаат да го задржат, но понудата што му ја дале за ...
Родри беше стартер на сите осум натпревари на Шпанија на СП 2026, предводејќи ја „црвената фурија“ до светската титула, по што повторно се интензивираа гласините дека извонредниот плејмејкер е високо на листата со желби на Реал Мадрид. Сепак, се е ставено „на чекање“ откако Манчестер Сити вчера потврди дека Родри ќе мора да замине на операција за да биде санирана повредата на грбот што веќе подолго време го мачеше шпанскиот интернационалец. ...
Веднаш по завршувањето на мундијалот следуваше и продолжението на сезоната во американската МЛС-лига, а во центарот на вниманието беа двете европски ѕвезди кои неодамна дојдоа во САД, Антоан Гризман и Роберт Левандовски. Гризман по добро ќе го памети своето деби, откако неговиот тим Орландо Сити го декласираше составот на Сан Хозе со 4-0, меч на кој и самиот Французин успеа да се запише меѓу стрелците, погаѓајќи мајсторски за водство од 3-0. ...
Партизан доцна синоќа објави нов трансфер, обелоденувајќи дека нов член на „црно-белите“ е Ламар Стивенс, крилниот кошаркар кој пристигнува од редовите на Париз. Стивенс е играч кој ја немаше лидерската улога во францускиот клуб, но главен квалитет му се цврстината и агресивната одбрана, што беше и препорака тренерот Пењароја да го бара во Партизан. Минатата сезона тој имаше просек од 9,3 поени и 3,3 скокови по натпревар, со 41,7% при ударите ...