Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, почна со кроење на тимот за следната сезона, продолжувајќи го договорот со хрватскиот интернационалец Никола Граховац. Според новиот договор, одличниот пикер ќе го носи „зелено-белиот“ дрес најмалку до крајот на следната сезона. Во договорот е вметната и клаузула за дополнително продолжување на соработката за уште една година, доколку двете страни бидат задоволни. Граховац пред да дојде во ...
Фудбалерките на Барселона по победата од 2-6 на првиот меч на гостински терен и вечерва постигнаа шест погодоци во победата над најголемиот ривал Реал Мадрид (6-0) во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Путелас уште во 8. минута донесе водство од 1-0 за својот тим. Греам во 16. зголеми на 2-0. Во 27. минута веќе беше и 3-0 со голот на Паредес, а до крајот на првиот дел Пахор стрелаше за 4-0. Во вториот дел Греам со својот втор ...
ТФТ продолжи со испишувањето на клупска историја откако тимот од скопско Тафталиџе за првпат обезбеди пласман меѓу најдобрите четири екипи во АБА2 лигата, со сосема реални шанси за пласман во големото финале (во полуфиналето за ривал ќе ја има Сутјеска). Редовно потценувани, тренерот (воедно и сопственик на ТФТ) Боро Смилковски и ентузијастите околу него секогаш наоѓаат начин да одговорат на злобниците онака како што доликува, со добра игра и ...
Ракометарите на Пик Сегед славеа со 26-23 против полскиот великан Кјелце во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч од нокаут фазата во Лигата на шампионите. Првото полувреме помина во цврста игра на двете страни во која ниту еден тим не можеше да се одлепи, па на пауза се замина со нерешен резултат 11-11. Во вториот дел домаќините беа за нијанси подобри, што на крајот доведе до тоа на реваншот за седум дена да патуваат со позитива од ...
Двократниот европски шампион Вардар запиша нова победа во домашниот шампионат откако вечерва славеше против комбинираниот тим на ГРК Охрид со убедливи 31-21 во натпревар од 3. коло од плеј-офот во Суперлигата. Охриѓани поради реваншот со Олимпијакос во ЕХФ купот кој на програмата е во сабота во Скопје допатуваа во комбиниран тим, па тоа на крајот донесе да немаме мега пресметка како што се очекуваше. Урош Митровиќ со шест гола беше прво име ...
Повторно избраниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, понуди интересен увид во иднината на Ханси Флик на „Ноу Камп“, а воедно се осврна и на клучните прашања – од трансфери до повреди и растечкото влијание на „Ла Масија“. Во неодамнешното интервју за „Мон Спорт“, претседателот на Барселона јасно стави до знаење дека самиот Флик одлучил да ги одложи сите разговори за договорот. Лапорта објасни дека германскиот стручњак сака јасност пред ...
Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон потврди дека поднел оставка од функцијата шеф на на репрезентацијата на Италија, по повлекувањето претходно и на претседателот на Италијанската федерација, Габриеле Гравина. Серијата заминувања започна по болниот пораз од селекцијата на Босна и Херцеговина во плејофот за Светското првенство. Италијанците беа поразени по изведувањето на пенали, останувајќи без место на Светското првенство по трет пат по ред. ...
Гостувајќи на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, можеби двете најголеми имиња на женскиот екипен спорт во Македонија, Индира Кастратовиќ и Гордана Нацева, неизбежно се потсетија и на Светското првенство 1997 во Германија и освоеното 7. место што е најголем успех во историјата на македонскиот екипен спорт. Но, се потсетија и на тоа како нашиот и регионален хит „Македонско девојче“ од авторот Јонче Христовски, стана химна на златните ...
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не ја крие својата фрустрација поради неодамнешната повреда на Рафиња, која се случи за време на репрезентативните обврски и ќе го остави надвор од теренот неколку недели. „Навистина е фрустрирачки кога еден од вашите најдобри играчи ќе се повреди на пријателски натпревар. Не можете да го обвинувате играчот бидејќи тој е професионалец и игра за својата земја, каде што мора да даде се од себе. ...
Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина поднесе оставка од таа позиција, објавија официјално од федерацијата. Медиумите во Рим наведуваат дека Гравина одлучил да поднесе оставка по неуспехот на италијанската фудбалска репрезентација во квалификациите за Светското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули оваа година во САД, Канада и Мексико. Италија не успеа да се квалификува за Светското првенство, ...
Страшна вест за македонскиот репрезентативец Решат Рамадани, еден од најдобрите фудбалери на тетовска Шкендија, кој се повреди на пријателскиот натпревар против Ирска во Даблин во националниот дрес. ФК Шкендија прку официјално соопштение информираше дека Рамадани има скинати предни вкрстени лигаменти, што претставува една од најтешките повреди за спортистите, па неизбежно ќе мора да биде подложен на хируршка интервенција. „Играчот од средниот ...
Денеска со жрепка се одредени двојките за четвртфиналето во Купот на Македонија во конкуренција на младинци/кадети, пионери и помлади пионери. Младинци-Кадети Вардар- Македонија ЃП Пелистер- Брегалница Њу Старс- Шкупи АП Брера – Работнички Пионери Пелистер – Шкупи Работнички – АП Брера Брегалница- Македонија ЃП Њу Старс- Вардар Помлади Пионери Пелистер – Шкупи Струга Трим Лум – АП Брера Брегалница- Македони ја ЃП Силекс – Вардар Натпреварите ...
Тимот на Евертон е сè пооптимистичен дека Џек Грилиш ќе се врати во клубот следната сезона, но овој пат како постојан член на тимот. Клубот е заинтересиран да ги обезбеди услугите на играчот од средниот ред на Манчестер Сити, кој е на позајмица и влегува во последната година од договорот на „Етихад“. Грилиш беше вистинско откритие на позајмица сè додека сериозната повреда во јануари ненадејно не ја заврши неговата сезона. Фактот што Грилиш ...
Италија во последните денови се соочува со вистинска фудбалска катастрофа, затоа што оваа репрезентација не обезбеди учество на трето светско првенство последоваттелно. Критиките се шират на сите страни, се бараат оставки, ќе се добие нов селектор, а „масло на огнот“ додаде и изјавата на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Тој беше во Зеница каде што го следеше баражот помеѓу БиХ и Италија, а потоа даде интервју за „Газета“ во кој ги ...
Шведскиот напаѓач Александар Исак, после неколкумесечна пауза се врати на тренинзите на Ливерпул. Напаѓачот имаше тешка повреда во декември за време на триумфот на Ливерпул со 2-1 против Тотенхем, откако го заработи скршеница на ногата и дополнителна повреда на зглобот, по што следуваше операција. Исак во февруари почна со лесни тренинзи, односно во фитнес центар, а сега тренира и со останатите играчи. Според англиските медиуми, можно е да ...
Македонскиот прволигаш фудбал повторно се врати на сцена, по репрезентативната пауза, денеска со дуелот меѓу Башкими и Тиквеш во Куманово. Натпревар со две лица, многу дожд и шокантен финиш – Башкими и Тиквеш ги поделија бодовите (2-2) во воведниот натпревар од 25. коло. Иако домаќините имаа пресврт и победа во рацете, гостите од Кавадарци не се предадоа до последната секунда. Дождот кој непрестајно паѓаше во Куманово го претвори теренот во ...
Гостувајќи на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, можеби двете најголеми имиња на женскиот екипен спорт во Македонија, Индира Кастратовиќ и Гордана Нацева, неизбежно се потсетија и на Светското првенство 1997 во Германија и освоеното 7. место што е најголем успех во историјата на македонскиот екипен спорт. Тогаш Македонија за првпат учествуваше на едно светско првенство во екипен спорт. Никој во земјата не ни знаеше дека ракометарките ...
Фудбалската асоцијација (ФА) поведе истрага против дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, за недолично однесување по црвениот картон што го доби против Борнмут. Англискиот репрезентативец беше исклучен во 78-та минута поради тоа што му одзеде чиста можност за гол по фаулирањето на Еванилсон во шеснаесетникот, што му донесе израмнување на Борнмут. Откако доби директен црвен картон, Мегваер се судри со четвртиот судија, поради што ФА ...
Само неколку дена откако седна на клупата на Тотенхем, Роберто де Зерби има големи планови со Тотенхем. Иако приоритет во последните неколку кола во Премиерлигата ќе биде опстанокот, сепак, Де Зерби размислува и за освежување на тимот и вреќање на старите патеки во идната сезона. Токму од тука Италијанецот го пикираше првото засилување. Станува збор за неговиот сонародник Мануел Локатели, кој би требало да биде екстра засилување во средниот ...
Најдобриот напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн се врати повреден од репрезентативните настапи, факт што ги загрижи челниците на германскиот првак. „Баварците“ веднаш закажаа тестови за да ја утврдат сериозноста на повредата на зглобот што го мачи англискиот голгетер. Засега е познато дека тој сигурно нема да биде во комбинација за мечот со Франбург овој викенд, а лекарите ќе направат напери да биде подготвен за првиот натпревар во 1/4 финалето ...
Кошаркарот на Мемфис, Брендон Кларк, беше уапсен во Арканзас поради пребрзо возење и поседување на контролирани супстанци. Полицијата го уапси Кларк во среда, меѓу другото, за неправилно претекнување и обид за бегство, а исто така тврди и за трговија со нелегални супстанции. Тренерот на Мемфис, Туомас Исало, пред натпреварот против Њујорк синоќа накратко изјави дека е запознаен со случајот, но не даде дополнителен коментар. Брендон Кларк ...
После уште еден дебакл на Италија, федерацијата размислува за отказ на Џенаро Гатузо, и тоа веројатно ќе се случи. Во јавноста веќе се наметнуваат кандидати кои би можеле да го заменат Гатузо, кој не успеа да ја однесе репрезентацијата на Мундијалот оваа година. Договорот на Гатузо истекува во јуни, а со оглед на тоа дека се очекува и оставка на претседателот на федерацијата, Гравина, речиси е невозможно да се очекува тој да остане на ...
Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди, се огласи на социјалните мрежи после двата натпревари против Данска и против Република Ирска. Против Данска мечот беше за пласман во финален бараж, но Македонија потклекна во вториот дел, и загуби со убедливи 4-0. Тоа значеше и крај на сонот за Мундијал на Македонија, а потоа против Република Ирска нашата селекција одигра без голови. „Дадовме сè од себе, но понекогаш работите не излегуваат ...
Легендарниот Стојанче Стоилов од лето ќе го преземе кормилото на Бутел Скопје, откако потпиша договор на две сезони и ќе го замени Горан Кузманоски, кој заминува по крајот на оваа сезона. Стоилов, кој во моментов е дел од стручниот штаб во сениорската машка репрезентација, по работата во Вардар, во нашиот клуб ќе го има првиот ангажман како прв стратег и се надеваме дека заедно ќе пишуваме многу убави страници во клупската историја. Стоилов ...
Неверојатна случка го одбележа дуелот од Лигата на Шампиони за жени межу Челси и Арсенал, откако Кејти Мекејб од Арсенал мина неказнето поради влечење за коса на противничката фудблерка Алиса Томпсон. Случката беше во финишот од мечот додека Челси се обидуваше да стигне до гол, Томпсон тргна моќно кон противничкиот гол и беше брутално повлечена од противничката. Судијките не го санкционираа овој прекршок, не се вклучи ниту ВАР, а за ...
Стојанче Стоилов и дефинитивно врти нов лист во тренерската кариера, прифаќајќи ја улогата на шеф на стручниот штаб во тимот на Бутел што ќе почне да ја извршува од јули 2026 годин. Бутел ќе ја доврши сезонава со актуелниот стратег Горан Кузманоски, но по неговото веќе најавено заминување на Кипар, за нов тренер денеска и официјално беше именуван токму Стоилов. Легендарниот пивот во претходните години по завршувањето на играчката кариера беше ...
Случувањата во Партизан веќе подолго време не наликуваат на функционирање на сериозен фудбалски колектив, но се чини дното беше допрено во изминатата седмица. Големата финансиска „дупка“ мораше да биде покриена со продажба на фудбалер, па така Андреј Костиќ беше продаден на Милан за 3,5 милиони евра, по што беше добиено зелено светло од финансиската контрола на УЕФА. И до тука, се е нормално… освен што потпретседателот за спортски прашања, ...
Денеска со почеток во 18.30 часот ќе се одигра дербито на третото коло од ракометниот плејоф во кој екипата на Вардар ќе го пречека Охрид. Јасно е дека „црвено-црните“ како лидери на табелата важат за фаворити, уште повеќе ако се земе во предвид нивната форма во последните два месеци. Имено, „вардарци“ имаат шест победи во низа, од кои два над Алкалоид, еден над Е. Пелистер во Битола, како и два триумфа над бундеслигашот Мелсунген и еден над ...
Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, го објави спосокот од 18 ракометари кои ќе бидат дел од нашиот национален состав за претстојното Медитеранско првенство што кон средината на овој месец ќе се одржи во Словачка. Пролет и Мулти Есенс имаат по шест претставници во оваа возрасна категорија на македонската репрезентација, а Кузманоски повика и еден интернационалец, Андреј Угреновиќ кој настапува во ...
Томас Тухел се соочува со сериозен притисок по слабите игри на последните контролни средби, а англискиот селектор не го крие разочарувањето од настапот на Фил Фоден. Тухел веќе го избриша Трент Александер Арнолд од мундијалскиот список, а последните информации говорат дека тој сериозно размислува да се откаже и од услугите на Фоден. Офанзивниот фудбалер го загуби првотимскиот статус во Манчестер Сити, што му се одрази и врз самодовербата во ...