Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Војната за врвот во Втората лига на Македонија продолжува. Ситуацијата се замрси денеска со победата на Брегалница над Скопје, и така сега штипскиот тим се искачи на второто место веднаш зад Охрид, кој претходно го совлада Новаци. Брегалница ја освои Автокоманда со еден гол, славејќи победа од 0-1. Единствениот гол го постигна Талески во 41. минута. Класичен противнапад на штипјани, за Талески на крајот успее да го совлада Наумовски и да ...
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, го постигна својот петти гол во Шкотска, откако денеска стрелаше во мрежата на Данди Јунајтед за победа од 4-2. Овој гол има голема вредност за Ренџерс, со оглед дека на 3-2 само неколку мигови претходно, Данди погоди статива. Потоа после противнапад Миовски од 20 метри шутираше прецизно во долниот лев агол, и ставајќи печат на победата на Ренџерс. За Миовски ова беше петти гол во првенството, а има ...
Капитенот на Шкендија, Бесарт Ибраими од херој се претвори во трагичар во мечот со Пелистер, откако по израмнувачкиот погодок, не успеа да постигне уште еден, и да донесе пресврт за својот тим. Ибраими постигна гол во 43. минута од средбата и така донесе израмнување. Шкендија во второто полувреме целосно ја презеде иницијативата, имаше две добри шанси преку Тамба, а потоа Бесарт Ибраими можеше да биде апсолутен херој. Но, се претвори во ...
Вардар немаше проблеми да дојде до триумф над Македонија ЃП со 5-1, и така да направи нова предност од три бода на табелата во ПМФЛ. „Црвено-црните“ максимално го искористија киксот на Шкендија која загуби претходно од Пелистер на домашен терен, и така направија голем исчекор кон табелата. Конечно една доминантна игра на Вардар во пролетниот дел од сезоната, и убедлив триумф благодарение на расположениот Хоакин Торес, кој постигна два гола, и ...
Англискиот фудбалер Киеран Трипие заминува од Њукасл по завршувањето на сезоната, потврди клубот на социјалните мрежи. Трипие, кој четири години е дел од Њукасл, има договор со тимот до крајот на сезоната, и истиот нема да биде обновен. Трипие беше еден од најдобрите десни бекови во последните 10 години, а настапуваше во Манчестер Сити, Барнли, Тотенхем, Атлетико Мадрид и од 2022 година е дел од Њукасл. За англиската репрезентација одигра 54 ...
Вардар е блиску да дојде до важна победа во битката за титулата во ПМФЛ, откако има предност од 2-0 над Македонија ЃП, и згора на тоа имаат и играч повеќе откако Кабаркас доби исклучување во 36. минута од средбата. Сепак, први се заканија гостите од Ѓорче Петров со прекрасни шанси на Ајдоган и на Стоилов но не успеаја. Во 29. минута на другата страна се закани Омерагиќ, неговиот обид го одбрани Јанков во корнер. Во 31. минута акција на Вардар ...
Манчестер Сити со убедливи 4-0 го совлада Ливерпул на „Етихад“, и го исфрли од ФА Купот. Со тоа Ливерпул остана без уште еден пехар сезонава, откако ќе го загуби и трофејот од Премиерлигата, со оглед на фактот дека нема шанси за првото место. „Граѓаните“ беа расположени за давање голови, а особено Ерлинг Халанд кој постигна хет-трик. Првиот гол Норвежанецот го постигна во 39. минута од пенал. Вториот во судиското надополнување од првиот дел. ...
Важна победа за излез во Европа оствари Реал Сосиедад, над Леванте, за кого следуваат тешки моменти во битката за опстанокот во Ла Лига. На крајот домашниот тим триумфираше со 2:0, и продолжи да игра во стил „топло-ладно“ во последните неколку натпревари. Сосиедад дојде до предност во 30. минута. Солер нафрли од корнер до Мартин, кој од само 2-3 метри со глава го совлада гостинскиот голман. Мендез во 83. минута на асистенција на Мартин, ...
Шкендија прави огромен „кикс“ во битката за титулата, а Пелистер успева да освои важни три бода за опстанокот. Битолскиот тим сензационално успеа да победи со 1-2 на ова тешко гостување, давајќи му голема шанса на Вардар да избегаат на првото место на табелата. Ибраими уште во 9. минута имаше шанса, но не реализираше. Во 36. минута предност за Пелистер. По долга акција, Булатовиќ асистира одлично до Спировски, кој од прва носи предност за ...
Екипата на Охрид го совлада тимот на Новаци со 3-0 во првиот меч во 23. коло од Втората лига. Охриѓани рутински славеа триумф, и сега мирно од врвот ги чекаат резултатите на останатите ривали за влез во прволигашката конкуренција. Каланоски ги донесе охриѓани во предност, откако погоди по една нафрлена топка, и со волеј го совлада гостинскиот голман. Тоа беше резултат по првиот дел. Во второто полувреме прекрасен гол постигна Димитриоски. ...
Во понеделник во 20:45 часот на „Марадона“ ќе се игра големото дерби од 31-то коло од Серија А помеѓу Наполи и Милан, а ќе се одлучи кој од овие два клуба ќе остане во трката за Скудетото со Интер. Пред ова коло, Милан е шест бода зад градскиот ривал, додека актуелниот шампион Наполи е -7 зад водечкиот. Исто така, треба да се напомене дека Интер има тежок дуел со Рома. Навивачите на Милан добија одлични вести пред натпреварот во Неапол, а во ...
Шкендија и Пелистер играат нерешено 1:1 после првото полувреме во 25. коло од ПМФЛ. Во 45. минути со малку возбудувања и многу борба, Пелистер имаше предност, а Шкендија мораше да израмнува пред самиот финиш. Ибраими имаше прилика во 9. минута, топката мина само крај голот. Во 33. минута Красниќи ја тресе мрежата на Пелистер, но голот е поништен поради офсајд. Во 36. минута одлична акција на Пелистер, неколку додавања во шеснаесетникот, а во ...
Белгискиот интернационалец во редовите на Наполи, Кевин де Брујне проговори за можноста да го напушти фудбалот. 34-годишниот фудбалер од оваа сезона е дел од Наполи, одигра 11 меча, а потоа се повреди и отсуствуваше добар дел од сезоната. Тој кажа дена Наполи била одлична средина за него, и дека ја одбрал оваа дестинација заедно со семејството. „Тоа беше најдобар проект за мене и за моето семејство, затоа што сакав да играм на највисоко ниво, ...
Епизодата со Ромелу Лукаку во Наполи се ближи кон крајот, а Фенербахче веќе воспостави контакт со околината на белгискиот робустен централен напаѓач, со цел да се испита можноста за негово пристигнување во Истанбул за време на летниот преоден рок, објавува „Газета дело Спорт“. Ситуацијата меѓу Лукаку и Наполи стана уште покомплицирана откако фудбалерот одлучи да не се враќа на тренинзите на клубот, туку да остане во Белгија и таму да работи ...
Италијанските репрезентативци побараа исплата на премија од 300.000 евра пред решавачкиот натпревар од плејофот на Светското првенство против Босна и Херцеговина, пишува „Ла Република“. Износот бил околу 10.000 евра по играч, кои би биле поделени доколку Италија се квалификува на Мундијалот. Барањето наводно било поднесено пред финалето од плејофот во вторник, во кое Италија на крајот беше поразена. Сепак, тогашниот селектор Џенаро Гатузо ...
Ракометарите на Охрид вечерва имаат голема шанса да испишат историја на клубот. За првпат да се најдат во полуфинале на едно европско натпреварување, и да го елиминираат грчки Олимпијакос од ЕХФ Европскиот Куп. По првиот меч во Атина, Охриѓани имаат предност од 31-26, што би требало да биде доволно за пласман меѓу најдобрите четири тима. Билетите за натпреварот се веќе распродадени, што значи дека полна сала и пеколна атмосфера ќе има вечерва ...
Првиот избор на НБА драфтот оваа сезона, Купер Флаг (19), постави нов рекорд за најмлад тинејџер со повеќе од 50 поени, постигнувајќи 51 поен во поразот на Далас од Орландо со 127:138. Претходниот рекорд за негова возраст од 49 поени беше поставен во јануари против Шарлот. Флаг беше прецизен на 19 од 30 обиди, додека во последната четвртина постигна 24 поени. „Секогаш е забавно кога ќе влезам во тој ритам. Обрачот се шири, а кошот станува ...
НБА отвори истрага против Милвоки Бакс околу начинот на кој клубот ги регулира правилата за перформанси на играчите и потенцијално неконзистентните изјави за здравјето на Јанис Андетокумбо, потврдија извори за ESPN во петокот. Според извештаите, Андетокумбо и Бакс им раскажале на истражителите различни приказни за тоа зошто грчкиот кошаркар не игра, пишува ESPN. Андетокумбо ги информирал Бакс и лигата дека сака да игра, но тимот не е ...
Вардар и Шкендија ја продолжуваат битката за титула во Првата македонска фудбалска лига. Денеска двата тима имаат „домашни задачи“ и играат против екипи кои се борат за опстанокот. Шкендија за противник го има Пелистер, додека Вардар ќе игра против Македонија ЃП. Ако Вардар и Шкендија немаат право на грешки и мора да победат за титула, тогаш и нивните конкуренти ќе мора да бркаат бодови за опстанок. „Црвено-црните“ од Скопје иако се лидери на ...
Во последниот период имаше многу шпекулации околу иднината на Арне Слот во Ливерпул. Менаџерот на „црвените“ веќе беше отпишан, а наводно англискиот првак веќе му нашол и замена во името на Чаби Алонсо. Меѓутоа последните информации велат дека челниците на тимот од Енфилд му дале доверба на Арне Слот и идната сезона да ја води екипата, во обидот да ја врати титулата, која ќе им избега во оваа. Затоа, пак, ќе има чистење на играчкиот кадар. ...
Баерн Минхен има намера да го продолжи договорот со својот прв голман Мануел Нојер на уште една сезона. Иако има 40 години, тој и натаму пружа одлични партии на голот на „Баварците“, па само прашање е дали тој ќе сака да продолжи да брани, или ќе замине во пензија како еден од најуспешните голмани во историјата на тимот од Минхен. И додека се чека разврска, директорот на клубот Макс Еберл најави дека од тимот посакуваат и натаму Нојер да ...
Најмалку едно лице загина, а 47 други се повредени од непознати причини на стадион во Лима за време на собир на навивачи пред фудбалското дерби, изјави во саботата министерот за здравство на Перу. Меѓу повредените имало тројца малолетници, а 39 лица биле однесени во болница. Тројца се во критична состојба, додаде министерот. „На стадионот се случи тажен инцидент во кој беа повредени 47 лица, а за жал, е регистриран и еден смртен случај“, ...
Најдобриот играч на Лос Анџелес Лејкерс и водечкиот стрелец во НБА Лука Донќиќ, заработи повреда на тетивата од втор степен за време на вчерашниот натпревар против Оклахома Сити Тандер. Според првите прогнози, тоа би значело дека Дончиќ ќе биде во аут од четири до шест недели. Д-р Џеси Морс, експерт за спортски повреди, по повод овој настан објави: „Дончиќ може да се врати за три недели во најдобар случај, но пореално е да се очекува тоа да ...
И додека во западната конкуренција во НБА има само една непозната, односно кој од Минесота и Феникс ќе се пласира меѓу најдобрите шест во плеј-офот, на Истокот и натаму трае неизвесноста пред крајот на регуларниот дел од сезоната. Минесота имаше голема шанса да направи исчекор, и да се одлепи од Феникс, но ноќеска загуби на гостувањето кај Филаделфија со 115-103, благодарение на катастрофалниот трет период, кој Филаделфија го доби со 42-24. ...
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ники Бат верува дека Жозе Мурињо е вистинското решение за Манчестер Јунајтед, доколку раководството се реши да не му даде шанса на Мајкл Керик, и да сака да доведе нов предводник. Бат верува дека Португалецот е способен да го врати Јунајтед на шампионските патеки. „Да се прашувам јас, би го вратил Мурињо. Тој е победник и способен да го носи овој клуб, но оние кои се сега во раководството никогаш ...
Трет „врзан“ триумф по ред на ПСЖ во француското првенство, откако вечерва на свој терен го победи тимот на Тулуз со 3-1, и ја продолжи битката за одбрана на титулата во француската Лига 1. Дембеле со два гола и еден гол на Рамос за голема победа на „Светците“ и добра увертира пред мечот со Ливерпул во 1/4 финалето во ЛШ. Дембеле во 23. минута го отвори резултатот. Сепак, Тулуз се врати со голо на Николаисен кој оди на „душа“ на голманот ...
Рајо Ваљекано направи огромен чекор кон опстанок во Ла Лига, откако вечерва славеше над директниот конкурент Елче со 1-0. Тимот од Мадрид имаше огромна предност откако гостите добија црвен картон, и максимално профитираа од ситуацијата, стигнувајќи до осмата победа во 30-тиот меч во шпанската „елита“, и сега има шест бодови предност од опасната зона. Елче доби црвен картон во 39. минута, откако Бигас заработи втор жолт, и така му овозможи ...
Португалскиот ас Кристијано Роналдо е невејоратен оваа сезона. Напаѓачот на Ал Наср отсуствуваше повеќе од еден месец поради повреда, а вечерва се врати во тимот и постигна два гола во победата на својот тим над Ал Наџма со 5-2. Роналдо ги постигна третиот и четвртиот гол од пенал и од игра, и со тоа ја донесе победата на својата екипа. Португалецот со овие два погодоци дојде до бројката од 967 голови, и му се потребни уште 33 голови за ...
Неверојатен натпревар се одигра во Шпанија, каде Басконија го шокираше Реал Мадрид победувајќи го со … во 35. коло од Евролигата. Реал Мадрид до самиот финиш имаше „добиен меч“ и предност од +7 поени разлика, но не само што ги прокоцка, туку во последниот напад за Басконија, Хезоња направи прекршок и овозможувајќи му на противикот со две слободни фрлања да стигне до победа. Ако првиот период го доби Басконија, тогаш во вториот Реал Мадрид ја ...
Откако го напушти кормилото на германската репрезентација во 2021 година после Европското првенство, Јоаким Лев и натаму е без ангажман. Тој цели 15 години беше дел од репрезентацијата како прв селектор, откако претходно две години беше асистент. Лев сега е пред нов селекторски ангажман, откако е во преговори за преземање на селекцијата на Гана. Гана остана без селектор откако се раздели со Ото Адо, на само три месеци од почетокот на ...