Според бројните информации од светските медиуми, Винисиус Жуниор се подготвува за спектакуларен потпис ова лето. Бразилецот долго време преговара за нов договор со Реал Мадрид, но не е постигнат никаков напредок. Неговиот договор истекува во 2027 година, но со оглед на тоа што практично нема никаков напредок, челниците на Реал Мадрид се подготвени и да го продадат. Флорентино Перез не сака да го пушти да си замине бесплатно на крајот од ...

Светското првенство, кое се одржува ова лето во САД, Канада и Мексико, ќе донесе бројни приказни достојни за филмско платно, а една од нив е секако онаа на 38-годишниот голман Џони Пласид, капитенот на репрезентацијата на Хаити. Неговиот тим некако неочекувано се пласираше на Светското првенство, каде што ќе игра во групата против Бразил, Шкотска и Мароко, што ќе им овозможи на жителите на оваа карипска земја барем кратко бегство од тешкото ...

Човекот кого го проколнува целата земја, дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, речиси сигурно ќе стане новиот играч на Барселона. Алесандро Бастони се смета за еден од најдобрите дефанзивци во Европа во моментов. 26-годишниот стопер на Интер има неколку врвни сезони зад себе и се чини дека дојде време за голем трансфер. Тој треба да ја продолжи кариерата во Барселона, откако се договори речиси сè со каталонскиот гигант и само е прашање на ...

Македонскиот напаѓач, Марио Илиевски продолжува со серијата голови во вториот дел од сезоната во редовите на косовска Приштина. Викендов Илиевски погоди за Приштина во ремито (2-2) против Дреница на гостински терен. Илиевски го постигна израмнувачкиот гол за Приштина за 1-1, но и до крајот, сепак, не успеа да дојде до триумф против аутсајдерот. Марио Илиевски со 12 постигнати гола е на третото место на листата на најдобрите стрелци, во ...

По 25 години интересен момент на заедничка средба на легендарниот тандем на МЗТ Скопје, Перо Блажевски и Ѓорѓи Књазев. Но, овој пат во едни поразлични улоги. Блажевски како тренер на КК Гостивар, а Књазев, заедно со своето семејство, како поддршка на натпреварот од Првата македонска кошаркарска лига меѓу Гостивар и Феникс. Двајцата, како што е познато, заедно играа за Никол Ферт Гостивар во сезоната 2000/2001. Крадењето авторски текстови е ...

Ливерпул доживеа тежок пораз од Манчестер Сити и елиминација во трката за титулата во ФА Купот. Со оглед на тоа што одамна испаднаа од трката за титулата во Премиерлигата, сè што им преостанува е да се борат за трофејот во Лигата на шампионите. Во ЛШ ќе се соочат со Пари Сен Жермен, кој игра навистина добро оваа сезона. Долго време навивачите на Ливерпул бараат од челниците на Ливерпул да го заменат Слот и да доведат нов тренер. Тоа досега не ...

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе се обиде да го забрза закрепнувањето од повредата на тетивата со тоа што ќе оди во Европа на специјализиран третман, според американските медиуми. Дончиќ се повреди во убедливиот пораз од Оклахома, а по магнетната резонанца беше потврдено дека ќе го пропушти остатокот од регуларната сезона. Нормалното време за закрепнување за ваков вид повреда е околу еден месец, што значи дека еден од ...

Купер Флег од Далас, кој е често потенциран како наследник на Лука Дончиќ, се истакна во историски натпревар втора ноќ по ред во НБА лигата. Веднаш откако стана најмладиот играч во историјата на НБА и првиот тинејџер кој постигна 50 поени со 51 поен против Орландо, тој постигна 45 поени за победа на домашен терен над Лејкерси со 134-128. Така, првиот избор на драфтот ја прекина серијата на Далас од 14 порази на домашен терен, најдолгата во ...

Фудбалерите на Интер по три меча во низа конечно стигнаа до победа во домашниот шампионат и тоа со стил откако во дербито на 31. коло во Серија А ја прегазија Рома со убедливи 5-2. Домаќините поведоа со 1-0 уште во 1. минута со погодокот на Лаутаро Мартинез. Гостите успеаја да израмнат на 1-1 преку Мансини во 40. минута, а до крајот на првиот дел беше и 2-1 со погодокот на Чалханоглу во втората минута од судиското продолжение. Во вториот дел ...

Фудбалерите на Монако стигнаа до голема победа, откако вечерва во дербито на 28. коло во француската Лига 1 на домашен терен славеа против големиот ривал Олимпик Марсеј со 2-1. Откако по првото полувреме мируваа мрежите домаќините поведоа со 1-0 со погодокот на Головин во 59. минута. На 2-0 зголеми Балогун во 74. минута. До крајот конечните 2-1 ги постави Гури во 85. минута. Monaco 2-0 Marseille – Folarin Balogun 74' byu/Meladroit10 insoccer ...

Пласманот на Босна и Херцеговина на Светското првенство не ги направи многу среќни навивачите на Шалке, бидејќи загубија двајца, можеби клучни, играчи. Високата цена на историската победа во Зеница ја платија Един Џеко и стоперот Никола Катиќ. Иако сезоната за Катиќ е речиси сигурно завршена поради сериозна повреда на коленото, не е познато колку долго Џеко ќе биде надвор од теренот. Двајцата го гледаа важниот триумф на Шалке над Карлсруе од ...

Мохамед Салах ќе го напушти Ливерпул и веројатно Англија на крајот од сезоната, додека нема да биде изненадување ако менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, го стори истото. Мохамед Абутрика, легендата на египетскиот фудбал, верува дека ова само ќе и наштети на Премиерлигата. „Премиер лигата ќе стане нешто како тајландската лига по заминувањето на Салах и Гвардиола. „Кога тренер од калибарот на Гвардиола вели дека Салах е одличен играч, легенда на ...

Фудбалерите на Лидс јунајтед се последните патници во полуфиналето на најстарото фудбалско натпреварување во светот ФА купот, откако вечерва по изведување на пенали славеа против Вест Хем јунајтед со 2-4, откако по 120 минути беше 2-2. Гостите поведоа со 0-1 со голот на Танака во 26. минута. Лидс имаше се во свои раце бидејќи ја удвои предноста (0-2) преку Калверт Луин од пенал во 75. минута. Сепак, домаќините не се откажуваа и во фуриозен ...

Откако се одиграа сите натпревари заврши регуларниот дел од сезоната во кошаркарската Суперлига на Македонија. Пред продолжувањето на сезоната во кое најдобрите шест екипи ќе одиграат по еден меч секој против секого како би си обезбедиле подобра позиција пред разигрувањето за титулата, број 1 му припаѓа на ТФТ кој и покрај убедливиот пораз од Тиквеш 102-74 успеа да го задржи врвот. За тоа најмногу му помогна актуелниот шампион МЗТ Скопје ...

Кошаркарите на Будуќност стигнаа до голема победа за што подобра позиција пред плеј-офот во регионалното натпреварување откако славеа на домашен терен против фаворизираниот Партизан со 95-89 во натпревар од 6. коло од плеј-офот во АБА лигата. Гостите ја добија првата четвртина со 24-27, но потоа црногорскиот шампион одигра на високо ниво и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева дека може да стигне до полн плен, па на ...

Ракометарите на МРК Куманово стигнаа до голема победа во борбата за опстанок во Суперлигата откако денеска славеа на гостувањето кај „фенерџијата“ Радовиш со 24-28 во последниот меч од 26. коло во плејаутот. Радовишани одиграа одлично во првото полувреме во кое противникот го сведоа на само десет гола, а на пауза заминаа со позитива од 12-10. Сепак, во вториот дел дојде до израз разликата во квалитет, па на крајот гостите стигнаа до полн плен ...

Еден од најталентираните млади фудбалери на Македонија ЃП, Давид Вељаноски постигна спектакуларен гол кој ретко се гледа на македонските терени. Вељаноски, кој настапува за пионерскиот тим на „лавовите“ од генерација 2011, со феноменален шут од околу 50 метри ја погоди противничката мрежа демонстрирајќи го сиот свој фудбалски потенцијал и квалитет. Давид беше и еден од најзаслужните, на тој начин, за триумфот од 1-3 на екипата на Македонија ...

Легендарниот француски тренер Зинедин Зидан ќе стане нов селектор на француската репрезентација по Светското првенство. Како што објави шпанскиот весник „Ас“, Зидан ќе го наследи Дидие Дешам, чие заминување беше најавено претходно, а во меѓувреме е постигнат договор со Француската фудбалска федерација. Поранешниот тренер на Реал Мадрид, со кого освои три последователни титули во Лигата на шампионите, се враќа на тренерската работа по ...

Најдобриот македонски голман Столе Димитриевски и неговата Валенсија запишаа нов пораз во шпанската Ла лига откако денеска на домашен терен загубија од Селта Виго со 2-3 во натпревар од 30. коло. Домаќините добро го отворија натпреварот и стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Родригез во 12. минута. Сепак, во вториот дел се промени се на теренот. Moриба во 56. минута израмни на 1-1, а само четири минути подоцна беше и 1-2 со погдокот на ...

Последното, осмо коло ги симна дилемите околу конечниот изглед на табелата. Односно ги потврди и натпреварувачките бројки на четирите екипи кои обезбедија пласман во полуфиналето на плеј-офот, за пополнување на едно место кое води во Супер лигата во наредната натпреварувачка сезона. Екипите на Струмица 2001 и на Соколи 1933 остварија уште една победа, двете завршуваат со скор (11-3), но во онаа прва фаза од сезоната, струмичани имаат подобар ...

Фудбалерите на Работнички стигнаа до голема победа во борбата за опстанок откако на гостувањето покрај езерото кај Струга Трим Лум славеа со 1-2 во последниот натпревар од 25. рунда сезонава во Првата македонска фудбалска лига. Гостите до водство во првото полувреме стигнаа уште во 14. минута кога Попзлатанов го постигна погодокот за 0-1 по големата грешка на голманот на стружани Ангелети. Домашните имаа неколку шанси до крајот на првиот дел, ...

Фудбалерите на Вардар Неготино стигнаа до петтата победа сезонава откако денеска славеа на гостувањето кај Големо Коњари со 0-1 во последниот натпревар од 23. коло во Втората фудбалска лига на Македонија. Клучниот момент во натпреварот се случи во 59. минута кога гостите го постигнаа победничкиот погодок.  ВМФЛ,23. КОЛО ОХРИД – НОВАЦИ 3-0 БЕЛАСИЦА – ОСОГОВО 0-0 ДЕТОНИТ П. – КОЖУФ 3-2 СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА 0-1 ПРЕСПА – КАМЕНИЦА САСА 1-3 ...

На „чизмата“ се прашуваат кој ќе го наследи Џенаро Гатузо на италијанската селекторска клупа. Еден од луѓето што се појавија како кандидат беше Симоне Инзаги, кој денес го слави својот 50-ти роденден, и рече дека не се кае за својата одлука да ја напушти Италија и да се пресели во Саудиска Арабија, каде што е тренер на Ал-Хилал. Во разговорот по повод неговиот роденден, тој рече дека не чувствува носталгија и дека е задоволен од животот на ...

Лос Анџелес Лејкерс загубија уште еден важен кошаркар. Лос Анџелес Лејкерс објавија по натпреварот со Оклахома Сити Тандер дека Лука Дончиќ ја заврши регуларната сезона поради повреда на тетивата. И, како што велат несреќата никогаш не оди сама, уште една лоша вест беше објавена во саботата навечер. Вториот најдобар кошаркар на Лејкерс, Остин Ривс, исто така ја заврши регуларната сезона 2025/26 со повреда на стомачниот мускул. Популарниот ...

Фудбалерите на Работнички имаат водство од 0-1 на полувреме на гостувањето покрај езерото кај Струга Трим Лум во последниот натпревар од 25. рунда сезонава во Првата македонска фудбалска лига. Клучниот момент во првото полувреме се случи уште во 14. минута кога Попзлатанов го постигна погодокот за гостите за водство од 0-1 по големата грешка на голманот на стружани Ангелети. Домашните имаа неколку шанси до крајот на првиот дел, но ...

Легендарниот германски фудбалер и тренер Јирген Клинсман остро ја коментираше состојбата на италијанската репрезентација откако таа повторно не успеа да се квалификува на Светското првенство. Клинсман, кој има посебен однос со Италија бидејќи некогаш играл за Интер, а чиј син моментално брани за Чезена, не криеше во интервју за Раи Спорт колку бил погоден од неуспехот на „аѕурите“ по поразот од Босна и Херцеговина во Зеница. „Многу страдав со ...

Откако Босна и Херцеговина се квалификуваше за Светското првенство, еден детаљ од стадионот „Билино поље“ привлече големо внимание на јавноста. Имено, голманот Џанлуиџи Донарума го изгуби својот „таен лист“ со упатства каде фудбалерите на БиХ треба да изведуваат пенали, со кој на крајот се здоби, ни помалку ни повеќе, ниту момчињата задолжени за собирање топки. Според фотографиите и видеата што кружат на социјалните мрежи, станува збор за ...

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди игра нов одличен натпревар во турскиот шампионат за неговиот Коњаспор. Коњаспор во моментов има предност од 0-1 на гостувањето кај Самсунспор во натпревар од 28. коло од турскиот шампионат. Токму гостите благодарение на нашиот интернационалец имаат водство, откако Енис Барди беше сигурен од белата точка за 0-1 во 23. минута. Enis Bardhi scores from the spot! Samsunspor 0-1 ...

Здравствената состојба на поранешниот селектор на романската репрезентација, Мирчеа Луческу (80 години), се влошила во ноќта помеѓу саботата и неделата, според официјалното соопштение испратено од Универзитетската болница за итни случаи во Букурешт. Тој беше хоспитализиран откако се онесвести за време на тренингот на репрезентацијата на Романија два дена пред пријателскиот натпревар во Словачка, а откако тренерот доживеал акутен миокарден ...

Иако неговиот Сантос славеше против Ремо со 2-0, Нејмар повторно е главна тема во бразилската јавност поради своето однесување. По натпреварот, фудбалската ѕвезда упати остри критики кон главниот арбитер Савио Переира Сампајо, незадоволен од неговите одлуки. Поради добиениот жолт картон кој е негов трет во само четири меча Нејмар веќе е суспендиран за претстојното дерби против Фламенго. Сепак, неговите вербални напади по натпреварот може да ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
5.14
45%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
2.57
85%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
40%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
4.28
56%
1015
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 18ᴼ
1.34
54%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
4.63
56%
1018
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
37%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
59%
1018
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
39%
1016
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
5.66
54%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
48%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0157

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Паладиум

49351.40

Бакар

12.46

Алуминиум

3.53

Родиум

319899.93

Калај

52.70

Сребро

2534.46

Рутениум

51376.89

Платина

66744.95

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Злато

152465.86

Кобалт

45.39