Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Струга Трим Лум доживеа непријатен пораз од Работнички (1-2) во минатото коло и сега сака експресно да се врати во победнички ритам со триумф над Шкупи. Формално како гости, но стружани денеска (15:30 часот) ќе играат на својот стадион. „Очекувањата, како и на секој натпревар, се трите бода. Ние како тим на секој меч покажавме дека, без разлика на противникот, играме на победа и така ќе пристапиме и на денешниот дуел против Шкупи, без оглед ...
По поразот на гостувањето против АП Брера, екипата на Арсими максимално се фокусира на следниот првенствен предизвик. Стручниот штаб и фудбалерите внимателно ја анализираа претходната средба, а сега фокусот е насочен кон денешниот натпревар против Македонија Ѓорче Петров, дуел од големо значење во трката за опстанок во елитното друштво. Атмосферата во екипата е на високо ниво, а целта е јасна, брза реакција и освојување на цел плен вели ...
Футсал репрезентацијата на Македонија денеска го стартува квалификацискиот турнир во Литванија од првата фаза за пласман на Светското првенство. Прв противник на Македонија ќе биде репрезентацијата на Бугарија, а мечот е со почеток во 15.30 часот. Селекторот на „црвено-жолтите“ Газменд Хисејини верува дека Македонија може да стигне до една од првите две позиции и да се пласира во втората фаза. „Добро е што сите повикани фудбалери се појавија ...
Во Првата македонска фудбалска лига денеска се играат последните два натпревари од 26. коло. На стадионот во Ѓорче Петров, Македонија ЃП го пречекува Арсими во дуел кој директно решава за опстанокот во елитното друштво. Искусниот чувар на мрежата Ристе Јанков смета дека ова е само уште еден важен меч, но не и финале на сезоната. „Не би рекол дека е финале за нас. Важен меч за Македонија ЃП како и секој друг. Битни бодови како за нас така и за ...
Кошаркарите на ТФТ се блиску да се пласираат во финалето на плеј-офот во АБА 2 кошаркарската лига, откако го совладаа тимот на Сутјеска на гостувњето во Никшиќ со 93-88. По мечот тренерот на скопскиот клуб Боро Смилковски анализираше и објасни каде ја направија разликата неговите кошаркари. „Сакам да им се заблагодарам на Сутјеска и на целата организација за нивното гостопримство. Што се однесува до играта – ова е фантастичен резултат. ...
Иако Шкупи и математички веќе е дел од Првата фудбалска лига на Македонија – дури и пред одигрувањето на натпреварот од 26-тото коло во елитата – тоа не ги обесхрабрува младите фудбалери. Напротив, тие влегуваат во секој дуел со максимален ангажман за да го извлечат најдоброто од себе. Ваков став сподели и младиот фудбалер Венис Кока, кој потврди дека тој и неговите соиграчи ќе го дадат својот максимум против фаворизираниот тим на Струга Трим ...
По поразот од Атлетико Мадрид во првиот натпревар од 1/4 финалето на Лигата на шампионите, таборот на Барселона го бара виновникот за таков исход во еден човек судијата. Таборот на Барселона е, благо кажано, огорчен од арбитражата на романскиот судија Иштван Ковач, најмногу поради, според нив, голем пропуст во второто полувреме кога, по додавање на голманот Хуан Мусо, Марк Пубил ја смири топката со рака во шеснаесетникот на Атлетико. ...
Фудбалерите на Ливерпул загубија на гостувањето кај Пари Сен Жермен со 2-0 во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот по мечот имаше интересна изјава. Само пред неколку дена, по тешкиот пораз од Манчестер Сити во ФА Купот со 4-0, тој рече дека е добро што не примиле повеќе голови, а синоќа имаше скоро па идентична изјава. „Ако го анализирате целиот натпревар, мислам дека имавме ...
Барселона загуби од Атлетико Мадрид со 0-2 на домашен терен во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Сè беше отежнато со црвениот картон на Пау Кубарси во 41-та минута, по што Хулијан Алварез постигна гол за 0-1. После тоа, Барселона притискаше со еден играч помалку, но Атлетико повторно постигна гол во второто полувреме преку Александар Сорлот за конечни 0-2. Тимот од Мадрид објави на социјалните мрежи ...
Кошаркарите на Денвер нагетс ја забележаа 10 победа во низа во НБА лигата откако синоќа славеа на домашен терен против Мемфис гризлис со убедливи 136-119. Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл со 14 поени, 16 скина и 10 асистенции. Кај поразените недоволни беа 26 поени на Седрик Кауард. Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Кливленд – Атланта 122-116, Орландо – Минесота 132-120, Детроит – Милвоки 137-111, Сан Антонио – Портланд 112-101, ...
ПСЖ со два гола позитива заминува на реваншот на „Енфилд“ кај Ливерпул, откако вечерва го совлада англискиот тим со 2-0. Победата на „Светците“ можеше да биде и поубедлива, со оглед дека европскиот првак целосно го надигра противникот, и имаше уште неколку добри шанси да оствари и повисок триумф. Дуе во 11. минута со помош на блокот на Гравенберх донесе предност за ПСЖ. Францускиот фудбалер шутираше од 23-24 метри, топката се одби од ...
Атлетико Мадрид со триумф од 0-2 се враќа од гостувањето кај Барселона на „Камп Ноу“ во првиот натпревар од 1/4 финалето во Лигата на шампионите, и е пред пласман меѓу најдобрите четири тима во Европа. Атлетико доби предност уште во 44. минута откако Кубарси доби директен црвен картон, а Алаварез постигна прекрасен гол од слободен удар за предност на четата на Диего Симеоне. И покрај црвениот картон, Барса имаше шанса во 53. минута преку ...
Искусниот менаџер од Премиер лигата, Шон Дајч, категорично ги негираше гласините што го поврзуваат со испразнетото тренерско место во Тотенхем. Англискиот специјалист гарантираше дека клубот никогаш не го контактирал и дека под никакви околности нема да прифати таква понуда. На крајот, раководството на Тотенхем го избра Роберто де Зерби за наследник на Игор Тудор. Шпекулациите околу името на Дајч се појавија веднаш по заминувањето на Игор ...
Ракометарите на Нант се пласираа во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, откако и на реваншот го совладаа тимот на Гог убедливо со 40-28. По првиот меч францускиот тим славеше со 34-33. Дека работата ќе оди кон победа на домашниот тим покажа првиот дел, кој го добија домашните со 21-12. Вториот дел беше само формалност, но и тој француските ракометари го добија, за на крај да слават убедлив триумф. Ривера со девет гола беше најефикасен кај ...
Кошаркарите на Партизан „прокоцкаа“ предност од +13 на гостувањето во Истанбул кај Анадолу Ефес, и на крајот загубија по продолженија во драматична завршница со 79-72, со што беше ставен крај на нивната серија на победи во Евролигата. Анадолу Ефес замина со предност по првата четвртина со 15-13, меѓутоа во вториот период целосна „рапсодија“ на српскиот тим кој го доби периодот со 23-9, и така на полувреме замина со предност од 12 поени. ...
Откако блескаше на минатиот меч против Шкендија во Тетово, голманот на Пелистер Андреј Јовчевски беше херој на својот тим во пресметката против Вардар во Битола, која заврши без голови. „Црвено-црните“ ја имаа иницијативата и повеќе од шансите, меѓутоа на крајот не успеаја да го најдат патот до мрежата. Мечот главно мина во голема борба на средината на теренот, со многу прекини, со многу дуели, но она за кое се игра фудбалот головите ги ...
Тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ ја коментираше победата на својот тим на гостувањето во Битола со 26-27. Охриѓани благодарение на гол во последната секунда стигнаа до победа, и така го оддалечија тимот на Е.Пелистер од титулата. Ројевиќ кажа дека неговите момци одиграле одлично во вториот дел, и дека тоа го решило победникот. Исто така честиташе за коректната игра на противничките играчи и за атмосферата. „Им честитам на моите момци за ...
Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана ќе биде продаден во летниот преоден рок, откако тимот од „Олд Трафорд“ нема намера да му го продолжи престојот во клубот. Онана во моментов настапува како позајмен во Трабзонспор, и изрази желба да се врати и да се бори за место во екипата, меѓутоа од Јунајтед имаат други намери. Онана дојде од Интер како големо засилување, но не ги оправда очекувањата, па така клубот сега планира да го стави на ...
Кошаркарите на Бург се вторите финалисти во кошаркарскиот Еврокуп, откако во мајсторката го совладаа тимот на Турк Телеком со 94-78, и успеаја да дојдат до можност да се борат за трофејот во ова натпреварување. Таму противник ќе му биде екипата на Бешикташ, која претходно го обезбеди своето место во финалниот меч. Бург уште по првата четвртина се стекна со добра предност, а потоа Турк Телеком успеа да се врати. Но, во второто полувреме ...
Екипите на Брага и на Бетис одиграа нерешено 1-1 во првиот натпревар од 1/4 финалето во Лигата на Европа, пред реваншот во Севиља кој се игра идната седмица. Грилич го донесе тимот на Брага во предност по асистенција на Родригез. Од корнер нафрли Родригез до Грилич кој со петица го совлада Пау Лопез за предност на домашните. Кучо Хернандез во 61. минута со гол од белата точка успеа да израмни. Гостинскиот играч шутираше прецизно во горниот ...
Ракометарите на Пик Сегед се пласираа во 1/4 финалето на Лигата на шампионите, откако го елиминираа полскиот тим Киелце играјќи нерешено на негов терен 32-32. Унгарската екипа стигна до „реми“ во последните мигови, откако анулираше три голови негатива, колку што му требаа на Киелце за да ја стигне предноста од првиот меч. Пик Сегед одигра одлично прво полувреме во кое водеше во поголемиот тек од него, и да замине со предност од +2 (17-19). Во ...
Шкендија со 3-0 го совлада Работнички на мечот одигран денеска на ТЦ „Петар Милошевски“ во Скопје, и ја продолжи битката за титулата. Тетовскиот тим веднаш се врати на победничките патеки, после поразот на домашен терен од Пелистер. Тренерот на шампионот Јетон Беќири е среќен што неговиот тим одговорил со победа после шокантниот пораз на домашен терен, кој го оддалечи од првото место. „Мислам дека ова беше одлична реакција по поразот од ...
Пелистер и Вардар играа без голови по првиот дел на дерби пресметката во Битола. Мечот не изобилуваше ниту со многу шанси, а играта главно на средината на теренот. Главните закани дојдоа од гостите. Николов во 7. минута, и Кастањеда во 30. минута ги имаа најсериозните шанси. Првиот шутираше само покрај голот, додека обидот на Аргентинецот одлично го одбрани Јовчевски. Пелистер речиси и да не се закани по голот на Талески во првиот дел. ...
Кошаркарите на ТФТ се блиску да се пласираат во финалето на плеј-офот во АБА 2 кошаркарската лига, откако го совладаа тимот на Сутјеска на гостувњето во Никшиќ со 93-88. Уште од самиот почеток македонскиот претставник наметна иницијатива, и дојде до предност од +18 по првото полувреме. Во третиот период Сутјеска успеа да намали добивајќи го тој период со 25-17, но во четвртата четвртина работите се вратија по старо. Кога тимот од Тафталиџе ...
Крајно неизвесно, драматично и полно со пресврти ракометно дерби во Битола во кое на крајот славеа охриѓани со 26-27 со гол во последните секунди од натпреварот. На неколку пати двата тима се менуваа во водство, а ниту една екипа не се стекна со повеќе од три гола предност. И покрај тоа што Е.Пелистер имаше 26-25, сепак, на крајот Охрид со два гола успеа да ја „украде“ победата и да донесе целосно разочарување во салата „Боро Чурлески. Ова е ...
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, објави извештај за состојбата на италијанскиот фудбал, заедно со голем број предлози за надминување на кризата. Гравина поднесе оставка од функцијата претседател на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) по неуспехот на националниот тим да се квалификува за Светското првенство. Според „Фудбал Италија“, 72-годишниот функционер ќе остане на функцијата до изборот ...
Македонската женска ракометна репрезентација загуби од Германија на домашен терен во 5. коло од квалификациите за пласман на ЕП. На крајот Германките славеа во „Борис Трајковски“ со 35-27. Нашата репрезентација имаше сили само за првите минути од мечот, кога држеше „егал“ или негатива од 1-2 разлика, а како одминуваше времето, Германските само ја зголемуваа предноста и дојдоа во еден миг и до +8 разлика (10-18), но Македонија успеа да намали ...
Оваа сезона Милан ерди казни од раководството на Серија „А“. Клубот беше казнет од 25.000 евра од страна на дисциплинската комисија по мечот со Наполи, а причината е бизарна. Станува збор за доцнењето на почетокот на првиот и на вториот дел. Првото полувреме доцнело две минути, додека второт три, па Комисијата донесе одлука да изрече казна. Досега Милан беше казнет со над 100.000 евра од страна на дисциплинската комисија на италијанскиот ...
Екипата на Јувентус и актуелниот тренер Лучијано Спалети си подадоа рака за нов договор. Официјалното продолжување на соработката треба да се официјализира до крајот на оваа недела, односно пред мечот со Аталанта кој се игра во сабота. Според новиот договор, Спалети ќе го води Јувентус најмалку до 2028 година. Тој дојде на кормилото во октомври минатата година на местото на Игор Тудор, и потпиша договор до крајот на оваа сезона. Според ...
Тренерот Спасе Георгиев и капитенот Здравко Постолов не се повеќе дел од РК Радовиш. Како што соопштија од клубот, двајцата сакале да основаат нов ракометен клуб во градот, по што реагираше клубот, и се реши да ги отстрани. „Ракометниот клуб Радовиш ја информира јавноста дека досегашниот тренер Спасе Георгиев и капитенот на екипата Здравко Постолов повеќе не се дел од клубот. Ваквата одлука е донесена поради нивното дејствување како основачи ...