Пеколниот ритам на натпревари на Пелистер продолжува со вечерашното дерби против актуелниот шампион МЗТ Скопје (20 часот, сала „Боро Чурлевски“ во Битола). „Зелено-белите“ имаат перфектни пет победи на првите пет средби на домашната сцена, но вечерашниот предизвик е најголемиот досега, само по себе и желбата за триумф над „металците“ е на највисоко ниво. Тренерот Боро Даскаловски е свесен дека главен предизвик ќе му биде да го извлече најдоброто ...

Ракометарите на Тинекс Пролет викендов ги очекува нов голем предизвик, гостување против екипата на Охрид која со уште поголеми амбиции влезе во новата натпреварувачка сезона. Охриѓани се решени да се борат за највисок пласман, инвестираа во врвни засилувања и нов стручен штаб, успевајќи да ја кренат играта на едно повисоко ниво. Во една таква ситуација, јасно е дека домаќинот ќе ја има фаворитската улога, но Тинекс Пролет мора без страв да влезе ...

По убедливиот пораз од Арсими, Башкими сака да се врати на победничките патеки. Во саботниот натпревар од 13-тото коло, Кумановци ќе се соочат со Работнички. Во првиот дел од сезоната Башкими во Скопје триумфираше со 2:0, но традицијата е на страната на Работнички. Во досега одиграни 17 натпревари, 9 победи се за Работнички, 4 за Башкими, а 4 натпревари завршиле нерешено. Сепак, според Адис Мурати, работите ќе се одвиваат во позитивна насока, ...

Никола Јокиќ продолжи со импресивните партии од стартот на сезонава, предводејќи го Денвер до победа и во меѓусебната пресметка со Голде Стејт вориорс, изразена со убедливи 129-104. Србинот за промена не стигна до трипл-дабл, го заврши мечот со 26 поени, 9 скокови и 9 асистенции, пред се поради фактот дека водството беше убедливо, па тој на теренот мина само 28 минути колку што му беа доволни да издоминира против гостите. Мареј имаше 23, а ...

Жељко Обрадовиќ повторно разочаран пристигна на прес-конференција по еден евролигашки меч откако неговиот Партизан го претрпе и четвртиот пораз во низа, овојпат на гостувањето во Атина против Олимпијакос. „Црно-белите“ делуваа одлично на теренот околу 35 минути, беа на добар пат да го земат скалпот на фаворитот, но серијата грешки во нападот пресуди Грците да се вратат, па на крајот дури и да слават со девет поени разлика. „Имаме за што да ...

Ливерпул го одигра најдобриот овосезонски меч славејќи против Реал Мадрид, но пред англискиот гигант викендов е нов огромен предизвик – гостување против Манчестер Сити на „Етихад“. Арне Слот сепак доби добра вест во пресрет на овој значаен дуел, откако Александар Исак доби зелено светло за тренинг и ќе биде во комбинација за настап против Сити. Шведскиот голгетер е најскапо засилување во историјата на Премиер-лигата, но засега има минимална ...

Лени Јоро важеше за еден од најталентираните млади дефанзивци во светот на фудбалот, францускиот тинејџер имаше бројни понуди на маса, а во еден момент се чинеше речиси сигурно дека Реал Мадрид ќе биде неговата следна дестинација во кариерата. Тој на крајот изненади многумина со одлуката да го одбие Реал и на крајот да потпише за Манчестер јунајтед во трансфер вреден 62 милиони евра, згора на тоа на самиот старт од дебитантската сезона заработи ...

Жалгирис заедно со Црвена Звезда е најпријатно изненадување од стартот на евролигашката сезона откако литванскиот гигант вечерва стигна до седмата победа, со што сега е израмет со Звезда и со Хапоел на делба на првото место. Литванците вечерва по голема борба славеа над Валенсија, користејќи ја предноста на домашиот терен за конечен триумф од 86-77. Франциско беше прв стрелец на победничкиот тим со 15 поени, 12 постигна Маодо Ло, додека ...

Серијата порази на Партизан во Евролигата продолжи и на вечерашното гостување во Атина против Олимпијакос, на кое „црно-белите“ загубија со 80-71, за четврти пораз во низа и приближување до дното на евролигашката табела. Олимпијакос влезе како голем фаворит, но Партизан има за што да жали бидејќи не само што одлично парираше, туку беше и поблиску до победата, но грешките во последните минути придонесоа тимот на Обрадовиќ да загуби уште еден егал ...

Реал Мадрид излезе како победник од првото евролигашко „Ел Класико“ откако „кралевите“ на гостински терен ја декласираа Барселона со резултат 92-101. Каталонците влегоа во дуелот на крилата на неверојатната победа во Белград над Партизан, но овојпат налетаа на поквалитетен противник кој одигра перфектно во нападот и во голем стил, со троцифрен број постигнати поени стигна до петтата евролигашка победа. Реал Мадрид се одлепи пред крајот на првата ...

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, го нарече домашниот стадион на Наполи „депонија“, тврдејќи дека на клубот му е потребен модерен стадион за да ги зголеми приходите и да го подобри искуството на навивачите. Минатата сезона, Наполи ја прослави својата втора титула во Серија А за три години по голема битка со Интер. Тие ги играат своите домашни натпревари на стадионот „Диего Армандо Марадона“, именуван по Аргентинецот кој ги ...

Кошаркарите на МКК Куманово стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва во последниот натпревар од денешната програма од 6. коло од Првата лига славеа на гостувањето кај Гостивар со 65-79. Во воведните две четвртини гостите од Куманово беа за нијанса подобар противник од домаќинот, што доведе на пауза меѓу двете полувреме да заминат со предност од 35-41. Слично се движеше резултатот и во вториот дел, па на крајот кумановци ...

Раководството на НБА Европа ги откри првите работи поврзани со ова натпреварување. Џорџ Ајвазоглу, директор на НБА Европа, во интервју за „Ла Газета дело Спорт“ откри дека овој проект ќе започне во октомври 2027 година. Во првата година, лигата ќе брои 12 тима од: Рим, Милано, Лондон, Манчестер, Париз, Лион, Мадрид, Барселона, Берлин, Минхен, Атина и Истанбул. Грција и Турција би дале по еден клуб, а Италија, Англија, Франција, Шпанија и ...

На натпреварот од третото коло од Конференциската лига на УЕФА помеѓу Шкендија и Јагиелонија (1-1), во 40-тата минута од натпреварот, Арбин Зејнулаи доживеа удар во лицето, по што ја изгуби свеста на неколку моменти. Благодарение на брзата и професионална интервенција на медицинскиот тим на Шкендија, ситуацијата веднаш беше ставена под контрола, додека играчот беше заменет од безбедносни причини. Според извештајот на медицинскиот персонал на ...

Италијанскиот стручњак Паоло Ваноли е новиот тренер на Фиорентина, објави денес клубот од Фиренца. Како што беше објавено, Ваноли (53) го наследи отпуштениот Стефан Пиоли на клупата и потпиша договор до крајот на сезоната. Ваноли, кој го водеше Торино минатата сезона, ќе има примарна задача да обезбеди опстанок на Фиорентина во Серија А. По 10 одиграни кола, Фиорентина нема победа и е последна со само четири бода. Vanoli è il nuovo allenatore ...

Кошаркарите на македонскиот вицешампион ТФТ остануваат една од двете непоразени екипи на стартот на новата сезона откако вечерва на домашен терен славеа против Ангели со 67-57 во меч од 6. коло во Првата лига. Домаќините на противникот во првото полувреме му дозволија само 16 поени, и сето тоа беше доволно за конечен триумф од 67-57. Џастин Гордон со 21 поен беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Таулант Ибраими иста така ...

Фудбалската федерација на Македонија ги објави официјалните лица кои ќе бидат на терените во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига. ФК БАШКИМИ 1947 КУМАНОВО – ФК РАБОТНИЧКИ Стадион Башкими (Куманово) | 08.11.2025 | 13:00 часот Судија: Пилешков Димитар (Штип) помошен судија: Митревски Владимир (Битола) помошен судија: Степановски Петар (Битола) Четврти судија: Ѓорѓиевски Владимир (Битола) ВАР: Стојанов Стојанче (Штип) АВАР: Џонов Кристијан ...

Екипата на Фиорентина го пополни испразнетото тренерско место, по отказот на Стефано Пиоли. Екипата од тешката „агонија“ ќе ја спасува Паоло Ваноли. Тимот нема ниту една победа во 10 натпревари, и само четири ремија и дури шест порази, што беше доволен аларм за смена. Ваноли е без работа откако го напушти кормилото на Торино оваа година. Претходно беше две сезони во Венеција, претхдоно во Спартак Москва, а ги водеше и младинските селекции на ...

Реал Мадрид ќе може да смета на австрискиот интернационалец Давид Алаба за следните предизвици, откако дефанзивецот се врати на тренинзите на својот тим по повредата. 33-годишниот Алаба последен пат играше во првенството на 19 октомври против Гетафе, кога одигра едно полувреме, а потоа не беше во комбинација на дуелите со Јувентус, Барселона, Валенсија и против Ливерпул. Тој имаше повреда на стопалото, а сега се е во ред и ќе се стави на ...

Се е подготвено за големото дерби на шестото суперлигашко коло во кое Пелистер ќе биде домаќин на МЗТ Скопје (сабота 20 часот, сала „Боро Чурлевски“ во Битола). „Сино-белите“ се актуелни шампиони на Македонија што само по себе секогаш е мотив плус за нивните противници, но Пелистер игра импресивно во домашното првенство, веќе има пет победи во низа и ќе стори се за триумфалната серија да ја продолжи и на утрешното дерби. МЗТ Скопје исто така има ...

Фудбалската репрезентација на Македонија на 20 ноември, два дена по натпреварот со Велс во Кардиф, последен од квалификациите, ќе ги дознае и ривалите во баражот за пласман на Светското првенство. Жрепката за финалната разрешница на квалификациските турнири за пласман на Светското првенство 2026 и европските плеј-оф натпревари ќе се одржи во седиштето на ФИФА во Цирих, Швајцарија, во четврток, на 20 ноември 2025 година. Два дена по натпреварот ...

Баерн Минхен подготвува еден од најголемите трансфери идното лето. Според информациите, тренерот Винсент Компани го пикирал стоперот на Ливерпул, Ибрахима Конате како ново засилување на екипата. Францускиот стопер е на „радарот“ на актуелниот, и веројатно идниот германски првак. Тимот наводно планира многу промени во играчкиот кадар, и покрај тоа што сезонава „меле“ се пред себе. Договорот на Конате со Ливерпул истекува на крајот на сезоната, а ...

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим е прогласен за менаџер на месец октомври во Премиерлигата. Манчестер Јунајтер оствари три победи во овој период, што му го додели ова признание, меѓудругото и со триумфот над Ливерпул на „Енфилд“. За најдобар играч е пробласен Брајан Мбуемо исто од Манчестер Јунајтед. Ова е првпат признанието да замине во рацете на Аморим по доаѓањето во Манчестер, и покрај тоа што долго време беше мета на критики ...

Барселона се врати во својот долго реновиран дом, „Камп Ноу“ на „Спотифај“. Денес напладне, по точно 894 дена, тимот на Ханси Флик одржа отворен тренинг на стадионот, под навивање на 21.795 навивачи кои купиле билети. Тимот веќе има право да игра на стадионот пред 27.000 навивачи, меѓутоа ќе продолжи да игра на „Монжуик“, затоа што клубот пресметал дека е неисплатливо да се игра на „Камп Ноу“, се додека капацитетот не достигне минимум 45.000 ...

Откако му помогна на Ливерпул да ја освои титулата под водство на Арне Слот, напаѓачот Дарвин Нуњез одлучи да го напушти клубот и стана уште еден играч што замина во Саудиска Арабија. Потпиша за Ал-Хилал во трансфер вреден 60 милиони евра. Уругваецот одигра осум натпревари за својот нов тим, постигна четири гола и запиша две асистенции. Нуњез има договор до 2028 година со тимот од Саудиска Арабија, но поранешниот напаѓач на Бенфика наскоро би ...

Тренерот на Челси, Енцо Мареска, одговори на прозивките на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација Вејн Руни. Руни претходно го критикуваше лондонскиот тим и тренерот Мареска поради честите ротации кои ги прави, сметајќи дека тоа е причината што „сините“ немаат подобри резултати. Меѓутоа Мареска ја кажа причината зошто прави толку ротации. „Многу пати сум рекол дека живееме во ера кога секој може да каже што сака. ...

Осумнаесет лица се приведени во Турција како дел од истрагата против фудбалски судии и службени лица осомничени за местење на натпревари, соопшти денеска канцеларијата на обвинителот во Истанбул. 17 судии и еден претседател на клубот Ејуспор се меѓу приведените, а има налози за апсење на уште три лица. Истрагата е фокусирана на сомневања за „злоупотреба на службена положба“ и „влијание врз исходот на натпревар“. Според информациите на весникот ...

После 10 одиграни кола во Премиерлигата, Вулверхемптон е закован на дното на табелата. Сметката ја плати досегашниот тренер Витор Переира, но тимот нема уште долго да биде без тренер. Португалецот ќе биде заменет со Португалец. И тоа во името на Руи Виторија. Доскорашниот тренер на Панатинаикос, сега е пред поголем предизивик – да води клуб во Премиерлигата. Ќе има тешка задача, да ги остави „волците“ во самата елита. Во случај Виторија да ...

Македонската репрезентација до 21 година на 13 и 18 ноември на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе одигра два домашни натпревари од квалификациите за Европското првенство 2027. Продажбата на билети за натпреварите на македонската репрезентација против Шведска и Полска се одвива преку електронската платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk и во продажните места на Димпо Тобако во Битола. Цената на билет изнесува 200 денари. „Бидете поддршка за ...

Тренерот на полска Јагелонија, Адриан Симинец, по синоќешното реми (1-1) со Шкендија во Конференциската лига на УЕФА до кое неговиот тим дојде благодарение на голот во 100. минута, искажа разочарување од играта на своите избраници. Симинец потенцираше дека било тоа лошо издание на Јагелонија преку кое се дозволило Шкендија да дојде до предност. „Ако беше во некои други услови ќе бев среќен со овој резултат. Но вака, со такво наше издание не сум ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
9.77
68%
1013
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
75%
1013
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
7.47
88%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.79
89%
1003
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1004
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1006
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
10.29
91%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
94%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
67%
1009
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1008
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Злато

135056.24

Алуминиум

2.91

Кобалт

58.42

Сребро

1878.05

Бакар

10.95

Цинк

3.23

Родиум

255598.44

Паладиум

46425.68

Калај

40.48

Никел

473339.37

Рутениум

29192.88

Платина

52952.77