Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија го одработи официјалниот тренинг на арената „Тодор Проески“ во Скопје пред утрешниот меч против полска Јагелонија во 3. коло од новата сезона во Конференциската лига. Тетовци на крајот направија заедничка фотографија како поддршка за својот соиграч Ване Крстевски кој поради фрактура на клучната коска поради која долго време ќе биде надвор од терените. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...
Фудбалската Федеација на Србија го именуваше Пауновиќ за нов селектор, додека екс-кормиларот Драган Стојковиќ – Пикси моментно е најомразена личност во спортската јвност кај нашиот северен сосед. Ниту еден репрезентативец не се огласи јавно по заминувањето на Стојковиќ од кормилото на националниот тим, a голгетерот Александар Митровиќ во своето последно интервју проговори на оваа тема. Притоа, асот на Ал Итихад јасно стави до знаење дека не смее ...
Реал Мадрид веќе неколку години наназад влече одлични потези на пазарот, носејќи врвни засилувања како слободни играчи, без притоа да биде платена отштета на нивните клубови. Приоритет на тренерот Чаби Алонсо и претседателот Флорентино Перез е следното лет на ваков начин да биде засилена одбраната, долго се шпекулираше дека веќе е постигнат и преддоговор со Конате од Ливерпул како што тоа беше случај со Александер Арнолд во текот на минатата ...
Вардар експресно се врати на врвот на прволигашката табела откако „црвено-црните“ излегоа како победници од вечното дерби против Пелистер, славејќи во Битола со 1-2. По мирното прво полувреме, сите возбудувања се случија во вторите 45 минути, во кои Вардар на крајот со голот од пенал на Закариќ стигна до посакуваната победа. Во првото полувреме навивачите во Битола беа сведоци на само две шанси, двете за гостите во почетните десет минути, ...
Четвртото коло од Лигата на Шампионите ќе биде комплетирано со денешните девет средби од кои дербито барем на хартија се игра во Манчестер, каде Сити ќе го пречека тимот на Борусија Дортмунд. Гвардиола повторно ќе го има на располагање Родри, но големи се шансите Шпанецот да биде чуван за викенд-дербито со Ливерпул во Премиер-лигата. Роберто де Зерби се соочува со огромни проблеми околу составот на Олимпик Марсеј за домашниот дуел со Аталанта. ...
Ашраф Хакими во агонија го напушти теренот откако беше заменет во финишот од првото полувреме од синоќешниот меч со Баерн Минхен, по стартот на Луис Дијаз за кој противничкиот фудбалер доби директен црвен картон. Во таборот на ПСЖ стравуваа дека мароканскиот десен бек би можел да има скршеница на зглобот што би значело и пауза од најмалку три до четири месеци, но последните информации говорат дека Хакими сепак го избегнал тоа „црно сценарио“. ...
Фудбалерот на Тотенхем, Дестини Удоги, беше цел на напад на почетокот на септември оваа година. Според британските медиуми, неговиот поранешен агент му се заканил со пиштол, поради конфликт кога левиот бек решил да ја прекине соработката со него. Два дена после инцидентот, агентот бил уапсен за поседување на огнено оружје, уцена и управување на возило без возачка дозвола. „Ги поддржуваме Дестини и неговото семејство уште од инцидентот и ќе ...
Интер и Милан направија џиновски чекор напред кон реализација на проектот – нов супермодерен стадион во Милано откако конечно успеаја да го откупат стадионот „Сан Сиро“ од градот. Преговорите на оваа тема траеја неколку години, на крајот по 11-часовна расправа беше даден зелено светло за купопродажба, по што големите градски ривали од денеска и официјално станаа ко-сопственици на овој италијански фудбалски храм. „Милан и Интер објавуваат дека е ...
Крег Белами ги разреши сите дилеми околу својата тренерска иднина откако јавно ја одби понудата на Селтик, јасно ставајќи до знаење дека е целосно фокусиран на наредните предизвици како селектор на Велс. Токму Белами и Велс ќе бидат следните ривали на Македонија во завршницата од квалификациите за СП 2026, а поранешниот голгетер е дециден дека оваа селекторска функција е единствената работа што го интересира во моментов. „Целосно сум посветен на ...
Акиле Полонара е денешниот спортски херој откако италијанскиот кошаркар успеа да се разбуди од кома по тешката операција за трансплантација на коскена срж. Неговите најблиски утрово ја споделија прекрасната врз поврзана со овој евролигашки ас, за попладнево самиот Полонара преку профилот на социјалните мрежи да потврди дека неговата состојба се подобрува. Шокантно, тој во објавата обелодени дека лекарите му давале само 10% шанси да преживее во ...
Душан Влаховиќ одигра нов одличен натпревар за Јувентус, но голот на Србинот не беше доволен за триумф на „старата дама“ против Спортинг. Влаховиќ одигра 83. минута пред да биде принудно заменет поради болки. Сепак и Јувентус и српската репрезентација можат да здивнат бидејќи повредата на напаѓачот не е тешка и тој ќе биде подготвен за следните натпревари. Јувентус во новото коло го очекува градско дерби против Торино по што следат и клучните ...
Легендарниот фудбалер Рио Фердинанд, добро познат по настапите за Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација се одлучи да ја напушти Велика Британија и да се пресели во Дубаи заедно со семејството. Како што вели самиот, причината не е финансиска со оглед на големиот данок во Англија, туку системот во Англија кој полека се распаѓа. „Кога работите како здравствените служби и слично ќе функционираат тогаш на луѓето не би им сметало да плаќаат ...
Поранешната американска кошаркарска ѕвезда Кармело Ентони, кој интересно го носеше истиот број „15“ на гработ додека настапуваше за Денвер Нагетс имаше интересна изјава поврзана со Никола Јокиќ. За разлика од Јокиќ кој е вистински херој на Денвер, Ентони е „озогласен“ бидејќи самиот издејствува трансфер од тимот и тоа во зенитот на кариерата, потег кој навивачите и раководството не му го простија и покрај осумте години поминати во клубот. Ентони ...
АП Брера и Силекс на полувреме во натпреварот од 12. коло играат нерешено 1-1. Силекс имаше повеќе шанси, но не ги искористи, а голманот Илоски беше феноменален меѓу стативите на домашниот тим. Многу шанси имаше Алиќ, но секогаш Илоски излегуваше како победник. Во 19. минута по досуден пенал, Мирчевски успеа да го совлада Илоски и да му донесе предност на тимот од Кратово. Кога се чинеше дека Силекс ја има контролата, и дека во соблекувална ќе ...
По триумфот над Шелбурн во Лигата на Конференции, Шкендија утре ја очекува меч против Јагиелонија од Полска на Националната Арена „Тодор Проески“, во обид да се освои уште некој бод во битката за нокаут фаза од ова натпреварување. Од тетовскиот тим се уверени во нов успех на меѓународна сцена. На денешната прес-конференција, тренерот Јетон Беќири истакна дека противникот е добро анализиран. „Го анализиравме противникот. Јагиелонија е силен тим ...
АП Брера и Силекс одиграа интересен, возбудлив и неизвесен натпревар кој заврши без победник 3-3. Невројатно беше она што се случуваше на мечот, особено промашените шанси од страна на Силекс, кој „прокоцка“ предност и од 1-3, а на крајот можеше дури и да го загуби натпреварот. По оние 1-1 на полувремето, кога Силекс имаше пет стонастостни шанси, а АП Брера ја искористи единствената, на стартот од вториот дел кратовци се стекнаа и со предност од ...
Тренерот на Барселона, Ханс Флик би можел да си замине од позицијата на крајот од сезоната, пренесуваат неколку шпански медиуми. Според нив, германскиот стручњак веќе се чувствува исцрпено од работата во каталонскиот гигант, и веројатно размислува да не продолжи понатаму. Договорот на Флик со Барселона е до 2027 година, но веројатно веќе почнал да размислува дали да продолжи работата. Изворите го тврдат ова од луѓе блиски до тренерот, кој ...
Легендата на Рома, Даниеле де Роси е пред нов ангажман во својата кариера. Поранешниот тренер на Рома се враќа на работа во Серија „А“, и ќе биде назначен за нов тренер на Џенова, пренесуваат италијанските медиуми. Де Роси ќе потпише договор до крајот на сезоната со овој тим, со тоа што соработката ќе продолжи доколку успее да обезбеди опстанокж во италијанската „елита“. Поранешниот италијански репрезентативец ќе го има своето „огнено крштевање“ ...
Изминатата вечер во најсилната кошаркарска лига беа одиграни шест натпревари по кои на победи се радуваа Торонто, Атланта, Чикаго, Њу Орлеанс, Голден Стејт и Оклахома. Најубавите потези на вечерта ги одбележа Карло Матковиќ кој имаше брутално „постер“ забивање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА ...
Рехабилитацијата од повредата на коленото на Алекса Аврамовиќ се одвива побрзо од очекуваното и Србинот би можел да дебитира за Дубаи во следните недели, открива „Баскет Њуз“. Аврамовиќ пристигна во новиот евролигаш како големо засилување, добивајќи тригодишен договор, но не дебитираше поради повреда на коленото која воопшто не е наивна. Неговото враќање на теренот се очекуваше во месец јануари, но медицинскиот тим на Дубаи успешно ја завршил ...
Класата е вечна кога си врвен професионалец и играч од највисока класа, го покажа тоа Војдан Стојановски и на синоќешното гостување на МЗТ Скопје во БиХ потив екипата на Студент. „Металците“ прокоцкаа плус 14, се влезе во неизвесен финиш, а тогаш топката во свои раце ја зеде токму Војдан, кој мајсторски си создаде предност, а потоа и погоди тројка со звукот на сирената за огромна радост на аеродромци на ова незгодно гостување. Вojдан во декември ...
Кошаркарите на Пелистер продолжувааат со пеколниот ритам натпревари, па така денеска во рамките од четвртото коло од ФИБА Европа купот „зелено-белите“ ќе ја пречекаат екипата на Цедевита јуниор. Хрватскиот тим важи за најдобар во групата, веќе има скор 3-0 по првите три рунди, вклучувајќи ја тука и рутинската победа над Пелистер, во Загреб во првото коло со резултат .94-76 Сепак, формата на „пелистерци“ од тој момент се движеше во нагорна линија ...
Македонскиот „дијамант“, Елиф Елмас беше најдобриот поединец во таборот на Наполи, во вчерашното реми без голови против Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампионите. Според оценките на најрелевантните европски медиуми Елмас потврди дека и тоа како Наполи треба да смета на него сезонава на сите фронта. По мечот во разговор за „Скај Спорт“, Елмас единствено жали што неговиот тим не постигна гол за заслужена победа на мечот. „Одигравме добар ...
Кумановски Башкими повторно е во центарот на вниманието на македонската фудбалска јавност, и повторно за момент кој најмалку соодејствува на неговата фудбалска традиција како клуб, но и честа на сопствените навивачи кои долги години го чекаа враќањето во елитата. Случувањата на натпреварот во Гостивар, и пресметката на кумановци против Арсими е срамно поигрување со честа на клубот и страста и љубовта на навивачите кон клубот, но веќе и ...
AП Брера го загуби последниот меч против Шкендија на домашен терен со 2-3, но прикажа допадлива игра и завидна ефикасност. Сепак, ќе мора да се намалат грешките во одбраната за да може тимот повторно да се надева на позитивни резултати. Во Струмица денеска во 12. коло од ПМФЛ гостува Силекс, тим кој има големи амбиции во шампионатот, па тоа е уште еден мотив повеќе да се прикаже добра игра. „Нашиот стил е да се надигруваме со сите. Одиме уште ...
Денеска во 12. коло во ПМФЛ на програмата е вечното дерби во македонскиот фудбал, дуелот меѓу Пелистер и Вардар кој што е закажан за 17 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. И покрај тоа што, се чини, поради крајно различната ситуација во која се наоѓаат двата клуба, дуелот без „жар“ каков е препознатлив за двете екипа, сепак секогаш пресметката на „зелените“ и „црвено-црните“ привлекува повеќе од доволно внимание. Се е подготвено за ...
Дефанзивецот на Тотенхем, Мики Ван де Вен, го постигна сигурно голот на 4. коло во Лигата на шампионите. Самиот гол не е најспектакуларен, туку неверојатниот спринт со топката на холандскиот фудбалер покрај неколку играчи на Копенхаген, во натпревар кој заврши со триумф на Англичаните од 4-0 е сигурно за издвојување. Ван Де Вен ја прими топката во близина на својот шеснаесетник, потоа како брз воз мина низ противничките играчи, „профучи“ покрај ...
ПСЖ претрпе пораз на домашен терен од Баерн Минхен, но многу поголем проблем за Луис Енрике од резултатот на овој меч се повредите на двајцата клучни првотимци на „светците“, Усман Дембеле и Ашраф Хакими. Дембеле се жалеше на повреда и во пресрет на овој меч, Енрике реши да ризикува но очигледно донесе погрешен избор бидејќи главниот напаѓач на „светците“ издржа само дваесетина минути на теренот пред самиот да побара да биде заменет. Многу ...
Кошаркарите на Оклахома славеа против ЛА Клиперс со 126-107 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата. Домашниот тим добро му парираше на актуелниот шампион, особено во првото полувреме. Дури имаа и еден поен предност за паузата, а потоа Шеј Гилџус-Александар се ослободи. Канадскиот кошаркар доминираше во текот на третата четвртина и ја водеше Оклахома до двоцифрена предност, а во последниот дел ја потврдија таа доминација. Гилџус ...
Италијанскиот кошаркар, Акиле Полонара еднаш го победи ракот, а сега доби уште една битка! По трансплантација на коскена срцевина и десет дена минати во кома, речиси без надеж за закрепнување, тој го направи невозможното. И покрај сите негативни прогнози, тој се врати на најдобар можен начин, повторно на нозе и назад со своето семејство. „Трансплантацијата на коскената срцевина беше со донатор, Американка која се покажа максимално компатибилна. ...