Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во скоро сите намирници, па затоа е важно да се внимава и чита нивниот состав при набавка. Нутриционистите предупредуваат да се внимава на знаците, коишто ги испраќа телото кога имаме зголемено внесување на шеќер, бидејќи истиот предизвикува зависност. Ова е затоа што ...
Иако протестите започнаа како движење за универзитетите да престанат да инвестираат во компании кои обезбедуваат оружје и опрема за израелската војска, „ континуираната поддршка на администрацијата на Бајден за Израел ја фокусираше критиката на младите кон американскиот претседател, а анкетите покажуваат дека кај младите Американци поддршката за Бајден е намалена во споредба со 2020 година „Со оглед на тоа што Бајден е тесно пред Трамп во ...
Од 2017 година, продажбата на електрични автомобили расте три пати побрзо од бројот на станици за полнење, според ACEA. За да се израмни, ЕУ мора значително да го забрза темпото на инсталација до 2030 година, предупреди здружението. Компаниите инвестираа големи суми во производството на електрични возила, а ЕУ планира да ја забрани продажбата на нови возила напојувани со фосилни горива во следната деценија. „Постигнувањето на амбициозните ...
Водоснабдувањето и снабдувањето со гас беа национализирани, па повторно беа приватизирани. Како што јави Си-Ен-Ен, градските власти во очајнички обид да ги намалат трошоците ги затемниле и уличните светилки. Бирмингем, како втор по големина британски град, банкротираше во септември минатата година. Во неможност за балансирање на буџетот, донесена е одлука за прогласување стечај. За да бидат финансиски одржливи ќе се намалат јавните услуги и ...
„Ние градиме нов проект за идните генерации, обезбедувајќи континуиран и стабилен развој за нашите деца и нивните деца за возврат“, напиша Шеик Мохамед во објавата на X. „Дубаи ќе биде светскиот аеродром, неговото пристаниште, неговиот урбан центар, и неговиот нов глобален центар“. За споредба, најпрометниот аеродром во светот во 2023 година, меѓународниот аеродром Хартфилд-Џексон Атланта, забележа 104,6 милиони патници таа година. Повеќето ...
поред АСО, која е регулатор на пазарот на осигурување, зголемувањето на цената на осигурувањето не е во функција на јакнење на заштитата на осигурениците. „Напротив, ова зголемување на цените е само и исклучиво во функција на покривање на трошоците за оперативно работење на компаниите за осигурување“, информира Агенцијата. Во дописот до медумите, АСО наведува дека „ја охрабрува Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити ...
За да го постави рекордот, Абубакар морал да го прегрне секое дрво со двете раце, но да не предизвика никаква штета. Не можел да прегрне ниту едно дрво повеќе од еднаш, па морал брзо да се движи, пренесува UPI.com. Тој постел за Рамазан додека се обидувал да го постави рекордот, што му ја отежнало ситуацијата. „Неможноста да се напие вода беше значаен предизвик. Но, и тоа на некој начин се покажа корисно, бидејќи немав потреба од паузи“, ...
Најчесто од обилно потење страдаме во текот на летото, што е сосема природно имајќи ги во предвид температурите. Тоа сепак може да се должи и на други фактори, како болест, појава на менопауза кај жените и др. Во сите случаи непријатноста е гарантирана, но и за тоа има решение. Салвијата, повеќе позната кај нас како мудрец, има својство да ја поправи потната секреција. Таа може да биде од голема корист на луѓето кои страдаат од вегетативна ...
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утре, во ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се ...
„Никој не треба да се сомнева во нашата одлучност и решеност да направиме промени кои ќе ја сменат сликата на политиката во Македонија. Предолго живееме во мочуриштето на лаги, на измами и на време кога просечните владеат, неспособните се на позиции, а паметните тргнати на страна. Ние го покренуваме бранот на сите оние кои предолго беа игнорирани, кои премалку беа вклучени во процесите. Заеднички ја создаваме надежта која мора да ја победи ...
„Имаме договор за постепено укинување на јагленот во првата половина на 2030-тите“, изјави Ендрју Боуви, британски министер задолжен за енергетска безбедност, за италијанската телевизија Клас ЦНБЦ, пренесува АлЏезира Балканс. Тој додаде дека ова е историски договор, кој не успеале да го постигнат на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени 2023 (COP28) во Дубаи. „Прилично е неверојатно што земјите од Г7 се собираат околу ...
Меѓународниот ден на џезот ја подигнува свеста во меѓународната заедница за доблестите на џезот како сила за мир, единство, дијалог и засилена соработка меѓу луѓето, како и едукативна алатка. Многу влади, граѓански организации, образовни институции и приватни граѓани кои моментално се ангажирани во промоцијата на џез музиката ја прифаќаат можноста да поттикнат поголема благодарност, не само за музиката, туку и за придонесот што може да го ...
Во својата книга „How To Prevent Dementia“ (Како да се спречи деменција) од 2023 година, неврологот и невропсихијатар д-р Ричард Рестак ја откри врската помеѓу алкохолот и шансите за добивање одредени болести. Тој изјави дека алкохолот е „директен невротоксин“, што би значело дека редовното консумирање или пиење алкохол во големи количини може да биде штетно за функцијата на мозокот, вклучувајќи ги и другите органи. „Запрашајте се: ‘Зошто ...
динка од расата авганистански ‘рт која доаѓа од Чиле, по име Заида Бинт Мути Фон Хаусман ја освои титулата за најубаво куче нас светот, а среќата по победата не можеше да ја сокрие сопственикот и одгледувач Рамон Подеста Валензуела. Инаку, Заида веќе има голем број успеси зад себе на слични изложби. Зад себе оставил бобтел и шкотски териер. За прогласување на најубавите кучиња на светот беше одговорен професорот Никша Лемо, познат хрватски ...
Министерството за внатрешни работи информира дека двајца Срби се уапсени под сомнение дека сториле 7 кривични дела, од кои 6 тешки кражби, како и кражба на велосипеди низ општина Аеродром. „Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Г.(21) и А.К.(42), двајцата од Р.Србија. Тие се сомничат дека во изминатиот период извршиле 6 кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“ на ...
Гледано низ очите на шпедитер, автомобилите се посебна стока. Од една страна, тие не се толку гломазни како атомски реактор или нафтена платформа, но сепак се премногу големи за да бидат наредени некаде. А тие дефинитивно не можат да се „товарат со лопата“ како јаглен или пченка, каде што никој нема да забележи ни најмала гребнатинка или вдлабнатина на лимот. Ова значи дека на секој автомобил му требаат околу 10 квадратни метри простор дури и ...
Не е лесно да се замисли што точно е „просечно глобално затоплување од 1,5 °C или 2 °C“ и како тоа ќе го промени нашето секојдневие, пишува Слободна Далмација. На ова се обратија истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ)”; тие развија нов начин за мерење на влијанието на глобалното затоплување во реалниот живот и предвидување на долгорочните ефекти. Излегува дека и луѓето на Балканот ќе ја чувствуваат значајната промена. ...
Кенија го одложи отворањето на училиштата за една недела поради последиците од големите поплави предизвикани од обилните дождови кои ја погодија оваа источноафриканска земја од средината на март и досега однесоа речиси 100 животи. Се проценува дека 93 лица загинаа во поплавите, а се очекува бројот да се зголеми откако синоќа се преврте брод во северниот округ Гариса. Кенискиот Црвен крст соопшти дека 23 лица биле спасени од чамецот, но ...
Идејата на резиденцијата беше да се инспирираат уметниците да пронајдат врски помеѓу нивната авторска практика и кревката околина на Охридско Езеро и неговите жители. Своите согледувања и инспирации тие ги изразија преку создавање: фотографии, скулптури, композиции, поеми и интервенции на пронајдени предмети. Траги од нивното креативно истражување се изложени во рамките на групната изложба – велат од „Перипетија продукција“. На изложбата може ...
Некогашниот фронтмен на „Пинк флојд“, Дејвид Гилмор, кој често истакнува дека е среќно пензиониран, го најави својот нов соло албум, прв по девет години пауза. Насловен „Luck and Strange“, тој ќе биде достапен за слушање од 6 септември. Како најава на албумот, Гилмор вчера ја објави песната „The Piper’s Call“. Петтиот соло албум на Гилмор ќе содржи девет песни, од кои една ќе биде обработка. Гилмор го снимал албумот за период од пет месеци ...
На настанот учествуваат над 150 велосипедисти од целава земја, а стартната позиција беше од пред спортската сала Гоце Делчев во општина Илинден, каде присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој им посака успешно возење. Велосипедската тура се вози по асфалтен и земјен пат низ пределот на општина Илинден во должина од околу 45 километри. Турата се вози групно со попатни паузи, кај местото наречено Борчиња, ...
Тие влијаат на нашето севкупно здравје, го одржуваат нормалното функционирање на организмот и го намалуваат ризикот од заболувањата. Редовното конзумирање на овие масни киселини го намалува и ризикот од кардиоваскуларни болести, заболување на црниот дроб, бубрезите, очите и нервниот систем. Освен тоа, тие се корисни и за здравјето на коските, ги намалуваат воспалителните процеси и го јакнат имунитетот. Дневниот внес на омега 3 масните ...
Како што е познато, пчелите собираат мед од нектарот на растенијата, и по одредени процеси во нивниот стомак, тие лачат сe во кошниците и со тоа го предаваат собраниот материјал од природата на „колегите“ во кошницата. Важно е да се спомене дека е неопходно да се овозможи непречен престој на пчелите во природата, бидејќи се почесто со прскање на растенијата со отровни агенси, на пчелите им се нанесува штета. Наодите од времето на египетските ...
Вкупното количество на создаден комунален отпад во 2023 година во државава изнесува 878 303 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2023 година изнесува 503 килограми, што е за 7,7 проценти повеќе од истото количество во 2022 година. Како што објави Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во државава минатата година изнесува 621 686 тони, за 2,6 отсто повеќе споредено со 2022 ...
Жената влегла во куќиштето и две панди веднаш скокнале врз неа, ја собориле на земја и почнале да ја гризат. На видеото кое кружи по мрежите, можете да се види како се обидува да ги тргне животните од себе и да избегне повреди на нозете, рацете и телото. Несреќната жена во еден момент успеала некако да стане, а една панда се засолнила на дрво. Друга панда ѝ скокнала одзади и изгледало како да ја гризе за вратот. Потоа се појавил друг стражар ...
Тој почнал да ги собира топчињата за голф, кои завршувале во езерото близу неговата куќа на Флорида, по несреќните удари на голферите. Подоцна ја проширил својата активност на целата територија на оваа американска држава. Според сопствени проценки, годишно собира меѓу 1,3 и 1,7 милиони топчиња, или дневно околу 4.000. Потоа тој ги чисти, па ги продава за еден долар парче. На овој начин од 2001 година успеал да заработи 15 милиони долари. При ...
Барем според сегашните изгледи на прогностичките материјали со кој ние располагаме, во периодот мај, јуни и јули температурите во Македонија ќе бидат за степен до два повисоки, што значи дека треба да очекуваме нешто потопло време. Но да не заборавиме дека се можни исклучоци, односно периоди со потпросечни температури и поладно време од вообичаеното. Што се однесува пак до врнежите, тие би биле околу, или нешто натпросечно високи, односно ...
Затоа деветте невладини организации до политичките партии учесници на изборите доставија 18 прашања на кои, како што велат тие, наместо флоскули и демагогија очекуваат конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции и личности. „Само така ќе бидеме убедени дека се знае како да се променат работите, а не само да се ветува без план! Скоро 70 отсто од законите се спроведуваат на локално ниво, во нашите општини. На прагот сме на ...
Учениците од основните и средните училишта од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година. Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни. Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните ...
Диктатурата која себеси се нарекува демократија на дело, 108 студенти беа уапсени на протест во Бостон во американската држава Масачусетс, а 93 беа уапсени на протест на приватниот универзитет во Јужна Калифорнија во Лос Анџелес, додека 28 студенти беа уапсени на Универзитетот Емори во Атланта во американската држава Џорџија. , соопшти полицијата, пренесува Си-ен-ен. На Универзитетот Колумбија во Њујорк, епицентарот на демонстрациите, ...