Европската комисија вчера објави дека предложила законски план за дигитално евро, со цел да го направи широко прифатен и лесно достапен начин на плаќање. Сè повеќе луѓе користат дигитални алатки за нивните дневни трансакции, нагласи Европската комисија, претставувајќи го предлогот за иницирање на дигитално евро. Дигиталните валути се зголемуваат со популарност во последните неколку години, бидејќи криптовалутите како биткоинот влегоа во ...

Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа за електричната енергија во периодот од 13 до 15 часот, објави денеска на прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски. Тоа, посочи Бислимовски, е максимумот што можевме да го направиме и очекуваме во наредниот период да почне промената на броилата. -Евтината тарифа не ја воведуваме од какви било политички причини, туку заради сигналот на цената ...

Инфлацијата, односно зголемувањето на цените, најмногу ги погодило граѓаните во набавката на храна, покажа анкетното истражување „Перцепции и ставови на граѓаните и домаќинствата за инфлацијата во Северна Македонија“, спроведено од три невладини организации. За наодите од истражувањето во Тетово денес се одржа јавната дебата посветена на ефектите од мерките за ублажување на економската криза. Анкетното истражување покажа дека домаќинствата ...

Во тек е економско закрепнување на Македонија, со реален раст на БДП проектиран на 2,1 отсто оваа година, а 3,4 проценти во 2024 година. Потрошувачките цени се очекува годинава да пораснат во просек за 9,2 отсто, 3,5 отсто во 2024, а до 2026 година да се вратат на 2 отсто, се наведува во прелиминарните наоди на мисијата на ММФ која престојуваше во земјава од 5 до 9 јуни. – Јавните финансии се на пат да ја исполнат целта за дефицитот утврдена ...

Граѓанската обврзница ќе биде издадена по финализирањето на анализите што се прават во Министерството за финансии и по објавувањето на одлуката за нејзино емитување. Кај граѓанитете веќе постои голем интерес, бидејќи овој инструмент им дава можност да инвестираат во развојни државни проекти, со загарантирана стапка, која ќе биде поголема од пасивните банкарски камати за депозити, соопшти од Свети Николе премиерот Димитар Ковачевски. „За ...

Ако планирате да купите нов стан, а некој од познавачите на економските состојби во неформален разговор ви рече: „сега не е време за големи вложувања, а ќе биде уште полошо“, најдобро би било да му верувате. Оти, како што тврдат нашите соговорници, инаку врвни познавачи на економијата, цената на становите не само што нема да се намалува и да се стабилизира, туку и дополнително ќе расте. Најголемиот скок на цената на квадратот, според ...

Инфлацијата започна да забавува, помогнато од пониските цени на енергијата и храната, но и како резултат на затегнувањето на монетарната политика. Монетарната политика на Народната банка придонесе за стабилизирање на инфлациските очекувања и постепено намалување на инфлацијата. Банкарскиот сектор е стабилен и има доволен капацитет да се справи со последиците од затегнатите финансиски услови и другите шокови. Ова се наведува во заклучоците на ...

Постои потреба од подолг период на позитивни реални каматни стапки во западните економии. Односно, каматните стапки ќе мора одредено време да останат повисоки од инфлацијата. Не сега, туку откако ќе видиме каде се смирува базичната инфлација. Пазарите ќе мора целосно да го пресметаат ова, напиша Џерард Лајонс, главен економски стратег во „Netwealth“, за „Financial Times“. Крајот на евтините пари е доминантното прашање, поттикнато од потребата ...

Регулаторната комисија за енергетика ги објави прифатените трошоци според кои се формира цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи на вчерашната подготвителна седница. Истите треба официјално да се објават во текот на оваа недела, но веќе е прикажано дека цената која ќе ја наплаќа универзалниот снабдувач ќе поевтини само за првите два тарифни блокови кој имаат лимит до потрошени 210, односно до 630 киловатчасови, ...

Овен (21.03 – 20.04) Денешниот ден посветете го во разубавување на вашиот дом. Ако сте имале на ум да го средите плакарот, или пак да го разместите мебелот, денес е вистинскиот ден за тоа. Во последните часови ќе ви изјави љубов некоја личност од која нема да очекувате. Бик (21.04 – 21.05) Потрудете се позитивната енергија која ќе ја поседувате денес да им ја префрлите и на луѓето околу вас. Доколку вечерва ви се приушти можност за забава, не ...

АД ЕСМ на денешниот тендер на универзалниот снабдувач ЕВН му доставил понуда од 53 евра за мегаватчас пред одлуката на Регулаторна комисија за енергетика по колкава цена ќе ја плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи електричната енергија од 1 јули. Тоа е за околу 3 евра помалку од сегашната цена која изнесува 56 евра за мегават час. Од цената на ЕСМ најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните за струја во следните 6 месеци. Во ...

Економската активност во еврозоната за малку ќе запреше во јуни, сигнализирајќи го крајот на закрепнувањето што следеше по зимскиот пад. Индексот на менаџери за набавки(PMI) според пресметките на S&P падна на петмесечен минимум од 50,3 од 52,5 во мај. Франција погодена од штрајкови, како и Германија, чии фабрики го намалија производството, придонесоа за падот. Еврото ослабе за 0,8 отсто на 1,0874 долари, додека приносот на двегодишните ...

Најголемиот охридски и македонски автобуски превозник АД Галеб Охрид за една година ги зголеми приходите од 101 милиони денари, на 172 милиони денари, односно за повеќе од 1,15 милиони евра, покажува извештајот за работењето на компанијата во 2022, објавен на „Македонска берза“. Дел од автобуските превозници од Охрид и Струга на почетокот од минатата година ги зголемија цените на автобуските билети во меѓуградскиот и меѓународниот сообраќај ...

Утрово пристигна првиот авион на компанијата „Norwegian“ на македонскиот пазар од Осло. -Скопје од денес 23-ти јуни ќе се поврзе со норвешкиот главен град и со тамошниот аеродром „Gardermoen“, двапати неделно односно секој понеделник и секој петок. „Norwegian“ можеме да ја додадеме како нова авиокомпанија во нашето портфолио и да создадеме нова можност за македонските патници да ја посетат Норвешка и да патуваат низ Скандинавија и пошироко, ...

Турската лира падна на ново рекордно ниско ниво откако турската централна банка ја зголеми референтната каматна стапка на земјата за 650 базични поени во драматичен пресврт на монетарната политика. Централната банка речиси ја удвои основната каматна стапка од 8,5% на 15% во четвртокот, што го означи првото зголемување на земјата од март 2021 година. Сепак, таа сè уште беше под очекувањата на Ројтерс за зголемување до 21%. Лирата – која го ...

Организаторите на претстојниот тениски гранслем-турнир Вимблдон објавија дека турнирот ќе стане најновиот спортски настан што ќе користи вештачка интелигенција (ВИ), откако ќе ја користи технологијата за да помогне во продукцијата на коментари за пакетите со најинтересните моменти од мечевите, пишува британскиот дневен весник „Индепендент“. Почнувајќи од годинашното првенство (турнирот почнува на 3 јули), корисниците на апликациите или на ...

Депозитите во вкупен износ во мај се зголемени за 10,7 проценти на годишно ниво, а кредитите за 6,5 насто. Во тие движења поголемо е учеството на граѓаните, отколку на фирмите и компаниите, покажуваат најновите податоци на Народната банка за монетарните движења. На месечно ниво депозитите во петтиот месец од годината пораснале за 1,9 насто, а тоа е ефектот од зголемениот интерес за депонирање влогови, каде што е поголем придонесот на ...

Со Меморандум за соработка меѓу Министерството за финансии и Јавното обвинителство се зајакнува меѓуинституционалната соработка со цел сузбивање неправилности, измами, корупција и други незаконски активности насочени против финансиските интереси на ЕУ во Македонија. Меморандумот за соработка денеска беше потпишан од страна на министерот за финансии, Фатмир Бесими и јавниот обвинител на Македонија, Љубомир Јовески. Иницијативата за ...

Виена повторно е прогласена за најдобар град за живеење во светот. Според годишното рангирање на „Економист Интелиџенс Јунит“ („Economist Intelligence Unit“), австриската престолнина по четврти пат во последните пет години е рангирана на првото место, објави австриската јавна радио и телевизија OРФ. На второто место е данската престолнина Копенхаген, потоа двата австралиски града – Мелбурн и Сиднеј и канадскиот Ванкувер. Цирих, кој минатата ...

Аферата со измамничката крипто-компанија BitLucky од Риека и натаму е во фокусот на јавноста во Хрватска, а надлежната домашна агенција за надзор на финансиското работење објави дека БитЛаки воопшто не била ниту регистрирана за тргување со криптовалути. Во аферата, според досегашните сознанија се оштетени помеѓу 800 и 1000 граѓани, чиишто влогови во криптовалути, проценети на околу 70 милиони евра исчезнале заедно со сопственикот на ...

Комисијата за хартии од вредност уште понагласено ќе се залага за одржување на пазарното опкружување кое ја оправдува довербата на инвеститорите и се карактеризира со транспарентност и со интегритет, а во спроведувањето на своите регулаторни овластувања, на инвеститорите, учесниците на пазарот и на сите други и во наредниот период ќе им пристапува праведно во согласност со закон. Ова го изјави Нора Алити, повторно избраната претседателка на ...

Повеќе бродови и авиони, вклучително и оние на американската и канадската војска, се вклучени во трка со времето за пронаоѓање на петте преживеани од потопницата Титан, која исчезна во неделата вечерта во близина на остатоците од Титаник и чии резерви на кислород се ограничени. Американската крајбрежна стража процени дека кислородот за луѓето во подморницата може да снема денес во 13:18 часот. Според Би-Би-Си, капетанот кој ја води потрагата ...

Платежната компанија Mastercard во средата започна глобален проект за рециклирање на кредитни и дебитни картички како дел од планот да ги спаси милијардите картички во оптек низ индустријата од депонија. Првично во партнерство со британската банка HSBC Holdings Plc во осум филијали во Британија, Mastercard рече дека банките ширум светот, од кои некои започнаа локални иницијативи, ќе можат да се приклучат на програмата и да помогнат во ...

Русија би можела да затвори една од последните артерии што носат руски гас во Европа до крајот на следната година, кога истекува договорот за снабдување на Украина со „Газпром“, објави во четвртокот Фајненшл тајмс, цитирајќи го украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко. Можноста Киев и Москва да се согласат да го обноват петгодишниот договор за транзит, првпат потпишан во 2019 година, се мали, иако рутата низ Украина сочинува ...

Цената на становите нема да се намалува, но дали ќе се стабилизира на одредено ниво до крајот на годината не може да се каже, бидејќи голем број фактори влијаат на состојбите во градежништвото, велат градежници. Според нив, најсилен фактор е зголемената побарувачка и намалената понуда, како и неизвесноста и несигурноста во однос н цената на градежните материјали, потоа цената на градежните парцели, бидејќи главно се гради на приватни имоти, ...

Инфлацијата во Обединетото Кралство беше пожешка од очекуваното во мај, бидејќи потрошувачките цени се зголемија на годишно ниво за 8,7%, непроменети во однос на претходниот месец. Економистите анкетирани од Ројтерс предвидоа годишен пораст на главниот индекс на потрошувачки цени (CPI) од 8,4%. На месечна основа, CPI се зголеми за 0,7%, додека базичната инфлација – која ги исклучува нестабилните цени на енергијата, храната, алкохолот и ...

Соединетите Американски Држави се втората земја во светот, по Сингапур, која дозволи продажба на месо одгледано во лабораторија. Две компании, Upside Foods и Good Meat, соопштија дека добиле конечно одобрение од американското Министерство за земјоделство за продажба на месо одгледано во лабораторија, што го отвора патот за првата продажба на производот во земјата. Ова се првите компании кои го завршија процесот на одобрување за таканареченото ...

Индексите на њујоршката берза го завршија тргувањето со пад на вредноста. Претседателот на американската централна банка Џером Пауел изјави на седница на Конгресот дека очекува дополнителни зголемувања на каматните стапки оваа година, предупредувајќи дека инфлацијата се уште е превисока, пренесува француската новинска агенција АФП. Индексот Dow Jones го заврши тргувањето на 33.951,52 поени, што е за 0,30 отсто помалку од вторникот. Индексот ...

Компанијата Мета носи вештачка интелигенција во Messenger. Претседателот на компанијата на одделот за вештачка интелигенција , Ахмад Ал-Дале, им кажа на вработените дека генеративниот модел првично ќе се користи за создавање налепници врз основа на текстуални инструкции. Ова прво ќе го тестираат вработените, по што ќе биде достапно за јавноста. – Со налепници генерирани од вештачката интелигенција, нашите корисници можат да имаат бескрајни ...

Минатата недела, потезите на американската и европската централна банка беа во согласност со очекувањата на пазарот. Во САД, тоа значеше дека по 14-месечна серија на зголемувања, каматните стапки овојпат се задржаа на ниво помеѓу 5 отсто и 5,25 проценти. Од друга страна, Европската централна банка малку ја надополни разликата, со ново зголемување од 0,25 отсто. Во исто време, гувернерката на ЕЦБ Кристин Лагард најави ново зголемување на ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1003
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
87%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
91%
1003
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1002
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.89
97%
1003
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1003
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.09
81%
1005
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1004
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
92%
1002
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
92%
1002
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
83%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2460.50

Цинк

3.25

Иридиум

221848.72

Платина

67162.91

Бакар

11.69

Родиум

336779.07

Калај

46.91

Кобалт

64.04

Паладиум

546.56

Алуминиум

3.03

Злато

159231.39

Рутениум

45750.51