Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Ирина Шајк повторно ја докажува својата креативна храброст и подготвеност да оди чекор понатаму од очекуваното. Во новото, провокативно и визуелно силно уредување за V Magazine, супермоделот се појавува во серија фотографии потпишани од легендарниот фотограф Стивен Клајн, во естетика каде доминира кожа, моќ и целосна слобода на израз. Облечена во многу кожа и речиси ништо друго, Шајк ја краси насловната страница на списанието, во едиторијал ...
Во светот на градежништвото и архитектурата постои едно непишано правило кое го повторуваат и инженерите и архитектите: лош терен не може да се „спаси“ со добар проект, но добар терен може да го издигне и наједноставниот објект до архитектонска вредност. Затоа, изборот на терен не е административна формалност, туку критична одлука што ја дефинира безбедноста, долговечноста, естетиката и економската оправданост на секоја градба. Според ...
Во време кога модната сцена е преоптоварена со глобални ѕвезди, најголеми инфлуенсери и A-листа имиња како официјални лица на луксузните куќи, Jacquemus направи потег што го изненади светот на модата, својот прв официјален бренд амбасадор не го избра меѓу славните, туку во своето семејство. На 24 јануари 2026 година, престижната француска модна куќа Jacquemus официјално го претстави својот прв „Бренд Амбасадор“- Лилин Жакемус, бабата на ...
Во свет каде што урбаните средини растат по вертикала, а земјиштето се става под максимална експлоатација, архитектите често се соочуваат со предизвик, како да создадат функционални згради во екстремно ограничени простори? Резултатот се некои од најтенките и најнестандардни архитектонски проекти низ светот, од револуционерни домови до неверојатно тенки комерцијални и станбени структури. 1. Keret House – Варшава, Полска Најчесто споменувана ...
Во текот на актуелната Модна недела во Париз за мажи, светот на машката мода со внимание го следеше најновиот настап на Џонатан Андерсон, креативниот директор на Dior, но некои реакции и коментари од јавноста и модните аналитичари го отворија прашањето дали колекцијата е „слаб кикс“ или напротив — смел чекор напред. Андерсон, кој минатата година премина од луксузниот бренд Loewe каде долго време беше високо почитуван, на Dior е на позицијата ...
Познатата холивудска актерка Ева Лонгорија го најде спокојството на семејниот живот во Марбеја, Шпанија, во нејзината куќа во близина на Порто Банус. Ѕвездата од Очајни домакиннки, таму живее со својот сопруг Хозе Пепе Бастон и нивниот син Сантијаго. Овој имот, купен во 2023 година и темелно реновиран според личните желби на Ева, стана идеален дом што ја спојува удобноста со современата естетика. Куќата е опкружена со голем двор и приватен ...
Пазото Сан Лоренцо во Сантијаго е средновековен манастир кој со текот на времето бил преобразен во резиденцијален дворец. Неговите корени датираат од 13 век, кога Мартин Аријас, епископот на Самора, основал капела посветена на Свети Лаврентиј. Подоцна, објектот станал скромен ермитаж за монаси, опкружен со густа дабова шума. Надворешните градини се позначајни по својата раскош и разновидност на растителни видови, отколку по строг распоред ...
Во време кога градежната индустрија е меѓу најголемите загадувачи на планетата, група истражувачи и архитекти се свртуваат кон најнеобичниот потенцијален градежен материјал — мицелиум, растечкиот „коренски“ систем на печурките. Овој природен биоматеријал, кој на прв поглед потсетува на тенки влакна под земја, денес веќе се користи во архитектонски експерименти, панели за изолација, декоративни елементи и привремени конструкции, со цел да ја ...
Светските модни медиуми со години повторуваат една иста порака: вистинскиот фустан не ја сокрива фигурата, туку ја обликува на најинтелигентен начин. Наместо борба со телото, модата нуди оптички решенија кои создаваат баланс, издолжување и леснотија во силуетата. Токму затоа, се издвојуваат три типа фустани кои визуелно ја прикриваат дебелината, а истовремено изгледаат елегантно, современо и женствено. Wrap фустанот, односно фустанот со ...
Во светот на архитектурата, малку материјали носат толку силна симболика како мермерот, камен што со векови ја инспирирал градбата на палати, храмови, музеји и монументи. Од класичните белези на Ренесансата во Италија до модерните луксузни ентериери во Дубаи и Њујорк, мермерот останува симбол на вечна убавина, статус и префинет вкус. Глобална симболика на мермерот Според архитектонските критичари и градежни експерти, мермерот не е само ...
Жена за сите времиња. Мајка која одгледа три исклучително успешни деца. Икона која ја освои модната индустрија тогаш кога таа најчесто ги затвора вратите – по шеесетатта. Маја Маск (77) не е „само“ мајката на Илон Маск. Таа е симбол на женска истрајност, интелигенција и стил што не познава години. Светските медиуми денес ја слават како најмоќниот пример дека модата не е привилегија на младоста, туку на ставот. Од самохрана мајка до глобална ...
Во самиот центар на Битола, на улица стои една од историските и архитектонски значајни згради- палати на градот, поранешниот објект на Собранието на Општина Битола, денес познат во локалното поднебје како бар „Општина“. Историја и првобитна функција Зградата на старата Општина е изградена во 1903 година, во период кога Битола се развивала како административен и културен центар на регионот. Првобитно објектот бил во сопственост на „Свети ...
Леонардо Ди Каприо, еден од најпознатите холивудски актери, не само што плени со својата актерска кариера, туку и со имотите кои ги поседува. Неговите домови во Лос Фелиз и Малибу се вистински пример за луксузен живот и елегантен дизајн. Вилата во Лос Фелиз, Лос Анџелес Оваа вила е изградена во стилот на класичната шпанска, колонијална архитектура. Се одликува со бел фасаден ѕид со црвени покривни плочки и зелени детали, стилски ...
Во светот на модата и луксузот, каде идентитетот често се гради преку детали, малку земји можат да се пофалат со елемент што е истовремено таен, автентичен и глобално препознаен. За Македонија, тоа е Охридскиот бисер, уникатен симбол што со децении ја поврзува земјата со високиот естетски вкус, рачната изработка и ексклузивноста. За разлика од класичните природни бисери, охридскиот бисер е целосно рачно изработен, со техника што потекнува од ...
Иако големите трендови ја задаваат насоката во која ќе се движи модата секоја година, вистинските познавачи знаат дека токму микро-трендовите или стилските трикови, впечатливите аксесоари и суптилните, но моќни детали го дефинираат добриот стил. Сите ги знаат виралните трендови што дебитираат на модните писти и потоа се прелеваат на Инстаграм и ТикТок. Но, ако сакате да ги откриете оние тивки, но влијателни микро-трендови поради кои ќе ...
Додека бетонoт со децении се сметаше за симбол на трајност и сила, неговата најголема слабост отсекогаш била- пукнатината. Микропукнатините, невидливи за окото, се првиот чекор кон сериозни конструктивни оштетувања, корозија на арматурата и скапи санации. Но токму таму каде што традиционалниот бетон откажува, науката понуди револуционерно решение- самообновувачки бетон. Овој иновативен материјал, кој веќе се применува во инфраструктурни и ...
Футуристичкиот музеј налик на вселенски брод- Lucas Museum of Narrative Art во Лос Анџелес, долгoочекуваниот и амбициозен проект вреден една милијарда долари на креаторот на Star Wars, Џорџ Лукас, и неговата сопруга Мелоди Хобсон, официјално ќе ги отвори вратите за јавноста на 22 септември 2026 година. Првпат претставен во 2014 година, музејот сместен во Exposition Park веќе се наметнува како идно задолжително место за посета и вистинска ...
Во свет каде што успехот честопати се мери преку богатство и влијание, Луана Лопес Лара се издвојува како една од најиновативните и највлијателни млади жени на глобалната сцена. На само 29 години, таа стана најмладата милијардерка во светот која што сама го заработила своето богатство. Луана е еден одличен пример за спој на интелект, визија и упорност. Родена во Бразил, таа го започнува својот животен пат како балерина, тренирaјќи на ...
Никол Кидман затвори уште едно поглавје од своите финансии и личен живот, продавајќи луксузен стан со неверојатен поглед на најпознатите знаменитости во Сиднеј. Станот се наоѓа на 15-ти кат во комплексот Latitude, на една од најбараните локации во овој дел од градот, а она што дополнително ја зголемило неговата цена е погледот кон Операта и мостот Харбор. Набргу по финализирањето на разделбата со Кит Урбан, Кидман го продаде домот за околу 5 ...
Еден од најнеобичните и најконтроверзни моменти во историјата на наградите Оскар се случи на 27 март 1973 година кога легендарниот актер Марлон Брандо ја освои престижната статуетка за најдобар актер за улогата на Дон Вито Корлеоне во класичниот филм КУМ (The Godfather), но одби да ја прифати наградата на сцената. Кој беше Марлон Брандо? Марлон Брандо (1924–2004) важи за еден од највлијателните актери во историјата на киното, често сметан ...
Во време кога архитектурата сè повеќе се насочува кон брзи, безбедни и одржливи решенија, гипсаните блокови повторно се наметнуваат како еден од најфлексибилните материјали во современото градежништво. Но, за разлика од нивната некогашна улога како едноставни преградни елементи, денес тие се високо технолошки производи што одговараат на најстрогите стандарди за безбедност, функционалност и дизајн. Според реномирани европски архитектонски ...
Одри Хепберн, жена чија елеганција ја обележа филмската и модната историја на 20. век, својот приватен мир го пронајде далеку од црвените килими- во швајцарското место Толошеназ, во близина на Женевското Езеро. Токму таму, опкружена со зеленило и Алпите, таа живееше речиси 30 години во вилата со симболично име La Paisible, што во превод значи „мирно место“. Денес, овој историски имот повторно се најде на пазарот на недвижности. Вилата ...
Во дворците што го одбележаа крајот на Наполеонската ера, накитот не бил само моден додаток, тој бил симбол на моќ, статус и естетска визија. Еден од најзначајните примероци на оваа културна музика е импресивниот Парур комплет на накит со дијадема, гердан, брош, обетки и нараквици — изработен за Каролина Бонапарта, сопруга на генералот и подоцна крал на Неапол, Жоаким Мира. Caroline Bonaparte — кралица, сестра и модна икона Каролина ...
Во последните години, балканските пазари за облека доживеаја драматични промени: сѐ поголемо присуство на евтина увезена облека и глобални онлајн платформи ги менуваат навиките на купувачите, создавајќи сериозни предизвици за домашните текстилни индустрии и модните дизајнери и дизајнерски куќи. Овој феномен, кој не е само економски, туку и социјален и културен, добива на интензитет со секоја нова сезона. Голем пазар, ниски цени Балканските ...
Во историјата на архитектурата и дизајнот има фигури што ја надминуваат епохата во која живееле. Еден од нив е австро-моравијскиот архитект и дизајнер Јозеф Хофман (15 декември 1870 – 7 мај 1956). Неговото дело, најдобро опишано со концептот Gesamtkunstwerk- „севкупно уметничко дело“- не само што ја преобликува архитектонската сцена на почетокот на 20-от век, туку ја постави рамката за развојот на модернизмот во Европа. Од мал град до центар ...
Во соопштението на Фондацијата „Валентино Гаравани и Џанкарло Џамети“ се наведува дека Гаравани починал во својот дом во Рим, опкружен со семејството. Погребните церемонии се очекува да се одржат подоцна оваа недела во италијанската престолнина. Роден во 1932 година во Вогера, во северна Италија, Гаравани се школувал во Париз, по што се вратил во Италија и во 1959 година ја основал својата модна куќа во Рим. Се прослави со префинета висока ...
И покрај брзиот развој на нови материјали и технолошки решенија во градежништвото, тулата останува еден од најсигурните и најдолготрајни материјали за изградба на куќи и станбени објекти. Според анализите објавени во водечките светски градежни и архитектонски магазини, токму нејзината способност да одговори на современите барања за стабилност, енергетска ефикасност и одржливост ја одржува во самиот врв на изборот за станбена градба. ...
Кога архитектурата реши да ги отфрли правилата, резултатот може да изгледа како да доаѓа од друга планета. Palais Bulles — попознат како „Bubble Palace“ (Палатата на балоните) — е токму тоа: радикален експеримент што ја редефинира идејата за дом и простор. Сместен на француската Ривиера во Théoule-sur-Mer, овој архитектонски бисер се издига над Медитеранот како органско продолжение на пејзажот, создадено без ниту еден прав агол. Роден од ...
Доколку некој сè уште имал сомнежи околу широчината и силата на кројачкиот удар на Dolce & Gabbana, есенската колекција не губеше време да ги разоружа. Поставена како прослава на индивидуалноста, ревијата понуди самоуверена парада на уникатно стилизирани изгледи на Миланската модна недела за мажи. Се претставија повеќе реномирани дизајнери, но како што одекна оваа колекција, ниту една друга не успеа. Прецизни, мажествени одделни парчиња ...
Јазикот на одржливоста, faux fur scarf се наметнува како еден од најјасните тренд-сигнали. Вештачкото крзно, некогаш маргинално, денес е во центарот на луксузниот наратив, етичко, визуелно моќно и исклучително стилски. Овој аксесоар не е само функционален детал за студените денови, туку модна убавина што трансформира и наједноставен аутфит во внимателно стилизиран изглед. Faux fur шалот се носи слободно префрлен преку рамениците, врзан околу ...