Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Животот на француската актерка Брижит Бардо, позната како една од најубавите жени во светот, ќе биде преточен во мини серија од шест епизоди. Брижит, која денес има 88 години, остави траен печат на уметноста, модата и стилот. Со нејзината безвременска убавина, препознатливата руса коса и продорниот поглед таа беше олицетворение на сексапилот. Иако се пензионираше на само 39 години, она што го остави зад себе говори многу и денес. Според ...
Во последно време повеќе се става акцент на живите бои, како речиси неизбежен пролетен тренд. Но, без разлика каков тренд е во прашање, класиката е таа што е безвременска и што ни дава слобода да играме на сигурно. А тука спаѓаат белите парчиња облека, коишто кога ќе се спојат, даваат впечатлив, но едноставен аутфит. Сезонава предност им се дава на природните материјали, како на пример ленот. Одлична би била комбинацијата лен со лен, на пример ...
Големата балканска актерска ѕвезда Лидија Вукичевиќ пристигна во ателјето на ЕЛЕНА ЛУКА во Скопје. Прекрасната дама која која публиката ја познава по култните серии Бољи живот и Жикина Династија за својот следен проект соработува со нашиот етаблиран моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА. Восхитена од посетата на ателјето, од каде што го одбра и фустанот што ќе го носи во новата претстава, Лидија покрај тоа што не почести со своето присуство, даде и кратка ...
Нашата потрага по интересни ликови од градот нè донесе до госпоѓа Надица Трајкова, жена која го живее животот со широка насмевка и добра мисла. Дама со свој стил, за која годините се само бројка. Минатото е секогаш интересно за истражување, па затоа со госпоѓа Надица одговоривме на неколку интересни прашања за тоа како беше, како е сега. Оваа дама, која го живее животот со полни гради, ни споедели и неколку совети за помладите генерации. ...
Нашата потрага по интересни ликови од градот нè донесе до госпоѓа Надица Трајкова, жена која го живее животот со широка насмевка и добра мисла. Дама со свој стил, за која годините се само бројка. Минатото е секогаш интересно за истражување, па затоа со госпоѓа Надица одговоривме на неколку интересни прашања за тоа како беше, како е сега. Оваа дама, која го живее животот со полни гради, ни споедели и неколку совети за помладите генерации. ...
Џеси Џеј, која е родена на денешен ден пред 35 години, е британски изведувач, текстописец и активист. За популарноста на Џеј, меѓу другото, голем "виновник" е нејзиниот смел музички израз, којшто е мешавина од соул, поп, елетропоп и хип-хоп, но и нејзиниот уникатен моден стил. На само 11 години учествува во мјузикл, а неколку години подоцна добива улога и во театарска претстава. Првиот студиски албум наречен Who You Are, го издава во 2011 ...
Греми наградуваната дива Бијонсе уште еднаш ја покажа својата генијалност. Но, овој пат тоа не беше моќна изведба на песна, туку уникатни модни креации кои што ги создаде заедно со креативниот директор на Балман. Кралицата Би, по одлично завршената работа, рамо до рамо со Оливие Рустенг, позираше за насловната на францускиот Вог. За да ги создадат 16 дизајни, Оливие се инспирираше токму од 16-те нумери на последниот албум на Бијонсе, што ...
Здружението на физијатри на Македонија својот прв стручен состанок за оваа година, го одржа на 17. март во хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил", бања Банско – акредитиран настан каде покрај стручните излагања на темата: Физикална терапија и рехабилитација на мекоткивни повреди на шака, беа презентирани и квалитетите на термалната изворска вода, како и новите содржини за рехабилитација и третман во нашиот хидроптермален медицински ...
Tаа е моден феномен и една од најнеобичните личности на светот, уникатна дама која сама по себе е перформанс, наследничка од семејството Гинис која фасцинира со својот еклектичен стил, жена обожавана од дизајнерите Валентино, Алаја и Лагерфелд, муза на фотографите Стивен Клајн и Дејвид Лашапел, пријателка на никогаш непрежалениот Александар Меквин, англиска аристократка која важи за страствен колекционер на висока мода и скапоцен накит... Дафне ...
Направете место ова лето за уште еден тренд – фустан во боите на зајдисонцето. Колекциите пролет лето 2023, во голема мера беа инспирирани од природата, а залезот на сонцето спаѓа меѓу најинтересните феномени, токму заради неговиот колорит. Она што фасцинира кај овој фустан е прелевањето на боите и нивниот интензитет. Го има во различни варијанти од лежерен модел за на плажа до софистицирано парче за вечерна забава. Нијансите, кои од жолта и ...
Парчето облека кое одвреме навреме ќе го носиме периодов е пролетната јакна. Наутро и навечер температурите нема да бидат високи, па стајлингот ќе ни го дополнуваат разни видови на сезонски јакни. Изборот е навистина голем, но неколку од нив ќе се истакнуваат оваа пролет - штепуваните, бомбер и секако кожните јакни. Последниве неколку години штепуваните јакни се голем хит, особено откако излегоа моделите од The Frankie shop, прво во маслинесто ...
Луси Лу, ѕвездата од популарниот филм Charlie's Angels, во последното интервју за магазинот The Cut зборува за одлуката да стане мајка на 47 години. Денес Луси има 54 години и вели дека одлуката што ја донела тогаш, да добие дете преку сурогат мајка, била вистинската и во вистинско време. Актерката често знае да сподели фотографии на Инстаграм од заедничките моменти со синчето, кое има седум години. Немав никаков план. Не размислував премногу и ...
Се наближува месец април, а со тоа и еден од најголемите христијански празници - Велигден. Празник на надежта, потсетникот дека сè е можно кога се верува. И тогаш кога со неизмерна радост го прославуваме животот, нема ништо помило од семејството и споделената среќа. А убавите моменти најчесто се случуваат во домот, онаму каде што е топлината и токму затоа домот треба да ни измамува воздишки. Тоа ќе го постигнеме со неколку живописни велигденски ...
Зухаир Мурад е познат како дизајнер кој преку својата уметност ја воздигнува женската убавина на ниво на величественост. Женската смелост, атрибути и раскош, се тема во фокусот и на неговата нова есен-зима 23/24 колекција, во која е создадена симбиоза меѓу колоритот и уметничката комплицираност на циркусот и грациозноста на жената, како нејзина природна состојба. Женската силуета и потенцираните форми на женското тело и нивниот артистичен ...
Иако доминацијата на неутрални, пастелни бои на кујни е очигледна, во последно време се повеќе гледаме и кујни во колор блок техника. Оние кои не се плашат да експериментираат можат да го испробаат овој начин на внатрешно уредување. Различните бои комбинирајте ги на елементите, ѕидовите или кујнските апарати, правило нема. Доколку размислувате како тоа да го изведете, ќе ве посоветуваме да се држите до една група на бои - основни, пригушени, ...
Деми Мур има посебна љубов кон слип фустаните и многу добро знае дека тие се секогаш одличен избор кога станува збор за црвен тепих. Актерката, 60, овој пат се појави заедно со нејзината ќерка Скаут Вилис, а двете дами изгледаа елегантно на Fashion Trust наградите во Холивуд. Деми повторно го истакна својот сексипил и одличната фигура во светло зелен фустан, со вајб од 90-те, додека нејзината ќерка носеше макси розова тоалета со кропиран детаљ ...
Францускиот бренд Coperni има уште едно креативно парче со негов потпис кое што моментално е голем хит. Станува збор за чанта во форма на срце, моден додадок кој што ги преплави социјалните мрежи. По низата креативни замисли, почнувајќи од белиот фустан на Бела Хадид и роботите кучиња на последната ревија, следуваше Swipe чантата, која што стана ултра популарна блгодарение на Кајли Џенер. Heart е помалку гламурозна верзија, но е премногу слатка ...
Водата е светост. Водата е лек. Водата е живот. Денешниот ден - 22 Март го славиме СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДАТА. Зошто е значаен овој ден во годината? Пред сѐ затоа што без вода нема живот. 22 Март, од 1993-та со одлука на ООН се одбележува како Светски ден на водата. Основен фокус на Светскиот ден на водата е да се поддржи постигнувањето на Целта за одржлив развој (SDG): вода и санитација за сите до 2030-та година. Сепак, правото на вода не е ...
Во просториите на ООУ Лазо Ангеловски, во општина Аеродром по повод одбележувањето на 21 Март - Денот на пролетта и екологијата, вчера се организираше Еко модна ревија. Целта на организаторите и домаќините на настанот е да им овозможат на учениците од основните училишта од општина Аеродром, да создадат свои уметнички дела, преку кои ќе ја истакнат функцијата на реупотребата на рециклирачките материјали. Преку своите изработени модели и ...
Деловниот стил знае да ни создаде главоболки, особено наутро кога честопати се мислиме што да облечеме за на работа. Сепак, некои жени го имаат тој моден сенс и со брзина на светлината ги одбираат соодвените парчиња создавајќи прекрасни деловни стајлинзи. Една таква дама е Инстаграм блогерката Пилар де Арк. На нејзиниот профил ќе наидете на бои искомбинирани до совршенство и по некое монохроматско издание. Ви пренесуваме дел од нејзиниот стил. ...
Аеродромот во Сингапур, Чанги, годинава повторно е прогласен за најдобар во светот. Веб страната за рангирање на аеродроми и авиопревозници Skytrax, чиешто седиште е во Велика Британија, секоја година, врз основа на анкети, одбира победници во овие категории. Се оценува целокупното искуство на патниците од цел свет, од пријавата до самиот лет. Секојдневно на овој аеродром поминуваат повеќе од 135 илјади патници, или повеќе од 60 милиони патници ...
Сите емоции што ги штедела во име на новинарската објективност и професионалност за време на известувањата од воените полиња во Украина, новинарката Кристина Атовска ги истури во нејзиниот документарец „Приспивни сирени". Чистата и соголена емоција искрено и до срж допре и до публиката во Скопје, која имаше можност премиерно да го погледне документарниот филм на 27 февруари. Како што вели нашата хероина во разговорот што ќе го читате во ...
По долго боледување, вчера на 20 март 2023 година, во неговиот дом во Лос Анџелес (САД) почина актерот Димче Мешковски. Доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски беше вработен во Драмски театар Скопје од 1967 година до неговото пензионирање во 2002 година. Во творечката биографија на Мешковски се забележани над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби. Широкиот дијапазон и талент на Мешковски го позиционираше како актер што дал немерлив ...
Користејќи го својот глас и статус на една од најобожуваните холивудски актерки, 65-годишната Шерон Стоун се обидува да ја покрене свеста за ракот на дојка и во тој контекст деновиве присуствуваше на хуманитарната гала „Women's Cancer Research Fund Gala" каде одржа и говор. „Имав тумор поголем од моите гради. Беа сигурни дека не може да го имам тој тумор без истиот да биде рак. Но, не беше! Влегов во болницата и им реков: 'Ако ме отворите и ако ...
Сите кул парчиња што ќе може да ги имаме ова лето, ќе изгледаат како да се излезени од море. Станува збор за моден тренд во најава, наречен Mermaidcore, којшто отсликува естетика на Малата сирена. Стилот, кој досега беше само тема на социјалните медиуми, сега има зелено светло и од големите брендови како Балман, Версаче, Алаја, Ботега Ванета и други. Ако се навратиме наназад, дел од колекциите за сезоната пролет/лето 2023 вклучуваа фустани ...
Креативниот директор на Мошино, Џереми Скот, ја напушта италијанската модна куќа. Тој беше на функцијата точно една декада и ќе биде запаметен по своите колекции инспирирани од поп културата. Скот за тамошните медиуми изјави дека е многу горд на тоа што го остава зад себе. Дизајнерот беше препознатлив по театралноста во креациите, пренатрупаниот стајлинг и игривоста во дизајните. Така, уште долго ќе се паметат мини здолништата инспирирани од ...
Кира Најтли намерно или случајно сподели пет модни лекции за нејзините фанови, но и останатите дами. Додека актерката оди на премиерите на нејзиниот најнов филм Boston Strangler, ја гледаме стилизирана баш онака како што прилeга на нејзиниот сензибилитет. Така, таа беше забележана во аутфит од пролетната колекција на Гучи што наликува на модата од 40-те години – прекрасен шампањ костим со здолниште. На ова Кира имаше дополнување од црн ремен и ...
Кога станува збор за деловен изглед, понекогаш ни претставува проблем изборот на облеката. Сакаме истовремено да сме модерни, да ни е удобно тоа што го носиме, но и да биде доволно сериозно за на работа. Како да ги ставиме овие три елементи во едно? Едно од решенијата се оделата со елек. Елекот веќе долго време не е само дел од машката гардероба, ова парче се повеќе го носат и жени во комбинација со панталони, блејзери, кошули. Оделата можеме ...
Мега популарната актерка од поранешните ју простори Лидија Вукичевиќ која публиката ја познава по култните серии: Бољи живот, Жикина Династија и многу други тв и театарски проекти веќе ја подготвува премиерата ,,Обвинителка" чиј автор е Огнен Неделковски, а режијата ја потпишува актерот Сашо Ристовски. Покрај Вукиќевиќ на сцената ќе ги видиме нашите познати актери: Магдалена Ризова и Сашо Ристовски. Сценографијата е доверена на Крсто Богојевски, ...
Италија од секогаш била поим за мода, луксуз и убавина. Посебно се истакнува југот, односно брегот Амалфи, каде што се наоѓа и градот Позитано, омиленото место на светската елита. Куќите, во овој град сместен во карпа, се наредени каскадно, долж обалата и токму затоа се еден од препознатливите белези на местото. Сепак најубавиот поглед на градот и морето го нуди хотелот Le Sirenuse. Луксузното здание со пет ѕвезди, е изградено во далечната 1951 ...