Францускиот дизајнер, со италијанско потекло Џамбатиса Вали интимно ја смести последната колекција на висока мода во своите нови канцеларии. Сценографија во крем боја декорирана со ливчиња од роза беше појдовната точка за модното шоу кое на луксузот му даде ново име – извонредност. Според Вали идејата за висока мода е сеприсутна, патува заедно со времето и не припаѓа на ниедна декада или век - Верувам дека модерното влече корени од ...

Летото изобилува со трендови, а помеѓу нив се најдоа и рибарските сандали. Претходно ги споменавме како летен тренд во најава, а судејќи според објавите на Инстаграм, сандалите си го најдоа местото кај модните блогерки, но и во уличната мода. Некои од славните трендсетерски ликови, како Хејли Бибер докажуваат дека овој рибарски модел, летово е хит. Бибер, деновиве, не ги испушта нејзините сандали од нозе, коишто во конкретниот случај се од ...

Александар Јоксимовиќ е првиот и единствениот признат дизајнер на висока мода во Југославија. Почина на 29 март 2021 во Белград, како последица на коронавирусот, а зад себе остави огромно модно наследство за кое што ќе се раскажува со генерации. Ги облече тогашните најпознати дами, како Јованка Броз, го одби Диор за да креира во СФРЈ и остана доследен на традицијата и потеклото. Работеше и креираше во Белград. Кариерата ја започнува во 1960 а ...

Ако сакате ова лето да ви биде пријатно во своја кожа, а притоа да бидете ултра модерни, имаме одличен моден предлог што ги спојува тенденциите со удобноста. Кошула-фустаните изработени од лен, уникатни во својот дизајн, со потписот на модниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА, ќе ги носите во секоја прилика ова лето. Достапни во неколку атрактивни нијанси (тиркизна, розова и сина), во крој со отвор во делот кај половината и мини должина, овие кошула-фустани ...

Сонце, ведрина, свежина, позитивна енергија, слобода... Тоа е лето, сезона што ја сакаме, месеци на кои им се радуваме. А сега е вистинското време да се освежиме, но овој пат со боја во разиграни летни комбинации. Бидете храбри и покажете ја својата креативност преку боите. Зелена, сина, жолта, портокалова, розова, црвена и виолетова, можете слободно да ги комбинирате и да создавате колор блок комбинации, или пак да ги спојувате со неутрални ...

На југозападниот дел на грчкиот остров Крит, се наоѓа едно мало, живописно село наречено Лутрo. Природата умешно го сокрила рибарско местенце, во кое што нема улици и за да одите од едниот до другиот крај треба да пропешачите само 400 метри. Импресивни карпи коишто ги чуваат белите куќи, бистро тиркизно море, низ коe што мирно пловат рибарски бротчиња. Тука ќе го добите мирот што сте го посакувале, далеку од преполните плажи. Автомобили нема, ...

Марија Грација Кјури ги претстави своите 65 божици на париската недела на висока мода. Есенската колекција 2023/2024 на Кристијан Диор донесе една визуелно смирувачка атмосфера преку макси тоалети, извајани силуети кои што ја спојуваат едноставноста на римската и грчката култура. Чисти, долги линии што дефинираат минимализам, но проткаен со една грандиозна софистицирност и беспрекорност. Фустани што асоцираат на нимфа, позлатена тантела и ...

Секогаш своја, слободна во својата стилска експресија, а покрај сето тоа и забавна – Дајан Китон дефинитивно беше една од највпечатливите гостинки на модното шоу на Том Браун, што се одржа вчера во рамки на актуелната Недела на висока мода во Париз. Костумите се базичен сегмент на нејзиниот моден идентитет, па така и за оваа прилика носеше троделно одело – односно сет од сако, панталони и елек во пруги. Панталоните се со висок струк, ...

Париската недела на висока мода е настан кој многумина со нетрпение го очекуваат. Помеѓу присутните честопати гледаме и холивудски ѕвезди, па така беше и на вчерашниот почеток. Вниманието ни го привлече оскаровката Натали Портман која остана верна на модната куќа Диор со која што соработува веќе 12 години. Портман, 42 ги крадеше погледите, во романтичен фустан на Диор со апстрактен флорален дезен, без прерамки, којшто совршено одговараше на ...

Стартуваше париската недела на висока мода есен-зима 2023/2024, моментот каде Скијапарели секогаш воодушевува со своите ултра креативни дизајни. Кога ќе се спомене висока мода се нетрпение се очекува што ќе биде презентирано под палката на Даниел Розбери. Уште се сеќаваме на животинскиот магнетизам и огромните препарирани глави на лав и волк од неговата претходна колекција. Овој пат сè е во знакот на уметноста и поврзаноста на модната куќа со ...

Тој е еден од најпознатите и најплатените актери на денешницата, а денес ја раситнува седмата деценија. Том Круз е роден на денешен ден 1962-ра година, во Њујорк, а интересно за неговото детство е што постојано менувал училишта поради селење. Круз има добиено три Златни глобуси, почесна Златна палма во Кан и четири номинации за најпрестижната филмска награда Оскар. Неговата плодна кариера започнува во 80-те, со улогите во комедијата 1980s ...

Откако модната куќа Пако Рабан го смени името и стартуваше со линија на декоративна козметика, многумина се прашуваа дали токму основачот, кој почина пред пет, месеци бил против промените. Која и да е приказната за сето ова, ништо немаше да постои да не беше големиот дизајнер, кој е роден како Франциско Рабанеда Куерво. Пако Рабан е роден на 18 февруари 1934 година во Пасаја, Баскија. Неговиот татко бил републикански полковник, кој ќе биде ...

Поради својата функционалност и удобност, фустаните изработени од лен се вечни фаворити во летниот плакар на жените. Ленот е совршен одговор на високите летни температури, па поради таа негова карактеристика важи за класика за време на летната сезона. Помеѓу елеганцијата и тенденциите, фустаните изработени од лен се најчесто во едноставен и универзален дизајн, флексибилни во однос на комбинирањето со остатокот на парчиња од летниот ...

Летото и апостолките се неразделни. Едноставно не можеме да ги замислиме топлите летни денови, па и ноќи без апостолки. Тие не се резервирани само за на плажа. Модата ни дозволува да ги носиме и на прошетка во градот, доколку го пронајдеме соодветниот модел и боја што ќе одговара на стајлингот. Апостолките можат одлично да се вклопат со здолништа и фустани, и да бидат дел од ноќна забава на отворено. Тие се супер решение кога сакате да ...

Францускиот моден бренд Пако Рабан, на 60 годишниот јубилеј од своето постоење, објави голема вест –го менува името и стартува своја мејкап колекција. Отсега ќе биде именуван само како Рабан и ќе ги обедини модата и убавината во едно. Рабан е веќе добро познат во индустријата со парфеми, па влегувањето во мејкап секторот е можеби и логичен чекор. Првата колекција ќе понуди сенки за очи, кармини, маскари и ред други производи за беспрекорна ...

Хрватскиот остров Паг крие една интересна плажа наречена Беритница, која што е создадена за авантуристи и сите оние кои сакаат да побегнат од вообичаните гужви. Самиот остров е познат по прекрасните плажи и кристално чистата вода. До плажата Беритница се стигнува пешки или со брод, а она што таму ќе ве дочека е глетка за паметење – ќе се почувсвувате како да сте на Марс. Тука дарежливата природа создала три големи карпи во бистро и плитко ...

Денешниот први јули е за Лејди Ди. Принцезата Дијана, која што трагично загина на само 37 важеше за вистинска дама и модна икона. Принцезата на срцата, како што неретко ја нарекуваа, умееше со еден поглед и насмевка до допре до секој, да даде надеж на неутешните, да ги охрабри слабите. Несебично даваше љубов, која за жал не ја пронајде кога беше во брак со принцот Чарлс. Можеби не се вклопи во кралските протоколи, но беше прекрасна мајка за ...

Бохо ентериерите се како создадени за лето. Нивната лежерност е идеална за уредување на домовите кои се наоѓаат на море, а еден таков е и домот на Инстаграм блогерката Тајана од Пула. Овој стил на уредување носи чувство на топлина, удобност и безгрижност и прави да мислите дека сте на одмор и кога не сте. Уредувањето во бохо стил е микс на природни материјали, текстури и бои. Доминираат земјените тонови како беж нијансите, зад кои што стои ...

Лето во полн ек и уште 31 ден од јули пред нас. Одговорот на прашањето: што да облечам? ќе ви го олесниме со избор на 31 шик комбинација за секој ден од месецот во кој најголемиот дел од вас го поминуваат на летен одмор. Лежерни, ама истовремено романтични и женствени, комбинации во кои е доловена летната егзотика, а пријатното чувство во сопствената кожа се постигнува со избор на природни материјали. Сламени шешири и чанти, лесни сандали, ...

Марк Џејкобс тоа го прави поинаку. Дизајнерот кој годинава ќе наполни 60 години, трет пат по ред приредува ревија во јуни, што е недвор од сите рамки на формалниот распоред. Сепак, шоуто кое траеше само три минути испрати моќна порака од јавната библиотека во Њујорк. Џејкобс останува едно од највлијателните имиња на светската модна сцена, токму поради ваквите неконформирачки изведби и модни решенија. На сцената се појавија вкупно 29 модели, ...

Доколку сè уште не сте се одлучиле каков костим за капeње да купите, црно-белата комбинација е секогаш во тренд. Иако годинава имаме барбикор каде што доминираат розови нијанси и тренд се костими за капење во јаки бои, сепак црно-белата класика е безвременска. Без разлика дали ќе одбрете едноделен, дводелен, на риги, зебра дезен или нешто сосема поинакво овие две бои секогаш ќе изгледаат убаво на вашиот костим. Издвојуваме неколку интересни ...

Помеѓу густата шума на планината Беласица од една страна и прекрасниот поглед кон Струмичката Котлина од друга, во источниот крај на селото Банско е сместен хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил" уште познат и како Бања Банско. Лековитата вода, идеалната клима, чистиот воздух и одличната географска местоположба која што вклучува и бројни археолошки и природни атракции, ја праваат бањата привлечен медицински и туристички центар со ...

Еден од најпознатите супермоделите во светот Наоми Кемпбел, на свои 53 години стана мајка по втор пат. Семејството се зголеми за уште еден член, овој пат момче, откако Кемпбел во 2021 стана мајка на девојче. Таа ја сподели веста на Инстаграм со преслатка фотографија на која го држи новороденчето во прегратка. Покрај бебето Наоми ја држи и раката на нејзината ќеркичка, која јавноста многу ретко ја гледа на социјалните мрежи. Пред две години ...

Еден од најпознатите супермоделите во светот Наоми Кемпбел, на свои 53 години стана мајка по втор пат. Семејството се зголеми за уште еден член, овој пат момче, откако Кемпбел во 2021 стана мајка на девојче. Среќната мајка ја сподели веста на Инстаграм со преслатка фотографија на која таа го држи новороденчето во прегратка. Покрај бебето Наоми ја држи раката и на нејзината ќеркичка, која јавноста многу ретко на гледа на социјалните мрежи. ...

Новиот начин на кампување наречен глампинг, вклучува мала доза на луксуз, односно технолошки и други претдности коишто порано беа незамисливи за еден камп. Токму поради тоа глампингот станува се попопуларен. Камповите се состојат од потполно опремени монтажни дрвени куќички или големи шатори коишто пружаат комфор и удобност на еден класичен апартман. Она што е добро е што истовремено можете да уживате во недопрена природа. Еден таков глампинг ...

Утре, петок 30 јуни во 10:00 часот официјално започнува Д ФЕСТИВАЛ, најголемиот летен музички фестивал во земјава кој по тринаесетти пат ќе се одржува во Дојран. Првите посетители на фестивалот веќе пристигнуваат и го исполнуваат дојранското крајбрежје, а уште денеска, ден пред официјалниот почеток се поставуваат и првите шатори во Д кампот кој ќе биде домаќин на илјадници најпозитивни фестивалски луѓе здружени преку музиката и славењето на ...

Дамите од кралските семејства секогаш имаат префинет вкус кога станува збор за облеката. Принцезата Кејт Мидлтон од Велс е една од нашите фаворитки, а овој пат нејзиниот стајлинг го делеше уште една принцеза – Мери од Данска. И двете за посебни прилики одбраа ист миди фустан, кој што се разликуваше само по бојата. Токму оваа должина на фустани и здолништа е чест избор на благородничките, а покрај Кејт и Мери, тука ја вбојуваме и кралицата ...

Откако била пронајдена без свест, Мадона итно е пренесена на ургентно во болница во Њујорк. Според изјавите на нејзиниот менаџер, во саботата вечер, 64 годишната кралица на поп музиката, била веднаш интубирана, и дури вчера се разбудила. Причината за хоспитализирањето е сериозна бактериска инфекција на која што ќе ѝ треба дополнителен третман. Со оглед на новонастанатите околности, Мадона ја одложува светската турнеја "Celebration" која што ...

Талент шоуто „Пат до ѕвездите" стигна и до првото полуфинале. Како и секогаш нашиот етаблиран бренд ЕЛЕНА ЛУКА којшто воедно е и партнер на шоуто, ги стилизираше водителките Криси и Верица. Со оглед на тоа дека шоуто се приближува до големото финале, така и стајлингот станува погламурозен. Двете водителки, кои што секоја емисија носат креации со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА, и овој пат блеснаа во вечерни тоалети. За полуфиналната вечер девојките беа ...

Никол Шерцингер, која пред некој ден ја објави својата свршувачка, денес слави роденден. Американската пејачка, текстописец, танчарка, актерка и водителка е родена пред точно 45 години, во Хонолулу, Хаваи, а поголемиот дел од својот живот го поминала во Кентаки. Никол на 14 години започнува со глума и се запишува на музички театар. Желбата за шоубизнис ја има уште од најрана возраст и на различни начини се обидува да се пробие на големата ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
9.26
60%
996
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
92%
996
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
6.69
81%
999
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.89
100%
1001
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
95%
996
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.68
85%
999
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
997
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
6.69
93%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
997
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
64%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.09

Цинк

3.29

Калај

48.78

Бакар

12.12

Сребро

2733.78

Злато

157561.16

Родиум

339994.14

Кобалт

64.04

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Паладиум

55781.55