Сонцето сè уште дарежливо ги распостила своите зраци, па затоа тексас јакната е парчето облека кое најмногу прилега за деновиве. Тоа е толку безвременско, истовремено и универзално, погодно за двата пола и сите генерации. Можеме да го комбинираме со сè и токму затоа и го сакаме. Изборот на дизајни е голем, а покрај класичната сина боја, можат да се најдат тексас јакни и во други нијанси. Струкирани, класични или oversized ваше е само да ...

Анук Ив е модна блогерка, колумнистка и инфлуенсерка чијшто стил на облекување е инспирација за многу дами. Оваа холанѓанка е препознатлива по својот софистициран и лежерен изглед, којшто е идеален за секојдневни прилики. Љубител е на неутралната палета на бои, па така кај неа можете да ги сретнете белата, кафената, нијансите на беж и црната боја. Анук претпочита да ги носи истите парчиња но на различни начини. Таа неодамна соработуваше со ...

„Пловидби" ќе донесе бран на позитивно освежување во ТВ етерот. Нов атрактивен телевизиски проект што ќе плови меѓу мода и архитектура, животни приказни и искуства, егзотични вкусови и традиционални рецепти... Животен стил прикажан од секој аспект. Зад проектот се потпишува авторката Марија Костадиновска со комплетната поддршка на нашиот етаблиран бренд ЕЛЕНА ЛУКА кој долги години е симбол за успешен спој на мода и архитектура и токму тоа е ...

Кога уметноста се преточува во ентериер тоа изгледа бајковито. Домот што денес го одбравме, на Инстаграм ќе го најдете како Bonjour Maison. Се наоѓа во Хамбург, Германија а неговата сопственичка на многу иновативен начин го уредува просторот како уникатна колоритна оаза. Штом ќе го здогледате добивате инспирација да бидете и самите креатвни. Профилот споделува и практични совети за уредување што се од голема корист за следбениците. Можеби не ...

Хајди Клум е дефинитивно кралица на костимите за Halloween. Таа е секогаш во центарот на вниманието, благодарение на одличните маски што ги презентира низ годините. Доволно е да се каже дека моделот лани беше преправена во џиновски дождовен црв. Нејзините објави се секогаш вирални, а маските за секоја почит. Годинава Хајди реши да вклучи повеќе луѓе во својата уникатна маска, па така на големо исчекување на јавноста, таа вчера се појави како ...

Светот, постојано се менува, а со тоа и начинот на којшто се облекуваме за на работа. Деловниот стил е помалку или повеќе персонализиран, модно иновативен, со личен печат на личноста зад него. Модните инфлуенсерки ја предводат оваа нова ера на деловен аутфит, смело трансформирајќи ги комбинациите. Се истражуваат големини, текстури, силуeти, се експериментира со принтови и бои што некогаш биле незамисливи за деловен стил. Класичните парчиња се ...

Покрај тоа што е прилично актуелна со документарецот за својот сопруг, Викторија Бекам се најде и на ноемвриската насловна на францускиот Вог. Дизајнерката и мајка на четири деца во интервјуто за магазинот одговара на повеќе прашања вo врска со семејството и кариерата. Како што и самата вели мајчинството игра главна улога во нејзиниот живот. Синовите Бруклин, Ромео, Круз и ќерката Харпер заедно со сопругот Дејвид и се центарот на нејзиниот ...

Креативноста во модниот свет најчесто се оценува според храбрите избори, а токму тоа го има направено и модната блогерка Александра Добре. Освен што креира одлична стилска содржина на Инстаграм, таа има и сопствен бренд посветен на женски костуми. Нејзината страст за одела веќе инспирира многумина, поврзувајќи ги со женската мода и моќта што тие ја носат со себе. Мора да признаеме дека оделата одлично и стојат, а нејзиниот стил е инспиративен ...

Вера Мештеровиќ уште еднаш донесе вистински гламур во уникатна креација на ЕЛЕНА ЛУКА. Нашата позната водителка се појави на свечен настан и како и секогаш изгледаше беспрекорно во сензуална тоалета со потпис на етаблираниот македонски бренд. ЕЛЕНА ЛУКА секогаш ме потсетува на гламур, на прекрасни вечерни тоалети и токму затоа била мој избор сите овие години.- изјави таа за оваа прилика. Луксузниот и ектравагантен модел ја потенцираше ...

Славните холивудски ѕвезди не испуштаат прилика за добра забава , а особено ако истата е под маски. Уште пред официјалниот датум кога се прославува Halloween, 31 октомври, многу познати личности решија да се пофалат со своите креативни костими. Годинава голем дел од младите ѕвезди со своите маски решија да им оддадат чест на постарите колеги. Така на пример Кристина Агилера се појави како Шер, Лизо како Тина Тарнер, а младата Хејли од филмот ...

Radisson Blu Polar е името на најсеверниот хотел на светот којшто се наоѓа на архипелагот Свалбард, помеѓу Норвешка и Гренланд. Со оглед на тоа дека е сместен на една од најсеверните точки во светот опкружувањето е прилично студено, но затоа хотелот нуди топла атмосфера. Она што тука ќе ве дочека е снегот, поларна светлина, ниски температури, но и Аурора Бореалис доколку го погодите вистинското време. На овој архипелаг живеат околу 2.500 ...

Ако сакате безвременска елеганција во есен тогаш доверете му се на црниот мантил. Тој е секогаш присутен кога ви треба стил, самодоверба и софистицираност. Низ годините постојано успева да биде тренд, да си најде главна улога на модната сцена, менувајќи само мал дел од неговата совршеност. Црниот мантил е едно од омилените парчиња на жените од секоја ера...а покрај елеганцијата и сеприсутниот стилски момент тој е и практичен, како и лесно ...

Не постои некој што не погледнал барем една епизода од "Пријатели", барем едно делче од случките на легендарните шестмина кои ни покажаа што значи да си вистински другар. Моника, Рејчел, Фиби, Џои Рос и Чендлер... Мислевме дека засекогаш ќе бидат сите заедно и потајно се надевавме дека ќе ги видиме барем уште еднаш во некое продолжение. Пријатели не беше само уште една хумористична серија. Тие беа обележје на една деценија. Секој беше посебен ...

Иако не спаѓа во класичните есенски нијанси, розовата боја исплива на фотографиите на модните блогерки на Инстаграм. Розовата обично ја врзуваме за пролет и цветањето на дрвјата, но можеме треба да размислиме за мала доза од оваа нијанса и наесен. Модните ентузијастки се решија сеозонава да и отстапат место на светло розовата, но има и такви кои се одлучија и за поживописен тон. Од она што можеме да го видиме на нивните Инстаграм објави, ...

Фрида Кало го освои светот со нејзините уметнички дела. Несомнено е дека таа имаше редок талент од којшто инспирација црпат уметниците и ден денес. Но, Фрида остави траен печат и со својот уникатен моден израз, како и со големата турбулентна љубов со колегата уметник Диего Ривера. Уметницата важи и за симбол на феминистичкото движење и наметнување на една андрогена естетика. Уште на 19 години започнува да носи машки одела, коишто ги ...

Модната куќа Chloé jа претстави ексклузивната ready-to-wear колекција за којашто соработуваше со Atelier Jolie брендот на Анџелина Џоли. Линијата која што ја дизајнираше Џоли заедно со сега веќе екс-креативната директорка на Chloe, Габриела Херст се состои од долги, елегантни едноставни фустани, блејзери, маички и слични парчиња со лежерен крој. View this post on Instagram A post shared by Chloe (chloe) Колекцијата ги комбинира елегантниот ...

Пред нас е ноември, месец во кој уживаме да се топлиме во секогаш удобните пријатни плетива, макси капути и џемпери. Но, во исто време ова е месец кога доминира облекувањето во слоеви, а со тоа на располагање ни се и безбројните можности за комбинирање. Овојпат, во нашиот предлог избор на комбинации за секој ден од ноември, вклучивме комбинации во претежно неутрални, есенски бои, но надополнети со по некој впечатлив акцент во интензивна боја ...

Домот што за денес го одбравме се наоѓа во Швајцарија. Тука ќе забележиме едноставен мебел, чисти линии, впечатливи детали, функционалност и елеганција. Дрвените подови и неутралните нијанси, особено светлите тонови, го прават домот прилично простран и внесуваат доза на префинетост. Сопственичката на станот, Наташа, на совршен начин ги споила минимализмот со софистицираноста, а она што најмногу воодушевува е терасата. Составен дел којшто го ...

Можеби не ги сакате студените денови, но штом ќе ги облечете меките и топли плетенини дефинитивно ќе го смените мислењето. Овие парчиња едноставно мамат да ги носите и да уживате во нивната прегратка. Плетивата, во коишто спаѓаат мноштвото кардигани, џемпери, туники и слични парчиња облека се неопходни во сезоната што следи. Годинава преовладуваат неутралните тонови, особено крем и сива нијанса. Покрај бојата тренди дезен се и ригите. Кога ...

Да се внесе личниот стил во деловниот начин на облекување не е секогаш лесна задача. Сепак комбинациите за во канцеларија најчесто треба да задоволат неколку критериуми, пред сè професионалност, соодветна доза на елеганција и секако практичност. Инспирацијата понекогаш не напушта, но се среќа постои една црно-бела формула со којашто не можеме да направиме грешка. Црно белиот аутфит е секогаш во тренд, практичен е и лесно се прилагодува на ...

Актерот Бојан Велевски е моментално актуелен со неговата стенд-ап турнејата „Све ли ја да мислам?!" Ќе го започнеме интервјуто со една негова изјава што ќе не понесе низ една нова приказна од градот. Бојан, стенд-ап турнејата е во тек и според тоа што можеме да го видиме посетеноста е одлична, а и атмосферата исто така. Сакаме да го започнеме интервјуто со една твоја интересна изјава Стенд-ап сцената треба да е коректив во реално време на ...

Жакемус постојано докажува зошто е еден од најталетираните и најиновативните млади модни дизајнери. Последниот негов подвиг никна во форма на чанта во Сеул, Јужна Кореја, којашто истовремено е кафуле и бутик. Дизајнот е импресивен, со мала разлика што оваа чанта не може да ја држите во раце. Објектот, којшто е целосно во бела боја, за само неколку часа од неговата инсталација стана вирална објава на социјалните мрежи. Бутикот ја претставува ...

Британската музичка сензација, Ед Шеран, доаѓа во Загреб. Концертот што ќе биде негов прв на Балканот, треба да се случи на 10 август следната година. Шеран догодина ќе ја донесе својата "математичка" турнеја + – = ÷ x, во Европа и Азија, а Загреб ќе биде местото каде фановите од овие простори ќе можат да го видат. Коцертот ќе биде на загрепскиот хиподром, а влезниците од денес се веќе во продажба и тоа на веб страната www.eventim.hr . ...

Кога ќе се спомене Софија Вергара, веднаш ја замислуваме згодната актерка во некое провокативно издание. На задоволство на нејзините фанови Вергара на Инстаграм постираше три фотографии како позира во боди без прерамки пред огледало. Самоуверена и со одмерена доза на сексапил, таа овој пат пред своите 31,7 милиони следбеници промовираше три дизајни од нејзината сопствена колекција во бела, црна и беж боја. Софија за потребите на колекција ...

Познатиот ланец на ресторани Jamie's Italian чијшто сопственик е британскиот реномиран готвач Џејми Оливер го одбра Белград како следна локација. Ресторанот ќе се наоѓа на улицата Херцеговачка во рамки на комплексот Белград на вода којшто ќе биде лоциран на десниот брег на реката Сава. Ова беше соопштено и на официјалната страна на ланецот на ресторани којшто е познат по своите италијански и медитерански специјалитети. Многу сум горд на ...

Иако не спаѓа во листата на празници коишто ги прославуваме, Halloween или Ноќта на вештерките, почнува сè повеќе да се прифаќа особено меѓу помладите. Од разно разни украси, костими и облека со дезени во стилот на духови, пајаци, вештерки, костури и страшни тикви, трговските центри, но и Инстаграм објавите добиваат помалку “spooky” изглед. Оваа тематика се пренесува и во маникирот, а Инстаграм изобилува со креативни решенија што ги ...

Изминатиов петок (20.10) во Амбасадата на Македонија во Париз беше отворена изложбата на Јана Манева-Чупоска наречена „Париски нацртан филм". Изложбата се состои од цртежи изработени на цртачка хартија од триесет метри во форма на филмска лента. Оваа изложба е нова и е создадена во период од два месеца како резидент во македонското ателје при Меѓународниот резиденцијален центар во Париз (Cite Internationale des arts). Втората изложба се ...

Тенките пруги или риги се можеби најелегантниот дезен што може да постои на модната сцена. Без разлика за кое парче облека станува збор тенките риги му даваат софистицираност, префинетост, но со одмерена доза. Тие спаѓаат во она што се нарекува тивок луксуз и кој што моментално е голем микро тренд. Тенките пруги се безвременска класика што датира од 20-те години на минатиот век, кога биле препознатлив дезен на костумите. Свој голем камбек ...

„ХОУП" е надеж и помош за сите кои се соочуваат со афазијата, но и Здружение кое активно работи на препознавање и превенција на здравствени состојби кои може да доведат до афазија. Целта и примарниот фокус на „ХОУП" е преку интегриран пристап да им го отвори патот на лицата со афазија и нивните најблиски, тие полесно да стигнат до целта како победници, а истовремено и да се подигне свеста за оваа состојба. Викендов здружението и официјално ...

Велат кога животот ќе ти испрати лимони, направи си лимонада. На почетокот оваа изрека ми беше нејасна, но со текот на годините се подобро ја разбирам. Животот е непредвидлив и никогаш не сме подготвени за лоши вести. Но, човекот е посилен од сè и може да поднесе многу. Може да го направи и навидум невозможното, да го победи и непобедливото. Октомври е обоен во розово со цел да даде надеж на многу жени кои се борат со рак на дојка. Да биде ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
72%
1018
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
55%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 14ᴼ
2.57
87%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
40%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.56
57%
1015
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
73%
1013
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
2.57
58%
1018
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
55%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
59%
1019
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
4.12
43%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
63%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
59%
1019
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0527

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Калај

52.70

Паладиум

49351.40

Бакар

12.46

Сребро

2534.46

Платина

66744.95

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.53

Родиум

319899.93

Цинк

0.00

Злато

152465.86