Пишува: Марјан ЗАБРЧАНЕЦ 2025 е година што ќе се памети. Македонија ја преживеа една од најтешките национални трагедии во поновата историја. Кочани стана симбол на болка, вина и институционален распад. Локалните избори го запечатија тој впечаток на застој: граѓаните не гласаа за промени, туку од инерција, а државата и општеството потврдија дека остануваат и без енергија и без идеи. Во 2026 година влегуваме оптоварени, но и поотпорни. ...

Папата Лав XIV во својата божиќна порака „До градот и светот“ (Urbi et Orbi) порача дека Црквата му го доверува европскиот континент на Исус Христос, Принцот на мирот, и дека посебно се моли да „замолкне татнежот на оружјето“ во Украина, како и Киев и Москва да најдат храброст за искрен дијалог. Целиот европски континент му го доверуваме на Принцот на мирот, молејќи го да продолжи во него да инспирира дух на заедништво и соработка, верен на ...

На иницијатива на советниците на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), Советот на Град Скопје на вчерашната седница едногласно усвои заклучок за отпочнување постапка за дислокација на цементарницата „Усје“ и сите големи индустриски загадувачи надвор од Скопската Котлина. „За првпат во историјата на Скопје, сите советнички групи застанаа обединето со граѓаните и едногласно порачаа: УСЈЕ НАДВОР ОД СКОПЈЕ! По 13-часовна седница, Советот на Град Скопје ја ...

„Вистинска изборна реформа не може да се постигне со козметички измени на Изборниот законик. Без доследна примена на законот, ефективни санкции и институции што ќе одговараат за своите пропусти, изборните нерегуларности ќе продолжат да го поткопуваат демократскиот процес“, порачуваат од ЦИВИЛ – Центар за слобода во изјава дадена за Фронтлајн. – И покрај честите измени на Изборниот законик и декларативната посветеност на демократските ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на промоцијата на новите полициски возила во Министерството за внатрешни работи, најави дека службите на Брзата помош низ целата држава ќе бидат подновени со нови возила. Според премиерот, во следните две години ќе бидат испорачани вкупно 150 возила. -Во текот на следната година Владата донесе одлука да набави 100 возила за Итната медицинска помош и вредноста на тој проект е мислам околу 7,5 милиони евра, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во својата божиќна честитка изјави дека „многу гадови“ во Соединетите Американски Држави го сакале финансиерот и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, за потоа, кога Епстин беше обвинет за педофилија, „лажно да тврдат дека немаат никаква врска со него“. – Среќен Божиќ на сите, вклучително и на многуте гадови кои го сакаа Џефри Епстин, му даваа купишта пари, одеа на неговиот остров, присуствуваа на ...

Германија нема да учествува во меѓународните сили за стабилизација (ISF) за спроведување на мировниот план за Газа „во догледна иднина“, според министерот за надворешни работи Јохан Вадефул. Министерот за надворешни работи, Јохан Вадефул, во Дамаск (Фото: ДПА) Во изјавите објавени денеска, Вадефул за ДПА рече дека германските војници нема да бидат дел од сили од кои би се барало да „обезбедат конкретна сигурност во случај на сомнеж“. „Многу ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја потенцираше потребата од функционален систем во државата, нагласувајќи дека лидерскиот модел создава сериозни проблеми за демократијата и институциите. „Сакам да знаат младите дека подршката за СДСМ и за опозиција значи етаблирање систем кај нас. Систем. И јас лично, и СДСМ сака тука да има систем. Ние не сакаме да има лидер, еден. Не. Сакам да има систем.„ рече Филипче. Тој потенцираше дека во времето ...

Скриени на прв поглед низ историскиот градски пејзаж на Истанбул се наоѓаат раскошни камени структури од османлиската ера кои некогаш служеле како елегантни домови за птици. Овие минијатурни архитектонски дела, се мајсторски врежани во ѕидовите на џамии и други историски објекти низ градот. Изградени меѓу 16 и 19 век, тие биле наменети не само како практични засолништа за птиците, туку и како израз на естетска убавина. Многу посетители на ...

Фудбалот и Холивудот се споија во трач што ја разбранува Италија и предизвика изненадувања во САД. На социјалните мрежи кружат гласини за наводна романса меѓу фудбалерот Кристијан Пулишиќ и холивудската актерка Сидни Свини, но засега – без каква било официјална потврда, пренесува La Gazzetta dello Sport. Pulisic ha un flirt con Sydney Sweeney: la notizia impazza sui social: cosa c’è di vero https://t.co/gD4OxoT6RK — Corriere della Sera ...

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД извршиле „моќни и смртоносни“ напади против силите на терористичката организација Исламска држава во Нигерија, откако претходно со недели ја обвинуваше владата на оваа западноафриканска земја дека не успеала да го запре прогонот на христијаните. – Вечерва, по моја наредба како врховен командант, Соединетите Држави извршија силен и смртоносен удар против терористичкиот џган на Исламската ...

Комисијата за култура на СДСМ реагираше на јавното обраќање на министерот за култура и туризам Зоран Љутков, оценувајќи дека, „кога нема резултати што можат да се покажат на терен, тогаш е најлесно да се снима видео“, и дека наместо дела, јавноста добива „ПР“ и „перформанс со министерот во главна улога“. Во реакцијата се наведува дека „по една и пол година на функција“ во културата „нема резултати, нема капитални проекти, нема стратегија“, а ...

Критичарите на американскиот претседател Доналд Трамп со години му замеруваат дека ги поврзува своите приватни финансиски интереси со функцијата што ја извршува. Најновиот деловен потег на поранешниот бизнисмен, кој самиот се нарекува „deal-maker“, дополнително ги засилува тие обвинувања, пишува Deutsche Welle. Компанијата Trump Media and Technology Group (TMTG) минатата недела најави спојување со енергетската компанија TAE Technologies, во ...

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, смета дека следниот клучен чекор на патот кон надчовечка вештачка интелигенција нема да биде поврзан со разбирањето или расудувањето, туку со нешто многу пофундаментално – меморијата. Говорејќи во Big Technology Podcast, Алтман изјави дека вистинскиот пресврт ќе се случи кога AI системите ќе добијат, како што тој го опишува, „бесконечно и совршено паметење“. Според него, OpenAI веќе работи на тоа ...

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе десетици се повредени кога автобус на компанијата „Конексион“ (Conexión) се превртел и слетал во бездна во Мексико на Бадник, соопштија синоќа локалните власти. Несреќата се случила на 24 декември во попладневните часови по локално време во северниот дел на мексиканската сојузна држава Веракруз, наведува мексиканскиот портал „Миленио“. Според првичните извештаи, возачот изгубил контрола врз автобусот, по ...

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -4 степени. Минусни температури се измерени и во Mаврови Анови и Крушево, -1 степен. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, 0 степени е утрово во Берово и Лазарополе, 1 во Крива Паланка, 2 степена во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Виница, 3 во Тетово, Прилеп, Битола, Велес, Кавадарци, Претор и Скопје-Петровец, 4 во Струмица, Охрид и Демир Капија и 6 степени се измерени во Гевгелија. Според ...

Денеска Месечината е во знакот Риби што носи поинтуитивни, емотивни и креативни енергији во текот на денот. Ова може да ве поттикне на сочувство, уметничко изразување и длабоко саморефлектирање. ♈ Овен Денот ќе ве повика да ја насочите својата енергија кон внатрешно прочистување и планови кои одамна стојат во сенка. Интуицијата ќе биде силно присутна, но внимателно балансирајте ја со логиката. Внимавајте на импулсите кои ви доаѓаат од ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека разговарал со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер, за можни начини за ставање крај на војната со Русија. „Тоа беше навистина добар разговор, разговаравме за многу детали. Се појавија некои нови идеи за тоа како да се приближиме до вистински мир – во однос на форматот, средбите и временската рамка“, објави ...

Американскиот претседател Доналд Трамп доцна синоќа, во време на испраќање на божиќната порака, повторно го критикуваше водителот на ноќното ток-шоу Стивен Колберт, наведувајќи дека „треба да биде успиен“. На Бадник, додека се емитуваше репризата на емисијата на Стивен Колберт првично објавена на 8 декември, американскиот претседател Доналд Трамп напиша на својата социјална платформа Truth Social дека Си-Би-Ес (CBS), телевизиската мрежа што ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања, укажа дека по речиси две години од владата, премиерот Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ немаат дадено конкретен одговор на ниту едно суштинско прашање што ги засега граѓаните, туку континуирано користат дезинформации за да ја дефокусираат јавноста од нивната неспособност и криминални зделки. „Што и да прашаме, ...

Педесет години по објавувањето на албумот Wish You Were Here, легендарниот британски бенд Pink Floyd конечно го претстави првиот официјален видео-спот за истоимената песна. Спотот пристигна една недела откако јубилејното реиздание Wish You Were Here 50 се искачи на првото место на британската топ-листа. Видеото започнува со кадри од Месечината, по што визуелниот наратив се распаѓа во серија симболични и хаотични сцени – сперматозоиди во трка ...

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, кое се однесуваше на кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина, но и како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година во година ги намалува средствата за оваа намена. Таа посочи дека со ребалансот на Буџетот за 2025 година ...

Координаторот на пратеничката група на СДСМ и пратеник, Оливер Спасовски на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати прашање до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во однос на високата цена на зелениот картон автомобилите кој што им е потребен на граѓаните за патувања надвор од државата. Прашањето се однесуваше на заштитата на трети лица и нивниот имот од последиците од сообраќајни незгоди, како сопственици на ...

По седумгодишно отсуство од големото платно, Gwyneth Paltrow се враќа на филмската сцена со Marty Supreme. Иако се појавува во споредна улога, настапот на Paltrow е широко истакнат како еден од највпечатливите во филмот, потврдувајќи ја нејзината долгогодишна репутација за создавање сложени и повеќеслојни ликови. Во Marty Supreme, Paltrow ја толкува Кеј Стоун, поранешна актерка која го напуштила тој свет и сега живее како сопруга на моќен ...

Државниот завод за ревизија утврдил сериозни слабости и недоследности во финансиското работење и управувањето на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за 2024 година, вклучително и отсуство на централизирана база на податоци за доделената финансиска поддршка и механизми за следење на ефектите од поддржаните проекти. Според ревизорскиот извештај, ФИТР нема воспоставено систем за систематско и сеопфатно следење на резултатите од ...

Kate Hudson откри дека имала можност да се приклучи на Marvel универзумот, но на крајот ја одбила понудата. По нејзината пробивна улога номинирана за Оскар, актерката изјави дека ѝ била понудена улогата на Mary Jane Watson во филмот Spider-Man (2002) на Sam Raimi, улога што подоцна ја доби Kirsten Dunst. Гостувајќи во емисијата Watch What Happens Live, Hudson ја потврди оваа долгонајавувана одлука за кастингот. „Да, ја одбив“, одговори таа ...

По четиригодишна пауза, приказната за кланот Шелби продолжува со ново филмско поглавје. Нетфликс го објави официјалниот тизер за Peaky Blinders: The Immortal Man, долгометражен филм што ја оживува сагата за најозлогласената криминална банда од Бирмингем. Филмот ќе биде прикажуван во одбрани кина од 6 март, а на Нетфликс ќе започне со стриминг на 20 март. Cillian Murphy повторно ја толкува својата иконична улога како Томи Шелби, со што се ...

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV ја служеше својата прва полноќна божиќна миса во базиликата Свети Петар, при тоа ги потсети верниците на нивната должност да им помогнат на сиромашните и на странците. Тој во проповедта наведе дека Исус, кој е роден во штала, бидејќи немало место во гостилницата, им покажува на следбениците дека одбивањето да им се помогне на оние на кои им е потребна помош е еквивалентно на одбивање на ...

„Животниот стандард е битка која што во континуитет треба да ја води една влада, односно како до подобар животен стандард во континуитет треба да се бориме и да работиме, затоа што таа битка не смеете да ја изгубите, затоа што ако ја изгубите логично е дека ќе ја изгубите и довербата кај граѓаните“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на пратеничко прашање. Мицкоски посочи дека СДСМ како ...

Вистината, кога е документирана, станува неповратна. Денес, фактите зборуваат погласно од која било пропаганда и од кој било обид да се скрие зад празни зборови. Во Гостивар е извршена една од најсериозните финансиски злоупотреби што локалната самоуправа во Северна Македонија некогаш ги видела. Сала на општинскиот совет, која технички и функционално можеше да се изгради со максимална цена од 50 илјади евра, беше изградена по скандалозна цена ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
87%
1004
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
9.77
71%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
4.63
90%
996
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.69
74%
1009
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.38
99%
1010
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
997
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
7.72
80%
1009
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
8.23
76%
1000
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.14
91%
1011
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.12
97%
1003
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
66%
1013
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Бакар

12.12

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Сребро

2733.78

Злато

157561.16

Алуминиум

3.09

Родиум

339994.14

Паладиум

55781.55

Калај

48.78

Цинк

3.29