Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
По потврдата од иранските државни медиуми за смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, во Техеран започна интензивна институционална и безбедносна координација. Според Ројтерс, во првите часови од кризата како клучна фигура се наметна Али Лариџани, преземајќи посредничка и координациска улога додека трае формалниот процес на избор на нов лидер. Иако во дел од медиумските извештаи се тврди дека Лариџани ќе го преземе водството, формално тоа сè ...
Комисијата за култура на СДСМ објави реакција во која го критикува министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, обвинувајќи го за „маркетинг без резултати“. „Министерот за култура и туризам повторно снима видеа. Но граѓаните не бараат видеа, туку резултати. Наместо маркетинг, потребни се одговори“, наведуваат од Комисијата. Во реакцијата како прво прашање го посочуваат Скопскиот Аквадукт, за кој велат дека останува „симбол на негрижата“. ...
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, љубезно одби барање за автограм за време на посетата на Поуис во Велс, каде на 26 февруари пристигна заедно со сопругот, принцот Вилијам. Со тоа избегна прекршување на строгиот кралски протокол, објави E! Online. Во видео што го сподели магазинот Hello!, се гледа како Кејт ги поздравува насобраните граѓани по повод одбележувањето на заедништвото во пресрет на Денот на Свети Давид. Кога еден обожавател ѝ подал ...
Еден од најреномираните современи џез композитори и диригенти, Mike Holober, на 18 март ќе настапи со Национален џез оркестар, претставувајќи го својот најнов и исклучително значаен проект This Rock We’re On: Imaginary Letters. Концертот ќе се одржи во Национална опера и балет со почеток во 20:00 часот, под диригентство на самиот автор. Mike Holober е препознатлив по својата виртуозност, изразена оркестарска визија и длабока музичка ...
Според BBC, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека врховниот лидер на Иран, Ali Khamenei, е убиен во заеднички американско-израелски воздушен напад врз неговиот комплекс во Техеран. Иранските државни медиуми, пак, негираат дека Хамнеи е мртов. „Хамнеи, еден од најзлобните луѓе во историјата, е мртов“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, додавајќи дека нападите ќе продолжат „колку што е потребно“. Што е познато досега ...
Поранешната министерка за образование и професорка на Правниот факултет, Рената Дескоска, преку објава на социјалните мрежи реагираше на актуелната расправа за новиот Закон за високо образование (ЗВО), отфрлајќи ги тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека ЗВО од 2018 година е виновен што ниту еден македонски универзитет не се наоѓа меѓу првите 1000 на Шангајската листа. Во објавата со наслов „#ЗВО – #Шангајска или #Шиндлерова листа?!“, ...
„Сега партнерите на Мицкоски добиваат ‘директен линк’ за своите семејни фирми во Развојната банка“, изјави Јон Фрчкоски на прес-конференцијата. Фрчкоски предупреди дека „ова е класичен конфликт на интерес“. Тој нагласи дека „во исто време Димовски имаат семејни фирми“, посочувајќи дека „Ефимија е сопственик на ‘Херба Натура’ и дел од управувачката структура на енергетскиот субјект ‘ХН Соларис’“. „Воспоставување на олигархиска структура на ...
Европската конфедерација на синдикати (ETUC) изрази целосна солидарност и силна поддршка за Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), неговото раководство и сите синдикални членови, се наведува во писмото упатено до претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, и до членовите на синдикатот. Во писмото, потпишано од генералната секретарка на ETUC, Естер Линч, и конфедералната секретарка Теа Јарц, се истакнува дека ССМ како членка на Европската ...
Квалитетниот сон не започнува во моментот кога ќе легнете. Тој започнува еден до два часа претходно. Според Harvard Medical School, мозокот има потреба од постепена транзиција од активност кон одмор. Проблемот на модерниот живот е што денот често завршува со екран, нотификации и ментална стимулација. Stanford Sleep Medicine Center нагласува дека циркадниот ритам функционира најдобро кога има предвидливост. Вечерната рутина не е луксуз, туку ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, е убиен во американско-израелски напади врз неговата резиденција во Техеран. Иако Техеран засега официјално не ја потврди информацијата, ваквата вест, доколку се покаже како точна, би претставувала драматичен пресврт за Исламската Република и целиот Блиски Исток. Но кој е всушност човекот што повеќе од три децении стоеше на врвот на иранскиот ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов денеска во просториите на Министерството одржаа средба со одгледувачи на овци, на која се разговараше за актуелната епидемиолошка состојба со болеста сипаници кај овците и козите во општина Липково, Кумановско, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На средбата беше ...
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Воената ескалација меѓу САД, Израел и Иран не е изненадување. Таа е резултат на долготрајна акумулација на тензии, недоверба, неуспешни дипломатски процеси и геополитички пресметки што со години го туркаат регионот кон отворен конфликт. Она што денес се претставува како „превентивен напад“ или „одбрана од непосредна закана“ е, во суштина, кулминација на состојби и процеси што траат со децении. Од тензии до отворен судир ...
Иран возвраќа со удари врз американски цели низ регионот. Иранската армија по нападот на САД и Израел врз Техеран и повеќе други градови, започна координирани напади врз американски цели во повеќе земји на Блискиот Исток, во ескалација каква што досега не е видена во регионот, јавува CNN. Експлозии се слушнале од плажите во Дубаи до улиците на Доха, додека ситуацијата се развива со голема брзина. Експлозии имало и во Абу Даби, главниот град ...
Во видео објавено на социјалните мрежи, американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша американската воена кампања во Иран како „масивна и тековна“, предупреди дека може да има американски жртви и ги повика Иранците „да ја преземат својата влада“. „Американската војска спроведува масивна и тековна операција за да спречи оваа многу злобна, радикална диктатура да ѝ се заканува на Америка и на нашите клучни национални безбедносни интереси“, ...
Според објава на The New York Times, OpenAI постигнал договор со Пентагон за користење на неговите системи за вештачка интелигенција во класифицирани проекти, само неколку часа откако администрацијата на Доналд Трамп наложи федералните агенции да престанат со користење на технологија од конкурентската компанија Anthropic. Договорот дозволува Пентагон да ги користи системите на OpenAI „за сите законски цели“, но компанијата вградила технички ...
– До припадниците на Исламската револуционерна гарда, вооружените сили и целата полиција, вечерва им порачувам да го положат оружјето и ќе имаат целосен имунитет или, во спротивно, ќе се соочат со сигурна смрт, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање, најавувајќи „голема“ операција во Иран. Утрово експлозии се пријавени во повеќе ирански градови, вклучително и во главниот град Техеран, откако Израел и САД извршија ...
Брзата одмазда на Иран по заедничката воена операција на САД и Израел ќе ги тестира одбранбените системи што САД ги воспоставија низ Блискиот Исток, а воедно ја демонстрира и воената способност на Техеран, оценува воениот аналитичар на CNN. „Ова е одбранбената поставеност што беше воспоставена во изминатите неколку месеци, па и години, во Заливскиот регион, и сега практично се става на тест додека Иран одговара на првичниот напад“, изјави ...
Пишува: ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ Неколку прашања за оние кои детално ја следат работата на судскиот систем. Прашањата се однесуваат за изминатите 35 години, откако сме независна и демократска држава: 1. Колку постапки почнале наши сограѓани, против државата Северна Македонија, пред меѓународни судови, поради неправда направена од македонските судови и институции? 2. Колкав е бројот на предмети во кои Северна Македонија веќе ги изгубила постапките пред ...
Експлозии се пријавени во повеќе ирански градови, вклучително и во главниот град Техеран, откако Израел и САД извршија напади во саботата наутро, јавува CNN. Американскиот претседател Доналд Трамп во видео-порака објавена на социјалните мрежи потврди дека САД започнале воена кампања против Иран. „Нашата цел е да го одбраниме американскиот народ со елиминирање на непосредните закани од иранскиот режим, сурова група на многу тешки и страшни ...
Водечките AI компании, Трамп,Пентагон се најдоа во отворен судир откако технолошките фирми поставија црвена линија против масовен надзор и автономно оружје. Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, во интерен меморандум до вработените порачал дека компанијата ќе ги задржи истите „црвени линии“ што доведоа до отворен судир меѓу конкурентската фирма Anthropic и Министерство за одбрана на САД. Според извештај на Axios, Алтман нагласил дека ...
На 28 февруари, стадионот на Ливерпул, Енфилд, нема да биде само арена за фудбал. Ќе биде сцена за порака што одамна го надмина спортот. Пред почетокот на саботниот премиерлигашкиот натпревар меѓу Ливерпул и Вест Хем Јунајтед (16 часот), химната „You’ll Never Walk Alone“ ќе биде изведена и на британски знаковен јазик (BSL). Она што со децении се пее од трибината „The Kop“, овојпат ќе биде „испеано“ и со раце. YNWA – повеќе од песна „You’ll ...
Викендот 28 февруари и 1 март, Месечината се движи низ знакот Лав – саботата носи активирање на срцето и потреба за искрен израз, додека неделата ја продлабочува таа енергија и бара свесен избор во љубовта. Овој викенд ја буди огнената страна на емоциите. Саботата започнува под влијание на Месечината во Лав – знак што не дозволува скриени чувства. Се активира потребата да се биде виден, слушнат и почувствуван. Ова е енергија што не трпи ...
Белгискиот Уставен суд привремено го укина спроведувањето на новите мерки на Владата за контрола на миграцијата, објавија локалните медиуми. Се забележува дека белгискиот суд побарал мислење од Судот на правдата на ЕУ за некои од неодамна воведените измени. Во средината на минатата година, Белгија воведе неколку ограничувања поврзани со можноста за добивање меѓународна заштита. Владата одлучи да не ги разгледува барањата од баратели на азил ...
„Нетфликс“ се повлекува од натпреварот за купување на „Ворнер брос дискавери“, соопштувајќи дека нема да ја зголеми својата понуда откако целната компанија ја оцени подобрената понуда од холивудскиот гигант „Парамаунт“ како – „надмоќна“, т.е. највисоко прифатлива. Стрим-платформата соопшти дека ревидираната понуда од „Парамаунт“ ја прави трансакцијата „повеќе непривлечна од финансиско гледиште“. Претходно, „Ворнер брос“, и покрај „надмоќната“ ...
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите ќе донесе неколку дерби-пресметки, а најголемо внимание привлекуваат дуелите меѓу Челси и Пари Сен Жермен, како и меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид. Челси ќе се соочи со актуелниот носител на трофејот ПСЖ, додека Манчестер Сити повторно ќе игра против Реал Мадрид во нокаут-фазата – петта сезона по ред во која двата клуба се среќаваат во елиминациската рунда. И покрај тоа што шест ...
СДСМ со соопштение упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за блискост со српскиот претседател Александар Вучиќ и за, како што наведуваат, имитирање на неговиот политички стил. „Толку е големо влијанието на СНС врз сестринската ВМРО што имаме чувство дека Вучиќ е претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во реакцијата на СДСМ. Од партијата тврдат дека Мицкоски „го имитира Вучиќ“ во јавните настапи, посочувајќи дека ...
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања кон премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во врска со одредувањето куќен притвор за Артан Груби, оценувајќи дека станува збор за „режирано сценарио“. „Сè што досега кажа Мицкоски и ВМРО-ОКГ се покажа дека е голема лага. Театарот и режираното сценарио со Груби веќе стана циркус“, изјави Кузеска. Таа посочи дека Обвинителството го оправдало ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека целосно реконструираната спортска сала „Работнички“ ќе го носи името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ. Во интервју за „Тема на денот” на Сител телевизија, Герасимовски посочи дека на следната седница на Советот ќе ја предложи точката салата официјално да биде именувана „Лазар Лечиќ“. Предлогот произлегол од иницијатива на ветераните на КК „Работнички“ и спортската ...
Пишува: ЈАНИ МАКРАДУЛИ Сум пишувал многу пати за начинот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, без разлика кој е тековно раководство. Без исклучок, се карактеризира со општество каде прво има конфликти, па поделби и тишина за демократска критика. Денес е исто, само што и добронамерната критика кон опозицијата замре. Денес, демократијата не вирее во нашата држава. Денес, личното калкулирање ја убива прогресивната идеја. Денес, не се важни следните ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата присуствуваше на потпишување договор со меѓународната платформа „Спортски игри за млади“, при што порача дека вложувањето во младите и спортот останува еден од клучните приоритети на извршната власт, соопштуваат од Владата. „Од мое име и од името на Владата би сакал да посакам добредојде на сите гости коишто денеска се со нас овде во Владата, но исто така и во Скопје“, изјави Мицкоски, ...