
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Во Музејот на град Скопје вчера вечер беше отворена изложба насловена „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ со слики од приватната колекција на Влатко Милошевски. Станува збор за уметнички слики, цртежи и слични дела кои уметници ги направиле кога ја посетиле целокупната географска област Македонија, а дошле од Германија, Франција, Италија, Србија, Југославија, Полска, Чехословачка, Унгарија, Австрија, Романија, ...
Најмалку 20 лица загинаа во невремето и поплавите што од средата зафатија делови од САД, вклучително и деветгодишно момче во државата Кентаки кое беше однесено од порој и неколку луѓе кои загинаа од торнадо во градот Тенес, југозападниот дел на државата Тенеси. Гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, вчеравечер им изрази сочувство на семејствата на двете жртви кои беа погодени од дрво на терен за голф, пренесува Еј-Би-Си Њуз. -Тажни сме поради ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција, после внатрепартиските избори, им се заблагодари на сите членови и поддржувачи по изборот за нов 4 годишен мандат на чело на партијата, потенцирајќи дека ова е заедничка победа на сите што веруваат во вредностите на социјалдемократијата — правичност, напредок и еднаквост. Како што истакна Филипче, значително зголемената поддршка во споредба со претходниот пат е потврда на ...
Пишува: Марија Тодоровска Ни Македонија не беше поштедена од агресивната царинска политика на американскиот претседател. Царината за Македонија изнесува 33 отсто. Доколку споредиме со другите земји од Западен Балкан, најголеми царини има за Србија (37%) и БиХ (35%). А, најмали царини САД воведе за Албанија, Косово и Црна Гора (10%). Како ќе влијае ова врз нашата економија, вчера подготвивме кратко интервју со уредникот и економски новинар Мирче ...
Во екот на потопот на светските берзи американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека царините се „прекрасна работа“. „Имаме огромни финансиски дефицити со Кина, Европската Унија и многу други. Единствениот начин на кој овој проблем може да се излечи е со Царините, што сега носат десетици милијарди долари во САД. Тие се веќе на сила и тие се нешто прекрасно да се видат“, напиша Трамп на својата социјална мрежа. „Дефицитот со овие земји ...
Цената на биткоинот во неделата навечер падна под 79.000 долари додека инвеститорите се подготвуваат за продолжување на нестабилноста на глобалните финансиски пазари оваа недела, откако берзите го претрпеа најголемиот пад од 2020 година минатата недела поради американските царини за стоки од остатокот од светот. Според Coin Metrics, цената на биткоинот падна за четири отсто, на 78.835 долари, откако биткоинот се тргуваше над 80.000 долари во ...
Најмалку 44 лица загинаа денеска, а неколку десетици се повредени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, соопшти Цивилната одбрана на палестинската територија. -Бројот на загинати во израелските напади од утринава е најмалку 44, вклучувајќи 21 лице во Кан Јунис, изјави Махмуд Басал, портпарол на цивилната одбрана во јужниот дел на Појасот Газа, пренесоа француските медиуми. На 18 март, израелската армија ги продолжи нападите во Појасот ...
Во текот на денот ќе дува засилен северен ветер, со брзина од над 70 километри на час, а наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Како што најавуваат од УХМР, во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито, со температури под просекот за овој период од годината. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе ...
Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи близу долнореканското село Скудриње. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, информираше дека вчера околу 18 часот во Полициско одделение Ростуше била пријавена сообраќајна несреќа на регионален пат Маврово – Дебар, кај месноста Скудрински мост. -Патничко возило „Ланд Ровер” со тетовски регистерски таблици излетал од пат и на самото место починал возачот Ш.С.(49) од ...
Венко Филипче официјално е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на денешните директни внатрепартиски избори, на кои тој беше единствениот кандидат. Претседателот на Централната изборна комисија Бранко Георгиевски рече дека од 23.712 запишани избирачи, вкупно гласале 18.140 односно 76,5 проценти од активно регистрираните членови. За Филипче гласале 18.001 избирачи, речиси двојно повеќе од првите внатрепартиски ...
Во „Паркот на револуцијата“ во Кочани денеска во 15 часот и 59 минути се одржа закажаниот протестен собир под мотото „Ваш профит – наши животи“. Присутните граѓани, меѓу кои имаше роднини и пријатели на починатите во трагичниот пожар, како и на лицата од обезбедувањето во дискотеката „Пулс“, наместо планираниот марш, останаа на собирното место и им оддадоа почит на сите кои настрадаа. Наместо говор, ипратија писмено известување до јавноста. -И ...
Европската унија е подготвена да ги брани своите интереси со пропорционални контрамерки на царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по телефонскиот разговор со британскиот премиер Кир Стармер. Таа најави дека ЕУ ќе соработува со своите партнери за да ја постигне таа цел. Фон дер Лајен истакна дека 27-те земји-членки на ЕУ се посветени на блиска ...
По победата на Јапонското Гран при, 27-годишниот холандски возач и четирикратен шампион во Формула 1, Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, стана еден од возачите кои освоиле најмалку една Гран При во 10 сезони. Тој се приклучил на оваа група заедно со седумкратните шампиони Луис Хамилтон, Михаел Шумахер и Ален Прост. Верстапен ја започна својата серија со победа во 2016 година. Прост победи барем еднаш од 1981 до 1990 година. Хамилтон и Шумахер ...
Венко Филипче официјално е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на денешните директни внатрепартиски избори, на кои тој беше единствениот кандидат. Претседателот на Централната изборна комисија Бранко Георгиевски рече дека од 23.712 запишани избирачи, вкупно гласале 18.140 односно 76,5 проценти од активно регистрираните членови. -За Филипче гласале 18.001 избирачи, додека неважечки ливчиња имало 139, изјави ...
Израелската армија призна дека нејзините војници направиле грешки во врска со убиството на 15 медицински работници за итни случаи во јужниот дел на Газа на 23 март, пренесува Би-Би-Си. Конвојот на амбулантни возила на Палестинската Црвена полумесечина (PRCS), автомобил на ОН и противпожарно возило од Цивилната одбрана на Газа беа под оган во близина на Рафах. Израел првично тврдеше дека војниците отвориле оган бидејќи конвојот се приближил ...
Партиското раководство на крилото на Алијанса за албанците кое го предводи Арбен Таравари во наредниот период ќе се обиде да најде заеднички јазик со останатите партии од коалицијата „Вреди“ за локалните избори. Ова го кажа Таравари по паузата на четиричасовната седница на собранието на партијата Алијанса за Албанците што се одржува во Гостивар. – Наредните денови ќе имаме интензивни средби. Приоритет е соработката со Влен, но не исклучуваме ...
Десетици протести пред продавници на Tесла ширум САД се најавени за денеска како дел од кампањата на масовен отпор кон нејзиниот извршен директор Илон Маск поради улогата на Одделот за владина ефикасност (DOGE), со кој тој раководи, поради обемната реформа на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. На масовни протести повикаа од продемократски движења, организации за граѓански права, групи на воени ветерани, организации за ...
Папата Франциск, кој се опоравува од долгиот престој во болница каде што се лекуваше од двојна пневмонија, им приреди изненадување на 20.000 верници на плоштадот Свети Петар во Рим денеска со тоа што се појави во инвалидска количка на крајот од мисата за болните. -Прекрасна недела на сите. Ви благодарам, рече Франциск. Мисата за болните беше дел од јубилејната 2025 година. Мисата ја водеше архиепископот Рино Физикела. За време на богослужбата ...
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Ова што се случува деновиве во земјава е релативизација со епски размери и со висок кремљовски квалитет. Сите едногласно гракаат дека „системот е виновен“ и веќе никој не се ни осмелува да побара одговорност за оние што се директно и непосредно одговорни за нештата. Затоа што, нели, системот е виновен. Секогаш е. Тој мистичен ентитет што ги изеде сите гнили јаболка… Но ги остави фотелјите недопрени. Тој наратив – системот е ...
Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација и очекувам многу скоро убава вест за македонските граѓани и македонската економија, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали и како зголемените даноци од САД ќе влијаат на македонската економија. -Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација и со министерството за економија, кое што го предводи Хауард Лутник, кој што е мој личен пријател, и со министерството ...
Милиони луѓе организирани од продемократското американско движење учествуваа на повеќе од 1.400 протести насловени „Hands off (Рацете настрана)“, низ сите 50 сојузни држави на САД против претседателот Доналд Трамп и американскиот милијардер Илон Маск, кој е на чело на Одделот за ефикасност на владата (ДОГЕ), објавија Си-Ен-Ен и други медиуми. Организаторите на демонстрациите велат дека се против, како што го нарекуваат, „непријателско преземање“ ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на поголем притисок врз Русија по ракетните и нападите со дронови во текот на ноќта врз Кијив и други цели низ Украина, јави ДПА. -Овие напади се одговор на (рускиот претседател Владимир) Путин на сите меѓународни дипломатски напори. Секој од нашите партнери – САД, цела Европа, целиот свет – виде дека Русија има намера да продолжи со војната и убиствата, објави денеска Зеленски на „Х“. The ...
Се утврдуваат потреби за долгорочно лекување во надворешни центри во втора фаза, информираше денеска за МИА, доктор Игор Николов, контакт – лице за состојбата на пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани. Тој потврди дека има понуди од земји да третираат или за долгорочна рехабилитација да водат пациенти. – Во моментов, на Пластична хирургија е само пациентка вратена од Унгарија. Тројца пациенти се отидени на домашно лекување, со препорака ...
Лишено од слобода е едно лице, по друго се трага, во врска со пукањето објавено на социјалните мрежи, информираат утрово од Министерството за внатрешни работи. Во текот на вчерашниот ден, врз основа на споделен видео-запис на социјалната мрежа „Фејсбук“, а поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело, полициски службеници извршиле претрес во село Црнилиште, општина Долнени, во домот на Џ. Ќ., на 51-годишна возраст. – При ...
Владата функционира обединето и единствено. Мнозинството е стабилно и има чиста дво-третинска поддршка во рамките на македонското Собрание, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Прашан за информациите дека Арбен Таравари ќе ја напушти коалицијата Вреди, Мицкоски рече дека во јавноста има многу информации, и ќе се воздржи од било какви коментари. – Само би кажал дека Владата функционира обединето, единствено. Оваа Влада има неофицијално чиста ...
Главната железничка станица во северозападниот германски град Оснабрик беше затворена денеска, а околината е евакуирана откако беа пронајдени четири бомби за кои постои сомневање дека се од Втората светска војна, соопшти националната железничка компанија Дојче Бан (ДБ). Ограничувањата што го засегаат меѓуградскиот, дневниот и товарниот сообраќај ќе останат во сила цел ден, соопшти ДБ. Околу 15.400 жители мораа да ги евакуираат своите домови рано ...
Европската комисија следната недела ќе усвои контрамерки како одговор на американските царини за увоз на алуминиум и челик, додека одговорот за воведувањето царини за автомобили и за реципрочните царини од 20 проценти за голем број производи ќе следи по анализа и консултации со земјите-членки. Од 12 март во сила е одлуката за воведување царини од 25 отсто за увоз на алуминиум и челик во САД од целиот свет, а од 3 април и 25 отсто за сите ...
По пријава од граѓани на единствениот телефонски број за итни случаи – 112, санирани се оштетениот мост – надвозник пред Визбегово и пукната водоводна цевка на него, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Вчера, доцна попладне, по 17 часот, лице кое со автомобил се движело по „Јадранска магистрала“ во правец кон Блаце од мостот – надвозник, во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“ што е на влезот на Визбегово, ...
Јован Костадинов, кој во пожарот во Кочани, спаси дваесеттина повредени вели дека таа вечер херои биле сите оние што помогнале во спасувањето на повредените. – На почетокот бев збунет, не знаев што се случува. Мислев дека е тепачка, но потоа кога почна да излегува густ црн чад, сфатив дека е пожар. Нe бев сам, имаше и други херои кои помагаа таму, раскажува Јован за МИА. Вели дека таа вечер нема да ја заборави до крајот на животот и дека во тој ...
Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ) денеска избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори. Изборите ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ ширум републиката на 78 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 08 до 20 часот. Надлежна за спроведување на гласањето е Централна изборна комисија. Од ...