Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
На 83-тото доделување на наградите Златен Глобус, одржано во Лос Анџелес, филмската и телевизиската индустрија испрати јасна порака – 2025 беше година на смели авторски визии, политички набиени приказни и силни актерски изведби. Апсолутни победници на вечерта беа филмот One Battle After Another и мини-серијата Adolescence, кои освоија повеќе клучни признанија. Филм – главни категории За најдобар филм – драма беше прогласен Hamnet, интимна и ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ч.Б. (35) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“, информираат од Министерство за внатрешни работи. Според пријавата, во текот на 2025 година, осомничениот изнудувал пари од неговата 44-годишна партнерка, заканувајќи се дека ќе објави нејзини фотографии со експлицитна содржина. Од МВР информираат дека против пријавениот е поднесена соодветна кривична пријава, ...
Познатата актерка Џенифер Лоренс откри дека снимањето интимни сцени ѝ е полесно со актери кои не ги познава добро, отколку со блиски пријатели. Во неодамнешно интервју, Лоренс отворено зборуваше за своите искуства и за еден од најпредизвикувачките аспекти на актерската професија. Интимните сцени одамна се тема на дебата во филмската индустрија, каде ставовите за тоа што е прифатливо значително се разликуваат. Во последните години, токму ...
Податоците за инфлацијата во декември 2025 година укажуваат на стабилност на домашните ценовни притисоци, а регистрираниот месечен раст е статистички изобличен од цените на авионскиот превоз, оцени гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во објава на социјалната мрежа Х. Месечната инфлација во декември 2025 година, во споредба со ноември, изнесува 0,4 проценти, при што растот се должи исклучиво на категоријата „транспорт“, каде што ...
На 12 јануари 2026 година, во 01:26 часот, во Министерство за внатрешни работи – СВР Скопје било пријавено дека околу 01:05 часот на бензинска пумпа на подрачјето на Кисела Вода, две лица со закани кон вработениот се обиделе да одземат пари. Според пријавата, обидот за грабеж не бил успешен, а сторителите не успеале да одземат пари од објектот. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 12 јануари ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари по литар, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата ценал на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 70,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 72,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 64,50 денари. За 0,668 ...
Повеќе од 1.000 станбени згради во Кијив и натаму се без греење, откако Русија изврши разорен ракетен напад во петокот наутро, соопштија локалните власти. Нападот е дел од засиленото руско бомбардирање на украинската енергетска инфраструктура, кое трае од почетокот на инвазијата во 2022 година, пренесува ХИНА. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека работите за санација продолжуваат во погодените подрачја, оценувајќи дека ...
Германија соопшти дека е подготвена да преземе поголема улога во Арктикот, откако актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе го преземат Гренланд „на еден или друг начин“, што предизвика сериозна дипломатска криза меѓу Вашингтон и европските сојузници. Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави во неделата дека Берлин ќе ги зголеми своите обврски во арктичкиот регион, истовремено отфрлајќи ги ...
Со концерти на популарна музика, на кои ќе настапат рап-дуото „Пука козметика“, „Влатко Лозаноски бенд“ и „Брас брадрс“, вечерва почнува традиционалниот „Вевчански карневал 2026“ во Вевчани. Централната карневалска поворка ќе се одржи утре од 13 часот, кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала, што претставува кулминација на манифестацијата. Утревечер од 20 часот ќе следуваат концерти на фолк-музика, со настапи на ...
СДСМ соопшти дека опозицијата на изборите освоила двојно повеќе гласови од владејачките партии, оценувајќи дека ваквиот резултат предизвикал паника кај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, . „Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција вечерва да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, се наведува во соопштението на СДСМ. Од партијата тврдат дека и покрај, како што наведуваат, сериозни притисоци и ...
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска , е добитник на Audience Choice Prize на , една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм. Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ триумфираше меѓу документарни остварувања од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска и Нов Зеланд, ...
Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Онер Јакуповски за градоначалник на Општина Маврово Ростуше на повторените локални избори не е само локален резултат, туку јасна политичка порака дека граѓаните препознаваат работа, присуство на терен и одговорност, порака дека не се наградуваат празни зборови туку резултати, рече вечерва на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако соопшти дека тој го победил својот противкандидат ...
По филмот The Ward, кој често се смета за слаб и недостоен завршеток на неговата режисерска кариера, легендарниот режисер Џон Карпентер се повлече од режијата. Со текот на времето, тој стана значително поотворен – и поостар – во јавните настапи, особено кога станува збор за Холивуд и современата филмска индустрија. Во текот на кариерата, Карпентер водел бројни битки со студијата кои често се сомневале во неговата визија. Иако филмовите Створ ...
Најдобриот македонски судиски пар, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски нема судии натпревари на претстојното Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Објаснувањето од Европската ракометна федерација е дека македонските судии се отстранети од списокот поради манипулација. – Пред ЕП 2026 судиите требаше да поминат тест за нивната физичката подготвеност. Овој процес вклучува и видеоснимки од „Тест за фитнес во повеќе фази“. По доставувањето ...
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании. Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од ...
Манчестер јунајтед загуби со 2:1 од Брајтон во 1/32-финалето на ФА Купот. Натпреварот се одигра на „Олд Трафорд“. Гостите поведоа преку Брајан Груда во 12. минута. Дени Велбек го зголеми водството на Брајтон во 64. минута, по асистенцијата на Груда. Бенџамин Шешко, на асистенција на Бруно Фернандеш, врати еден гол за домаќините кон крајот на натпреварот. Манчестер јунајтед го заврши своето учество на турнирот. Противникот на Брајтон во ...
Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 во финалето на Суперкупот на Шпанија. Натпреварот се одигра на стадионот „Крал Абдула“ во Џеда, Саудиска Арабија. Рафиња постигна два гола за Каталонците, Роберт Левандовски додаде уште еден. Винисиус и Гонзало Гарсија постигнаа голови за „Кралевите“. Барселона го заврши натпреварот со десет играчи, откако Френки де Јонг доби директен црвен картон во 90+1 минута за груб старт врз Килијан Мбапе. ...
Месечината на 12 јануари се движи низ знакот Скорпија, носејќи ден исполнет со интензивни чувства, зголемена интуиција и потреба за внатрешна искреност. Ова е астролошка поставеност што не толерира површност – темите што се појавуваат бараат длабочина, трпеливост и емоционална зрелост. Денот е погоден за расчистување на внатрешни дилеми, за тивки одлуки и за согледување на она што навистина има тежина, и во работата и во односите. ♈ Овен ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се „подготвени да им помогнат“ на иранските демонстранти, додека протестите низ Иран продолжуваат да ескалираат, а бројот на загинати, според достапните информации, надминал 500 лица. Во изјавата, Трамп не прецизираше каква форма би имала американската поддршка, но порача дека Вашингтон „внимателно ја следи ситуацијата“ и дека „иранскиот народ има право на слобода и достоинство“. Во ...
Пишува: ЉУБОМИР Д. ФРЧКОСКИ Мислевме дека живееме во свет кој се движи кон се поголема нормативна регулација на односите меѓу државите. Тоа амбициозно се нарекуваше ‚‚меѓународно право или систем-со-правила-регулирани-односи‚‚ и сето тоа по Втората светска војна. Тоа беше следено од сериозна институционализација, од формирање на Организацијата на Обединетите нации и нејзините агенции до серија светски и регионални организации (стотина на број ...
И покрај речиси целосната блокада на интернетот и телефонските врски, од Иран и понатаму пристигнуваат видеоснимки и извештаи кои покажуваат дека масовните антирежимски протести продолжуваат и влегоа во 14. ден по ред. Голем број демонстранти повторно излегоа на улиците во повеќе ирански градови, и покрај стравот од жестока репресија. Според извештаи на организации за човекови права и странски медиуми, режимот значително ја засилил употребата ...
Во екот на сезоната на филмски награди, во петокот се одржа и годишниот настан на Американски филмски институт, кој за разлика од класичните церемонии, повторно беше организиран како приватен ручек во хотелот Four Seasons во Беверли Хилс. На настанот присуствуваа бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Итан Хок, Џорџ Клуни, Гвинет Палтроу, Тимоти Шаламе и Аријана Гранде. Еден момент од овој настан, сепак, особено го привлече вниманието на ...
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги соопшти првичните и неофицијални резултати од денешните повторени избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа, врз основа на податоците што пристигнале преку електронскиот систем. –Во општина Врапчиште запишани се 27 279 избирачи во Избирачкиот список, а се гласаше на ласаше на 39 избирачки места. Досега податоци се пристигнати од 38 избирачки места, што ...
До 13 часот на повторните локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК), повикувајќи се на податоците пристигнати од 209 избирачки места. Како што рече на прес-конференција портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено. -Во општина Врапчиште гласале 2 613 лица или 9,58 ...
Техничката влада е единствениот механизам што обезбедува фер и чесни избори и не смее да биде укината во услови на сериозна институционална злоупотреба, соопштија од СДСМ. Од партијата обвинуваат дека актуелната власт агресивно ги ставила под своја контрола сите клучни институции и ги користи за партиски и политички цели. Според СДСМ, правосудството е „окупирано“, се врши притисок врз Судскиот совет, обвинителството се става под директна ...
До 9:00 часот утрово излезеноста за повторните локални избори во општина Врапчиште е еден процен или гласале 272 лица, во општина Гостивар 0,93 проценти или 651 гласач, во Маврово – Ростуше 2,89 отсто или 306 лица, додека во општина Центар Жупа 0,75 проценти или гласале 57 избирачи, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што рече портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, на избирачките места кои се отворени навреме, гласањето ...
Од 12 до 18 јануари 2026 година, три хороскопски знаци влегуваат во период на силна поддршка од универзумот. Желбите никогаш не се случајни, но ретко се едноставни за следење. Тие се поголеми од логиката, пошироки од моменталните околности и често изгледаат недостижни – токму затоа што припаѓаат на патот на душата. Клучот оваа недела е целосна доверба. Да зборуваш како веќе да е реалност, да дејствуваш како прашање на време, а не на сомнеж. ...
Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат сè од себе да се справат со обилните врнежи од снег кои ја зафатија државата, изјави денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој ги посети пунктовите на Македонија пат на планинските превои „Стража” и „Пресека”, соопштуваат од Министерството за транспорт. „Денеска сум на терен во увид ...
Во четирите општини, Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше денеска се одржуваат повторените избори за градоначалник. Таму, на редовните локални избори на 19 октомври не беше постигната доволната излезност од 33,33% од запишаните гласачи и изборите беа неуспешни. Во Гостивар ќе се гласа на 120 избирачки места, Маврово Ростуше има 40 избирачки места, Врапчиште на 39 избирачки места a бројот на гласачи во Центар Жупа запишани во ...
Градоначалникот на Скопје, , информира дека градот е целосно подготвен за зимските услови и дека снегот не може да ги изненади градските служби. „Градот Скопје е подготвен. Веќе неколку дена, екипите се постојано на терен и будно ја следат состојбата на сите сообраќајници“, напиша Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи. Тој нагласи дека се обезбедени доволни количини на сол, кои навремено се користат согласно минусните температури и ...