Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Македонскиот долгометражен игран филм „17“, во режија на Косара Митиќ и продукција на Томи Салковски, е селектиран во програмата „Перспективи“ на 76. Берлински филмски фестивал, беше соопштено денеска во Берлин. Со оваа селекција, филмот „17“ ќе се натпреварува во програмата наменета за најдобрите дебитантски долгометражни филмови на светско ниво. Во рамки на селекцијата „Перспективи“, македонскиот филм ќе биде оценуван од тричлено ...
Машиновозач загина, а најмалку 14 лица се повредени во тешка железничка несреќа што се случи во близина на Барселона, соопштија локалните власти, пренесува Би-Би-Си. Според првичните информации, воз од регионалната мрежа Rodalies удрил во потпорен ѕид кој се урнал врз пругата на делницата меѓу Желида и Сант Садурнија. Итните служби во моментот ја проценуваат тежината на повредите кај патниците. На местото на несреќата во Желида, околу 35 ...
Протекувањата од иранскиот режим за наводни планови за „умерување“ и реформи се повеќе тактичка порака отколку вистинска промена. Целта е да се спречи евентуален напад од САД или Израел, додека режимот во исто време ја засилува репресијата дома. Али Ларијани се прикажува како „прагматичен“ лидер со поддршка од Врховниот лидер Али Хамнеи, но говорот на Хамнеи од 17 јануари ја потврди истата тврдокорна линија: протестите се „странска заверa“ и ...
Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ, соопштуваат од СДСМ. Тој потенцираше дека „во средината на политичко-финансиската мрежа на оската Орбан – Вучиќ – Мицкоски, преку нивните партии, банки, бизнис интереси и лажни договори за реклами има и клучен пропаганден столб: Алфа телевизија“. „Денеска ќе ја разоткриеме позадината на оваа пропаганда, на ...
На 94-годишна возраст вчера почина Валентино Гаравани, италијански џет-сетерски моден креатор чии гламурозни фустани, често во неговата „заштитна Валентино-црвена боја“, се истакнуваа на модните ревии речиси половина век, соопшти денеска неговата фондација. Тој беше еден од модните гиганти на 20 век, а неговите креации ги носеа Елизабет Тејлор, Ненси Реган, Шерон Стоун, Џулија Робертс и Гвинет Палтроу. Во 1960 година, тој беше ко-основач на ...
Поранешниот дански премиер и поранешен генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, повика Европа да заземе значително поцврст став кон, како што ги нарече, „непријателските испади“ на американскиот претседател Доналд Трамп поврзани со Гренланд. Во авторски текст објавен во The Economist, кој го пренесува Index.hr, Расмусен истакнува дека Европа истовремено треба да понуди рамка за соработка со САД што ќе вклучува економски и безбедносни ...
Од 1 февруари, администрацијата на Доналд Трамп најавува воведување царини од 10 % за увоз од неколку клучни европски економии, со закана тие брзо да ескалираат и до 25 %. Потегот не е резултат на економска анализа, ниту пак одговор на реални трговски дисбаланси, туку уште една демонстрација на политика водена со закани, уцени и импровизации. Под маската на „заштита на американските интереси“, Трамп повторно ја користи трговијата како оружје ...
„Денес, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и претседателот на Сојузот, посетивме неколку откупни пунктови со цел да се направи увид во завршната фаза од откупот на тутунот“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Според последните податоци, досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун од последната реколта, просечната цена е 419,15 денари за килограм“, посочи тој. ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не е против воведување ред и подобрување на безбедноста во сообраќајот преку системот „Сејф сити“, забелешките се во делот на заштитата на податоците, надзорот и можните злоупотреби, посочи потпретседателката на СДСМ и пратеничка Јована Тренчевска во гостување во емисијата „360 степени“. Тренчевска нагласи дека загриженоста на СДСМ, е отсуството на јасен механизам за контрола и надзор над системот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа објави фотографија на која зад него е прикажана карта со Канада и Гренланд обоени во боите на американското знаме, потег што предизвика бурни реакции поради симболиката и политичката порака што ја испраќа. Иако во објавата нема официјално објаснување, визуелната интерпретација е јасна – демонстрација на моќ и геополитичка амбиција, која се вклопува во реториката на Трамп за ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната вонредна прес-конференција, жестоко реагираше на континуираната црна кампања и јавниот линч што власта го води против него. „Секој ден сум предмет на јавен линч, преку груби лаги и постојана црна кампања и манипулации. Дубаи, згради од 42 спрата, визи, Венеција, Сент Морис итн. Пред некој ден ме споредија дури и со Џим Џонс, убиец на 300 деца. Вчера, ...
Месечината на 20 јануари е во знакот Водолија Денешната Месечина во Водолија носи потреба за простор, искреност и дистанца од емоционална драма. Денот е погоден за нови идеи, поинакви решенија и разговори што не одат по шаблон. Не се бара длабока сентименталност, туку јасност, слобода и лична позиција без објаснувања. ♈ ОВЕН Денеска енергијата се движи кон надворешниот свет, пријателите и пошироките планови. Во работата: Фокусот оди кон ...
Земјотрес со јачина од 6,39 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди регионот на Папуа Нова Гвинеја, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ). Земјотресот се случил на длабочина од 106 километри, соопшти ГФЗ. Нема непосредни информации за жртви или потенцијална штета. Tags: Земјотрес со јачина од 6,39 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди регионот на Папуа Нова Гвинеја, соопшти Германскиот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО Марк Руте во врска со Гренланд. – Се согласив на состанок на различните страни во Давос, Швајцарија. Како што им кажав на сите, многу јасно, Гренланд е императив за националната и светската безбедност. Нема враќање назад – за тоа сите се согласуваат! Соединетите Американски Држави се убедливо најмоќната земја на светот. Голем дел од причината за ова е ...
По Младата Месечина во Јарец, денеска – 19 јануари, започнува постепено олеснување на енергијата. Месечината се придвижува кон Водолија, носејќи чувство на ментално отворање, дистанца од тежината и потреба за нов поглед кон иднината. Ова е ден кога строгите одлуки од викендот почнуваат да „дишат“. Не е ден за нагли потези, туку за прв чекор во нова насока. ♈ ОВЕН По интензивниот викенд, денешниот ден носи чувство на ментално олеснување. Не ...
Најмалку 11 луѓе загинаа синоќа во пожар што избувна во трговски центар во пакистанскиот град Карачи. Околу 60 луѓе се водат како исчезнати во огнот што го зафати објектот со повеќе катови. Противпожарната служба соопшти дека гаснењето на огнот во трговскиот центар, со повеќе од 1.200 продавници, било отежнато поради густиот чад. Синоќа се урнаа поголеми делови од трговскиот центар, а останатата конструкција е нестабилна. Пожарот избувнал на ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта синоќа во објава на Икс најави дека во наредните денови ќе свика вонреден Самит на ЕУ посветен на најновиот развој на настаните околу Гренланд. – Со оглед на значењето на неодамнешните случувања и со цел понатамошна координација, решив да свикам вонреден состанок на Европскиот совет во наредните денови, наведе Кошта во објавата. Според извори во Европскиот совет, се размислува Самитот ...
Европа цврсто стои заедно во својата посветеност да го поддржи суверенитетот на Гренланд и Кралството Данска, порача синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во објава на Икс. Објавата на Фон дер Лајен следеше по нејзините разговори со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц и италијанската премиерка Џорџија ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Данска не успеала да ја отстрани „руската закана“ по Гренланд и оти сега е време за тоа. – Сега е време и тоа ќе биде направено!!! НАТО веќе 20 години и кажува на Данска дека мора да ја отстрани руската закана по Гренланд. За жал, Данска ништо не можеше да направи за тоа прашање, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social). Трамп тврди дека поради националната безбедност и ...
Рускиот агресор продолжува со воздушните напади врз цивилите и енергетската инфраструктура во Украина. Во текот на изминатата ноќ и во текот на утрото, може да се слушне воздушна тревога во главниот град Кијив, како и во Одеса, Чернихив и други делови од земјата. Според локалните власти во Одеса, руските ударни дронови во текот на ноќта погодиле и станбен објект при што едно лице е повредено. Дроновите погодиле и оштетиле и делови од ...
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Масовни протести избувнаа низ Иран на 28 декември 2025 година, во услови на продлабочена економска криза обележана со висока инфлација и нагло зголемување на цените. Она што започна како демонстрации за социјалните проблеми и секојдневното преживување, многу брзо прерасна во национални антивладини протести со барања за политички промени. Брзината на оваа трансформација го одразува економскиот и социјалниот очај, но уште ...
Руските сили, според достапните разузнавачки процени, се подготвуваат да спроведат нова фаза од својата кампања на далекуметни напади, овојпат насочена кон електроенергетската инфраструктура што ги напојува украинските нуклеарни електрани,се наведува во најновиот извештај од Институтот за проучување на војните ISW. Главната управа за разузнавање при Министерството за одбрана на Украина (ГУР) и претседателот Володимир Зеленски на 17 јануари ...
Најмалку 39 лица загинаа, а 73 се повредени во синоќешната железничка несреќа што се случи во шпанската покраина Кордоба. Несреќата се случи кога два брзи воза излетаа од шините во градот Адамуз. Возот што сообраќаше на релација Малага – Мадрид со 317 патници излета од шините на влезот од Адамуз. Трите вагони преминале на соседната пруга во момент кога надоаѓaл возот од Мадрид до Уелва, што предизвикало и тој да излета од шините. Поради ...
Европската унија и Меркосур – јужноамериканскиот блок (Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај) – во саботата, 17 јануари 2026 година, во Асунсион, Парагвај, формално го потпишаа долгонајавуваниот договор за слободна трговија, со што се затвора преговарачка сага што трае повеќе од четврт век. Потпишувањето доаѓа во момент кога глобалната економија сè почесто оди кон протекционизам и трговски тензии, а Брисел сака да испрати сигнал дека останува ...
ЈСП Скопје информира дека денеска поради верскиот празник Богојавление – Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. На Водици, од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи. Потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни ...
Љубовта не се мери со ист аршин за сите. Некои ја живеат како оган што веднаш се разгорува, други како длабока вода што тивко, но неповратно влече. Астрологијата не ја дели љубовта на „повеќе“ или „помалку“ вистинска – туку на различни љубовни јазици, на начини на врзување, допирање и останување. Анаис ги гледа хороскопските знаци како љубовни архетипи. Не кој е „најстраствен“, туку како се изразува страста, што значи блискоста и колку ризик ...
Иако холивудските актери често користат дипломатски зборови кога зборуваат за своите колеги, Бен Афлек откри дека за Тејана Тејлор во индустријата постојат исклучиво пофалби. Според неговите зборови, восхитот кон добитничката на Златен глобус не го крие ниту Леонардо Ди Каприо, пренесува „Ентертејнмент Викли“. Афлек изјави дека во разговори со луѓе од филмската индустрија, вклучувајќи и режисери со кои соработувал, Тејлор секогаш се спомнува ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави бран зголемувања на царините за европските сојузници, кои ќе останат на сила сè додека на Соединетите Американски Држави не им биде дозволено да го купат Гренланд. Во објава на својата социјална мрежа, Трамп соопшти дека царините од 10 проценти ќе стапат на сила на 1 февруари за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска. Според најавата, од 1 јуни тие ќе ...
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, направи невообичаен потег и ја прекрши кралската традиција кога сама се довезе со автомобил на приемот што го организираше во замокот Виндзор, во чест на женската рагби-репрезентација на Англија. Приемот беше одржан по повод нивната победа на Светското првенство во септември 2025 година, а снимка споделена на социјалните мрежи ја прикажува Кејт зад воланот на црн автомобил, без возач и без придружба. Таа ...
Пентагон се подготвува да испрати дополнителни американски сили и воена опрема на Блискиот Исток, вклучувајќи ударна група на носач на авиони, дополнителни авиони и копнени системи за воздушна одбрана, објави Ен-би-си њуз (NBC News), повикувајќи се на неименуван американски извор. – Се очекува дополнителните сили да ги зајакнат американските капацитети, што веќе се распоредени во регионот, во време на зголемени тензии и додека американскиот ...