Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на синоќешната свечена седница по повод 35 години од основањето на СДСМ. Филипче додаде дека граѓаните заслужуваат поинаква политика и подобра иднина. -Лагите, лажниот патриотизам, сировиот национализам на штета на меѓуетничките односи заврши. Ја враќаме власта во рацете на граѓаните. И затоа вечерва, на 35-годишнината на СДСМ, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција порача дека СДСМ бара итни и конкретни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, со посебен фокус на најранливите категории. „Ние продолжуваме да бараме да се замрзнат цените на основните прехранбени производи, да се интервенира во ДДВ-то и да се донесат посебни мерки за помош на одредени загрозени категории на граѓани – социјални случаи, студенти, пензионери, работници со ...
Ситуацијата околу Ормускиот Теснец претрпе радикален пресврт во последните 24 часа, претворајќи го првичниот глобален оптимизам во нова и опасна ескалација на тензиите меѓу Вашингтон и Техеран. Иако претседателот на САД, Доналд Трамп претходно еуфорично го поздрави наводното отворање на овој стратешки премин, Иранската револуционерна гарда денеска објави дека Теснецот е повторно блокиран како одговор на продолжената американска поморска ...
Деновиве македонската култура се претстави со свој павиљон и впечатлив уметнички настап на еден од најголемите културни настани во регионот, „Мјуз-Екс Експо фестивал“ (Muse-X Expo Festival), што се одржува во Тирана, Албанија. На отворањето на овој значаен настан се обрати државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија С. Ѓоргова, која ја потенцираше клучната важност на културната соработка и поврзувањето меѓу земјите преку ...
На 22.4.2026г. во 20:00ч. во Камерната сала на НУ Филхармонија, ќе се одржи концерт на Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност – Скопје „Солисти на ФМУ“, под диригентската палка на проф. м-р Сашо Татарчевски, и поддршка и покровителство од Претседателката на Р.С.Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова и Министерството за култура и туризам на Р.С.Македонија. Како солист на пијано ќе настапи младата пијанистка Аница ...
Денешниот понеделник, 20 април, означува „активирање“ на интелектуалната енергија преку преминот на Месечината во Близнаци. Ова е моментот кога тежината на материјалните обврски се заменува со леснотијата на мислата и брзината на зборот. Фазата на активирање во Близнаци нè поттикнува да бидеме љубопитни, да бараме одговори и да се поврзуваме со луѓе кои можат да ни понудат нова перспектива. Денот е идеален за состаноци, кратки патувања, учење ...
Драмата зад сцената на хит-филмот „Со нас завршува“ (It Ends With Us) добива сериозен правен пресврт, откако актерот и режисер Џастин Балдони поднесе барање до судот за целосен увид во финансиските документи на неговата колешка Блејк Лајвли. Овој потег доаѓа како дел од продлабочувањето на јазот меѓу двајцата протагонисти, кој започна со гласини за тензии за време на снимањето, а сега се пресели во судницата, пренесува специјализираниот ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека политиките на Владата за справување со енергетската и ценовната криза добија меѓународна потврда од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Според него, најновите податоци покажуваат дека земјата е во самиот врв на Европа по обемот на интервенции за заштита на стандардот на граѓаните во однос на бруто-домашниот производ (БДП). „Според последните анализи на европско ниво, според ММФ, во Европа сме ...
Денес, 19 април 2026 година, граѓаните на Бугарија по осми пат во последните пет години излегуваат на гласање за да го изберат новиот состав на Народното собрание. Овие вонредни парламентарни избори доаѓаат како резултат на длабоката и долготрајна политичка криза која ја парализираше земјата уште од 2021 година, оставајќи ја без стабилна власт и континуитет во реформите. Кој води и какви се анкетите? Според последните анкети спроведени ...
Додека Скопје се дави во загадување, јавниот превоз практично не постои, инфраструктурата се распаѓа, а сè повеќе луѓе едвај врзуваат крај со крај – Борко Ристовски и Орце Ѓорѓиевски свечено отвораат уште едно игралиште. Убаво е да има спортски терени. Но ова не е политика – ова е декор, фотосесија во време кога главниот град се распаѓа. Како граѓаните да стигнат до тој „уреден простор“ кога градот е парализиран од сообраќаен хаос? Како да ...
Опозициската СДСМ побара итно запирање на процесот за отворање на нов рудник за антимон во кривопаланечкото село Луке, инсистирајќи на поширока јавна дебата и директно изјаснување на граѓаните преку локален референдум. Од партијата нагласуваат дека најавата на премиерот Христијан Мицкоски за овој проект е сериозно прашање кое задира во одлучувањето за државните ресурси, здравјето на луѓето и иднината на локалните заедници. „За најавата на ...
Цените на нафтата на светските берзи забележаа остар пад откако Иран официјално објави дека Ормускиот Теснец ќе биде „целосно отворен“ за комерцијални бродови до крајот на примирјето. Цената на нафтата од типот „брент“ падна на 88 долари за барел, по претходниот скок над 98 долари во текот на вчерашниот ден. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, потврди дека преминот низ оваа клучна точка, низ која поминува петтина од ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави дека скопскиот и охридскиот аеродром ја потврдуваат својата лидерска позиција во регионот, што е нотирано и од специјализираните меѓународни воздухопловни медиуми. Според податоците пренесени од порталот „EX-YU Aviation News“, Меѓународниот аеродром Скопје бележи раст од 32% во споредба со истиот период минатата година. „Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во ...
СДСМ обвинува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ангажирал странска приватна разузнавачка компанија за активности насочени кон опозицијата, повикувајќи се на, како што наведуваат, „ист модел што веќе бил користен во други европски држави“. Во соопштението, СДСМ тврди дека станува збор за израелската компанија „Black Cube“, за која велат дека е „позната како приватен Мосад“. „Мицкоски ги ангажирал ‘Black Cube’ – приватниот ‘Мосад’ ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати серија критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за целосна отуѓеност од реалноста и водење на партијата кон бездна. Според партијата, опозицијата наместо да се соочи со сопствените слабости, се занимава со политички случувања во други држави за да најде лажна утеха. „СДС и Филипче стануваат се поарогантни, а и делуваат целосно отуѓени од реалноста. Не се соочуваат никако со ...
Додека сезоната 2025/26 влегува во својата финална фаза, англискиот фудбал се соочува со две екстремни приказни: една за големо враќање на „паднатите“ великани и друга за потенцијално историско испаѓање на еден од најстабилните клубови во Премиер лигата. Враќање на легендата: Ковентри Сити е првиот патник за Премиер лигата! По повеќе од две децении чекање и премрежја низ пониските рангови, Ковентри Сити е првиот клуб кој и официјално обезбеди ...
Научниците предупредуваат дека ниту една мерка за адаптација можеби нема да биде доволна за долгорочен опстанок на Венеција, бидејќи порастот на нивото на морето се заканува целосно да го проголта градот. Според новата студија објавена во списанието „Scientific Reports“, италијанскиот бисер би можел да биде принуден на преселување доколку не се преземат итни и радикални чекори за негово спасување. Студијата ги анализира постоечките и ...
Овој празничен викенд, 18 и 19 април, е под целосна доминација на земјениот, плоден и сензуален знак на Бик. Ова е период на нагло приземјување по бурната енергија на Овенот, време кога космосот нè повикува да забавиме, да ги активираме нашите сетила и да ги продлабочиме врските со материјалниот свет и сопственото тело. Саботата е посветена на „активирање“ – моментот кога започнуваме конкретно да ги градиме нашите долгорочни планови и да ...
Мохамед Салах објави дека ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната 2025/26, со што ќе стави крај на деветгодишната ера на „Енфилд“, потврдија и клубот и самиот фудбалер. Во пораката до навивачите, Салах порача дека сакал одлуката да ја соопшти навреме, од почит кон клубот и поддржувачите, нагласувајќи дека Ливерпул за него бил дом и место каде доживеал незаборавни моменти. Клубот соопшти дека египетскиот напаѓач постигнал договор според ...
Една деценија по историскиот референдум за излез од Европската Унија, расположението кај британските гласачи бележи значаен пресврт. Според најновото истражување на организацијата „Best for Britain“, објавено од The Guardian, поддршката за целосно враќање во ЕУ сега изнесува 53% на ниво на целата држава, додека кај поддржувачите на прогресивните партии тој процент надминува 80%. Истражувањето покажува дека дури 83% од гласачите на ...
Комисијата за култура на СДСМ преку соопштение упати остри критики до министерот Зоран Љутков, обвинувајќи го дека проектите на археолошкиот локалитет Стоби, кои ги претставува како сопствени успеси, всушност се обезбедени и финансирани во време на претходната власт. Од опозициската партија велат дека министерот се занимава со дневна ПР-пропаганда наместо со реална културна политика. Според СДСМ, клучните активности во Стоби не се резултат на ...
Системот за влез во Европската унија (EES – Entry/Exit System) од денеска треба да стане целосно оперативен и да ги регистрира сите странски државјани што ќе ги преминуваат надворешните граница на ЕУ преку кој било копнен премин, пристаниште или аеродром. Со системот што почна да се применува делумно од 12 октомври лани, на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјаните ...
Правната разврска околу поранешниот премиер и бегалец од затворска казна Никола Груевски добива нова динамика по најавените политички промени во Будимпешта. Додека Основниот кривичен суд Скопје официјално потврди застарување на една од неговите затворски казни, истовремено потенцираше дека за останатите дела тој сè уште се соочува со повеќе од една деценија затвор. Оваа правна прецизност се поклопи со заострената реторика на домашната сцена – ...
Денешниот петок 17 април, носи енергија на „продлабочување“ на влијанието на Месечината во Овен. Ова е ден кога првичниот оган на иницијативата се претвора во константен пламен кој бара насока и стратешка примена. Додека вчера беше важно да се започне, денес е клучно да се разбере суштината на нашите мотиви и да се зацврсти позицијата која ја извојувавме. Фазата на продлабочување во Овен нè поттикнува да ја искористиме нашата храброст не само ...
Претседателот Венко Филипче во името на СДСМ упати официјални писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија како и амбасадорите на земјите членки на ЕУ за сериозното нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото во Македонија, соопштуваат од СДСМ. „Подолг период сведочиме на системско поткопување на поделбата на власта, владеењето на правото и ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска упати остри критики до дел од академската заедница кои се противат на новиот Закон за високо образование, обвинувајќи ги за политички шпекулации и страв од воведувањето на нови, повисоки критериуми за избор во звања. Тој изрази задоволство од вчерашниот настан во Владата каде што ректорите на сите државни универзитети дадоа јавна и едногласна поддршка за новото законско решение. Мицкоски ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска изјави дека економијата на државата се наоѓа на добра патека, посочувајќи дека во последните шест квартали по ред е остварен просечен раст на бруто домашниот производ од 3,5%. Тој потенцираше дека ваквите резултати се постигнати во услови кога растот во Европската Унија е под 1%, што значи дека домашниот раст е за повеќе од три и половина пати поголем од европскиот просек. Според премиерот, овие бројки се ...
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција соопшти дека партијата поднела кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски. Според опозициската партија, премиерот директно го урива правниот систем со тоа што јавно најавува кривични прогони и однапред нарачува судски процеси против политичките неистомисленици. Од СДСМ истакнуваат дека Мицкоски ги користи државните институции како алатка за ...
На денешната дискусија во организација на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) на панелот „Обликување на Европа заедно – Прогресивни гласови од Западен Балкан“, што се одржа во Барселона, претсеседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека прогресивните сили се последната линија на одбрана од авторитарните режими. Тој посочи дека кризата на демократијата започна со кризата на социјалдемократијата и на прогресивните сили, соопштуваат од ...
Музичкиот фестивал „Сепак се врти“ отвори кампања за онлајн донации преку платформата за заедничко финансирање „eCrowd“ со цел да се обезбедат средства за овогодишното издание на манифестацијата. Организаторите од колективот „Гола планина“ се одлучија на овој модел откако фестивалот не доби поддршка од Министерството за култура и туризам, иако ресорното министерство го поддржа ланското издание. Овој музички фестивал е од патувачки тип и е ...