Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
На 58-годишна возраст почина современиот македонски книжевник, писател и поет, преведувач и колумнист Тихомир Јанчовски, соопшти неговото семејство. Веста за неговата смрт беше објавена на социјалните мрежи, по што следеа бројни реакции и изрази на сочувство од книжевната и културната јавност. Тихомир Јанчовски остави значаен траг во современата македонска литература како автор, поет и преведувач, а беше познат и по своите колумни и јавни ...
Македонската опера и балет информира дека на нејзиниот репертоар е вклучена балетската претстава за деца „Доктор Офболи“, наменета за најмладата публика. Како што соопштуваат од МОБ, претставата преку музика, танц и сценска игра обработува теми поврзани со грижата, сочувството и одговорноста, со цел на децата да им се приближат основни човечки вредности на разбирлив и визуелно привлечен начин. „Доктор Офболи“ е балетска приказна која, според ...
Сведоштво од извршната директорка на The Kyiv Independent Дарина Шевченко Ова е приказната на Дарина Шевченко, извршна директорка на The Kyiv Independent. Таа не пишува анализа, ниту апел. Таа нè води низ еден обичен ден од својот живот – ден кој, во Украина, одамна престана да биде обичен. Она што ние, Украинците, го живееме денеска тешко може да се опише со еден збор. Со недели, руските напади оставаат милиони луѓе низ земјата без струја, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање, денеска изјави дека случајот со Жан Митрев се темели на една голема лага и најави дека приватно ќе го тужи поради нарушување на честа и угледот. „Ова сѐ се темели на една голема лага. Зошто? Ако Жан Митрев бил жртва на таков рекет како што кажува, што правел досега? Второ, зошто тој не поднесува тужба, туку обвинителство по допрен глас? Но, како и да е, нека ја завршат ...
Американскиот „цар за граници“ на Белата куќа, Том Хоман, изјави дека наредил подготовка на план за постепено повлекување на дел од федералните имиграциски сили од Минесота, додека истовремено продолжуваат таргетирани операции на терен. На својата прва прес-конференција во Минеаполис, Хоман рече дека ќе остане во државата „додека проблемот не исчезне“, нагласувајќи дека е испратен по барање на претседателот Доналд Трамп за да се подобри ...
Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, заменик шеф и членовите Беким Ќоку и Бисера Костадиновска Стојчевска, беше изгласана Резолуција за затворање на постмониторинг дијалогот со Република Северна Македонија. Текстот на Резолуцијата во име на Мониторинг комисијата беше изготвен од известителите Сибел Арслан од Швајцарија од политичката група на ...
Очекувам Европската Комисија во скоро време да изнајде решение за проблемот со превозниците на состанок со нас министрите за транспорт од регионот. Имаме меѓународна подршка од земји од ЕУ и за доброто на целокупната економија е да се изнајде решение, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на одговор на пратеничко прашање. „Во однос на решенијата понудени се неколку алтернативи. Едно е да се применува истото ...
Кога ќе помислиме на бизнис-империите на славните, најчесто ни паѓаат на ум парфеми, козметика или модни линии. Но, во последната деценија, една индустрија тивко – а потоа и експлозивно – стана нивна омилена територија: долната облека. Денес, тоа не е само моден производ, туку културна порака, политички став и економски феномен. Најновото име во оваа приказна е Сидни Свини, која со својот бренд Syrn јасно порача дека новата генерација ѕвезди ...
Платформата за борба против корупција упати допис до претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, со барање да не го потпише указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик и да го искористи уставното право на вето. Како што соопштува Платформата, иако постои потреба од интервенции во Кривичниот законик, особено по измените од 2023 година, усвоените решенија, според нив, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање денеска истакна дека техничка влада мора да остане затоа што не се созреани условите за нејзино укинување. „Сметаме дека е повторно политички трик да се дозволи власта да протне закон со којшто техничката влада формално ќе остане во следниот изборен циклус, а потоа ќе се укине. Ние изнесуваме аргументи и факти зошто техничката влада мора да остане, затоа што условите за ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања изјави дека додека тој е претседател на Владата, уставни измени нема да се случат доколку не бидат исполнети два клучни услови – загарантирани права за Македонците во Бугарија и цврсти гаранции дека државата нема повторно да се соочува со блокади од субјективни причини. Одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Скендер Реџепи, Мицкоски нагласи дека првиот ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска го нападна американскиот претседател Доналд Трамп поради неговите неодамнешни контроверзни изјави со кои се омаловажува улогата на трупите на НАТО во Авганистан, јави ДПА. – Нема да дозволиме оваа мисија, која исто така ја спроведовме во интерес на нашиот сојузник, Соединетите Американски Држави, денес да биде омаловажувана и потценувана, рече Мерц за време на говорот пред пратениците. Минатата ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната седница истакна дека оваа влада ја гарантира правичната застапеност и новиот закон доби позитивна препорака од Венецијанска комисија што е обврзувачко во процесот кон ЕУ, а проектот „Безбеден град“ не етнизира, туку спасува човечки животи, сопштуваат од Владата. „Што се однесува за правичната застапеност можам да кажам дека апсолутно се води сметка за ...
Хари Стајлс повторно поставува рекорди. 31-годишниот пејач додаде уште шест нови датуми за серијата концерти на стадионот Вембли во рамки на турнејата „Together, Together“, со што вкупно ќе настапи 12 пати на овој стадион. Со тоа постави нов рекорд по број на концерти на еден изведувач на Вембли во иста година. Откако минатата недела ги најави првите шест концерти, Стајлс сега го удвои бројот на настапи. Вкупно 12 концерти ќе се одржат во ...
Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека партијата ќе поднесе нови законски решенија во Собранието за минималната плата од 600 евра во нето-износ и за замрзнување на платите на функционерите. „На крајот на 2024 година поднесовме предлог-закон за зголемување на минималната плата, меѓутоа тогаш тој закон од власта беше одбиен. Имајќи ја предвид сè потешката економска ...
Пратеникот на Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Борче Цветков, на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати прашање до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во врска со минималната плата и економската состојба на работниците. „Во изминатиот период сме сведоци на континуиран раст на цените на основните животни производи. Храната поскапува, сметките растат, а инфлацијата директно го јаде и она малку што ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека од Брисел добил позитивни вести во врска со долгогодишниот проблем со кој се соочуваат македонските превозници и професионалните возачи. „Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија. Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравме“, објави Николоски на својот Фејсбук ...
Собранието на Република Северна Македонија информира дека пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска учествувала на вториот дел од сесијата на Парламентарно собрание на Советот на Европа, која се одржува во Стразбур во периодот од 26 до 30 јануари. Како што се наведува во соопштението од Собранието, пратениците на сесијата дебатирале за зајакнување на демократијата преку учество и одговорност на младите, како и за обезбедување одговорност, ...
На 87 годишна возраст, во Гостивар почина Костадинка Ѓорѓиоска Палазова, доајен на македонската изворна песна. Жалната вест ја пренесоа од нејзиното семејство и потврдија дека синоќа (28 јануари 2026 година) починала по кратко боледување во Гостивар каде и постојано живееше. Костадинка Палазова низ кариерата соработувала со многу значајни композитори и продукциски куќи. Во музичката ризница ќе остави над тристотини снимени народни песни, кои ...
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Зголемување на минималната плата на 600 евра, линеарно зголемување на сите останати плати за 100 евра и намалување на платите на функционерите кои претходно беа зголемени за 78 отсто. Ова не се радикални, ниту нереални барања. Се работи за крик, барање да се задоволат некои основни, минимални услови за пристоен живот, што вчера илјадници работници ги побараа на протестите организирани од Сојузот на синдикатите. Барања што ...
Проф. д-р Оливер Андонов денеска ја коментираше анализата на јавното мислење за пристапување во Европската Унија (2014 – 2025) на ИДСЦ на промотивниот настан што се одржа во Собранието на РСМ. Според резултатите од истражувањето, поддршката за членство во ЕУ во земјава скокнала на 71%. Тоа, според Андонов, е позитивен и охрабрувачки податок. „Тоа е добра вест за општеството“, рече тој, но потоа изнесе и неколку критички забелешки во поглед ...
Вчеравечер во Аудиокултура беше промовиран албумот „Beyond the Silence“, првото дискографско издание на младиот виолончелист Антонио Илиоски, соопштија организаторите . Станува збор за дебитантски албум кој содржи Соната за виолончело и пијано од Клод Дебиси и Соната за виолончело и пијано бр. 1 од Јоханес Брамс. Албумот е снимен минатата година во Македонската филхармонија, со пијано придружба на бугарската пијанистка Јана Лолова, а издавач ...
На прес-конференција на која беше најавен уште еден успех на македонската кинематографија – дебитантскиот долгометражен филм „17“, поддржан од Агенцијата за филм, кој ќе ја има својата светска премиера на претстојниот Берлински филмски фестивал – во присуство на режисерката Митиќ и продуцентот Салковски, се обрати и директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски, кој изрази став дека едно од клучните прашања за македонската кинематографија ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска во одговор на новинарско прашање посочи дека меѓународната позиција на државата е загрижувачка, а власта со своите политики ја води земјата кон изолација. Филипче укажа дека изостануваат конкретни резултати на надворешен план. „Гледаме дека премиерот не можеше да обезбеди ниту еден состанок со ниту еден европски претставник на Форумот во Давос. Целосно маргинализиран, правеше селфија по ...
Денот на 29 јануари започнува со Месечината во Близнаци, што носи ментална раздвиженост, потреба за комуникација и чувство дека мислите се побрзи од емоциите. Утринските часови се погодни за разговори, размена на идеи, информации и кратки одлуки, но постои ризик од расеаност или површни заклучоци ако не се задржи фокусот. Зборовите денес имаат тежина, дури и кога се изговорени „во минување“. Во текот на денот, Месечината преминува во Рак, ...
Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти. Спрингстин, кој и претходно јавно ја критикуваше политиката на администрацијата на Доналд Трамп и федералните акции против имигрантите, ги објасни мотивите за песната во изјава објавена на Фејсбук. „Песната ја напишав во саботата, ...
Ким Кардашијан се осврна на крајот на своето долгогодишно пријателство со Ларса Пипен. Со години беа нераздвојни, но јавноста дозна за нивниот раздор во 2020 година, кога Ким и нејзините сестри престанаа да ја следат Ларса на социјалните мрежи, што поттикна шпекулации за сериозен конфликт. Зошто се оддалечиле Гостувајќи во јануари 2026 година во подкастот на својата сестра Клои, „Khloe in Wonder Land“, Ким ја раскажа својата страна од ...
Сојузот на синдикати на Македонија ги повика сите оние кои не се задоволни од платата да се приклучат на денешниот протест организиран против незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов: 200 илјади луѓе живеат со плата под 30.000 денари, не треба на никој да му се плашите, затоа што не му должите на никому ништо Аргументи има многу, изговори нема, 200 илјади ...
Кристофер Нолан повторно успеа да ги остави фановите без зборови. Најновиот тизер за неговиот претстоен историски еп „Одисеја“ открива неочекувано име во актерската екипа – раперот Тревис Скот, во она што изгледа како негово прво значајно актерско појавување во игран филм. За време на неделниот пренос на AFC Championship натпреварот меѓу Њу Ингланд Патриотс и Денвер Бронкос, во рекламна пауза беше прикажан едноминутен клип од адаптацијата на ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија вечерва излезе со реакција на соопштението на бугарското МНР, во која изрази жалење што, како што се наведува „оваа институција сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог“. – Во врска со денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на ...