Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска организира неформална средба на министрите за надворешни работи на Унијата поради ескалација на тензиите во Либан. На средбата ќе биде разгледувана реакцијата на ЕУ за ситуацијата во Либан. Израелските воздушни напади врз Либан продолжуваат, а утрово израелската армија нападна цели и во областа Чија, во јужните предградија на Бејрут. Во меѓувреме, портпаролот на ...

На вчерашните парламентарни избори во Австрија победи ултрадесеничарската Слободарската партија (ФПО), освојувајќи околу 29 проценти од гласовите. На изборите гласале 6,3 милиони граѓани (78 проценти), а во кампањата доминираа прашањата за миграцијата и азилот, економските проблеми и војната во Украина. Според освоените гласови ФПО би требало да има 56 од вкупно 183 пратеници, додека конзервативците би добиле 52, а социјалдемократите 41 ...

Одвојувањето на Албанија од Македонија на пристапниот пат кон ЕУ, на подолг рок, може да создаде и меѓуетнички тензии, вели во изјава за „Фронтлајн“, Димитар Николовски – извршен директор на ЕВРОТИНК. – Ова е огромен хендикеп за државата, затоа што е доказ дека заостануваме зад уште еден сосед со кого бевме во пакет. На подолг рок, ова може да создаде и меѓуетнички тензии, т.е. етничките Албанци да се чувствуваат како заложници на тврдоглавоста ...

Креативна поставка „Илузиум „Кој ти е филмот?“, која беше поставена во срцето на Битола, во КЦ Магаза, не понесе во сопствениот филм и ја поттикна фантазијата, ја нахрани интелегенцијата, ја раскажа историјата и ја меморира сегашноста. „Големата книга 45 години Фестивал на филмска камера Браќа Манаки“ беше еден од елементите кој го привлече внимението на домашните и странските гости на фестивалот и на локалната заедница. Книгата претставува ...

Министерски состанок за Агендата на ЕУ за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт ќе биде отворен денеска во Скопје, во организација на Делегацијата на Европската Унија. Состанокот ќе биде од работен карактер, со само неколку седници отворени за медиумите. Ќе го отвори Илиана Иванова, еврокомесар за иновации, истражување, култура, образование и млади. Предвидено е присуство и обраќање на министри од Северна ...

Пред 100 дена започна нова ера! Ера во која веќе никој не ја чувствува тежината на неправдата, каде ниту едно албанско семејство не чувствува дека нема иднина. Заедно ја градиме оваа иднина! Иднина во која моќта е во рацете на народот. Ова го порача претседателот на Алијанса на Албанците и министер за здравство Арбен Таравари по повод првите 100 дена од новата Влада, чиј дел е и албанската коалиција „ВРЕДИ“. Таравари од САД, каде што учествува ...

Под слоганот „Подај рака“, денеска на летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи деветтиот по ред хуманитарен хепенинг за поддршка на лицата заболени од ретката болест Вилсон. Целта е подигнување на јавната свест за ретките болести, вклучувајќи ја и Вилсон, и поддршка на заболените, но и нивните семејства во справувањето со предизвиците со кои се соочуваат. Организаторите на оваа манифестација, како што сооопштија, ...

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на седницата одржана на 11.9.2024 година донесе одлука за годинашни добитници на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за култура и туризам. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на: Љупчо Каров, ...

Под слоганот „Метаморфозис“ или „Преобразба“ денеска почнува десеттото издание на Фестивалот за европска литература „Букстар“. На програмата на фестивалот се разговори со автори, промоции на книги, средби со студенти, панел-дискусии, книжевни читања, креативни работилници поткасти, музички концерти, изложба, стендап шоу, доделување на наградите „Драги“, како и втората фелоушип конвенција „Publishing Europe“. Фестивалот ќе трае до 3 октомври, а ...

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се осврна на нерешениот резултат на синоќешниот натпревар од 8. коло од шпанското првенство против Атлетико Мадрид. Градското дерби заврши нерешено 1:1, а Реал прими гол во 90+5. минута. – Бевме многу блиску до победа. Штета што примивме гол во последните минути. Ремито овде може да биде добра работа. Секогаш размислувам позитивно, а не негативно. Заработивме бод со тежок противник. Не можеме секогаш да ...

Во Париз е извршен грабеж на тенискиот комплекс „Ролан Гарос“. Француските медиуми објавија дека инцидентот се случил ноќта четврток кон петок. Сторителите на делото влегле во комплексот, и упаднале во неколку канцеларии. Украле 11 илјади евра готовина и накит од 20 илјади евра. Француската тениска федерација соопшти дека полицијата во моментов го истражува грабежот. Комплексот „Ролан Гарос“ се наоѓа во 16. округ на Париз. Секоја година таму се ...

Марин Ле Пен и другите десничарски француски националисти денеска се појавуваат пред судот на воведниот процес против нив под обвинение дека примале средства од Европскиот парламент за непостоечки функционери, јави ДПА. Покрај долгогодишната лидерка на партијата Национален митинг, Ле Пен, обвинет е и нејзиниот татко и основач на партијата Жан-Мари Ле Пен. Обвиненија за малверзации со јавни средства се поднесени против вкупно 28 лица, појаснуваат ...

Официјалната фудбалска навивачка група на Косово „Дардани“ денеска се спротивстави на заедничката кандидатура на Србија и Албанија за организација на Европското првенство У21 во 2027 година. Кандидатурата на Фудбалскиот сојуз на Албанија и Фудбалскиот сојуз на Србија е единствената која ги запази роковите на Европската фудбалска унија (УЕФА) и единствено останува одлуката да се официјализира. Според косовските навивачи, „некој решил со две нозе ...

Зачудувачки е што една третина од храната произведена на глобално ниво се губи или завршува како отпад, факт што има негативни влијанија не само врз безбедноста на храната, туку и врз нашите економии и општества, порача еврокомесарката за здравство и безбедност на храната Стела Киријакидес по повод Меѓународен ден на свесноста за губење и фрлање храна – 29 септември. – Само во Европа годишно се фрлаат 59 милиони тони храна, во вредност од ...

Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северoзападен ветер (наместа над 70 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени. Во Скопје сончево со мала локална облачност и со засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе ...

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска во Скопје ќе ја отвори Работилницата за животна средина и климатска акција која се спроведува во рамките на проектот „ИПА-Твининг“ со Европската Унија. -Проектот ќе го спроведуваат Министерството за животна средина и просторно планирање и Центарот за економска медијација и европско право, а има за цел да ги зајакне нашите капацитети за подобро ...

Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата во Непал предизвикани од поројните дождови на крајот од минатата недела се искачи на 193, објавија американските медиуми, повикувајќи се на локалните власти кои соопштија дека спасувачките операции се засилени од денеска. Полицијата соопшти дека 31 лице се уште се водат како исчезнати, а бројот на повредени досега изнесува 96. Многу од смртните случаи се регистрирани во главниот град Катманду, каде ...

Либанскиот привремен премиер Најиб Микати изјави дека израелските воздушни напади принудија еден милион луѓе да ги напуштат домовите. Тоа е најголемо раселување што може да се случи, посочи Микати. Во меѓувреме, либанското Министерство за здравство соопшти дека повеќе од 50 луѓе се убиени во вчерашните напади, два дена откако Израел го елиминира лидерот на Хезболах, Хасан Насрала во Бејрут. Хезболах вчера потврди и дека во израелските воздушни ...

Недозволиво е да избувне сеопфатна војна на Блискиот исток, изјави синоќа претседателот на САД, Џо Бајден, а во контекст на воените операции на Израел против Хезболах во Либан и Хутите во Јемен. Одговарајќи на прашање на новинар за потребата од спречување на регионален конфликт, Бајден рече: „Тоа е неопходно. Мора навистина да се избегне. Бајден исто така изјави дека планира да разговара со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, но не ...

Лидерот на Хамас во Либан, Фатех Шериф Абу ел Амин загина заедно со неколку членови на семејството при израелски напад врз јужниот дел на земјата. Соопштението на Хамас за смртта на Амин уследи откако палестинската милитантна група Народен фронт за ослободување на Палестина (ПФЛП) утрово соопшти дека тројца нејзини членови се убиени при израелски напад врз центарот на Бејрут. Во израелскиот напад загинаа член на политичкото биро и шеф на ...

На југоистокот на САД вчера започнаа големи активности за чистење и обнова на штетите од силните ветрови, дождови и надојдената вода и песок предизвикани од ураганот Хелена што остави милиони луѓе без струја, разурна патишта и мостови и предизвикаа катастрофални поплави од Флорида до Вирџинија. Според податоците на властите од Јужна Каролина, Флорида, Џорџија, Северна Каролина и Вирџинија, смртниот биланс од ураганот досега изнесува најмалку 69 ...

МНР на Украина објави став по повод 83. годишнина од нацистичкиот масакр во Бабин Јар, Кијив, каде што беа убиени десетици илјади Евреи. На 29-30 септември, Украина, заедно со остатокот од светот, го почитува споменот на десетици илјади Евреи убиени од нацистите пред 83 години во Бабин Јар, Кијив, се вели во изјавата за светската јавност, што ја пренесува ЦивилМедиа. „Лансиран од нацистичкиот режим во есента 1941 година, ужасната подвижна лента ...

Денот на Бошњaците, кој е и официјален национален празник на припадниците на бошњачкиот народ во Северна Македонија, синоќа беше одбележан со свеченост во хотелот Холидеј Ин, во Скопје, во организација на Странка за демократска акција (СДА) на Македонија. Меѓу присутните на прославата беа истакнати личности од јавниот живот, претставници на дипломатскиот кор, политички партии, пратеници во државниот парламент и претставници на граѓанскиот ...

Оние кои патуваат – побавно стареат, односно се чувствуваат, но и изгледаат помлади, според ново истражување. Не е важно дали луѓето откриваат нови места, обичаи, култури, или пак, се работи за обичен одмор на познато место – благотворноста е иста, велат истражувачите од австралискиот Универзитет „Едит Кауан“ во Перт. На патувањата се случуваат нови нешта, запознаваме нови луѓе, земји, пејзажи, култури и стекнуваме животни искуства. Тоа дава ...

уските граѓани се повеќе купуваат станови во Србија, а продажбата годинава е зголемена за 10 отсто, јави дописикот на МИА од Белград. Како што пренесува Блумберг Адриа, вкупната вредност на становите што Русите ги купувале во првите два кварталa е 85 милиони евра, од кои половина недвижнини се купени во Белград. Русите се одлучуваат за Војводина, главно Нови Сад и Суботица. Ивана Штрбац, раководител на Одделот за проценка на недвижности на ...

Претставата „Едвард Втори”, според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, селектирана е во официјалната селекција на фестивалот МЕСС во Сараево, Босна и Херцеговина. Претставата „Едвард Втори” е копродукција меѓу велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и Драмскиот театар од Пловдив, Р. Бугарија, а ќе биде изведена на сцената на Народно Позориште Сараево на 6 ти октомври годинава. Во претставата играа Борис Крстев и Илин ...

Во големиот и длабок вир близу поткожувското село Бохула во минатото пливала половина девојка, половина риба. Оваа легенда се раскажувала со години од колено на колено меѓу локалното население. Во последно време, легендата доаѓаат да ја слушнаат и посетители од земјава и од странство, кои уживаат во атрактивноста на вирот и неговата убава природна околина. МИА деновиве беше дел од планинарска прошетка до местото во кое некогаш се разладувале ...

Во организација на Здружението „Арт генератор“, во Велес започнува третото издание на фестивалот на „Џез, ворлд и современа музика“. Како што информираат од Здружението, програмата ќе биде распоредена во седум фестивалски денови од 29 септември до 27 октомври, каде ќе настапат артисти од Франција, Германија, Финска, Грција, Австралија и Македонија. Отворањето на Фестивалот ќе биде во Спомен костурницата во Велес со почеток од 20 часот, каде ќе ...

Анталија, најпознатото медитеранско летувалиште во Турција е познато како рајот и пеколот на земјата. Градот во 158 година пред нашата ера го основал кралот на Пергам, Атала II по кого и градот го добива своето име. Кралот ги испратил своите војници од островот на копното и им рекол дека сака да му го најдат „рајот на земјата“. По шест месеци се вратиле и му рекле дека го пронашле рајот по што тој допатувал со нив во пределот каде што е сега ...

Инвестирањето во акции е најдобра можност за принос на долг период, велат експерти од оваа област. Советуваат, покрај во недвижен имот и банкарски депозити, да се вложува и во акции бидејќи вложувањето во акции на долг рок е поисплатливо. Во земјава, главно се вложува во депозити и недвижен имот, а помалку во акции. Според Петар Андреевски, главен извршен директор во ВФП Фонд Менаџмент Скопје, Друштво за управување со инвестициски фондови, во ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
5.66
54%
1020

Белград

7ᴼ/5ᴼ
4.12
85%
1021

Софија

8ᴼ/7ᴼ
5.66
68%
1019

Сараево

12ᴼ/12ᴼ
8.06
44%
1016

Љубљана

8ᴼ/6ᴼ
2.06
94%
1022

Атина

21ᴼ/17ᴼ
0.89
60%
1014

Тирана

9ᴼ/9ᴼ
1.54
100%
1018

Подгорица

12ᴼ/7ᴼ
5.14
58%
1018
Currency

61.5333

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.841

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.59418

Currency

0.38477

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $