Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно ја утврди предлог-одлуката за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија. -Во согласност со член 27 став 4 од Изборниот законик, од кандидатите на предлог-листата политичките партии предлагаат претседател и двајца членови на Државната изборна избори, а партиите на власт предлагаат потпретседател и тројца членови на ДИК ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека „има уште многу работа“ меѓу страните вклучени во спорот околу контролата на Гренланд, полуавтономен остров кој ѝ припаѓа на Данска. Руте за американскиот радиодифузер Фокс Њуз изјави дека тој и претседателот на САД, Доналд Трамп, во разговорите на маргините на Светскиот економски форум во швајцарскиот алпски град Давос се согласиле дека арктичкиот регион мора да се заштити заеднички. Шефот ...
Неколку лица се водат како исчезнати во Нов Зеланд по големите поплави и лизгање на земјиштето што го погодија Северниот остров на земјата. Неколку лица, вклучувајќи деца, се водат како исчезнати откако свлечиште погоди камп во планината Маунгануи, во близина на Тауранга. Надзорникот на полицискиот округ, Тим Андерсон, не можеше да каже бројка за тоа колку лица се водат како исчезнати. Командантот на противпожарната и вонредна состојба, ...
Одборот за мир, предводен од американскиот претседател Доналд Трамп, првично беше замислен како мала група светски лидери што ќе го надгледуваат планот за прекин на огнот во Газа. Но амбициите на администрацијата на Трамп брзо се проширија, при што тој испрати покани до десетици држави и навести дека одборот наскоро ќе посредува и во глобални конфликти — како еден вид псевдо-Совет за безбедност на Обединетите нации. Повеќе детали се очекуваат ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ненадејно се повлече од заканите за воведување царини како средство за преземање на Гренланд, ја исклучи можноста за употреба на сила и изјави дека е на повидок договор кој би можел да стави крај на спорот околу данската територија – спор што ризикуваше најдлабок прекин на трансатлантските односи во последните децении. За време на турбулентното патување на годишниот состанок на Светски економски форум во ...
Извршниот директор на Ауди, Џонатан Витли, зборуваше за амбициите на германскиот производител на автомобили, кој ќе дебитира во Формула 1 во 2026 година. Тимот претходно се натпреваруваше како Заубер. -Не сме тука за да седиме настрана – ова е амбициозен проект. Во исто време, имаме скромен пристап, знаеме од каде почнуваме и каде сакаме да бидеме. Сакаме да го направиме Ауди најуспешниот тим во Формула 1 во историјата. Има предизвици по ...
Објавени се резултатите од обдукцијата на фуд-инфлуенсерот Мајкл Дуарте, кој почина на 8 ноември по судир со полицијата во Тексас. Дуарте, кој на социјалните мрежи беше познат под името Food With Bear Hands, имал 36 години. Токсиколошкиот наод покажал дека во моментот на смртта во неговиот организам немало алкохол ниту дрога, пишува Daily Mail, пренесува Index.hr. Полициска интервенција Полицијата на 8 ноември реагирала на повик до итната ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Давос оствари средба со сопственикот на унгарската компанија , која ја доби дозволата за трет мобилен оператор во Македонија, најавувајќи инвестиција од над 100 милиони евра во развој на телекомуникациската мрежа, соопштуваат од Владата. „Денот го започнавме со состанок со сопственикот на компанијата ‘Фор-ај-џи (4iG)’, компанија која што ја доби дозволата за третиот мобилен оператор во Македонија. ...
Месечина на 22 јануари е во знакот Риби и носи тивка, но длабока енергија. Ова е ден кога логиката се повлекува чекор назад, а интуицијата станува главен водич. Многу работи ќе се чувствуваат посилно отколку што изгледаат на површината. Денот е погоден за емпатија, простување, креативност и внатрешно расчистување, но бара внимание за да не се изгуби границата меѓу сочувство и саможртва. ♈ Овен Денеска чувствата се поважни од фактите и го ...
Американскиот претседател Доналд Трамп настапи на Светскиот економски форум во Давос со долг и фрагментиран говор во кој ги сумираше првата година од својот втор мандат, истовремено испраќајќи пораки до Европа, сојузниците во НАТО, светските пазари и геополитичките конкуренти. Обраќањето беше мешавина од самопофалби за американската економија, остри критики кон Европската унија и провокативни изјави за клучни меѓународни прашања. Од ...
Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, во однос на поддршката на Законот за прекршоци. Филипче појасни дека СДСМ никогаш не била против безбедноста во сообраќајот, но дека конкретниот закон содржи сериозни прашања кои не се регулирани. „Нема да си дозволиме да поддржиме закон во кој што сериозни аспекти не се регулирани, а тоа е ...
Француските сообраќајни закони и прописи сега дозволуваат казнување на оние лица што користат уреди и инструменти што го нарушуваат мирот на другите со бучава во областите што се користат за јавен превоз. Пред неколку дена се прошири веста дека во Франција маж е казнет со 200 евра затоа што зборувал премногу гласно на мобилен телефон. Лицето познато само како Давид разговарало со сестра си со вклучен звучник на железничка станица во Нант, ...
Сатиричната објава на Рајанер насочена кон Илон Маск не е ниту случајна, ниту импулсивна. Таа е директна реакција на јавната провокација што Маск ја направи на платформата X, каде што во свој препознатлив стил ги доведе во прашање европските правила за сопственост и управување со авиокомпании, сугерирајќи дека тие се застарени, нефлексибилни и кочница за „слободниот пазар“. Should I buy Ryan Air and put someone whose actual name is Ryan in ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција остро ја критикуваше Владата и премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги дека свесно ја претвораат политиката во таблоид со цел да ги прикријат сериозните економски и институционални проблеми во државата. „Премиерот Мицкоски политиката во земјата ја сведе на ниво на таблоид. Наместо решенија и одговори за проблемите со кои граѓаните се соочуваат, сведоци сме на празни ...
Цената на златото во средата достигна нов историски максимум, надминувајќи 4.800 долари за унца, додека глобалните берзи повторно се најдоа под притисок поради ескалацијата на тензии меѓу САД и Европската унија околу плановите на американскиот претседател Доналд Трамп поврзани со Гренланд. Зголемувањето на цената на благородните метали доаѓа во пресрет на пристигнувањето на Трамп на Светскиот економски форум во Давос, каде што спорот околу ...
Црвени капи со натпис „Make America Go Away“ доживуваат неочекуван подем на популарност во Гренланд и Данска, претворајќи се во визуелен симбол на политичкиот отпор кон изјавите и заканите на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Euronews. Капите се јасна пародија на движењето „Make America Great Again“ и директен одговор на повторените изјави на Трамп за преземање контрола врз Гренланд, вклучително и закани со дополнителни царини ...
Коалицијата ВЛЕН остро реагира на, како што наведуваат, неодговорниот и конфузен настап на ДУИ во однос на системот „Безбеден град“, оценувајќи дека станува збор за прашање од суштинско значење за јавната безбедност и заштитата на човечките животи. „Системот ‘Безбеден град’ е прашање на јавна безбедност, на заштита на животите на граѓаните и на воспоставување ред на улиците. Кога зборуваме за ‘Безбеден град’, зборуваме за животите на луѓето“, ...
ЦИВИЛ – Центар за слобода соопшти дека од печат излезе англиската верзија на сеопфатниот извештај за набљудување и анализа на локалните избори „Демократски Навигатор 2025 – Локални избори во Северна Македонија: Ненаучени лекции“. Дигиталното издание на англиски јазик е достапно веќе од средината на декември минатата година. Оваа публикација од 136 страници ги обединува теренското набљудување на ЦИВИЛ, аналитичките извештаи и препораките за ...
Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. И годинава ќе продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води. Скопската православна епархија при МПЦ-ОА го ...
Годишниот собир на светската политичка и економска елита во швајцарскиот алпски центар Давос оваа година е обележан со зголемени тензии меѓу САД и нивните европски сојузници. Лидерите предупредуваат на распаѓање на светскиот поредок, раст на еднострани потези и сериозни закани што вештачката интелигенција ги носи за глобалната работна сила. Светскиот економски форум влегува во својот кулминациски момент, а се очекува американскиот претседател ...
Јас и Владата го разбираме револтот на транспортерите и протестот кој ќе го направат превозниците од понеделник, не само од Македонија туку од цел регион од Западен Балкан поради новите правила за електронска евиденција во земјите од шенген зоната. Новите правила и штетат на домашната економија, драстично ќе ја намалат работата на транспортерите, а на удар директно ќе биде транспортниот сектор и челичната индустрија, одговори вицепремиерот ...
Опозициската СДСМ соопшти дека располага со информации според кои утре, 22 јануари 2026 година, во Давос е планирана средба на премиерот Христијан Мицкоски со компанија која работи со програми за престој и државјанства преку различни типови инвестиции. „Информациите кои се доставени до СДСМ потврдуваат дека утре, 22.01.2026 година, во Давос е планирана средба на премиерот Христијан Мицкоски со компанија која работи со програми за престој и ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во телевизиско гостување истакна дека перцепцијата на граѓаните за работата на Министерството за внатрешни работи, особено во делот на борбата против корупцијата, бележи двоцифрен пораст, што, како што нагласи, е директен резултат на засилените активности и резултатите што МВР ги остварува во изминатите година и пол до две, соопштуваат од МВР. Презентирајќи компаративни податоци за кривични дела ...
Опозициската СДСМ обвини дека актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ дозволила целосен колапс на институциите и сообраќајната инфраструктура поради, како што велат, неспособност и криминално управување со јавните ресурси. „Криминалната ВМРО ја изненади снег во јануари. Институциите не функционираат, патиштата и улиците не се исчистени, а фотографиите од колапсот во Скопје и низ цела Македонија покажуваат дека сообраќајот е небезбеден“, ...
Македонскиот кантавтор со меѓународна кариера, Yon Idy, го објави својот нов сингл „Know It Always“, интимна и топла композиција што претставува јасен стилски исчекор и ново поглавје во неговиот авторски израз. Песната излегува во соработка со американската издавачка куќа NVAK Collective, со што Yon продолжува да ја гради својата меѓународна приказна како прв македонски артист потпишан со ваков тип американски лејбл. „Know It Always“ е песна ...
Интензивни дипломатски реакции по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД би можеле да преземат контрола врз Гренланд, потег што отвори сериозни безбедносни и економски прашања на меѓународната сцена. На новинарско прашање во Белата куќа колку далеку е подготвен да оди за да го „преземе“ Гренланд, Трамп одговори кратко: „Ќе дознаете“. Кога беше соочен со фактот дека мнозинството жители на Гренланд не сакаат да станат дел ...
Северна Македонија е рангирана на 112 место во светот, a 9-та според воената моќ во регионот на Балканот за 2025 година, покажуваат податоците од Global Firepower Index, едно од најкористените меѓународни рангирања за воена сила. Според индексот на воена моќ (PowerIndex – PwrIndx), земјата има вредност од 2.4042, со што се наоѓа пред Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, но зад сите други балкански држави опфатени со анализата. Најмоќна ...
Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, учествува на 56. годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија. На форумот во швајцарскиот зимски центар, кој годинава се одржува со мотото „Во духот на дијалог“, ќе има 3.000 учесници, вклучувајќи 65 шефови на држави и влади и повеќе од 850 извршни директори на водечки светски компании. – Следниве денови ќе имаме многубројни состаноци, кои ...
Месечината на 21 јануари престојува во знакот Риби, носејќи тивка, но длабока астролошка клима. Ова е ден кога надворешниот шум лесно заморува, а внатрешните сигнали стануваат погласни и појасни. Енергијата не поттикнува на брзи реакции, туку на внатрешно освестување, сочувство и чувствителност кон сопствените граници и кон другите. Прашањата што излегуваат на површина не се нужно рационални, но се значајни. Денешниот ден е погоден за работа ...
Додека иранските безбедносни сили спроведуваат брутални акции против противрежимските протести, на социјалните мрежи се појавува сосема поинаква слика. Деца и блиски роднини на луѓето што управуваат со Исламската Република објавуваат фотографии од луксузни патувања, дизајнерски чанти, спортски автомобили и приватни авиони – како ништо да не се случува околу нив. За многумина во Иран, ова не е само провокација, туку симбол на системот против ...